1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да почнам врска со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од loveane, 13 јуни 2011.

  1. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Сите ти напишаа онака како што треба најправилно да постапиш. ОТКАЧИ ГО !!!
    Али едно не ми е јасно ??? ОВА : да се надевам дек ке најдам некој како за мене ама как со гледам нема никогаш се додека го имам псхопатот околу мене не ме остав да дишам ке се умри од него ???
    Значи ти него си му дала број и тој те замара ти ѕвони ? Или си му дала некој повод сигурно за да те бара сеуште и да те замара ? Гледај сама да се отплеткаш како што се заплетка на некој начин, јас ова како што читам СЕ ДОДЕКА ГО ИМАМ ПСИХОПАТОТ ОКОЛУ МЕНЕ НЕ МЕ ОСТАВА ДА ДИШАМ ЌЕ СЕ УМРИ ОД НЕГО :o Јас ова воопшто неможам да ти го разберам што сакаш да кажеш ? Дека тој те замара те бара ти ѕвони ??? :o
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Abeja се океј тоа што го кажа ама се прашувам дали си осетила ти како е некој да те праи будала во здрав мозок најискрено.Лесно е да се зборува од страна но тешко е да си во нивна кожа.Еднаш прочитав на една тема од форумџика:Ние не го осекаме товарот но девојчето го осека и затоа не знаеме како се чуствува таа во тој момент.Што е и вистина,имам другарка кога и да и кажам ии јас или некој за наш проблем таа вели не се замарај затоа што не осетила како е некој да ти забоде нож во грб а си делила речиси се со него.

    Јас еве ке ти кажам.Сакав една будала долго време се додека не ме тресна од земја.Искрено ми требаше долг период да се соберам самата себеси од тој ладен туш.Ослабев,не јадев доволно,не се дружев доволно,се додека не запознав друга личност која испадна полоша од претходниот,ама за срека го преболев за помалку од очекуваното.Може ти не си осетила како е ама другите да зошто претпоставувам имаш убава врска.Но во афект на се ке помислиш.Не се изненадувам јас од денешнава младина.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не се изненадувам од многу лудости на младинава, дури мислам дека се многу понапреднати од наше време, ама мислам дека ваква наивност не значи проблем, товар или нож во грб. Каков нож во грб па она ако е вистина стварно, не го ни знае чичкото и треба да биде свесна, доколку не измислува, дека приказната ја измислил тој за да и парира нејзе со нејзините животни проблеми за да и се приближи полесно, демек пола ќе и раскаже кога ќе се видат. Психопат невиден, ако барем малку има вистина во "проблемов"
    И да, имам убава врска фала богу и фала на мене и него :lol: , ама не значи дека темава би ја нарекла "проблем", 19 години не се малку за да размислува сама за вакви банални работи. ;)
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Блазе тебе,којзнае кој е рецептот за тоа што си го спрегнала,баш ме интересира,друго нешто наивноста и те како е проблем.Треба да се научи дека не треба секому да се верува.Овој што го сакам моментално почнав да му верувам после пола година од контактот кога убаво се распрашав за него.
    Денес младите одат преку фб како што спомна некој претходно.Тоа е тоа што ме нервира мене но секој си одлучува за себе како да дојде до контакт со некого.И да ко за крај да напоменам дека проблемов што и не ти се верува дека е проблем таа го смета зошто не знае како да се однесува ама ај.Премногу интернет денес се користи
     
  5. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    девојчееее бреееее :fubar: и јас имав 19 години и на мене ми се пуштале такви чичковци преку нет па не барав совет по форуми како да постапам па и не си баш мала.се знае го бришеш од пријатели маваш блокче и чао пријатно не паѓај на такви муабети тежок живот ова она ке го повредиш малото дете сирото ке плаче тој срцка поминал во животот ехееее..и како така даваш број на непознат од кај знаеш кој се крие зад тој профил од кај знаеш дека се братучеди со таа другарка ти ма немај доверба бре гледај вести малку какви психопати има не си помислила дека може да ти дојде пред куќа да те следи????игнор најубаво и памет у глава со праите со тоа фб
     
  6. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Како и сите претходни одговори и мојот е дефинитивно НЕ :shake: Немој да веруваш на секој што ќе ти пишува на фејсбук или кај и да е, секој се претставува во лажно светло. Па дури тој е 31 година, а ти 19. Можеби те воодушевил со својот карактер и начин на размислување, но верувај зад тоа се крие нешто сосем трето...
    Ова е мое мислење , можеби не сум во право... но твое е да одлучиш како ќе постапиш. ^_^
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    оф лелелел ах бре девојкиии брееее :D колку случаеви знам вака што им симнуваме се преку фб со некои измислени приказни и слично ... како бе? како можеш така? јас на пр со луѓе кои можат татковци да ми бидат не во буквална смисла на зборот не ни коментирам а не пак да ислушувам некои а изгледа и ти си му кажувала работи за тебе :x немој вака! откаши го што е можно побрзо со некој блок бидејќи вакви психопати ненормално постојат за жал и тешко на оние девојки кои ќе се впуштат во некоја врска со нив... од мене толку .. ах да.. за врска праша? во никој случаЈ