Ако има друга ваква тема слободно избришете ја епа вака..ме интересира вашето мислење...имате дечко/девојка кој/а ја/го сакате повеке од вашиот живот..гледате во се да му удоволите само да го/ја гледате срекен/на..секогаш него/неа ставате на прво место..сите ваши мисли се насочени кон него/неа.зборувам за љубов..БЕЗУСЛОВНА ЉУБОВ..која верувам дека постои..и ке преминам на главното..ме интереса што мислите вие дали сето тоа вреди ? дали вреди буквално да живеете само за таа личност која ви претставува се во животот и верувате дека неможете да живеете без неа?..дали вредат сите ваши дела,докази..дали вреди да го правите се она што го правите.Што ако накрајот испадни дека тој/таа воопшто не заслужувал/а ни дел од се тоа..што ако ве отфрли туку-така..како обична крпа што веке не му е од корист?што кога ке сватите дека се било залудно..дали ке можите да ја надмините болката и да продолжите понатаму...без него/неа во вашиот живот..кога толку многу сте го/ја сакале..па..Дали вреди некому да му го подариш срцето на дланка и да му го посветиш твојот живот,кога незнаеш што воопшто ке се случи..дали ке биди залудно..или можда не? ...
Не вреди според мене Имаш и поважни личности позади тебе освен него Мисли на тоа дека еден ден сето тоа може да се сруши, не брзај... прво запознај го убаво, како тој со тебе така и ти со него ... Доколку еден ден дојди крајот на таа љубов замисли како ке ти биде! Ке бидеш по агресивна, никој нема да те интересира ке бидеш по ладна личност а другите нема да го сакаат тоа Доколку бидеш нонстоп со него народот гледа и после таа врска нема да биде тоа тоа сите ке те гледаат со друго лице Се трудам наеднаш да одговорам на повеке прашања ... Болката после врската ке ја надминеш ама не толку брзо се додека не се појави некој друг принц А доколку ти му го подариш твоето срце и му го посветиш животот, а тој да не го искористи тоа како што треба рачунај дека е залудно... Не гледај во убавината само, гледај го карактерот за да знаеш како ке ти биде 'утре' каква иднина ти следува со него.... Можеби грешам ама вакви работи многу пребендисувам и затоа сум си сингл
Безусловна љубов? Кај безусловна љубов не се прашуваш дали вреди едноставно даваш и не му ја мислиш а ако му ја мислиш тогаш и не е баш безусловна. Ерик Фром во својата книга Уметност на љубовта вели дека само мајчинската љубов е безусловна и јас се сложувам со него,бидејќи само мајката дава бескрајно се за своето дете,целиот свој живот,срце и душа ги дава и се жртвува без да се прашува дали вреди и дали ќе и се исплати понатаму. Сите други видови љубов не се безусловни па дури и татковската. Кога даваш и се прашуваш дали вреди со самото тоа поставуваш услов.
Јас мислам дека дел од ова вреди да го правиш но секако ако си сигурна дека сето тоа што го правиш ти може да го направи и тој за тебе и дека тој е вистинскиот. Но сепак сето тоа е претеризам ако си со него не значи дека не треба да живееш со другите личности околу тебе. Ако постојано бидете заедно тој без другари или ти без другарки поголемиот дел од времето ќе го поминувате заедон и секако дека ке си здосадите еден на друг. Ќе проживеете скоро се и врската ке ви стане здодевна и монотона.
Кажи ми, дали тој, кој ти велиш дека го сакаш безусловно, те родил, те хранел..и се со ред. Да, во ред е тоа што може е внимателен, грижлив, незнам што уште. Но, во секоја врска, каква таа и да е, и да се сакате најмногу на свет, ти треба да си се ставиш самата себе на прво место. Што значи тоа? Треба ти да си среќна во секоја ситуација, а тој ако е оној правиот, ќе биде среќен за тебе. Се што ќе дадеш во една врска, треба да даваш зошто навистина така сакаш, и не треба да се покаеш никогаш потоа. На крајот на краиштата тоа го правиш зошто ти го сакаш, а сакањето не е грев нели? Дали вреди?? Може само времето да покаже. Може сега не вреди, може ке има моменти кога ќе вреди, а и обратно.....но, верувај се што правиш во животот, прави го полека, она правото ќе си дојде само.
Безусловно само мајка ти може да те сака , не и дечко . Дали вреди некому да дадеш се никој не може да ти каже , времето го покажува тоа .
Не вреди! Ти можеш да го сакаш дечко ти и се ама да го ставаш пред се и не знам што да правиш за него нема потреба. Зарем немаш ништо друго во животот, професија, факултет, другари, другарки, нешто друго било што да те исполнува, од самата себеси да се чувствуваш задоволна.. Ако сакаш да бидеш среќна врзувај се за цел а не за личности!
......фала ви на искрените мислења инаку темата не ја отворив конкретно за мене туку чисто онака ме интересираше какво мислење имаат другите за тоа,пример дали кога вие би биле во таква ситуација да сакате некој премногу и да ви биде возвратена љубовта,дали би правеле се за него/неа кога не знаете што ке биди понатаму..значи зборувам за возвратена љубов..за почитување,разбирање во врската..значи без отфрлање на другари,другарки..ако можам да ја наречам така зборувам за супер врска..значи знаете дека ве сака,ве по4итува и све ви е најокеј.. но сепак никој не може да знае што ке се случи понатаму,нели? епа што мислите би вредело и дали би правеле СЕ за него/неа?? (и тоа "СЕ" има свои граници,значи не мислам да одиш да се отепаш за некој,или да правиш работи што ти не ги сакаш)
јас сонце штотуку го правам тоа .. мислам дека многу работи сватив прекасно дека се десија .. мислам дека не вредеше до толку .. и мислам дека ке се каам .. ама во моментов ми е нај убаво, и неможам да се замарам со "што би било кога би било" , зашто мислам дека и јас во животов заслужив да сум среќна, кога више изгубив толку, поминав низ сешто .. вреди да уживам во моментов, со него. иако немам со кој да ги поделам среќните моменти, другарка која е се радува заедно со мене .. ама више кога се десило , нема назад. само да прифатам ситуацијата, и да продолжам да го сакам! впрочем, од кај да знаеме што не чека зад прагот на утрешниот ден?
Моето искуство ми вели дека не вреди.Сум правела добро и сум угодувала,но некој тоа не го ценел,дури и многу брзо го заборавал. А си приметила дека кога ќе згрешиш,никој не заборава? Дури за некого мојата емотивност и солзи биле смешни..Да.За жал..Некои луѓе мислат дека се плаче од арно..
да го направиш тоа кога прв пат ќе се заљубиш ВРЕДИ бидејќи ја запознаваш љубовта баш таква-каква шо е прекрасна и болна, ама секој пат НЕ ВРЕДИ бидејќи како шо растиш треба пореално да се гледаат работите, дека не е само тој т.е. постоиш и ти и дека треба да и удоволуваш самата себе, малки повеќе од колку него, твоите родители исто заслужуваат вниманите, братот/сестрата, другарките и.т.н.
Не вреди да ти му подаруваш безусловна љубов и внимание а тој да те отфрли а друго е кога на крај ке се свестиш што биднало и тој те повредил. Ако на таков начин те повредил тогаш не те заслужува тој. Едно е да сакаш а друго е да те повреди некој ама ако не љубиш нема да знаеш дали си повреден. Секоја љубов има успони и падови. Ма ,,живот пише романе,,...
вреди ли во својот живот да ставаш некому на прво место? Едно длабоко не. А ти каде си во твојот живот? На прво место секогаш ЈАС ЈАС И САМО ЈАС
Не вреди.Зошто? Затоа што колку некој безусловно сакаме,толку повеќе тоа ќе биде злоупотребено и искористено во своја полза. Кога би сакала на тој начин јас не би била таа што сум,јас би го изгубила сопственото ЈАС. Во таа заслепеност ние не би биле тоа што сме.Кога со некој си постојано заедно и кога се му угодуваш нормално е дека тоа ќе доведе до монотонија во врската.Секој треба да си има време за себе,некогаш е потребно човек и малку осамен да е,да осамен затоа што тогаш може најдобро да расмисли за се.Несмееме во никој случај да се откажеме од работите кои ни причинуваат задоволство,од луѓето кои ни се блиски и ги сакаме....и од ред други работи.Го кажувам ова зошто тоа безусловно сакање подразбира откажување од се,доколку тоа би го барала саканата личност. Јас иако сум во врска 9години,иако го сакам дечко ми на свој начин како и тој мене,неможам да зборувам дека тоа е безусловно сакање.Убаво ми е кога сме заедно,се чуствувам среќно и исполнето...но тоа незначи дека ќе правам нешто што несакам. Не девојки,ќе кажам едно големо НЕ.
Ако си сигурен во она што го имате јас мислам дека вреди. Вреди барем еднаш во животот да и се препуштиш на чувствата и љубовта да те водат. Кога некој ти го подарува тебе неговото срце, зошто да не и ти нему твоето? Во животот ништо не е сигурно и долги врски, па и бракови се распаѓаат. Сепак мислам дека ако некој направил да се чувствуваш среќна, зошто да не му се препуштиш на уживањето во љубовта и да не му го подариш своето срце?