1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да му раскинам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Rozevokapche, 17 ноември 2010.

  1. Rozevokapche

    Rozevokapche Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Епа вака имам еден дечко кој што многу си го сакам и тој мене, но уште на почетокот коа се фативме идевме така подолго месец и нешто и он ми раскина поради тоа што не ме сакаше доволно за да биде со мене, ама откако сфати дека многу ме сакал и дека не можел без мене сакаше да се смириме и ајде јас глупава се смирив. И после тоа бевме на еден роденден и бидејќи во салата кај шо бевме беше многу топло излеговме надвор и него му стигна порака у која шо пишуваше као демек јави ми се кој ќе ти вртам а тоа му пиша една таја "другарка" која летово што помина требало да се смуваат ама таа го заебала и сеа као демек он ми кажа дека неа сака да ја заебе па на мсн и кажувал као демек ај ќе излеземе а он излезе со мене. И да се навратам на роденденот он и дигна кога таа му ѕвонеше и му викаше као демек не е фер вака ти мене што ме заеба фала ти многу ама ништо и виде он дека јас се накурчив поради тоа што се јави ама ајде дека и беше ептен на мојата најдобра другарка роденден па се расположив... И после се муваме ја и он во салава и доаѓа другарка и на тааа и го фати за кошула дечко ми и му вика излези до наддвор а овој и вика дека не сака и дека е со мене и таа многу инсистираше и јас ајде го пуштив зашо сакав да расчиста еднаш засекогаш. и он се замина и се врати и коа се врати ме викна да ми каже и ми кажуваше како и рекол дека веќе расчистиле и нема ништо помеѓу нив и се тоа. После тоа она му пишувала цела ноќ на мсн и на крај се договориле да останат пријатели. И оваа го избришала од фејсбук и овој одма да се напраи паметен и пишал порака као демек нели рече дека сакаш да продолжиме да бидеме пријатели зашто ме бришеш? и мене тоа премногу ме накурчи ама ништо. и после тоа една моја другарка ми кажа дека тие двајца се допишувале преку пораки и јас го прашав дали тоа е точно и он многу јасно ми рече дека не е точно. И дечко ми вчера пак и пратил порака на фејсбук као демек зашо лажеш дека сме се допишувале со пораки и штом веќе два пати и пишал ќе има и трет пат тоа е сигурно. И ја стварно не знам веќе што да правам и вчера му реков дека сакам да раскинеме ама он као демек ми викаше добро, и се смувавме и он ми заплака мене и не знам што да правам и коа седнав на мсн он као демек ми вика не те пуштам да ми раскинеш ради неа затоа што ја неа нити ја сакам у мојов живот нити ништо слично и ми викаше дека ме сака премногуу и дека таа е само пролазна која што сака да ме направи љубоморна ама стварно не знам.

    Фала на советии однапред ве сакам!!
     
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007

    Ете видиш,јас па не знаев дека се поместени границите на терминот долга врска.Во мое време долгите врски траеа минимум една година,ама ете сега и по еден месец стаж веќе сте влезени во озбилни ствари.Нејсе..

    Ако ме прашуваш мене јас не гледам никаков проблем тука,дечково ти покажал на некој начин дека сака да биде со тебе ,значи не ти кажал само туку и покажал. Е сега што ти си правиш филмчиња во глава до некаде е и нормално ај да речам,сите жени ко жени знаеме ба бидеме љубоморни на ситници некогаш,ама поентава е како ќе се правиш со нив.Ти си со него убаво ви е,девојката нека си живее во илузии не знам зошто воопшто и придаваш важност??

    Ако приметиш дека дечко ти прави од тебе дебил и сака да седи на два стола тогаш пеки,нормално дека нема да мижиш ама сега за сега од она што си го напишала (барем јас колку што сфатив бидејќи си начичкала еден куп информации малку нечитливо) уживај и биди среќна,стварно не гледам причина за нервози ;)
     
    На Ance-to му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rozevokapche

    Rozevokapche Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    пред да се фатиме ја и он се мувавме 6 месеци :$
     
  4. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Тој можеби те сака и не сака да те изгуби, ама не сака да ја изгуби ни неа. Очигледно му годи да се "расправа" со неа. Ако навистина расчистил тој со неа нема што после да и пишува на facebook зошто го избришала :fubar:
    Друго, на таа роденденската забава, ако не му значела ништо немало што да и крева на мобилен, исто така немало потреба ни да ја "лаже" неа демек ај ќе излезиме, па ќе те извисам. Мене тука ми мириса нешто.
    Ако таа него не му значи, НЕМА што да ја лаже, да и пишува, да и крева на телефон...
    За него ќе постоиш само ти и толку !
    Ако ти дадам совет да зборувате... Во случајов мислам дека ќе е џабе, затоа што сте зборнале и тој ти кажал дека таа ништо не му значи(99% пак истото ќе ти го каже), пролазна не знам што, а упорно го прави спротивното.
    За да раскинеш, нема потреба, човекот не направил ништо страшно за да си ја уништиш врската, само... мој совет(кој не мораш да го прифатиш), оддалечи се малку од него, не му одговарај на повици, не излегувај, вели му дека си зафатена и види ја неговата реакција, па сама ќе си заклучиш, бидејќи најдобро го знаеш.
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Имаш само 15 години и нормално е се што се случува на твоја возраст. Не можеш да очекуваш дека Тој ќе биде вистински само за тебе и само со тебе. Јас кога бев на твоја возраст, плачев се нервирав , за секоја која што ќе го погледнеше.Ако не знаеше да ми објасни во моментот, одма мислев дека е со друга, и му раскинував, па после се каев заради тоа, зашто гледав дека нема ништо со никоја. Затоа не можеш да му забраниш да се дружи, машките на таа возраст не сакаат да се врзуваат, повисоко се осеќаат доколку имаат на лагер што се вели неколку девојки, па макар само за муабет. Знам точно како ти е , ама навистина нема причина за загриженост, се додека ти се јавува за излегување,не те игнорира и осеќаш дека си му важна. Уживај си во младоста, има кога да се секираш за долга врска, верувај ми :*
     
  6. Ewii

    Ewii Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    дечково е нестабилен, барем јас така заклучив, ти го познаваш него најдобро, знаеш што е и како е во вашата врска, разговарај отворено за неговите постапки кои те нервираат тебе, ако продолжи со истото имај свој став свое мислење и покажи му дека не си глупава.....а таа другата типка, ако постапувала вака како што викаш, па навистина е благо ретардирана личност!
     
  7. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    дечко ти не знае што сака сака да биде со тебе а исто време се расправа со таа,значи ако некој ти значи и го сакаш шо има да се расправаш со некоја си па да ја моли да му биде другарка он изгледа сака да ја смува и таа а тебе да не те изгуби,најдобро разговарај со него отворено да биде со тебе и нема што да писи или да се слуша со таа,зш неможе никогаш да биде другар со некоја која што има намера да ја мува
     
  8. Vannesa

    Vannesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Со дечко ми сме веќе скоро 2 години веќе заедно, се е беше супер..али се до пред 1 недела, кога во history од неговиот мсн најдов секс разговори со една негова "другарка". Не ја знам точно која е девојката, но тој вели дека му е само другарка, дека никогаш немало ништо меѓу нив и дека се тоа што пиши на мсн е само зафрканција. Веќе од тогаш не сме заедно, побарав време малце да размислам што ке биде понатаму со нас. Тој секој ден ми се јавува, ми плачи на моб, ми се колни дека немал ништо со неа, дека таа со сите така разговара, али јас неможам никако да го тргнам од глава тоа што го прочитав. Па од таа недела, прегледав малце во неговиот ком и маил, па видов дека има и слики од неа.. :/ Го сакам стварно, му верувам целосно, но после ова незнам во што да верувам повеќе. Па затоа ве молам, ако можи да ми дадете некој совет..
     
  9. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Многу јасно ти кажуваат милион докази дека нормално и сигурно имало нешто помеѓу нив.Не туку така имал секс разговори и нетуку така има слики од неа.Прво испитај терен,види распрашај се за тоа девојче,истражувај малку околу тоа,сети се на ситуации кога можеби си посумљала нешто во него и после види што ке одлучиш.Притисни го малку да ти признае и ке ги видиш неговите реакции дали ти ја зборува вистината или те лаже и ако и понатаму не успее да те убеди не би те советувала да останеш со него,секој заслужува втора шанса ама ако заслужува,а ако и предходно те излажал за нешто тогаш никако немој да му простиш позз :*
     
  10. Vannesa

    Vannesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Неможам многу да се распрашам за неа, оти се наоѓам во друга држава (студирам таму) и немам некој контакти со кој би добила некој информации за неа.. Тоа дека никогаш досега ме немаше излажано сум сигурна. Веќе една недела пробувам некако нешто да дознам али само тоа ми останува или да му верувам него или не. Моментално тој се обидува да ми докажи дека не било тоа вистина, сакаше лично да одиме кај неа и да ја прашаме, па и ми понуди да ми донеси и други разговори од неа со некој негови другари да сум видела дека таа со сите така разговара..Сепак фала и позз :)
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Пишуваш дека имаш проблем и бараш совети а уствари не убедуваш дека сепак знаеш дека не те лаже и немало ништо.Еве да те прашам,сакаш да ти кажеме дека немаш место за нервози?Сакаш да ти кажеме дека дечково е супер ти само си правиш филмови? Добро,еве јас ќе ти речам така е како што мислиш и ти.

    Проблемот тоа нема да го реши.Јас добивам впечаток дека се убедуваш самата себе дека се е ок и сакаш да ти го потврдат и другите тоа,ама драга моја ако он решил да седи на два стола тоа што ќе ти пролее некоја крокодилска солза нема да го спречи.Како што кажа самата далеку си и немаш можност да истражуваш, затоа батали тоа детективските виртуелни подвизи и кога ќе се вратиш дома,направете муабет фејс ту фејс.Мене ми мириса на нешто сомнително,можеби грешам ама сепак не ми се веродостојни неговите причи у стилот на Игнасио дел Боске (читај некој лик од сапунициве).

    Поарно дајте си време и простор кога ќе завршиш со студирањето да ја оправате врската,кога ќе можете да си бидете заедно вистински,ем ти ќе се поштедиш од нервози,ем ќе видиш колку е силна вашата љубов.Ако ја има ,ќе ја има и кога ќе се вратиш! ;)
     
  12. Vannesa

    Vannesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да се убедам самата себеси дека е се во ред..али сепак длабоко во мене нешто не ми дава мир..Веќе сме направиле муабет, али сите на крајот завршуваат со иста приказна..дека ништо не направил. Твојот совет за да си дадеме простор и време веќе го практикувам, но сепак нешто е посилно од мене и секогаш кога ќе ми се јави или ќе го видам на факс имам такво чуство да го гушнам и да му кажам дека го сакам..али не е така едноставно.. Фала, позз :)
     
  13. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    уф ,многу се тешки ваквите моменти кога во некој ке имаш доверба и одеднаш ке најдеш нешто што ке те разочара, и ете тука следува целосното рушење на се . Но верувај дека сите машки се слични во тој поглед и дека нема шанси да ти признае па и колку да е виновен. Но од друга страна направи му добар муабет за ситуацијава , и кажи му ако има нешто поубаво да ти признае отколку од други да дознаеш, и кажи му ако случајно контактира со неа да престане зашто во спротивно ке те изгуби тебе . Не му давај до знаење дека си ја изгубила довербата во него ,зашто премногу ке биде претпазлив ,туку спортивно праи се на тошо а проверувај го на секаков начин и тука ако најдеш нешто што не ти иде во прилог откачи го. Знам дека тоа е најтешкиот дел ,но цени се себе си, и биди силна зашто на светов постои и ке постои секад подобар и подобар од претходниот ;) со срека :*
     
  14. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам драга,само не избрзувај,остави простор и време.Штом има немир кај тебе сигурно има нешто.Расветли ја потполно ситуацијата и после прости се,за на крај да не испаднеш повредена ти.
     
  15. Vannesa

    Vannesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам многу за советите :)
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Твое е да одлучиш, сепак јас мислам дека тоа уште кога се случило тој требало да те извести. Ако вие сте подолго време заедно не треба да се крјат никакви работи. Ако не друго можел барем да ти каже дека си пишувал со другарка. А и долга врска, а да не му ги знаеме другарките на дечкото малку ми е чудно. И слики зошто би имал на компјутер од другарка. Јас се извинувам не сакам да звучам грубо, но само ти давам искрено мислење. Разговарај пак со него и види како стојат работите. Можеби и немале ништо, но некако целата ситуација не ми изгледа така. Барем да си знаете со кој пријатели комуницирате ако не друго. Размисли си убаво и одлучи. :)
     
  17. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Мене ова ми личи дека девојкава му е другарка со бенефити :P . Како што кажа ти студираш во странство и најверојатно многу ретко се гледате :?: Маж како маж си има потреби, а оваа му ги задоволува. Не сакам да бидам груба ама се натака ми тера работава. Дечко ти според мене те сака тебе ама си сака и секс. Не знам зошто би ти плачел секој ден по телефон ако не му значиш?
    Другарка ми имаше ептен слична ситуација само што они и двајцата се тука. Она му прости после една недела што според мене е премногу мал период. И сеуште е гневна на него ,а тоа им се одразува на врската :worried:
    Остави времето да покаже...
     
  18. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Можеби е вистина дека он не направил ништо со неа, сеуште :) , но имал некакви намери тоа сигурно. Ти ако не си ги откриела разговорите и сликите он сигурно ќе продолжел. Значи тоа не било еднаш, еден разговор и толку, па да речеш од љубопитност, досада или незнам што. Треба да седнете и да разговарате што не штима во врската, а сигурно има нешто, затоа што заљубен човек не би ни помисли да води секси муабети со некоја, па и слики да си праќа, можел сето тоа со тебе да го прави.
     
  19. Srekjichka

    Srekjichka Нов член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали да раскинам???

    Во врска сум веќе 2 години. Втор пат сум со истиот дечко. Предлогот за врска беше од негова страна и после долго време иако не го сакав, но многу ми беше драг прифатив да бидам со него... Заедно бевме смао 2 месеци, но откако сфатив дека не можам веќе да глумам љубов му пркеинав. Не се слушавме цели 2 месеци, но во јуни месец се случи пресврт. Почнавме да зборуваме, ова-она се наближуваше неговиот роденден и тој ме праша дали се уште има надеж за нас, а јас му кажав реално како што е. Но се наближуваше неговиот роденден, и тоа што ме трогна беше што ми кажа дека негова роденденска желба е да му се вратам јас. :'( Не можев да го повредам и поради тоа решив уште еднаш да се жртвувам за нас... Кога го одлучив тоа и кога му го кажав се исплашив многу за да не дојдам пак во состојба јас да бидам таа што ќе треба да ја прекине таа врска, но не одеше толку лошо. На 4 месеци тој го истетовира моето име на неговото срце т.е. на левата страна. Знаев дека ме сака... Имавме еден ладен период после тоа и во момент на збунетост направив грешка и го изневерив. После тоа сфатив што сум направила и по одреден период му признав. Ми прости и продолживме понатаму. Проблемот е што пушеше марихуана, а јас не можев да го поднесам тоа, многу се нервирав, плачев... се уништив. Му го кажав тоа и по долго објаснување, молење вака-така успеа да се тргне или барем така ми кажа, може и ме лажел... не знам. Сите работи што знаев дека се лоши за него барав да ги смени но не да ги смени за мене туку заради него, му посакував се најдобро... Имавме многу препреки, јас со моите родители, неговите вакви ситници и многу се каравме. Да потенцирам односи не сме имале иако сака, но јас не бев спремна и не се одлучив за тој чекор. Пак да кажам многу се караме, љубоморни сме двајцата и вчера се случи нешто што многу ме повреди и ме стави во дилема да размислувам да ставам крај на врскава. Инаку имам 18 години, а тој 21. Тој ми кажа дека јас се нешто сум барала од него.... (мисли на работите што побарав да ги смени) тоа ме погоди затоа што јас мислев само на него кога го барав се тоа. ;( ми кажа дека му било здосадено, дека јас секогаш кога сум правела муабет со него тоа било на фб и на мобилен зошто не сум имала лице да му ги кажам некои работи во очи што не е точно туку на фб и на моб сме збореле затоа што темата таму била отворена. Многу плачев, ја истрошив секоја ронка сила во оваа врска, изморена сум го сакам но се тоа тоне поради ваквите ситуации.... Се тргна од многу работи ради мене но мене не ми беше поентата тоа... Јас сакав да го сфати лошото во тие работи, а не да се тргне и да копнее по нив. И испадна дека јас многу сум барала... А и неколку пати ми потенцираше дека јас сум се однесувала погрешно... Не знам што да правам изморена сум веќе не можам да се нервирам, да се карам, да објаснувам, затоа се размислувам за ваков чекор. Да прекинам со него. Но, сега сум во таква состојба и не знам дали тоа ќе биде правилно решение. Ве молам за помош... многу ми е тешко ;(
     
  20. broken1

    broken1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Во многу лоша ситуација сум...Пред 1 ден за малце че ме дознаеше таткоми дека сум со дечкоми и ајде излажав некако ама не ми поверваја и ми забранаја да излегвам на кафе демек казна.Од ко му го кажев ова на дечкоми и му викам да му кажам барем на братми за да ми помогни тој да се гледам и овој ми викат нее ако раскиниме ниие после со че се десит брати че ти мислит лошо и ми викат ако дознает од домати ние готово че завршиме. Тој ми тврди дека мн ме сака и дека нејчит ние да раскиниме,Бившата шо ја имаше му пишуват во ФБ демек да се заедно пак ии булшит.Таа го прашаше како бил со мене и тој му пишеше дека многу добро и дека многу ме сака,Незнам што да правам, а многу го сакам стварно ... ;( ;( ;( ;( ;(