Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се вложи во врска ако почетокот не е добар?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tanjamm, 1 јануари 2018.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да, посебно ако е за општи.
    Ако ствараш тензии за општи работи, кога ќе дојдат поозбилни нема да знаеш како да се носиш со ситуацијата.
     
    На Tanjamm, realGirl и Mishela им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    После година комуникација (виртуелна) и 3 месеци врска, не би рекла.
    Небитно, минато е сето тоа.
    Јас дадов личен пример каде успеа.
     
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Ако е почетокот лош *зависи колку* би му дала фора да се поправи тоа ако не адиос.Секој заслужува шанса.
     
  5. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Дали вреди да се вложи во врска ако почетокот не е добар? Да, ако си тинејџер и веруваш во среќни краеви. Смешно е на 25 години да се надеваш дека "ке биде подобро" а уште на почетокот имаш различни ставови на одредени теми.

    Ако со партнерот се расправаш за тоа дали да ја слушате Весна Змијанац или Мајкл Џексон, како ке се договорите каде ке живеете откако ке се потпишете во матично?
     
    На Mrs. Lovett, poenta, realGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.058
    Допаѓања:
    55.484
    Пол:
    Женски
    Не. Баш почетокот кажува многу за личноста во врската и како би се одвивале работите понатаму. Ако не ти одговара некој прекини со него дури е на почеток и дури не се имаш поврзано (ти или тој/таа) многу на емоционално ниво. А и за другата личност не би било фер да и даваш надеж кога знаеш дека не е тоа тоа.
    Ако се работи на пример за многу спротивни карактери, тоа би резултирало во чести караници.
    Така да, најубаво секој по својот пат со личност што ќе одговара отсекогаш.
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.411
    Пол:
    Женски
    na pocetok na vrska nikoj ne se fajka seriuozno za vrskata nikoj ne pokazuva iskrenost nikoj nema doverba i sekoj laze.znaci sekoja vrska e losa i nepogodena.
     
    На esperansa777 и Плавуша123 им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Ако сакаш играта да трае и имаш коцкарска душа како мене, е тогаш ќе вложиш и ќе продолжиш..ако изгубиш, никому ништа, идемо даље...боље е да вложиш отколку да ти биде криво што не си се обидела.
    Што се однесува до врските и нивниот квалитет, секоја си е прича за себе..а од искуство ќе ти кажам дека најдобри бракови излегле баш од такви врски каде не течело мед и млеко на почетокот...
     
    На Summerbeauty, Dust, Dadusicka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Епа ако влегуваш во врска со намера да лажеш, зошто воопшто би била во врска?

    И зошто такви неосновани генерализации, ете мене никој не ме излажал, ниту пак некогаш сум имала намера да лажам некој кој ми се допаѓа и со кој имам некаква намера за понатамошна дружба, врска, сеедно. Не познавам некој од блиско окружување да лажел за круцијални работи во врска со себе. Ретки се тие случаи каде луѓе лажат за статус небитно дали е брачен, финансиски и слично.
    Несериозно може да се сфати почетокот на тинејџерска врска можеби, за другите возрасти не би го рекла тоа, но сепак карактери се во прашање.
     
    На YoungandBeautiful, Tanjamm, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  10. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Женски
    Зависи за што се работи и за какви разлики во ставовите се работи.Секој карактер е различен така да секогаш ке има различни ставови помеѓу партнерите.За успешна врска,брак мора да има компромис и двајцата понекогаш да направат жртва.Комуникација е битно да има.Е ако проблемот е коцка,пијанчење,неодговорност....не би се вложувала во таков човек да градам сериозна врска,зошто таков човек не би бил сериозен ни спрема себе а не спрема мене.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.966
    Допаѓања:
    67.445
    Јас не би можела да бидам во врска со некој со кој што немам ништо заедничко и само се расправаме.

    Со маж ми додека бевме во врска имаше недоразбирања кои се решаваа со разговор, ама да си ја акаме главата во ѕид дека мора да бидеме заедно иако сме скроз некомпатибилни, такво нешто немало.

    Нормално дека имаме интереси кои не се поклопуваат целосно, ама правиме компромиси.

    Според мене важно е гледиштата за тоа како треба да се одвива животот треба да бидат на една бранова должина, во смисол на кариера, семејство, дообразување, патувања, политички и религиозни погледи
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас имам колешка што го лаже секое машко за професијата. Срам и е да каже што работи :D Тотална лудост, после се жали дека не можела дечко да фати...
     
    На Tanjamm и Mishela им се допаѓа ова.
  13. Weird0

    Weird0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    935
    Пол:
    Машки
    Не постои лош почеток..
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Старите викаат слушај паталец не гаталец.
    Ако во првите неколку месеци не осетите емоционален флуид, разбирање, подршка, барем за некои основни работи и теми, не верувам ни понатаму, без разлика на тоа колку едниот се труди да го постигне тоа. А секогаш, ама во сите приказни што ги познавам само едната страна се трудела, другата минимално или недоволно.

    Секоја врска бара многу работа, труд и доверба. Тоа не се добива преку ноќ ниту за месец дена, но, ако уште од почетокот има премногу несогласувања, различни табиети, инаети и не постои простор за компромиси, подобро да се прекрати додека е свежо. Јас успеав дури после 5 години да сфатам дека залудно сум си потрошила толку време и толку живци, енергија и труд. Но подобро некогаш отколку никогаш.
     
    Последна измена: 4 јануари 2018
    На Mrs. Lovett, YoungandBeautiful, Dadusicka и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Blue000

    Blue000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2017
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Многу зависи за колку лош почеток станува збор за да се даде шанса или не. Исто ти зависии од годините на 25 сигурно не би губела време на нешто што не би одело од почетокот па да чекам и да се надевам дека можеби еден ден ќе"прооди". Пример ако се работи за разлики во карактерите тоа се надминува, ама ако се работи, пример давам ситуација, те удрил или чувствуваш некое насилничко понашање..тоа не е нешто што би се сменило затоа зависи за каква ситуација станува збор. Иначе и тоа како според мене почетокот не ја определува иднината на врската, имам добри примери за тоа, а и има безброј примери за тоа каде на почетокот било сјајно и бајно а потоа одеднаш едниот или другиот партнер се менува и веќе не е така сјајно и бајно за жал
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе комплекс на нижа вредност, претпоставувам.
    И е тотално детска работа, па имам само да кажам: kids, don't try this IRL. :D
     
    На Tanjamm и DAngel им се допаѓа ова.
  17. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Исто г**но не се јаде два пати :!:
     
    На Brinetka и marchi-cool им се допаѓа ова.
  18. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Прекинав после 1 год и 4м и среќна сум :) се сложувавме, но иднината ја гледавме од различни точки. Јас во странство, авантури, патувања, фалултет а тој овде работа и дома. Нема потреба од вложување.
     
    На Tanjamm и Hipster им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.973
    Допаѓања:
    12.675
    Исто мислам. Во позрели години веќе не би давала шанса на некој со кој не се сложувам. Но, знам и врски каде на 33 години си дозволува со години да се влечка со некој онака за да можеби еден ден биде нешто, иако шансите се 20% наспроти 80% дека нема да биде ништо. Тоа за мене е тапкање во место и губење време.
     
    На Blue000 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Prashina

    Prashina Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ни под разно!