Форумџика на годината

Го сакам како другар, но...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Sophie90, 19 ноември 2013.

  1. Sophie90

    Sophie90 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Со дечко ми сме заедно скоро година ипол. Има добра душа, океј ни оди и мене ми е мило што сме заедно. Ама не е мој тип и го сакам само како другар. Не сакам да раскинеме, бидејки ми значи многу како личност (година ипол не е малку), а и знам дека нема многу такви фини дечки. Но од друга страна не ми е привлечен и често ми е досадно кога сме заедно. Знам што ќе ми кажете, ама пробајте да се ставите во моја позиција и да ми дадете добар совет.
     
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.418
    Пол:
    Женски
    Да и сеа ти со него си повеќе од сожалување јас така сваќам , го сакаш како другар година ипол не е малку и затоа ќе останиш да ја одржаваш врската??? А тоа што не го сакаш како МАЖ како твој дечко тоа не е важно нели ? Важно е дека го сакаш на некој начин :x
    Девојче греота за детето кажи му што чуствуваш и остави го така го залажуваш (ако тој искрено те сака) мисли дека и ти го чуствуваш истото како него .
    Не можам да се ставам во твоја ситуација затоа што некој ако не ме исполнува и не осеќам 'пеперутки' кога ќе го видам шо ќе ми е ?
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Времето е најдобар показател. БИДИ МАЛКУ ТРПЕЛИВА И ќе видиш дали можеби ќе го засакаш како маж, затоа што и тоа е можно или пак дефинитивно ќе видиш дека неможеш со него понатаму. Ако не е права љубов тогаш кога најмалку ќе се надеваш, тогаш не е вашно каде и во кое време ќе те дрмне нешто , че се заљубиш во некој друг и само ќе го повредиш овој дечко што е до тебе сега. Од искуство ти кажувам дека со сила убавина не бидува, и не повредувај некого кој најмалку го заслужува тоа. Знам дека е тешко да го откачиш, ако го цениш, но пофер е така, отколку да го лажеш. Јас имам поминато низ тоа и знам како е непријатно.
     
  4. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.186
    Ако не го сакаш на начин кој што треба (во случајов како дечко), подобро е да му кажиш. Мислам дека од твоја страна не е во ред да му го трошиш времето... И не можам да се ставам во твоја позиција, од причина што доколку немам љубовни чувства кон некого, нема да бидам со него во љубовна врска. Пак ќе речам, кажи му на детето не го мачи на овај начин. И само да те прашам, како ти би се чуствувала да дознаеш дека некој со кој си во љубовна врска гаи пријателски чувства кон тебе? Сигурно нема да ти е убаво.
     
  5. lady27

    lady27 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Добро мислам дека ниедна на вас не и даде точен одговор на девојчето.Најпрво е нормално после долго време заедно да го гледаш како најдобар другар без брзање затоа сто размисли како би се почуствувала кога би го видела со друга за рака ????? пеперутките во стомак се последица на страс која ја имаме само во почетокот на врската,кој вика го сакам како и првиот ден лаже дефинитивно :)
     
  6. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Ако го сакаш, нема да дозволиш да живее во лага.