1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам, а спиев со неговиот најдобар другар

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Semanablue, 26 ноември 2014.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Не сум нервозна. Во животов имам други работи кои вредат за мојата нервоза. Ова не е дел од тоа.
    Него ме иритира фактот што некои ем бараат мислење ем кога ќе им се каже нешто не им е право..
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Сите по нешто не иритира.
    Ама немора да се комуницира со навреди на било која основа.
    Штом не иритира до тој степен,вртиме друга тема и готово.:)
    Не се работи за изигравање адвокат.Со кофи вода се фрла по девојчето кое само со самокритичност врз себе многу убаво си го постави првиот пост за оние што навиостина сакаат да помогнат ќе тргнат од него.И тоа,без да и ги превртуваат зборовите.
    Не е така само во оваа тема,туку во сите од ваков карактер.
    На толку напади и превртени зборови,нормално е дека и тие ќе се изиритираат.
    Се надевам дека се сфативме убаво за се и без некоја лоша намера.
    Поздрав.
     
  3. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Da dobro e veke
    Da dobro e veke da smenime tema. Semana napravila greska i mora da raskine sekakva vrska so toj decko i drugite likovi okolu nego. Ednostavno ne e eticki i gresno e, ke mora da se iskupi za takvite grevovi. Ama ke bide, se vo svoe vreme.
     
  4. MissFortune

    MissFortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    78
    Зошто?! Ооооо зошто мора секаде да мешате религии, искупувања гревови, господ...
    И сеа затоа што ти и рече дека мора да си ги искупи гревовите, ќе однесе шлепер зејтин во црква и ќе бацува икони...
    Кога ќе прочитам вакви коментари, притисоков 200
     
    На rose60, eloves, BloodElf и 9 други им се допаѓа ова.
  5. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Преку 20 пати прочитав дека Семана направила грешка.И јас си го помислив тоа кога ја читав.
    Сега откако пак ја препрочитав цела тема, па и не гледам некоја грешка дека направила. Што знам зошто вторив пат од читањево тка ми изгледа.
    Семана се додека гледаш како грешка на оваа работа, се до тогаш ќе бидеш заглавена барајќи некакво испрање на грешката. Не. Тебе ти треба излез од оваа ситуација.
    Е сега типов што има долка врска, после 8 месеци со тебе можно е и кај него да се појавиле нови чувтва како и кај тебе. Но, имај на ум дека заљубување и љубов не е исто, како и пополлнување на некоја празнина со вистинско исполнување.

    Најдобро да оставиш работите какви што се и неколку дена да си ги посветиш само на себе и на никој друг. За да се средиш и да дознаеш што навистина сакаш и посакуваш, мораш да се олабавиш, да се препуштиш на зборовите од срцето и тоа да го запишеш на лист. После истото стори го и со умот.
    Ако мислиш дека ќе успееш да се избориш за вас двајца покрај се што се случило, тогаш ќе мораш да бидеш себична и да мислиш само на себе. Ако мислиш дека нема да успеете да бидете пар. тогаш стави си голема точка и продожи понатаака. Испплачи се, па пак плачи, па уште еднаш исплачи се. Стави коректор и надвор. Од дома седење и депресии не добиваш ништо. Животот си тече, младоста не се враќа.
    Ајде поздрав и гуд лак :*


    Ми се здосади веќе од маживе кои може се да прават и се им е оправдано на еден или друг начин, а ние гуски глупи, цел живот очи ќе си копаме и солзи ќе си рониме.
     
    На rose60, sani27, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Каква допирна точка има твојата ситуација со нејзината? Тоа твоето не е нешто необично, се случува, нови луѓе се појавуваат, врски се прекинуваат...додека авторката на темата со оној пост слободно може да аплицира за сценарио за филм за возрасни.

    Авторке, ја викам да си организирате вие една колективна распаљотка па да видите кој со кого, што, како... зашо вака, дечкото на дечко ти, другарка ти, девојките на Марко, не верувам дека и ти сама се разбираш што пишуваш.
    Е, а многу би било забавно некоја од овие хуманитарките-утешителки (што си мислат дека командаат со темата) да е девојка на еден од „мангупите“ што делат швалерка (од што многу способни нАли)... Јас искрено би искеширала за можност да и ја видам фацата кога ќе го дознае тоа :D.. Проштевајте на сеир, одам сега на поинтересни теми. До свидања.
     
    На SimonaTino и Daydream им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Моралот е секогаш актуелна тема кај нас, само што истиот претежно проработува кога ние сме засегнатата т.е. повредената страна и тогаш почнуваат жалопојките од типот „Како може луѓето да се волку злобни? Господ ќе ви плати“...а секогаш постои солидна причина за нашето неморално (која и да ни е дефиницијата за тоа) однесување. Некои бакнежот не го сметаат за неверство, други со крстена вода ќе те прскаат ако имаш партнер, а во темана „Денеска сакам да имам секс со...“ си пишал некој друг.

    Ама, девојкава не е 26 годишен дечко, а дечковците не се мобилни земени од дете, туку возрасни момци кои одлучуваат за себе, „украдени“ од девојки кои вложиле време и емоции во нив. Океј е поентата што сакаш да ја доловиш, ама не може да такво нешто да се спореди со ролеркостер од емоции.
    Кај ова со мобилниов има еден asshole и телефонот не одлучува дали сака да е украден или не, а со девојкава е покомплицирана ситуацијата и сите тројца се горе-долу исти.
    Муабетот е - тие се свесни до која граница се довеле со своите одлуки, но не прават ништо околу тоа, hence џабе замарањето кој каков е и колку е крив. :?:
    Се отворила јавно и изложила пикантерија - автоматски е подложна на критики, ама не се ни први, ни последни во ваков круг што се вртат, па ако сака некој и Златен Пенис на Неморалноста нека им додели, ако сака и 20 страни нека ги руга по темава - џабе, толкави фрустрации околу туѓ, непознат живот само непотребна тензија ствараат. Нема сигурно никој да си рече „Аааа, значи јас глупа/неморална/неписмена сум била, ајде нема веќе.“ :shake:
     
    На simoncelicius, tessie, SexiLy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Биднало што биднало, на почетокот сигурно си немала чувства за нив, е сеа со тек на време очекувано е да се појават, и тоа е проблемот.
    Јас искрено да сум на твое место во овој момент, не би можела да се замислам да посакувам иднина со тој човек, од проста причина што имам спиено со најдобриот другар негов, кој доколку ние сме заедно малтене секој ден ќе биде во наша околина, и секојдневие.
    Тоа значи од заеднички одмори, до заеднички прослави, излети, собиранки, искачања и сл., и сето тоа секогаш ќе струи тука некаде низ воздухот без разлика под претпоставка тоа никој никогаш да не го спомне..
    Сигурно би им се заладиле односите во ваква ситуација... Ама па машките не се глупи како нас да губат пријателства за девојки.
    Размисли си убаво што ќе правиш, сепак е твој живот, и ти решаваш за него, но замисли се кога сега тој е спремен да ја изневери својата девојка дека нема утре истото и тебе да ти го направи.. Ќе бидеш ли мирна?? Си помислила на тоа??
    Јас само еден совет можам да дадам, а тоа е, подалеку од зафатени момци, можат само да ве искористат и ништо повеќе, а и тоа што тој ја вара својата девојка, многу кажува за неговиот карактер, и сигурно не сакате таков човек покрај себе. Кој еднаш изневерил, не останал на тоа. Денес неа, утре тебе. Така иде тоа. Карма.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Советите на сите горе доле се во право,тргни се и воспостави си рамнотежа на животот(а тоа нема сигурно да го добиеш со зафатени мажи)

    Е сега јас сакам малку да те прашам,дали си се прашала како му е на сиротото девојче што седи дома и му верува?(не не те осудувам тебе ти не си воопшто крива немој да сфатиш погрешно,.)
    Поентата ми е дека треба да превземеш нешто и да зборуваш со неа(но не за да раскине он со неа,и ти да искористиш туку да и покажеш со каков човек она изгубила толку години толку време од нејзиниот живот.)
    Да речеме други ден она ќе се земе со него,деца и слично и што он што ќе прави позади нејзин грб додека она се грижи за неговите деца?
    Еве да речеме ти ќе кажеш јас не се мешам и дека не планираш да им растураш врска ,но дали си се запрашала дека што ако некој ден ти имаш озбилна и долга врска и некој скот ти го прави истото што и тој и го прави на девојката?Не ли би сакала да дознаеш?Да тоа ќе биде стрес за неа зашто обично таквите мажи што изневеруваат се бубалчиња пред девојките ,но сепак јас сум сигурна дека ќе и биде мило што ја дознала вистината.
    И што рече една членка си требала да се искупиш незнам таму што,ова според мене е најдобар начин за да си ја поправиш грешката.Викни го девојчето и објасни му како стојат работите.
    Секој заслужува да ја знае вистината,секој.
     
    На sani27 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Aaaa, Многу си го сакала. Среќа што не си го сакала премногу, па со цело друштво да си спиела. Многу љубоф не е на арно.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Semanablue

    Semanablue Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Кукличке многу особи тука дадоа свое мислење кое беше и критика па не им дадов контра-одговор. Не се препукувам, само сметам дека нема потреба од увреди и урлања и сл. недолични муабети.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Дечковците не само што не може да се амнестираат од одговорност туку може да се каже дека се и повеќе виновни бидејќи имаат избор да прифатат секс или не, имаат избор дали да ги изневерат своите девојки со кои се долго време или не. Идиоти, накратко.
    Не ми беше целта одговорноста да ја префрлам на женска страна.
    Без разлика дали приказната е вистинита или измислена, вакви ситуации се реалност па дури има и пожестоки случаи од ова.

    Споредбата со телефонот беше поради релативизацијата на моралот, сигурно сте слушнале за некој тајкун кој ограбил фирма и вози луксузно возило како е ``способен и успешен``, моралната осуда треба да ја има секаде, без разлика на пол, везраст, етничност или статус. Но таа отсуствува.

    На овој начин луѓето ги охрабруваат оние кои крадат и оние кои изневеруваат и сами си копаат гроб. Утре и тие самите ќе бидат отпуштени или ограбени со неисплаќање за сработеното од некој тајкун и самите ќе бидат изневерени и напуштени од партнерите. И ќе им биде криво.
    А нема да се сетат дека до вчера се восхитувале на ``способните`` и ``фраерите``.:)
     
    На calliope му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Океј, гледам си дала совет одреден и тоа е навистина добро, се трудите да и' помогнете на девојката која е дефинитивно во грда ситуација.
    Но, за ситуација кога она треба да е конкретна и да постапи правилно, ти ми спомнуваш прочки од Бога и цркви? Се надевам не си сериозна. :)
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На simoncelicius, SimonaTino и Nightwalker им се допаѓа ова.
  16. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мислам дека не сме тука да се осудуваме, ако некој има проблем и побарал помош. Just sayin'

    Мое мислење е дека дефинитивно не е стабилен дечко ако има долгогодишна врска и плус прифатил да се гледа со тебе. А тоа и самата што праша и всушност самата си одговори, му е изговор. Настрана од вакви :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот што си спиела со другар му, не си ни прва ни последна, познавам еден куп такви па после с имале нормална врска со другарот. Проблемот е во него, тоа што не сака да ја остави девојката. Ако веке стварно превише го сакаш разговарај дека мора да одлучи, или продолжувате или крај со врската, џабе ти е да си со него ако тоа не води никаде.
     
  18. sani27

    sani27 Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Eve jas imam peasants do Ska Dali ti si go sakas premnogu deskoto pa od iskustvo kazuvas Deka ke spiela so Celo negovO drustvo? I da ti kazam znaci ova na sekogo bi mozela da mu se sluci ni ti ni jas niti pa nikoj Nemoze nekogo da osuduVA devojkata Samo si go kaza problemot I Ako mozes da dates sovest Ili nekoj komentare sto e prikladen a ne da kazuvas kolku ona si go sakala deskoto samoto Pred da kritikuvame so Takvi komentare prvo Sekoj treba sebe da Se posledno pa posle da osuduva
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    Олабавете дечки,Семана чита и се надевам ќе си го среди проблемот,барем ако ништо друго да увиди дека дечкото не ја сака и си бара изговори за да не биде со неа во врска.Појасно од ова,амин:!:А за гревови некои што спомнуваа,секој си има сметки кај Господ само ни е исто така заповедано да не им судиме на другите,бидејќи Тој го осуди гревот но не и грешникот!
     
    На okcenzi и friendy им се допаѓа ова.
  20. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    После тоа што си го направила, мислам дека неможе да има добро мислење за тебе. Плус како што ти пишаа можеби и така само да те помине бил со тебе, и нормално, како што одат тие работи, нема веќе желба. Сега си само уште една црта во неговиот живот и може слободно да те искористи кога ќе посака пошто ти мислиш дека тој сака да и раскине на девојката со која одел СЕДУМ години. Друга работа мислам дека ретки се тие машки што би имале нешто со девојка која била со другар негов.
    Друга опција ти е да го го седнеш и да расчистите со ситуацијата, да се знае кој со кого е и то е то.