Го сакам 5 години, но никогаш не сме биле заедно

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од J.Lo91, 28 октомври 2011.

  1. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Барам совети од сите што ке ја прочитаат темава . :worried: Сакам еден дечко уште откако имав 15 години, сега имам 20. Проблемот е што сега имам озбилна врска со друг. Но уште го сакам него . Се запознавме на мсн , но живееше во моето маало и го гледав секој ден. Но не се обидував да му пријдам. Затоа што срцето ми запираше секогаш кога ке го видам или го спомнат неговото име. Тој беше предобар со мене, ми велеше дека ме сака и тој али мислев дека немам шанси со него. Се скаравме неколку пати од моја страна, затоа што јас сум зезнала нешто, но тој секогаш ми простуваше. Но не беше секогаш така само да помине и да не го застанам, јас и тој излеговме неколку пати и ништо не се случуваше. Премногу се каравме и секогаш ми простуваше. Така и овој пат бевме многу скарани јас прва го побарав и у се извинив како што поминуваат деновите тој се повеке ми дава во знаење дека стварно ме сака и сака да биде со мене, ми праќа лјубовни песни како тоа ме сакал сето тоа време сите тие 5 години. Како го болело кога јас сум имала други и секогаш сум му ги кажувала на него. Но јас мислев дека немам шанси со него и мислев сме само другари а и тој тоа го викаше но ете ме сакал. Дечкото све знае за мене и ме познава многу добро а и јас него . Се е супер он ме сака јас го сакам премногу. Но имам озбилна врска и планирав брак за 5 месеци. Но го сакам другиот по него телото ми се ежи и ми запира срцето ! ;( Помогнете ми што да направам?
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Па имаш тема љубовни проблеми и совети не мораше да отвараш нова тема со ваков наслов.
    Ова исто како сега да отворам тема - ми се мочка, ама уште не сум мочкала, и во постот оф многу ми се мочка не знам што ми е, вие што мислите дали да мочкам сега или да почекам уште пола саат, ве молам кажете ми одма.
    Извини ама стварно без врска ми изгледаат вакви отворени теми :tmi:

    p.s. ако си го сакала порано ќе си мислела, 5 години не ти текнало, не ти текнало и кога си планирала брак туку сега, ај заеби го сегашниот дечко со кој планирате брак и врати му се на комшијата со кој 5 години ништо не ви тргнало од рака па ни од нога. Ама ако пак ништо не бидне со комшијата не очекувај дека сегашниов дечко ќе те чека и ќе ти поклони љубов на тацна.
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Не можеш да сакаш некого а со друг да имаш сериозна врска и брак да планираш . Прво не е логично а ни фер .
    Не е фер спрема дечко ти , да му даваш надеж дека ќе се земете утре а нели срцето кај друг ти припаѓа .
    Јас да сум на твое место би раскинала до дечкото и би била со тој што го сакам 5 години . Или уште подобро би била некое време сама за да си ги средам чувствата . :)
     
  4. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Јас те советувам ако веќе си испланирала и си договорила брак со дечко ти не е фер да му направиш така некој месец пред брак.Престани да комуницираш со тој другиот и со тек на време ќе го засакаш дечкото. Е сега ако си подготвена да комплицираш и работата е толку сериозна скарај му се на дечкото.
     
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.596
    Допаѓања:
    22.722
    Пол:
    Женски
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Јас мислам дека ова тебе ти е опсесија. Дека го гледаш почесто неможеш да го заборавиш и дека немало ништо помеѓу вас ти е останато како некоја желба да бидеш со него и мислам дека ако си со него за брзо време ќе ти се здосади а можеби и ќе се разочараш во него и ќе го бараш дечко ти(ама можеби касно ќе биди тогаш) Ако планираш брак со дечко ти значи не го сакаш овај другиот колку и да си мислиш ти така, значи си отишла до тоа да се мажиш со дечкоти, а сега мислиш на некој друг што можеби не ти бил суден, незнам, да се откажиш сега за нешто што сте го планирале и ти (сигурно и семејството) и семејството на дечко ти за некој со кој си немала ништо и не го познаваш не вреди. Можеш многу да загубиш така, а незнаеш што ќе добиеш. ;)
    Далеку од очите, далеку од срцето! кога нема да го гледаш ќе го заборавиш.
     
    На J.Lo91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    не знаев дека во денешно време постои платонска љубов :^)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Се согласувам со постот погоре дека дечково на тебе ти станал веќе опсесија...јас неможам да сфатам како може да сакаш некого а никогаш не си бил со него. По логично ми е да бидеш со него а да не го сакаш отколку обратно, односно за да засакаш некого треба прво да бидеш со него, не е се во убавината(но и кога ќе видиш срцето не бира во кого да се заљубиш).
    Инаку мислам дека не е фер спрема дечко ти да го оставиш неколку месеци пред свадба, замисли тебе како би ти било да те остави некој којшто многу го сакаш а си верувала и дека тој те сака, си гаела лажни надежи.Среди си ги чувствата, не мисли на типот,а и да требало да биде нешто со него немало да поминат 5 години, викаш сте се карате многу а не сте во врска, што ќе биде ако сте во врска...ќе се тепате??? :^)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Интересна тема ....
    Сум била во ваква ситуација и на крај,после сите работи кој сум ги изгубила и добила(верувајте повеќе се работите кои ќе ги изгубите ако си дозволите да посветите дел од вашите емоции толку години на некоја личност),сум сфатила дека се било само моја опсесија и копнеж да дојдам до него.А најитреснето е од кога ќе дојдеме до него,после неколу време ...... е тогаш драги мои дами,тогаш и јас сватив а и сите вие што сте во ваква ситуација или веќе сте сфатиле или допарва ќе сватите дека вашата љубов кон него,вашата емоција се потрошила низ годините кои сте му ги посветиле.
    Така да,дами .... зёграпчете го денот :) и немојте да си ги трошете емоциите залудно насочете ги кон убавините и лицата кои се околу вас и чекаат да бидат забележени и да им се укаже можност да ве направат среќна.
     
    На aprokovic, LittleBadGirl666, Resana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Леле, имам другарка со ист “проблем“ како овој.
    Значи девојката е чист случај на еротоманка. Го “сака“ типот веќе 6 години, беше и со други накратко но на крај, пак е опседната со овој.
    Секое негово движење го сфаќа како потсвесен знак за љубов кон неа.
    Не, не ти е ова заљубеност. Ова ти е чиста опсесија.
    Плус, сте излегувале, сте се карале, сте се помирувале, веќе ги знаел твоите чувства кон него и ако и тој го чувствувал истото, зошто не сте заедно туку планираш брак со друг??
    Сето ова ми е толку збунувачко, што незнам ни што совет би можел да се даде.
    Ама преиспитај се малку. Планираш брак со дечко кој не го сакаш?
    Брак е тоа. Треба да имате взаемна љубов, разбирање, поддршка, да основате семејство...
    Како ќе го правиш тоа без да го сакаш типот?
    Греота е. Секој заслужува да му биде возвратена љубовта, а не тој да се притресува над тебе а ти да мислиш на друг кога ке легнеш и ке му свртиш грб.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.835
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно


    Па касно палиш. Во оваа ситуација што и да направиш некој останува повреден. Сега дали сакаш да го повредиш сегашниот дечко или сакаш да го повредиш тој, кој веќе 5 години те гледа со друг го знае чуството. За ова треба да го следиш и умот и срцето и сама да си решиш што ќе напраивш. Тука ќе ти викаат остај го сегашниот биди со тој толку време си го сакал, биди со сегашниот остај го тој, веќе 5 години те чекал ќе се одвикне, ќе засака друга и двете ситуации. Само ти можеш да си одлучиш. Сепак размислисли добро. Имаш 20 години за 5 месеци брак :^) ? Рано ти е, имаш време да мислиш, не избрзувај зошто ќе се каеш после. Мое мислење е да си останеш со тој што ти е сега, за неколку години брак (или сеедно) и заборави го тој. Пресели се со идниот сопрг во друго маало, избриши го од мсн, фб и такви глупости. Гледај да го избегнуваш, да не мислиш на него и се ќе се подобри. Бидејќи замисли ја ситуацијата која ќе ја добие твојот сегашен дечко заради тебе! Ќе свати дека бил лажен 5 години и на крај го оставаш ќе го уништиш. А ти ќе го преболиш секако тој без разлика дали биле 5 или 20 години.
    :?: Кога повторно го читам твојот пост...
    Дали го сакаш сегашниот дечко???Ако одговрот ти е НЕ, али искрено не (заборави ги сите други и тој што си го сакала 5 години) и пак одговорот ти е не, не се мажи, повеќе ќе го повредиш него ако дознае дека е во рак со некоја што не го сака.
    А ако го сакаш и тој што си сега тогаш размисли нааајдобро што можеш што ќе правиш, прашувај другарки, па и родителите за совет (бидејќи брак е сепак можеш и со нив да збориш).
    Пиши на крај што ќе одлучиш :)
     
  11. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Па тешка ситуација... Само неможам да сфатам како си се договарала за брак со некој кој не го сакаш. Или можеш двајца да сакаш? Јас не пример бев во сериозна врска и да заљубена во друг и баш ме потсеќа малку на твојава опсесија или платонска љубов да кажам. Кога сфатив дека стварно неможам веќе со дечко ми дека навистина не го сакам едноставно му раскинав. А што се однесува до другиот му дадов само една шанса после тоа која ја у.ра. Искрено со него се замарав 2 години. Баш како што викаш, скарувања, смирувања и слично... ама сакала или не бев мноооогу провидна едноставно заљубеноста ме правеше да бидам и колку и да несакав забележуваше и самиот тој. Значи он беше свесен дека мене ми се допаѓа... И што чекаше? Покана писмена?! Еден убав сончев ден ми дојде преку глава од играње том и џери и на улица се направив дека не го познавам. А тој стои на страна се смешка и ми вели се познаваме од негде? и јас само го погледнав и реков не би рекла и си продолжив.. Доста за мене...
    Што се однесува до твојот проблем неможе бе 5 години да си заљубена у него а тој да не забележи. Па несакајки бе што се вика ке му се пуштиш. А ако па и он тебе те свиѓал како што ти кажал сите тие 5 години па и тој самиот би превземал нешто... Во врска со дечко ти мислам дека најубаво ти е да му раскинеш. Не му го губи времето, а ни ти самата не си го губи... И јас се плашев да раскинам бидејки мојата врска беше 4 годишна ама незнаеш кое олеснување е после...
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Мафни ги и двајцата, оди на трет. :D ;)
     
    На J.Lo91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Мислам дека сте вие двете во право, не мислам туку сигорна сум . Мислам дека ке треба да заборавам на овој, или да си го напраам кејфот со овој иако иам дечко :^)
     
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    дали си ти нормална кажи ми? се читаш ли што пишеш ? а дечкоти да си го напраи меракот со сите што сака па да те земе може?!?!?!
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.596
    Допаѓања:
    22.722
    Пол:
    Женски
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Полека полека немојте со навреди :o не е во ред да го изневеруваш дечко ти, со тек на време ќе го заборавиш немој сега да направиш грешка за која можеби ќе се каеш цел живот :!:
     
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно


    [​IMG]
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Го сакам 5 години но никогаш не сме биле заедно

    Само едно е јасно овде а тоа е дека ти дечко ти не го сакаш, ако го сакаше вакво нешто немаше никогаш да помислиш. И во еден совет што можам да ти го дадам сум сигурна, дека не треба да се мажиш за него, кога сега вака мислиш којзнае што ќе правиш после.

    А за другиот не знам што да ти речам, пробај, ако оди арно, ако не не.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Аиииииии...далеку од очи,далеку од срце,не комуницирај,ќе го засакаш... :o Абе ај брак по договор нека ни прават,што ќе се мачам бре дечко да бркам!
    Е де,жив човек!
    Прво и да нема друг,според мене,не треба да се омажиш со овој,само зошто ти е долга врската и сте планирале брак.Зошто воопшто си планирала брак,кога не си го сакала?! Толку безнадежна работава,ти стара мома од 20 години,па ајде брак?! Дал бил другиов или не бил,ти да му кажеш на овој твојов,злато,срце,џигере,не сум спремна за брак,сакам да ја оладиме работава и има да стиснеш заби ќе ја дотераш до крај,во спротивно имаш загарантирана,доживотна мизерија!
    Второ,вториов,дали си ти сигурна дека овој е искрен?! Удри му еден тест со кој ќе се осигураш да не те игра ко мало дете. Директно,тап,знаеш ли ти дека јас ќе се мажам,како не ти е срам вака да бидеш директен тек сега,а седеше со скрстени раце 5 години и ништо не направи?! И игнорирај го! Ако се откаже,значи си правел забава и емотивно те уценувал. АМА тоа не значи дека ти не треба да ја прекинеш свршувачката и да научиш да живееш сама со себе,да созрееш и да најдеш вистински човек за тебе,а не некоја врска која се одржува само ради твојата несигурност и неумеењето да бидеш сама.
    Ти си од оние луѓе на кои им треба некој за да бидат исполнети и ете...ти сепак не си сигурна од вториов,па затоа не го пуштат другиов дур не се осигураш.
     
    На nenuska, Neytiri, NATALIJA89 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Еден совет од мене:Животот е многу краток и прекрасен подарок од БОГ и затоа треба да бидеш со оние што ги сакаш.И јас сум во некоја слична ситуација и затоа ти велам бори се за љубовта,знам дека ќе биде тешко да го осавиш вереникот,но подобро да се разделите отколку да имате несрекен брак ,кога -тогаш тој самиот ќе увиди дека не го сакаш,на мене ми се случи вереникот да примети дека моите чувства му припаѓаат на друг,кој е мојата вистинска љубов и верувај ми дека ми е пекол животот што не сум со саканиот(од некои пречки).Да имав среќа да ја имам твојата шанса ,н би размислувала двапати!!!Дури и да згрешиш,никогаш не ги погазувај своите чувства,затоа што ретко кој би живеел за тебе,твојот живот го живеј за себе !!!!
     
    На nenuska и J.Lo91 им се допаѓа ова.
  20. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    ;( Дефинитивно ке си останам со свршеникот иако нема никад да го заборавам другиов !