1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Го сакам 5 години, но никогаш не сме биле заедно

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од J.Lo91, 28 октомври 2011.

  1. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Немој,се гледа по реченицата колку сакаш да си останеш со свршеникот.Ако толку многу си го сакаш бившиот,немој!!!Ќе се каеш после.Бившиот што презема,се видовте ли?
    П.С:а сигурна ли си дека свршеникот тебе те сака,дека се ќе биде во ред,каква ви е ситуацијата?
     
  2. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Немој,се гледа по реченицата колку сакаш да си останеш со свршеникот.Ако толку многу си го сакаш бившиот,немој!!!Ќе се каеш после.Бившиот што презема,се видовте ли?
    П.С:а сигурна ли си дека свршеникот тебе те сака,дека се ќе биде во ред,каква ви е ситуацијата?[/quote
    Да сигорна сум дека ме сака премногу , премногу направи за мене . А овој 5 години си седеше со скрстени раце ... сега кога виде дека имам многу озбилна врска поцна да ми казува дека ме сака. :^) Не ми треба таков !
     
  3. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Тогаш не ми преостанува ништо друго освен да ти посакам многу среќа со свршеникот(иако мое мислење е ако и него не го сакаш треба да раскинеш)а бившиот игнорорај го .Тоа од мене се најубавко :hai:
     
  4. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Ако не можете да се одлучите помеѓу две личности, изберете ја втората!
    бидејќи, ако ви била првата личност важна, втората НИКОГАШ не би постоела!
    Значи 'комшијата' чекал 5 години, чекал ти да си фатиш озбилен дечко и тогаш да тргне во акција. Мислам дека не треба да му го правиш тоа на дечко ти. Ако веќе планирате брак сигурно тој те сака, а и ти со текот на времето ќе го засакаш. Уживај со дечко ти и заборави го другиот бидејќи ако тој вистина те сакал немало да чека 5 години :) Поздрав и се најубаво. :)
     
  5. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    226
    Лелеееееееееееееееееееееееее мајкооооооооооооо оваа тема значи морници ми зададе на телово :talk:
    јас имав еднас така да речам платонска љубов ама се е непотребно....оти ако небиднала во една година нема ни да бидни.....и неможи да се сака ако не се познава според мене тоа е заблуданост за некој за кој сам си градиш слика.
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Поголема грешка од тоа да се омажиш за некој кој не го сакаш- здравје!!Бракот не е зафрканција. Ниту ти ниту свршеникот нема да бидете среќни. Симпл ес дет! Дади си време, кажи му на свршеникот дека не си сигурна за оваа ваша одлука веќе. Остани сама и среди си ги чувствата. Не трчај веднаш по овој другиот. Кога ќе помине доволно време и ќе знаеш сигурно на што си со чувствата (време како пола година или една, а не недела две)!, ќе можеш правилно да одлучиш како сакаш да си го насочиш животот. Не брзај толку аманте..Брак без љубов е брак однапред осуден на пропаст.
     
  7. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Само што го прочитав насловот се побркав.Јас сум во слична ситуација.Имам дечко веќе 4 и пол години,ама уште пред да се фатам со него ми се свиѓаше другиот тип.Тогаш не бев со него затоа што гледав дека е арогантен и едноставно неговиот карактер не ми одговараше.По 2 години озбилна врска почнавме да комуницираме со тој другиот.Луѓе неможам да ви го опишам чувството,пишувавме на скајп секоја ден,ми даваше јасни знаци дека уште му се свиѓам а од друга страна имам дечко за кој не би рекла дека не го сакам.решив да пробам да го заборавам,за да си бидам среќна со дечко ми,исто како што сите ја советувате девојката.Верувате или не јас после 2 години од кога го решив тоа и веќе не комуницирам со него, јас уште неможам да го извадам од глава.Незнам зошто.Значи јас пробав да го направам тоа што го советувате ама еве многу време помина и нема ефект.не сакам да ја разочарам девојката со истиот проблем ама сакам да ве прашам Што ако никогаш не ми помине оваа опсесија??? а знам дека тој не е дечко за мене, па да го оставам сегашниот за да заминам со него.знам дека не ми одговара ама :worried:
     
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Добро,ете имаш дечко,но каква врска имате?Сериозна,со планови за брак?Немој да се чувствуваш непријатно,луѓе сме нема некого кој не помислил на друга особа .Тоа што го чувствуваш за другиот не е љубов,повеќе е да речам опсесија или илузија,бидејќи ти е забранет,и тоа го прави уште поинтересен за тебе.А зошто не си земеш пауза од врската,одвој време за себеси,фрли еден ладен објективен поглед врз другиов,па сама ќе си процениш што ќе ти каже срцето ;) .
    Не му ја мисли толку многу,и не верувај многу во сериозни врски,оти може и дечко ти да е во некоја слична ситуација ,т.ест може и да не ти е верен,барем на денешно време е така |( .
    Ајде,не стегај толку душа,пушти го тоа срце да живее,кога сама ќе се увериш дали другиот вреди за тебе или не,ќе се смириш :D .
    Машките не се веќе цвеќе за мирисање :doh: .
    Само опуштено,и секако пиши што ќе направиш :hai:
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Кој немал платонска љубов во животот... Па дури и да немал, сигурно ќе има некогаш.
    Најлошото чувство-да сакаш некого, а да неможеш да си со него, поради било какви околности. Невозможна љубов, неостварена... :(
    Понекогаш дури и да се бориме за љубовта, залудно е ако од другата страна нема одговор. Во тој случај е најдобро да продолжиме напред, со друга личност, која ќе ни посвети доволно внимание, и ќе ни даде љубов.
     
    На CharlizeTheron му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11

    Пробав да бидам на пауза со дечко ми ама за една недела пак си продолживме.Невозможно е јас сум премногу блиска со него и премногу сме поврзани,и го сакам секако.Ама ова друго чувство ме убива :@ Мислам дека без дечко ми не би можела да се навикнам ама кога само би можела да бидам една вечер со овој другиот и да не повредам никој,и после се да биде исто, ама тоа не е возможно :( Можеби изгледа глупаво,како да ги сакам двајцата во исто време ама тоа е ... Сега сакам само да го заборавам, што до сега одлично ми одело со било кој друг.Ако речам не го сакам, толку е.Стварно повеќе не го сакав. Ама со овој неможам :@ Тоа ме плаши :worried: Што ако е вака секогаш?????
     
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Чекај,чекај преслушај се,една вечер да бидеш со другиот :o ,како воопшто помислуваш вакви работи?Опседната си со типот,верувај ми не е љубов тоа.Кога точно пет години не сте направиле ништо,ти уште ќејфот ќе му го правиш :tmi: ?А кај бил тој досега,и зошто не бевте заедно?
    Затоа ти кажав,опушти се малку ,согледај го типчето од поблиску,кога ќе сфатиш дека ти е достижен,ќе ти помине.Нема секогаш да биде вака,колку понедостижен ти изгледа,толку повеќе ќе копнееш за него ,а тоа е само илузија.Не си ја оптеретувај совеста,не се измачувај,само едноставно ќе увидиш колку е другиот различен од тоа што го мислиш ако му се приближиш,нели без промисла за да го изневериш дечко ти,онака муабетче,да го видиш,ќе почувствуваш дека не е тоа што на тебе ти изгледа.
    Сето тоа го минат сите девојки,не е нешто трајно ,само спокојно :D
     
    На CharlizeTheron му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    никогаш не сум верувала во ваква љубов, за да сакаш некого треба да биде обострано ама ете викаш дека го сакаш ај ке ти веруваме. Него, што совет сакаш за твојот Проблем?!Ако воопшто можеш да го наречеш проблем.. Искочи ако толку долго време сте чекале да бидете заедно пробајте :)
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ти пробај ако сакаш, ама некој да не остане неповреден тоа да се случи нема...Затоа треба да си расчистиш со себе што сакаш,со кој навистина сакаш да бидеш...А не вака ке излезам со него па после сите на своја страна.Стави се на негово место...5 години ?ма ајде...јас да сум била на твое место ке сум завршила на нервно до сега.Али тоа е,секој си одлучува за себе.
     
  14. CharlizeTheron

    CharlizeTheron Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    11
    Па уште малку може и да завршам на нервно :D заебанција на страна, не е лесно воопшто ама неможам да го изгубам тоа што сум го градела со дечко ми 4 и пол години за некој што знам каков карактер има и не вреди.Тоа што го чувствувам се надевам дека ќе помине(малку ме плаше што трае толку долго ама тоа е) Малку ми дадовте волја да пробам да го заборавам така да ФАЛА ВИ МНОГУ. А ако во скоро време осетам дека веќе не ми значи ќе ве известам за да знаете дека вие сте ме поттикнале на тоа да бидам похрабра и упорна во тој процес :) Поздрав :* :* :*
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Може ли да ме советувате откако ќе ја прочитате мојата приказна.. Значи и јас како и креаторката на темата сум несреќно заљубена веќе 6/7 години.. Добро на почетокот и не беше љубов туку само симпатизирање на еден пријател се додека тој една вечер додека бевме и двајцата пијани не ме бакна (во уста секако) и јас почнав некако да си фантазирам... Да не се случеше тоа верувам немаше да си дадам надеж дека некогаш ќе бидиме заедно, но ете се случи.. После таа вечер се немавме видено 2/3 недели и кога се видивме јас пак заминав со него.. Проблемот е тоа што тој знаеше дека го сакам и на некој начин го користеше тоа... По таа вечер бевме заедно уште 4/5 пати и јас буквално се затрескав по него... Сега многу ми е тешко оти имам чувство дека тој си игра со моите чувства... До пред некое време јас бев таа што се замараше за него јас звонев пишев пораки а тој беше ладен не ми ни враќаше ништо.. Пробав да го сменам тоа значи престанав да пишам го избришав неговиот број од телефонот и ситуацијата се смени скроз... Сега незнам што му е филмот тој почна да ми титка, првиот пат му вратив со порака што сака но не ми одговори, и нонстоп само титка... Другарките ме советуваат а и разумот ми вика да не го ни поздравам кога ќе го сретнам ама кога ќе го сретнам нема да можам да постапам така.. Помош како да го заборавам, или пак некој друг совет од вас што да правам? :)))
     
  16. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Па гледаш кога на некого си му по недостапен, повеќе те посакува. Нема зошто да не го поздравуваш, едноставно однесувај се ладно спрема него како да тој не е толку важна личност повеќе во твојот живот. Кога ќе го видиш доволно е една насмевка и едно здраво да му кажеш и толку. Што се однесува до титкањето, остави го нека си титка. :lol: Ако тој сака нешто со тебе нека се потруди малку повеќе да те добие.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ете и самата гледаш дека колку повеќе трчаш по него, ефектот е спротивен, а колку си понедостапна-толку повеќе се интересира за тебе. Дали за жал или за среќа, незнам, но така е скоро секогаш.
    Остави го сега нека се потруди малку, ти своето си го направила и сега е негов ред. Ако му значиш нема да се откаже така лесно. ;)
     
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Знаеш... Во право се форумџиките над мене.
    Но, покрај тоа што го делам нивното мислење имам и уште едно.
    Може да ти титка знаејќи дека ти толку време си трчала по него и сега народски кажано му е досадно и си се лади, знаејќи дека ти во секој момент повторно би отишла со него.
    На ова мислење ме натера тоа што не ти вратил на пораката.
    Се надевам дека грешам.
    И секако
     
  19. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Фала ви многу :* А што велите за идејата да ме виде со друг? Или пак да слушне некој трач дека имам дечко... :)
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Тоа нема да смени ништо,може да биде многу љубоморен само ако те сака.Но ,очигледно дечково сака да те гледа само одвреме-навреме и моето мислење е дека сака само секс со тебе.Ако грешам ,слободно исправи ме.
    Доколку не е така,пробај да бидеш сурова кон него,кога ќе ти пише нешто ти одврати му саркастично после ден два на пример.Ако чувствува барем нешто за тебе,после има од раце да ти јаде.Ќе се сврти кругот,има да се чудиш :rofl:
    П.С ПРОВРЕН МЕТОД 8)