Дали вреди да продолжам со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lovehurts20, 29 јануари 2017.

  1. lovehurts20

    lovehurts20 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Женски ве молам за совет....Имам дечко веќе 3 и пол години.Врската е можам да кажам нормална и се сакаме. Пред две години јас почнав на факултет во друг град и му кажав некои работи дека сум доста амбициозна и дека факултетот и она што сакам да си го изполнам во животот ми е пред се. Тој искрено после факултетот сака да ме земи за негова жена. Проблемот е во тоа што неговите се во многу лоша состојба материјална живее со баба и мајка, а и до некаде и здравствена лоша состојба го разбирам многу и секогаш му помагам дури и неколку пати му имам и доста финансиски помогнато со не така мали пари ама никогаш јас тоа не му сум го побарала назад или пререкла. Убеден е во тоа дека неговиот живот му е уништен и единствена цел е да има деца, фамилија и на тој начин да ги израдува неговите. Јас му предложив да одиме негде заедно надвор да пробаме бидејќи е млад и навистина е жално да размислува на таков начин а тој е решен да остани со неговите.Во последно единствени разговори што ми ги кажува е од каде да најдел пари за ова, она, сакал да земи кредит немал жирант, а веќе 1 сметка му е блокирана поради нередовно плаќање на предходен кредит исто така нема стабилна работа и таа што ја има зема 18.000 и буквално тој ја гледа фамилијата. Секогаш кога и да излезиме мајка му го бара најмалку 3 пати и го прашува кога ќе си оди дома, некогаш е приморан и да си оди доколку мајка му не е во добра здравствена состојба инаку има проблеми со крвта. Се на се многу проблеми, размислував многу сакам совет и од вас дали вреди да се остани во ваква врска. Човекот е добар и океј и знам дека ме сака ама од проблеми нема време да ми обрни внимание мене нормално а јас како женско сакам љубов и внимание. Без тоа со текот на времето љубовта се губи.... Ве молам за помош и се извинувам за времето кое ќе ви го одземам....Јас само знам дека толку млада дефинитвно несакам да се мажам а уште помалку да гледам деца...
     
    На Feather, Gosh и Petar80 им се допаѓа ова.
  2. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    112
    О

    Она што можам од мое искуство да ти кажам, е дека, неговото лошо расположение од било какви причини (дали немаштија, дали проблеми на неговите) многу се одразува на врската, а несомнено и на тебе. Јасно е дека на партнерот секој сака да му пружи поддршка и разбирање, само мора да се направи граници, до онај момент до кога тебе не почнало да ти удира на емоции, на нерви...Кога ќе почне да те црпи енергетски, тешко се одвиваат работите.
    Ако не сакаш брак, нема жива сила што ќе те обврзе на тоа. Само за да ги израдува неговите ми е малку загрижувачки. Нема ли да ти удира во глава дека се случило само за да израдува некој друг, иако ти си потисната донекаде? Не оспорувам дека постои љубов меѓу вас, сепак долго траете. Само дај си време, и убаво процени си ги чувствата.
     
    На Feather, Gosh, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    Остави го. Звучи брутално, ама реалност е таква.
    Од една страна, некој сега ќе рече, е да бе, да го оставиш е најлесно или дека е кукавички и себично од твоја страна да го оставиш кога му е најтешко. Но, ситуацијата е сосема друга овде. Се останува, но кога партнерот е со волја да ја надмине лошата моментална ситуација. А тој наместо да размислува позитивно, да прави некаков напредок, тој и тебе те вовлекува во истото. А одма си скроил и планови дека ќе те жени и ќе му раѓаш деца, од една страна да ги исполни туѓите желби, а од друга страна, најверојатно во тебе гледа и финансиски спас.
    Од друга страна, врската очигледно и без тие проблеми не иде бидејќи вие самите, како партнери не сте на иста бранова должина. Ти си амбициозна, сакаш да успееш, убаво си му предложила, да успеете заедно, а тој живее во трет свет. Не е за замерка човекот, нормално, со оглед на околностите под кои живее и сето тоа е тешко, но не си должна да ги решаваш, ниту трпиш неговите семејни проблеми.
    Но, со самиот факултет, започнуваш нов живот, и по самиот начин на пишување, се гледа дека љубовта полека згаснала, немаш страст кон него и само чекаш одобрување да ти каже некој дека е океј да раскинеш. Океј е. Нема зошто да чувстуваш вина. Кога не иде, не иде :)
    :d::drunk:
     
    На Cleonika, LittlePinky, blackwave и 25 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    48.998
    Пол:
    Женски
    Љубовта се гледа, се докажува и покажува баш во такви тешки моменти.
    Јас не би го оставила, баш тогаш сум му најпотребна. Баш тогаш треба да дадам се од себе и да му пружам најмногу љубов наместо да бегам од него и да го оставам со проблемите.
     
    На Sungold, Feather, Crna Dama и 15 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.825
    Пол:
    Женски
    Можеш да го сакаш него ама да не го сакаш тоа што ти го нуди.
    Во една врска не може само едниот да прави компромиси.
     
    На Ицолгудбејбе, Gosh, Nausicaa и 19 други им се допаѓа ова.
  6. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Немој да се мажиш, слушни ме мене, што покасно што подобро, плус имаш амбиции, ретко кој ги има, не дозволувај да пропуштиш шанса ваква.. Обезбеди се со дипломче в џеб, тоа секогаш ќе ти треба, најпрво за себе, како зрела самостојна девојка, тоа секој го цени, нема да си зависна од никого. Додека не се чувствуваш спремна за семејство, а и дете, деца, не е мала работа. Ќе си бираш или тоа или тоа. Тоа не бега, а ова сега факутлетов може и да побегне..
     
  7. Mrs.Styels

    Mrs.Styels Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2012
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    6.180
    се согласувам потполно со ова... секоја личност заслужува да напредува во животот и да си ги достигне целите.
    Вие двајца имате доста различни цели во животот, овде не станува збор за тоа дали вие се сакате и колку зошто можеби во врска за некои љубовта може да реши се, макар што и со тоа не се согласувам, ама во бракот е веќе различно. Неговите проблеми ќе се секогаш тука, расположението ќе те гуши, некогаш можеби и ќе го презираш зошто не ти дал можност да си ги тестираш границите и да заминеш од овде, замисли кога ќе дојдат децата, а тука е и неговата мајка.
    Според ова што го имаш напишано мислам дека многу ќе ти смета тоа што ќе сака психички да те врзи овде и дека колку и да сакаш да напредуваш откако ќе си со него самата енергија ќе те влечи назад и ќе те оптеретува не давајќи ти простор за релаксација и среќа, а за напредок уште помалку.
    Многу ќе беше поразлично тој да покажеше барем малку желба за промена и мала доза оптимизам за подобро ама луѓето се такви какви што се, не може да ги менуваме..
    Понекогаш некои одлуки се тешки и емоционално нема најдобро да ни се одразат ама се најправилни. Стави се себеси и својата среќа на прво место. Можеби звучи себично ама само ако си ти среќна ќе можеш и другите да ги усреќиш...се останато води кон депресија и пропаст.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.670
    Допаѓања:
    252.352
    Пол:
    Женски
    Он во ваква состојба е од сега или од пред три години?
     
    На Rebecca_R и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. lovehurts20

    lovehurts20 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Уште од пред три години иако јас се надевав дека нешто ќе се промени и секогаш се трудев да го усреќам и да му помогнам колку што е во моја можност....
     
  10. lovehurts20

    lovehurts20 Нов член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите што одвоивте време и што ми дадовте совет, сепак понекогаш реалноста е многу сурова и треба да се прифати таква кава што е, свесна сум дека ќе ми биде многу тешко, зошто сепак 3 и кусур години не се малку ама за прв пат треба да се ставам себе си пред сите нешто кое што никогаш не сум го правела....
     
    На mixaelka12 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Види девојче, од машка гледна точка.
    Особено ако мајка му го издржувала цело време тој сеа сака да го возврати тоа назад, не сака да ја остави сама но греши, нема свое јас.

    Нормално проблеми си има и такви ќе му бидат размислувањата, замаглени од другите.
    Пробај да го убедиш дека не е се така црно, дека може заедно да успеете, ќе направите тоа и тоа, дека сеа во тој момент штом бара како да најде нешто доволно е да имлицираш со некоја цел, авантура по нов живот би му дал смисла на овој сеа што го има никаков.

    Ако не иде, раскини, сеа тоа реалноста е таква, можеби ќе му дојде паметот кога ќе свати каква грешка направил, али од искуство, ако ги слушаш домашните за врски во кои они се мешаат и се прават дека знаат се, не иде.
     
    На Feather, biGirl и anonymous16 им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.670
    Допаѓања:
    252.352
    Пол:
    Женски
    Си чекала предолго за да се промени
    По мое требало уште првата година да раскинеш кога гледаш дека не ја бивало работата,си знаела и финансиски како стои и карактерно каков е.Сега претпоставувам и на двајцата ке ви биде тешко.
     
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.825
    Пол:
    Женски
    Имала 15 години таа тогаш, претпоставувам не ни размислувала за заедничка иднина.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.670
    Допаѓања:
    252.352
    Пол:
    Женски
    Не го прочитав тој дел
    Сум скокнала изгледа :)
    Се нешто ми се вртеше 22-23 години дека има
     
    На buba4e89 и crimson им се допаѓа ова.
  15. my heart cry

    my heart cry Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka premnogu sebicno razmisluvas. Neznaes niz sto pominuva decko ti.Toj se soocuva niz mnogu problemi i navistina nemoze da ti se posveti celosno tebe.Ajde stavi se na negovo mesto, ama sepak mislam nemozes da svatis kako i za srekoj sto ne pominal i proziveal slicni raboti nemoze bas da razbere. Eve si se zapisala na faks, ne ti rekol ajde vednas da se zemete ti rekol da zavrsis pa potoa, do togas sostojbata niz koja pominuva moze ke se smeni na podobro, neznaes kolku raboti mozat da se slucat za brzo vreme na sekomu nre za nekolku godini. Poddrzi go kolku mozes vnesi mu radost na bilo koj nacin zosto loso e koga ti se slucuvaat losi raboti postojano. Ako navistina e ok sprema tebe te saka velis, ako i ti go sakas ke napravis se da se izborite zaednicki da gi nadminete site krizi. Ne e vrska ona samo mene da mi e ok, koga decko mi ima problemi mi vnasa negativna energija, ne mi posvetuva vnimanie ma aj ke go otkacam, jas imam planovi... Neznam nemozam da svatam...Fati go cvrsto za raka, iznenadi go so nesto razubavi mu go denot, i finansiski pomogni da zosto da ne ako mozes..uci, vlozuvaj vo sebe i probaj da nadminete se. Pa kako bi ti bilo tvojata majka da ti zvoni a bolna e i ti ne aj ke ostanes so deckoti vnimanie da mu pokazuvas, pa ako znae da razbere toa nema ni da go pomisli a ne da go bara od tebe.
     
    На Feather, Orthophill, biGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Cinderella12

    Cinderella12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2014
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    107
    Ако не си среќна немој да останиш.
    Слушај го разумот а не срцето,
    гледај ги фактите кога си била среќна , што се сменило, причините и
    што влијаело за да се доведиш до оваа состојба за да побараш мислење тука, значи штом побара значи не се сменило ништо иако си очекувала нели, мој совет ако не видиш промени продолжи сама по својот пат.
    Не мисли со срцето бидејќи ќе почниш да сожалуваш и ќе се вовлечиш во тој пат и ќе се омажиш и ќе имате кавги и ќе се каеш и ќе баталиш и фах и се од искуство кажувам, гледај фактите ако не бидува барај си ја среќата а не да усреќуваш друг а ти да се затвориш во себе бидејќи како што кажа му звони мајкаму и се др разбирам јас поврзан е тој со нив , и да сакаш нанапред да одите .. неможе ќе си тапкате во место бидејќи он не сака , мислам сама си свесна ,поз и секое добро :*
     
    На elimkd и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Ти се жртвуваш,не мислиш на себе плус мала си за таков чекор
     
    На *Amethyst* и sj *O* им се допаѓа ова.
  18. sj *O*

    sj *O* Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    слушај ме сеа ти мене чупче, немој да ти текнало да се мажиш за дечко ти во овие години! се глеа дека си мн амбициозна и не вреди да си ги уништиш целите само заради брак. вервај, нема да зажалиш ако се омажиш покасно ама ќе зажалиш ако сеа се мажиш и станиш мајка (и воедно толку од амбициите, летнаја по петли). и се глеа дека не сте на иста брановидна должина. друго, да сакаше напредок тој во врската ќе го стореше, ако не за него тогаш за тебе, ама не глеам ја никаков напредок, освен шо тебе те влечи надолу и финансиски и психички богами. а и по пишаново, ви заминала страста. трето, дечко ти уште трча по памет на мајка му. едно е да и помага за здравјето, ама да го бара 3 пати и да го прашва коа ќе си дојди, еее не го бива!! мој совет, раскини му. жално е да, ама ќе се кајш на постари години ако не си ги оствариш амбициите.
    п.с.треба финансиска состојба за дете и то салам. секој месец да плаќаш 2000 за храна и кашички или 1600 за пелени а плус и алишта да купиш (пример) е премногу, а глеам дечко ти се треси од каде пари. а шо ќе прај сосе деца ако вака се дума? ќе пропадните и на улица ќе останите (скраја било!!)...
    п.п.с.ако во врската не ти обрнува внимание доволно, ко ќе бидите во брак шо ќе прајте?!
    и уан мор тинг-за танго е потребно двајца, ама врскава само ти ја одржаваш. го одржаваш и финансиски а му пружаш и љубов и пажња. а тој тебе? ништо. да сакал ќе нашол време, вака не....
    мораш да му раскиниш, оти црно ти се пише...извини мн ама то е вистината :hug:...и извинете за рефератов.
     
    На Smilleeeeee, kim.k, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    29.602
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека не го сакаш момчето, велиш дека работи, се труди, трча по мајка си која е во лоша здравствена состојба, значи грижлив е, јас повеќе би се исплашила и би избегала ако го прави токму спротивното, сите останати проблеми се надминуваат со слога и разбирање.
     
    На PaLaVa, Mr. Right, Cinderfakinrella и 8 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.710
    Допаѓања:
    104.436
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислам дека дечкото те сака. Погоре што прочитав остави го, не се мажи парите се проблем. Живеачката е проблем тука,што е многу тешко тука. За жал не размислувате на иста бранова должина. Ти гледаш од аспект на факултетот и работата,а тој од аспект на животот.
    Сега гледам дека ти размислуваш само од твоја страна,но од негова каде ти е размислувањето?Цело време само ти, и цело време како да го оставам. Јас не би го оставила,ќе му помогнам работа да му најдам,да го дигнам на нозе. И болна мајка не се остава,ни ти твојата не би ја оставила.
     
    На PaLaVa, Vitaly, Згодно Момче и 6 други им се допаѓа ова.