1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би било во ред да излезам со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од fenu, 10 февруари 2011.

  1. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Не сум многу активна на форумот со мислења, но редовно ве читам, и затоа барам ваше мислење и совет.
    Имам врска од три години, во моментот се е во ред. Проблемот е во тоа што во мојот живот постои и друга личност. Со другиот не сум имала ништо ( добро, еден бакнеж во момент на слабост ), но често разговаравме на мсн, нА фејсбук - имаме многу заедночки теми на разговор. Не е тајна дека тој беше вљубен во мене, а и мене не ми беше сеедно, многу ми беше мил, и многу ме смируваше кога зборував со него. Е сега работата е дека јас од пред една година не живеам во Македонија и на лето, кога бев овде немавме прилика да се видиме, а и во последните неколку месеци немавме многу контакт, да кажам се оддалечивме. Овој пат сум овде уште една недела, а тој ме покани на кафе пријателски, јас си дозволив моментот да ме понесе и му ветив дека ќе му се јавам некој ден да одиме на кафе. Дали згрешив? Не сакам да му дадам лажна надеж, не ги знам неговите чувства во моментот, јас сум се уште многу вљубена во моето момче, но многу сакам да го видам, да позборуваме, ми недостига како пријател. Плус уште една негативна страна: ако дечко ми дознае ќе ми биде многу лут - и со право.
    Брзо совети, затоа што оваа луда глава не мисли многу.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Брз совет

    Велиш не си имала ништо,а си си бакнала во момент на слабост?!Овој тип ти е резерва,го признавала ти тоа или не,па и флертот си е флерт,дури и на виртуелно само да останеше.Вака пропаѓаат врски!Не го прави она што не сакаш да ти го прават,гледам си знаеш дека дечко ти со право би ти бил лут.Ако совеста те грицка ете ти најдобар индикатор или совет дека нештото не е во ред.Дали згреши?ДА!!!
    Од мене толку,директно ти соопштив што мислам,нема лутиш ;) ,ок?
     
  3. manutdwomen

    manutdwomen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Брз совет

    За почеток ке ти кажам дека не постои пријателство мегу машко и женско,со текот на времето ке се појават чуства од едната страна.
    Мој совет е разговарај со "пријателот"и признај му дека имаш потреба од него,не дозволувај сето тоа да згасне макар и да е на пријателство иако кажав претходно дека не постои такво нешто.Тоа ти го зборувам од лични искуства,не ја прави грешката која јас ја сторив.
    Разговарај со него,да видеш на што си,а со дечкото...незнам што да ти кажам.Иако велиш дека го сакаш јас сепак мислам дека чуствуваш нешто кон "пријателот"иако ен си свесна.

    Со срека.
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Фену отиди на кафе зошто да не па тој како што кажа ти те повикал на пријателско кафе, и спонтано преку муабет кажи му дека нема никакви шанси да бидете заедно дека сакаш да останате пријатели за да не го повредиш, а за момчето па ако мислиш дека ќе биде многу љубоморен не му кажувај но никако да ти излета некој бакнеж во момент на слабост :!:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. fenu

    fenu Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите!
    Кога се случи бакнежот не бев во врска. И пријателот ја знае целата ситуација, овој разговор што ме советувате да го направам веќе помина и тој убаво знае дека нема шанси да бидеме заедно. Многу пати сме разговарале на оваа тема, и тој ( некогаш оддамна ) ми има речено дека е среќен ако јас сум среќна и дека сака да останеме пријатели. Сега прашањето е дали после сето тоа да излезам на кафе со него......пријателски? Страв ми е да не отворам стари теми.. :/ А од друга страна му ветив, не можам да си заминам и ништо да не му речам..
     
  6. MissLovely

    MissLovely Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Да не испадне дека си го излажала оди со него на кафе ама нека биде само пријателски, немој да ти излета нес
    што што не смее... Ако мислиш дека дечкото ке се лути тогаш може да одиш со некоја другарка, така ке имаш изговор повеќе пред дечкото... :) :)
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Да, во ред е да излезеш со него и не знам зошто воопшто тоа ти преставува проблем.Не можеш да ги контролираш своите нагони ли? :^)

    Имаш момче, кажуваш дека си вљубена во него, значи на чисто си.
    Ако испиеш со некое момче кафе, размените пар мислења, разговарате за убави работи....тоа може само да ти донесе убава помината вечер или ден без разлика.

    Ако ти се двоумиш што уствари сакаш тогаш треба да се преслушаш самата себе до кое ниво сте во вашата врска, ако не овој тогаш ќе се појави некој друг, па трет....Значи нормално е ако имаш дечко, да имаш симпатии кон некој друг, ама само симпатии.

    Всушност кажуваш дека не живееш во Македонија, а муабетов за кафето е кога ќе бидеш во Македонија, е аман де, сигурно дека деца нема да правите по мсн. ;)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Јас би излегла,ама тоа ако ме прашуваш мене! :D
    Не туку ми се ставај пред морални дилеми.Или имаш морал или немаш или го имаш како што треба,умерен.А како што треба ти е,да излезеш на кафе и да флерташ,ако многу имаш,нема да излезеш,а ако го немаш морал,ќе отидеш до трета фаза и ќе го плеснеш без око да ти трепне и совес да те грицне.
    Оди на кафе и терај си животот,имаш 19 години човече!
     
  9. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Излези, штом имате многу заеднички теми на разговор и тебе ти е пријатно во негово друштво.. Нема причина зошто да не излезеш само пријателски, не верувам дека ќе се навратите на стари теми по толку време. Ако сакал да се навраќа на некои теми не би чекал да се видите туку би ти спомнал нешто и на фб и на мсн..
    Во врска со дечко ти би требало да му кажеш дека ќе излезеш и ќе се видиш со другаров и убаво да му ги објасниш работите како стојат, дека само пријателски ќе се видите и дека ти сакаш да го видиш и да разговараш со него. :)
     
  10. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават....ова секогаш нека ти биде во главата ...јас би отишла но не би ни помислила на нешто повеке од тоа пријател ...зарем мислиш дека твојот дечко заслужил да биде изигран и излажан од страна на тебе внимавај тоа пријателство да не премине во нешто повеке,бидејки твојот дечко тешко дека би можел да ти опрости 3 години и не се малку позз :*