Грешка по грешка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од soosad, 2 април 2010.

  1. soosad

    soosad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    :( nemozam da najdam drug nacin da si ja oslesnam dusava :( denes prekinav 3 godisna vrska. inicijator bev jas da ja prekineme zosto bese nadalecina i moite cuvstva nekako izbledea.a toj e dobar predobar i dusata me boli so go povrediv... problemot e i so koga ja pocnav ovaa vrska moite bea mn protiv pa jas so site sili se borev za nea. i prethodno koga raskinav druga vrska doma nastana haos. i den denes imam strav od toa..sega mi preflaat deka sum neseriozna i si igram so lуgeto а не е така :( premnogu mi e tesko so gi rastazuvam lugeto... se cuvstuvam kako mn los covek a se so sakam e da bidam malku srekna..
     
  2. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.050
    Пол:
    Женски
    Ако не го сакаш дечкото нема зошто да бидеш со него, можеби сега го повредуваш но многу повеќе ќе го повредиш ако останеш во врска со некој само заради сожалување, зошто никој нема да биде среќен во таа врска ни ти ни тој. И незначи дека мораш да бидеш цел живот само со еден за да те сметаат за сериозна девојка.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.713
    Едно запомни: желбата да бидеш среќна не те прави лоша личност ;) ;)
     
  4. soosad

    soosad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    :( pretpostavuvam deka e taka i deka e sekogas e podobro da se kaze vistinata otkolku da se laze..posakuvam i moite da razmisluvaa kako vas :* tnx
     
  5. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    ako ostanes uste vo taa vrska ne samo sto ke go povredis nego tuku i samata ke se povreduvas so toa sto ti nego veke ne go sakas a si so nego od cisto sozaluvanje :) zivotot prodolzuva ponatamu sto e toa e zivej go svojot zivot na svoj nacin onaka kako sto sakas ti a ne drugite da odlucuvaat za tebe :D
     
  6. soosad

    soosad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    :) cudno e kolku moze da te smirat zborovi od nekoj so i ne go poznavas..fala vi zenski.. i jas mislam taka no mn e tesko koga te osuduvaat site a posebno najbliskite..mi go skrisja srceto so toa so me smetaat za neodgovorna i neseriozna..jas i taka sum premnogu emotivna licnost pa se dopira i premnogu do mene... kiss
     
  7. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    88
    Само ти знаеш како се чувствуваш.Не може никој да те натера да правиш работи кои не те прават среќна само поради фактот дека ќе бидеш осудувана.Биди сигурна дека најбилските секогаш ти го мислат најдоброто, но тоа не значи дека секогаш се во право. ;) Твој си е животот и одлуките.Потпри се најпрвин на самата себе затоа што иднината е твоја креација, а другите можат да бидат само пасивни валијанија.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се чуствуваш како да си виновна,едноставно се однесуваш како што чуствуваш,чуствуваш дека ти избледиле чуствата за тој човек,твој избор е дали ке прифатиш мислење од твоите родители или не.Нормално е дека тие ти мислат најдобро,но кажи ми сакаш ти да го живееш својот живот или другите да го живеат твојот живот?Советите од родителите се секогаш добредојдени,но наше е дали ке ги прифатиме или не,додека тоа што викаш дека ти викаат дека си многу несериозна личност,не си,едноставно си свесна за својата емотивна состојба,свесна си дека веќе не го чуствуваш тоа што си го чувствувала за таа личност,свесна си за тоа колкав интензитет имаат твоите чуства значи силни или слаби,не се обвинувај себе си.Јас лично не сакам никој да ми се меша,особено кога се работи за врска,ке слушнам нечив совет,но на мене останува дали ке прифатам или не,затоа што и од многу прифаќање на мислења дали позитивни или негативни па и до негде не чини,затоа што незнаеш кој од пријатели,другарки,ти мисли добро,што најчесто излегува обратното и со самото прифаќање на тие совети дозволуваш да ти се уништи врската.Незнам што друго да ти кажам,тоа е моето мислење,ти посакувам се најдобро :D
     
  9. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Во право се другите девојки. Живееш за себе а не за другите. Докажи им на твоите родители дека не си лоша личност ако посакуваш да си среќна. Секој жив организам се бори за тоа. Така и ти. Нема зошто да се измачуваш со тоа дали си повредила некој, дали си лоша.. Ти посакувам среќаа :)
     
  10. soosad

    soosad Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    vi blagodaram devojki od se srce. ednostavno site mi nametnuvaat strasna griza na sovest.i moite i negovite :( i toa postojano sekoj den. srceto mi zastanuva koga ke vidam deka zvoni sestra mu ili majka mu, a jas sum samo iskrena. znam deka najubavo e vaka. ve baknuvam i guskam
     
  11. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Тука станува збор за искреност и нема зошто да се чувствуваш виновна или да те обвинуваат другите. Јасно кажи им дека ти не го сакаш и дека не си направила ништо погрешно. Љубовта како што доаѓа, така и си оди, не си ти крива што си го отсакала, тоа не е по нарачка! Нека сфатат дека подобро е што искрено си кажала дека не го сакаш повеќе, отколку да бидеш со него од сожалување или поради другите. А тие што добро те познаваат, знаат дека си емотивна како што кажуваш и нормално е дека така ти зборуваат, за да се чувствуваш виновна и да му се смириш. Но не се предавај, дозволи да те водат твоите чувства во животот, а не мислите на другите луѓе.