Дечко на годината Ни роденден ти честитал, ни се јавил да праша дали си пристигнала...колку и да бил зафатен, сигурно не бил толку многу. Барем додека бил во вц можел да ти пише нешто набрзина, така да, нема оправдување. И јас сум за тоа да му раскинеш, сигурно мати некои игри.
@Freedom :D Твоето прашање е едно од оние за кои не е потребно многу размислување за одлука, а уште помалку да се побара нечиј совет и искуство. Во твојата ситуација, првата причина за која вреди да размислиш е што не те прашал ни дали си пристигнала, а станува збор за патување во друга држава. Тој што се нарекува дечко и покажува љубов прашува дали си пристигнала каде и да патуваш, а најмалку кога треба да поминеш граница и да престојуваш во друга држава. Зарем за тебе е љубов што саканиот не ти се јавил да ти го честита роденденот? Ако во тие моменти од животот е толку зафатен, што преостанува во секојдневието кога треба да се најде начин да се усогласат обврските и приватноста. Никакво образложение не е доволно силно за да ги поткрепи неговите оправдувања колку што е фрапантна за мене твојата наивност и лековерност во целата "љубовна слика" што си ја замислила, а е недопирлива со реалната случка. И не треба да се плашиш од тоа што нема да го поминеш времето со него. Повеќе треба да се загрижиш ако продолжиш да му пишуваш и се доведеш во состојба да бидеш марионета која тој ќе ја доживува за посебна и единствена во неговата игра. Со ваква манипулативна личноста далеку си од можноста да доживееш искрени и топли емоции кои значат нешто повеќе од површни моменти.
Има голема и битна разлика меѓу чувството на вљубеност и чувството на сакање! Можеби си сеуште млада но ,со тек на време и самото животно искуство ќе те научи да ги разграничиш овие два поими. Сите многу добро знаеме дека љубовта е едно ирационално,магично чувство кое не носи и подигнува на седмо небо,фантазираме и ги преобликуваме настаните од нашиот живот,давајќи им сладникав вкус.Но,треба да научиме да се спуштиме на земја и рационално да ги согледаме нештата,без розевите очила да се соочиме со вистината која знае да биде сурова,болат и срушените илузии . Гледано од последнава перспектива човеков не ми изгледа дораснат за една сериозна врска,делува како преголем егоист се со цел само некој друг да му укажува внимание и разбирање служејќи се со неоправдани и излитени изговори.Имал работа,немал време.Лаги со опашки, секој кој што сака да најде време ќе најди оној кој не сака наоѓа изговори!Закон! Човеков е класичен пример за емотивен манипулатор,не верувај слепо во неговите зборови,гледај ги неговите дела,само така ќе успееш да го разоткриеш! Тој ти го кажува само она што знае дека сакаш да го слушнеш за да те придобие но,премногу е површен, неговите тврдења не се поткрепени со дела. Мој совет ти е стави го на игнор, ако некогаш му текне да ти пиши врати му на пораката после месец дена па,не е тој центар на твојот светА,ти во меѓвреме посвети се на себеси и исполнување на твоите желби.
Види вака срцка совет од мене за тебе е да прекинеш со тоа момче (немој да мислиш дека ти солам памет ама не е така ) Јас да сум на твое место ни минута повеќе нема да бидам со него велиш дека ти е дечко 3 недели не ти пишувал едноставно неможам да замислам како може така во врска сте а 3 недели никаков контакт колку и да е зафатен и премногу обврски треба да ти пишува барем кога ќе седне на тоа шолјата неа ти пише барем едно " TE САКАМ" ако друго неможе бидејки ако се сака се може се без раслика колку препреки и бариери има и тоа што не се сетил да ти го честита роденденот тоа е срамота невидена уште по жално е кога си стигнала во МК ниту ти се јавил ниту ти пишал е тогаш по тоа се познава дека не се замара со тебе мнг и немој мнг да му веруваш дека ќе те чекал или немало да те изневерува во тоа никогаш немој да бидеш сигурна по тоа што ти го напишав погоре треба да сватиш мислам дека не треба мнг да му веруваш и да се заслепуваш од љубов ако ти напишал смс дека те сака таков не ти треба срцка сето тоа пред се ти го кажувам од искуство бев во мнг слична ситуација иста како твојата бидејки и јас живеам во странство и мене еден така ми симнуваше ѕвезди од небото како тебе сега овој ми велеше нема да ме изневери ќе ме чекал ова она после тоа сам си призна дека ме изневерил пред тоа и тој коа му звонев не се јавуваше ниту на смс враќаше јас бев таа што плачеше а тој си зезал со мене потоа јас го оставив му раскинав му кажав дека не сакам повеќе со него ништо после некое време тој ме бараше ама јас не реагирав на тоа никако мала бев тогаш само 16 години ми леташе и мене паметот по тоа сватив дека врска на далечина е мнг тешко да се одржи после тоа пред некоја година ја запознав вистинската љубов и тој живее во странство во иста држава сме само живееме во различни градови и сватив дека за таа љубов треба да се борам а не за врската на далечина... Мој совет ти е тоа и искуство можеби ќе ме сватеш погрешно ама ако го оставиш нема да згрешиш колку и да го сакаш после некое време ќе сватиш дека таква врска не ти требало толку од мене натаму си е твое
Мање више, девојките над мене ти кажаа што треба да направиш, така да јас нема да се повторувам. Ама сакам едно нешто да кажам само, зашто многу ме фрустрира. Аман бе луѓе, не знам дали сум јас заостаната во размислувањето или тие двата збора „те сакам“ требаше да значат многу повеќе. Денес „те сакам“ се кажува до толку рано во една релација меѓу двајца и до толку често, што му се сведува на исто како да сте кажале „добар ден“. Сакам кога ќе го кажам тоа, стварно да го мислам и заради тоа не го кажувам често или не го кажувам ич. И мене некој кога ќе ми рече те сакам во неприлагодена ситуација, одма го пресекувам. Ич не сакам да ги слушам тие зборови ако се кажани само за да се кажат и ако не стои никаква емоција зад нив..
Точно, "те сакам " не мора да биде кажано, ако навистина е така тие зборови лесно не доаѓаат и секогаш треба постапки соодветни да има основа секој збор, а не ветер и магла. Не знам зш и велите да прекине да комуницира со него, ја правел будала до последно што барем тогаш можел меко и искренода и каже ама тој не, како кукавица, ЗА ТАКОВ ИГРИЧКА МАЛА НЕКА МУ НАПРАВИ ДЕ,АКО НЕ ДР ЕГОТО ЌЕ СИ ГО ИСПОЛНИ, тој не заслужува повеќе од тоа.
Се си мислам дека ние овде што и да напишеме ти пак ќе си тапкаш по свое, ама како сакаш твој проблем. Симпатија е едно, заљубеност е друго. Кога ќе пораснеш ќе научиш да ги разликуваш овие две. Неможе да сакаш човек со кого си се смувала само еднаш, неможе да те сака човек кој не ти пишал 3 недели ниту еден збор. (Читај: на човек кому не му е гајле за тебе.) Да те сакал барем малку ќе ти пишел два збора како си, дали си пристигнала безбедно + ќе ти го честитал роденденот. Неможеш да сакаш човек за кого незнаеш скоро ништо. Сакање е кога минувате повеќе време заедно, кога сте заедно и во добро и лошо се навикнувате еден на друг, го прифаќаш со сите негови добри и лоши особини, со сите маани, делите се заедно, физички, психитки итн. А симпатија е кога некој ќе ти се допадне физички, ќе ти посвети внимание па ти си мислиш дека го сакаш. Нема да ти кажувам дали да му раскинеш или не, оти ова вашето не ми личи ни на врска туку на една авантура која била, па поминала и најдобро е да остане само на тоа.
Девојче ти колку години имаш? 12? 13? Не сега сериозно, ова ти за врска го сметаш? За 2 дена ти сфаќаш дека си се заљубила, сериозно ова? Ти не си заљубена, само голема симпатија ти е детето, ништо друго! Ни роденден не ти честитал, а ти ќе му раскинуваш? Чекај а на која врска ти ќе раскинуваш? “Дечко ти“ бил со тебе само за мување, за ништо друго. Како сакаш сфати, ама ова ептен без смисла ми е.
Колку и да е некој "зафатен" ќе најди време и само да го праша како е, или да го слушни на минута, не пак да треба да праша дали сигурно стасал, или родеден да честита. Покажи му малку повеќе заби и отерај го таму каде што му е местото.
Мене еден ден дечкото да не ми се јави,јас ке раскинам жими се,не па три недели....За тие што најмногу ги сакаш,баш за тие наоѓаш секогаш време.И роденден да не ти честита......Немој.Не биди глупава,заслужуваш подобар од овој.
Zdravo devojki.. Jas sum vo mnogu losha situacija sho neznam kako da postapam i kako da reagiram.. Jas imam decko che lrajme 7 godini vo septemvri od kako sme zaedno ama eve veke vo posledno vreme ne ni odi do pred nekoj mesec beshe se super. Zaedno odime na rabota vo ista firma rabotime i ili toj kaj mene spijashe ama pocesto jas kaj nego na rabota na pauzi so nego ko che ima vreme idi do kaj mene a razdaleceni sme okulu 50 metra. Ama vo posledno vreme pocna drugi da mi se bendisuva da mi bidi pointeresno so drugi da si pram muabet. Mn mn ne izleguvam so drugarki radi sho se luti ljubomoren e mnogu. Koga i da se skarame jas sum kriva i neznam sho da pram sakam da raskinam ama se plasham da ne ne uspeam... Ve molam za mislejne
И сама си кажа дека сакаш да раскинеш,само не знам зошто не би успеала, му кажуваш така и така и готово. Само јас би те советувала ( и јас исто време сум со мојот партнер) да размислиш убаво, можеби е некоја криза во врската која ќе пројде, сепак 7 години не се малку за да ги фрлиш во вода. Почни да излегуваш со другарки, колешки, дај си време за себе,но немој да го запоставуваш и него. Ако пак не оди, тогаш секој по свој пат.
Znam deka ne se malce godini i plus se si zrtvuval za nego ama nekako ko zdosadeno da tie se ne tie interesno nishto plus za se luti nesmeam da zboruvam so kolegite na rabota odma demek mi se bendisuval toj i nikako e
Можеби чувствува дека си оладена во врската па затоа се лути, мисли дека причината за тоа е некој колега. Разговарај искрено со него за тоа што ти смета, без да спомнуваш раскинување. Пробајте заедно да вложите повеќе во врската.
Во долга врска нормално е да завладее монотонијата. По колку години имате? Сигурна ли си дека сеуште трае љубовта или само навика е во прашање ради годините? Пробај да си одговориш на овие прашања. Знам многу примери каде уште од мали 14/15 години се фаќаат и траат тие врски по неколку години, после едниот сфаќа дека тој партнер не му одговара и тоа е тоа. Со години се менуваат и размислувањата, на 15 ти е битно да е убав, на 18 ти е битно да те сака ама веќе кога ќе созрееш како што треба многу е важно дали можеш да се носиш и живееш со карактерот на тој човек.
Не треба да избрзуваш, а и што ти треба веднаш да влегуваш во друга врска ако намераваш да ја прекинеш оваа? 7 години не се малку, тоа е доволно дете да тргне во училиште... Сте поминале сигурно сито и решето. Монтонијата е нормална работа, особено ако сте уште од школо заедно... Па сте „непроживеани“ на тоа поле или сте си здосадиле еден на друг. Делот со љубомората не ми се допаѓа и можно е да ти создал притисок да посакаш да се дружиш повеќе од претходно. Најпрво, разговарај со него. Објасни му дека не треба да биде љубоморен и дека си ги познаваш своите граници. Кажи му дека не планираш да бидеш дежурен кривец за се и дека треба да си ги трпи последиците од кавгата, а не да ја префрла топката на тебе.