1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вреди да се вложи во врска ако почетокот не е добар?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tanjamm, 1 јануари 2018.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    18.753
    Пол:
    Машки
    Ова прашање треба на самиот себе да си го поставиш и да оцениш и решиш дали вреди да се "коцкаш" на некој начин, дали си си спремен ако не е тоа што очекуваш или да биди, и како ќе се справиш со болката и изгубеното време.

    Овде на форум секој може да ти соли памет, ама тие на форум не гледаат со исти очи како и ти, кон личноста што мислиш да вложуваш.
     
    На Girly90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sannelaa

    Sannelaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи следново пишувавме доста време пред да се видеме прв пат и кога конечно се видовме се беше прекраснооо пишувањето продолжи и после првата средба плус разговор по телефон проблемот е во тоа што 2 3 денови како да немаме што муабет да правиме... Викендот планиравме 2ра средба но некако ми е без воља... Не знам дали да продолжам дали да ставам крај уште на почеток сепак тој е 24 јас 20
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    18.753
    Пол:
    Машки

    Ваљда ние нема да ти смислуваме досетки, теми на разговор и слично. Види убо разреши си со себе си, после да не ти фали на некој начин.... или едноставно смисли некоја тема, смисли нешто да правите, излезете, откај знам какви типови сте и со какви хоби и занимации.
     
  4. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    ако работи, можеби е уморен и малку сака време за себеси, или можеби му испаднало нешто па не можел....

    мој совет е да пробаш уште еднаш да видиш како ќе реагира за средба, а ако те одбие тогаш остави го....
     
  5. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Ако уште од сега немате теми за разговор, што би било кога би биле во сериозна врска...
     
    На zbuneta66 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Vredi, imeno pocetokot na sekoja vrska e tezok, dva razlicni karakteri, jas na pocetokot dojde do situacija vo koja bev resena da raskinam, no prodolzivme blagodarenie na nego i sega sme zaedno 6 god najubavi
     
    На cresa-jagoda, Blue.Sky и Sun_moon_87 им се допаѓа ова.
  7. Sun_moon_87

    Sun_moon_87 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да споделам и мое искуство на темава. Со дечко ми сме заедно од летото, уште на почетокот имавме караници за се нешто. И јас истото го мислев дека од почеток ако не иде нема шанси ни да биде нешто од врската. Раскинав бидејќи мислев дека немаме светла иднина и дека е подобро со време да заврши се. Еден месец не бевме во контакт, ама ептен ми недостигаше, еден ден ми пиша дека мора да разговараме, знаев дека и јас му недостигам.Во тој разговор му реков дека мора и двајцата да се потрудиме за да успее врската и дека мора и да се навикнме еден на друг колку и да сме различни и тој беше согласен дека заедно мора да се потрудиме. Е од тогаш почнавме што повеќе време да поминуваме заедно, да си кажуваме критики еден на друг што е тоа што кај другиот не нервира во одредени ситуации и да се потрудиме истото да го поправиме за да ни биде и на двајцата убаво кога сме заедно. Од кога и двајцата почнавме да стануваме подобри еден спрема друг сфативме дека сме многу повеќе слични еден на друг одколку различни. Сега веќе многу подобро функционираме, кавги секако има ама знаеме како полесно да ги надминеме недоразбирањата, бидејќи и двајцата се трудиме за врската. Колку подобро се запознаваме толку и сексот ни е се подобар и подобар. Взаемната љубов е главниот фактор за успех на секој врска. Поздрав до сите што ги мачи истото прашање, сите да го најдете вистинското решение за да бидете со вашите сакани и да ви цвета љубовта.
     
    На cresa-jagoda, Stark и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  8. Sun_moon_87

    Sun_moon_87 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува втора шанса, зависи колку ќе ја искористи правилно таа шанса. Ако заедно сакате да успеете сигурно е дека ќе биде така, а ако само едниот се труди врската е осудена на пропаст.
     
  9. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Браво. Мило ми е што со не толку голем труд, сте си ги средиле работите и ви тргнало на подобро.
    Ви посакувам да сте уште долго време заедно и што подобро да се сложувате.
     
    На Sun_moon_87 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Да споделам дека и јас го имав истото искуство, искрено ко мојата врска да ја опишуваш. На почетокот имавме доста кавги, па дури и кога имавме пауза од 2 месеци и сепак на крај решивме и двајцата да се обидеме пак и еве заедно сме 1 ипол година. Затоа сметам АКО и двете страни се согласат на исто ниво, да си имаат разбирање меѓу себе и вистинска љубов тогаш да вреди да се продолжи и вложи. Мора да има feedback, во љубовта треба да вложат и двете личности.
     
    На Stark и Sun_moon_87 им се допаѓа ова.
  11. Sun_moon_87

    Sun_moon_87 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Точно само ако и двајцата се трудат да успееат тоа и ќе се случи. Љубовта тоа значење и го има труд, разбирање, грижа за другиот и уште многу други убави нешта.
     
    На Blue.Sky и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Се согласувам :l:
     
    На Tanjamm и Sun_moon_87 им се допаѓа ова.
  13. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Izvinete od tel.sum zatoa taka ke pisuvam.
    Skoro eden mesec sum vo nova vrska.Se mi e okej,se gledame,zosto ne e od mojot grad idi preku den,mi pisuva,mi zvoni ama mene nesto kako da mi nedostasuva....Ova mi e mozam da kazam prvata vrska nekako bez custva od negova strana zosto od moja,ima custva jas i pred da bidam so nego osekav nesto za nego a otkoga sum so nego naednas se zaljubiv...Me pazi,me gleda,ne mozam da se pozalam od taa strana ama kako da ne oseka nesto toj za mene...Osekam deka ne e bas zainteresiren za mene...Zosto mi zvoni ednas ili dvapati na den,mu kazav zosto samo ednas a toj mi kaza ne sakam da ti bidam dosaden a inaku cel den pisime na fb i sliki si prakame ama se ima deseno i denovi sto ne mi se javuval.Preeska mu kazav deka nesto mi nedostiga kaj nas a toj mi kaza deka me sakal ama ne sakal da se zaljubi vo mene.Ne svativ zosto sakanje i zaljubuvanje neli e isto na nekoj nacin...Mi kaza kako demek uste si mala ne razbiras a samo 2 godini e pogolem od mene.Ne znam dali da prodolzam so nego ili da ostavam.na vremeto moze ponatamu ke se zaljubi vo mene a ne sakam.i da se zalazuvam da si davam lazna nadez....Inaku imal edna vrska.pred mene 1 godina ipol,taa e mazena pa.razvedena najdolga vrska mu e taa se si mislam.deka.za nea nesto pati imam takov osekaj...I mu kazav pred nekoj den za toa,toj mi kaza ako ne sakam da bidam so tebe nema da idam i da gubam.vreme so tebe so tebe sum.za ozbilno...Sega ne znam.kako.da postapam.bez da se kaam.vo idnina...
     
  14. Sun_moon_87

    Sun_moon_87 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е да му дадеш уште малку време да видиш дали нешто ќе се смени на подобро или не, ако е не, не си го губи времето, а ако стварно му значиш тој ќе направи се да сте заедно
     
    На Tanjamm и Biny им се допаѓа ова.
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    6.705
    Дефинитивно да!
    Од лично искуство можам да кажам дека јас и мојот тогашен дечко а сега вереник имавме многу проблеми во врската на почетокот.
    Тоа што беше различно кај него и го немав со ниеден претходно е разбирањето. Има разбирање за мене кое на почетокот го немаше, знае да ја поправи ситуацијата и да се извини,збор што не постоеше во неговиот речник првата година дена! Плачев и се нервирав бидејќи сум заљубена во безнадежен случај кој ти кажува дека сите се во право само ти не си, само ти не знаеш да направиш некоја работа.Само за негативни критики беше спремен.Подоцна открив дека ако окружувањето ти е такво- и мислите ти се такви.И ден денеска се случува да се скараме нормално е тоа, ама не е театар за другите. Претходно знаев пред цела маса да го избламирам и тој мене , циркуз за без пари. Сега полека разговараме и ме поддржува во многу работи.Кога добив отказ од работа само тој беше тука.Кога ми кажа сестра ми дека заминува странство -тој беше тука да ме теши. Да го видите од прв поглед изгледа дека не се замара за ништо,-да се труди околу некој беше губење време.Моите солзи не ги разбираше-се се смени.Човек само треба да разбере што има покрај него, за каква личност се работи за да увиди дали треба да се труди. Ова ни е заедничка жртва. Заедно го постигнавме ова, и се надевам дека со слога уште многу убави работи се пред нас.
    И уште нешто, .. НИшто не доаѓа преку вечер, секоја работа си бара труд, било да е за врска, за било каков постигнат успех..Сега луѓето не гледаат среќни а што се требаше да поминеме за да стигнеме до среќата?
    Не откажувајте се ако гледате дека вреди да се бориш!
     
    На Stark, Blue.Sky и Sun_moon_87 им се допаѓа ова.