Си се спасиласо таквите е многу тешко да обстои една врска, порокот е најголемиот отров за секој човек.
Темавааа Кога јас шетав и бев тинејџерка не беше ова така распространето. Имаше џанкери, сите ги избегнуваа. Секој џанкер си наоѓаше таква девојка и сите викавме еве ги се пронајдоа... потоа се појавија наркоманчиња со хероинче, ама тоа не беше многу честа појава. Алкохол сите пиевме. Секој викенд. Сите мислам бевме хронични алкохоличари, од викенд на викенд. Сеа гледам младиве девојчиња се палат на криминалци кои продаваат "бело" (а што е тоа бело само Господ знае). Ама поентата ми е дека се сменија времињата. Многу серии гледаат децава и сакаат адреналин. Мој школски беше дилерче и во тоа време не беше посакуван дечко, а сега гледам уште неженет и млади девојчиња трчаат по него. Туку за мене да си кажам. Имав од дома такви разговори со моите родители дека не смеам да се гледам, дружам или дечковци да фаќам со пороци. Плус и блиски роднини имаа во фамилија алкохоличари, па така знаев и на таа возраст дека е сериозно. Еден мој дечко имаше татко алкохоличар, па можев одблизу да сведочам на секакви сцени и да знам колку е сериозно. Сеа сум спортист, а и сопругот многу ретко знае да испие некоја чаша вино, јегер или виски. Само за прослави. Кои се ретки.
Не! Таков никогаш не сум ни погледнувала. Во мое време, моите генерации, модерно беше да фаќаат дечковци што стојат на вратите, од оние билдерите, и секој од нив беа замешани во некој криминал. Сите тие што ги знаев завршија во брак со нив и имаат деца. Убавината се децата, ама животот што им го направија сра*е на цело семејство не знам како се носат со тоа. Ај они ама за децата е жално. Мал град ама ги има по ТВ по неколку пати за убиства, дрога, тепачки. Трауми за децата, а жените пак ќе кажам кај им бил паметот кога и пред 20 години се знаеше кој се по градот мафијаши. Како може да ве привлекуват такви некои болни умови не знам. Да знам продава дрога на деца и утре ќе бидам со таков, деца ќе растам. Пу, пу скраја да е имам дете ама устата пена ми фаќа уште сега какви друштва да избегнува.