Дали вреди ризикот ?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Blondie999, 29 јуни 2011.

  1. Blondie999

    Blondie999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    На журка се сплеткав со тип 5 години постар од мене, кој поради одредени фиксни околности секој ден го гледам, незнам дали е покоректно да се понашам ладно кога е со неговите другари или цело време , уствари незнам ни како да се понашам во негова близина бидејќи нејќам да испаднам смотана , навистина многу ми се свиѓа ... но дали вреди ризикот ? дали да продолжам да видам што понатаму или на оставам на она што е ? ...
     
  2. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Види,прво ти треба да бидеш сигурна во тоа што го сакаш 5 години не се мала работа,однесувај се нормално и немој да претеруваш ОСОБЕНО не пред неговото друштво,ако стварно ти се свига ризикувај ама пази :)
     
  3. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    E oкеј 19 год имаш, полнолетна си, нема врска што е 5 години постар ако ти се свиѓа.. Однесувај се нормално со него, исто како што си се однесувала до сега, другарски топол однос, не биди премногу ладна да не го оттргнеш од себе.
     
  4. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Ако ти се допаѓа дечкото зошто би се понашала со него ладно :?: или тој така се однесува со тебе и што има врска како ти се однесуваш кога е тој со другарите |-) едноставно биди си своја и не го менувај однесувањето за ништо ни кога е со другарите негови ни кога е сам, ти си таа и тоа треба да бидеш. Мислам дека вреди да пробаш.
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    7.882
    Не те знаеме тебе, не го знаеме него и не може никој да ти каже пробај или откажи се.
    Ако мислиш и сакаш, пробај, ништо не губиш а можеш да добиеш.
    Не гледам причина зошто не би пробала. И да, тактиката топло-ладно секогаш пали.
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ако сакаш да имаш нешто со него, ако ти се допаѓа, зошто да не ризикуваш? Немаш што да изгубиш. Едноставно дај му до знаење дека си заинтересирана, без оглед на тоа дали е со другарите или е сам.
     
  7. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    па зошто да не штом ти се допаѓа, разликата од 5 години не е воопшто голема а ниту пак ти си мала имаш 19 год. е немој да бидеш ладна бидејќи можеби тој ќе мисли дека ти неси воопшто заинтересирана за него
     
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Нема врска разликата во години, а и 5 години па и не е нешто страшно. Познавам пар што се 10 годинни разлика ;)
    Инаку ти треба прво самата со себе да расчистиш дали ти се свиѓа, дали сакаш да бидеш со него. И зашто го нарекуваш тоа ризик? Ако тој добро се однесува со тебе, тогаш не е никаков ризик тоа. Пак ќе кажам 5 години и не се многи, плус ти си доволно возрасна за да одлучуваш за себе.
    Само размисли си убаво дали секаш со него да бидеш, што сакаш од таа врска, и ако ти е убаво со него тогаш секако дека вреди секаков ризик. :)
     
  9. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Епа види со некои сигнали и тестови како ке се однесува, не претерувај, биди своја, биди ТИ! :)
    Ќе се исплати се што е во границите на нормалата :)