Дали да се смирам со бившиот? а него сега му текнува да те побара ?! вака значи сега чим те побарал по толку време значи дека има нешто во тоа излеа не можи да те преболи и пак се враќа на тебе, ако го сакаш ако сакаш да си со него, зошто си ја мачиш душата кога можиш да си среќна со него ? по ваква разделба обично таквите врски успеваат значи ке внимавате повеќе при секоја разделба тоа се случува, и што викаш нема да биде исто секако нема да биде исто ти го познаваш тој те познава ќе биде многу подобро бидејќи повеќе се трудат машките по разделбите а исто и женските, мој совет е да се смириш со дечково
Дали да се смирам со бившиот? Јас мислам дека треба да му дадеш шанса нему а и себе си, но не за да ја обновите врската туку да почнете од почеток ,да заборавите на тоа претходно што било.Тоа што вие сте се скарале поради твојот однос кон него и неа којзнае колку силна причина,,можеби така си се поставила кон него за да не бидеш повредена (ако се јавуваш секој ден ќе бидеш напорна и досадна,машки оди разбери ги ) . Нема никаква пречка да започнете од почеток,луѓето поради љубов и неверства простуваат, тоа што ти не си го погледнувала тоа значи дека тебе не ти било сеедно што сте се разделиле и дека секогаш кога ќе го видиш ти чувствуваш тага затоа што врската се завршила поради банална причина,на тебе е да одлучиш ,послушај го своето срце позз .
Дали да се смирам со бившиот? јас мислам дека треба да му дадеш шанса да го докаже тоа што ти го кажува ... пробајте пак можеби ке биде успешно
Дали да се смирам со бившиот? И јас мислам дека треба да му дадеш шанса! Ако не те сакал нема да те бара и да те моли после една година (мислам дека е така)!
Дали да се смирам со бившиот? Ххахахаах,не наседнувај на вакви работи,човекот не се менува,само чувствата,немој да бидеш наивна.. Животот продолжува понатаму,ако било добро уште ќе траело..
Го сакам бившиот?! Ми треба совет..Имав дечко постар од мене 5 години.После 3 месеци прекрасна врска раскинавме и тоа за некои глупави работи.После тоа се смиривме пак но не за долго.Сега речиси сме само на здраво.Но јас сум сеуште заљубена во него.Имавме најромантична и најпрекрасна врска па сега не можам да го заборавам.Пробав и со друг но тогаш бившиот се појавува во друго светло кон мене и тој обид со другото момче пропаѓа.Што да правам? Проблемот е што тој се појавува само тогаш кога јас треба да бидам со др.МИСЛАМ ДЕКА МУ Е КРИВО КОГА МЕ ВИДИ СО ДР.тАКА РЕАГИРА.Треба ли да се обидам пак со него?! Помоооооооошшшшш!
Пробај да разговараш со него.Обидете се да ги поправите грешките.Можеби навистина му е криво што те гледа со други.Како ке ти биде тебе да го видеш него со друга?зар нема да помислиш дека никогаш и не те сакал?Иако не е така? Обиди се пак ке кажам,ништо не губиш.Барем да знаеш на што си.
Kажи му на бифшиот да си легне на брашно и да не црцори многу.Hе му се враќај.. никако !Kажи му дека ти си направила премногу за него а тој воопшто не се ни замарал.Cега и ти не се замарај продолжи си со дечкоти шо си го имаша бифшиот исфрли го како влакненце што воопшто не вреди ни да се ѕирне! поздрав4е
Не! Значи јас мислам дека ако вие еднаш раскинавте за глупости, пак ќе раскинете, не дај Боже, да се случи нешто поголемо. Немора да значи ама сепак, мислам дека и да се смирите, ти ќе си цело време под стрес да не се случи пак нешто што би ја уништило вашата врска, (пошто нели кажа дека првиот пат сте раскинале заради глупости!) Врската од 3 месеци сеуште е “пресна“ врска, тазе, од која неможе и нешто многу да го запознаеш него во вистинското светло. Од кај знаеш каков е навистина, 3 месеци се навистина малце време за целосно запознавање. Остави го малце, види како ќе се одвиваат работите, и не наседнувај. Поздрав
На твое место, јас јасно и гласно би му ги поставила границите. Го сакаш и се` е тоа супер, ама бре па кој се замислува дека е тој штом си дава за право да си игра вака со тебе...ма колку и` да ви било убаво заедно, кој е он да ти упропастува идни врски? Едноставно ќе му поставиш ултиматум „Сакаш да бидеш со мене или сакаш да бидеш упропастувач на мои идни обиди да влезам во врска?“ Ако рече „сакам да се обидеме повторно“, дај му шанса (мада ја не би) не за друго, колку да не се јадеш после шта би било кад би било али штом уште еднаш така дегенски се испонаша и раскинете, се знае, на секој нареден обид, ти фино лепо ќе си го отеруваш у к**ац.
Здраво на сите !!! Јас сум нова на формумов, но од старт можам топло да Ви порачам на сите Да би бивше биле добре , не би биле бивше ! Никогаш не гледајте назад затоа што она што еднаш не разделило од некого, било силно и секогаш ќе боли колку и да се правиме храбри и да мислиме дека се може да оди напред ... Едно е да простиш , а друго е да можеш да заборавиш . Од искуство кажувам... колку и да се има волја да се обнови нешто, сепак тоа не е доволно, има скриени заебанции кои кога тогаш излегуваат на виделина иако не сакаме да си признајме поздрав4е до сите
^ Се сложувам ама може да се падне и некој што знае да глуми.Значи знае кој бил поводот за крај и тоа нема да го прави ,ќе прави се спротивно ,по кратко време ќе настојува за брак. И после моја си со потпис ќе ти правам ко што сакам и пак ќе си се врати на истото. Може да глуми дури да го добие тоа што сака и после пак иста песна ...
Колку ли си само во право, те подржавам во муабетот, но никогаш не сум можела да ги разберам луѓето шт се впуштаа во брак од Х причини, ствараат заедница, фамилија, а не се искрени ни кон себе , ни кон другите и бракот го користат како алатка за раководење со другите луѓе и можност да ги остварат на полесен начин своите планови.... Да не бегам од темава .... она што еднаш се скршило, да не се лепи затоа што и под најмал притисок пак ќе се крши затоа што е покревко од она што никогаш не било скршено
Не вреди да му се вратиш, колку и да те моли и да ти ветува.. И јас многу го сакав.. Му дадов една шанса..не му дојде паметот..многу ме сакал..пак втора шанса..па трета..на секое повеќе ветувања а со тоа само ти ќе си добиеш поголеми разочарувања.. Сега треба да бидиш силна, остави го нека моли..Тој што те повредил еднаш..пак ќе те повреди.. Знам можеби не си доволно уверена ќе пробаш повторно..ама верувај џабе е..:/ Ако ти е убаво со детето што сте сега заедно ако не те повредува..ич да не се заслепваш од тоа го сакам ме сака..Обрни му внимание на овој сегашниот..бившиот е минато со болки на кое не трееба да се навраќаш..
и сама кажа...си слушнала за тоа : да је ваљао не би био бивши.. АКо мислиш дека дечко ти те сака ..ако си сигурна во тоа..остани со него.. не му се враќај..истата грешка ја имам направено ! и затоа најдбро ти е да си продолжиш со тој шо си сеа !!