1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да прекинам или да продолжам со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Pelikuna, 15 април 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Здраво!

    Ке ве молам за искрен совет зошто ми се гади од машки кои не се однесуваат доволно зрело.
    Ме смува,ми ветуваше врска,брак,срека,и дека ке заборавам на минатото.
    Бев мртва убедена дека пред да се смуваме ме смета за пријателка(а така и било)
    Ме допираше и бакнуваше,секс немаше,за што сум срекна.
    Разговаравме еднаш на таа тема.Ми удри ладен туш...Сигурно очекувате што.
    Сурпрасј,не ме сака.Ми кажа дека ништо не се случило...зар е можно?
    Се чуствував искористено повредено и понижено од негова страна.
    Што сака типот од мене?
    Ме бара,ми дава лажни надежи цело време и на крај не ме сака?
    Му признав дека го сакам,одев на ризик,но и тоа не смени ништо.Same answer. :worried:
    Знаете што ми кажа?Дека се однесувам како мало дете.
    За него искажување емоции е детско?зар?На крај,јас пак останав крива.
    Не женски неможам така.Сакам да му вратам..Сакам да биде бар 5 минути на моето место и да сфати дека загубил личност која го сака безусловно.
    Денес ми пиша,утрово и ми кажа дека во Недела ке оди во Зоо или некаде на прошетка не го сфатив со некоја девојка.И притоа ме праша дали сум љубоморна?му реков не па јас и ти сме пријатели зошто ти сакаше така.
    Ми рече и да ме сакаш не си достојна за мене (тој на пат да заврши 2 факултет јас не сум била достојна за него)И нормално пак ми ја префрли вината.Очекувано.
    И се искажав на една другарка која не знае и двајцата.Ми кажа дека ме лажел за девојката и дека ме сакал.Ми кажа дека ме барал постојано и дека скренал кога ме немаше еден период на интернет заради лутината.Нормално дека ке бидам лута.Што очекува?да бидам резерва?
    Да го игнорирам неможам зошто ке се лути и пак јас ке сум виновна.
    Не ја знам причината зошто е ваков....
    Женски ве молам за искрен совет,дали да прекинам или да продолжам ко ништо да не се случило?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Збунета сум ве молам за совет

    Искомлексирано копиле :punch:

    Извини што сум груба, ова се однесува на него , не на тебе.
    И 6 факултети не му се доволни да си го излечи комплексот.
    Мој впечаток. :)
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Збунета сум ве молам за совет

    Јас искрено мислам дека дечкото е уплашен.
    Можеби за прв пат асолно се затрескал па не ни знае како да се однесува.
    машките се чудни створења.
    подобро не ни пробувај да ги разбереш.
    Тргни се од него и биди ладна.
    Излези со друго машко.
    Како ќе се одвиваат работите ќе видиш.
    Нека му поврие малку крвта од љубомора :P
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Збунета сум ве молам за совет

    И да излезам не знам дали ке дознае,не сме од ист град,малку поодалечени сме,заедничката другарка ме моли да не го напуштам и да контактирам со него..
    Таа ми вели дека ке згрешам ако го сторам тоа.И дека ме сака,тој ми вели дека не е така.. :envy: колку сум лута што ми иде да го претепам од котек.
    За прв пат во животот не знам како да се однесувам кон некого.

    Ирена,имењачке моја :) не се грижи,врегај го колку сакаш,имаш моја дозвола :D ,ама јас го сакам а против тоа не знам како да се однесувам.

    Имам страв ако го напуштам,може да ме побара пак,ко и секогаш.
     
  5. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    А да почнеш малку ладно да се понашаш,и понашај се како што се понаша тој,и ти кревај си ја цената,и ти докажи му дека вредиш.Секогаш одам според правилото:како ти со мене ,така јас со тебе :) Така да покажи му убаво! 8)
     
  6. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Тоа со „јас сум ладна“ секогаш пали кај машките, па затоа послушај го советот на aliciakeys3 и најважно од се никогаш немој да дозволуваш да те навреди, како тоа дека тој веќе завршува втор факултет па ти не си достојна за него. Тоа е голема брука од негова срана а ти најди нешто со што можиш доста добро да го навредиш и потцениш, па и тој малку да почувствува на своја кожа. Тогаш можеби ќе свати каков идиот испаднал. Немој се да си ставаш при срце, олади малку со него и ќе видиш како се ќе се среди ;)
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Да да, дефинитивно најдобар лек е ладнокрвност во умерена количина, да не биде како да не го познаваш па да постигнеш спротивен ефект. А за тоа што ти вели дека не си достојна за него е навистина глупаво од негова страна, мене така да ми речи некој па нема да го погледнам повеќе... Ако мислиш дека те сака не се откажувај, но еден совет- не верувај на се што ќе каже! Тој може се` да ти вети, но верувај- лажат без око да им трепне! Еве јас после 3 годишна врска во која ме лажеле како што ќе им текнело, сега сум со тип кој ми ветува се најубаво и ми кажува прекрасни зборови, јас искрено му велам дека не верувам во тоа. ЗАтоа, ако се преценил, не е крај на светот, ќе најдеш друг, и не му признавај така на машко дека го сакаш, тие го користат тоа!
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ви благодарам на советите женски. :*

    Сега да ви го кажам тоа што го барате од мене,односно да бидам ладнокрвна..Да не ве цитирам сите.

    Значи ке си играм ладнокрвно,само колку ке запали не знам,зошто не пали секогаш.Ке играм.Ке одам на таа карта и ке ризикувам,не ме интересира што ке биде.
    Не ми е толку многу тешко што ми го кажа тоа дека не сум достојна за него и дека не ме сака колку тоа дека утре ке излегол со некоја девојка па дури и ке ме прашува дали сум љубоморна.Заедничката другарка ми вели дека ме лажел и дека мене ме сака,на што секако не потпаднав многу...Доколку би ме лажел што би добил со тоа?само би ме изгубил јасно е.
    Не сум сигурна дека ме сака,а и не сум сигурна дека и воопшто чуствува нешто за мене,еве не мора да чуствува,не го терам,но вакво однесување не трпам за на крај јас испаднам крива а тој правиот.
    Му признав дека го сакам зошто мислев дека тоа ке смени,мислев дека не е како другите машки кои си го дигаат носот кога некоја ке им признае дека го сака,но не било така.А и имам зборено со машки,другари дека ценаат искреност и сакаат кога некоја девојка им признае што чуствува.
    Цело време попуштав,правев добро само заради тоа да не го загубам,флертував со него и на крај се да падне во вода.Зошто?Затоа што му текнало нему така да си игра со мене а подоцна ке се чуди зошто сум била недостапна,зошто сум се однесувала ладно кон него.Ме праша дури и дали може да дојде во мојот град да го прошетам а јас му одговорив Зошто би дошол?па ти си секогаш зафатен и немаш време...
    Ми рече дека на првата наша средба сум била ладна и дека сум кутела што го разочарало.
    Имаше причина и од моја страна:Спомнав и претходно во воведниот пост мислам дека бев збунета од неговото однесување зошто бев уверена дека ме смета како пријателка.
    Само не знам дали ке ме побара,дали ке осети дека не го барам јас.И дека си играм топло ладно.
    И ова ви немам кажано.Личноста ми има многу помогнато во мојот живот што ценам.Заради него го оставив и бившиот кој не беше тоа што се претставуваше.Ми вети дека нема да ме повреди,јас се препуштев и се смував со него,за на крај да добивам само одбивни одговори од негова страна па и дури да се однесуваме како ништо да не било.
     
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас па не знам како имате нерви за вакви нешта, неконкретни, детски, непостојани.... :?:

    Што е он побогу? Некој зависник од нечии солзи и искинати нервни јажиња? :^)

    Некој што си го храни егото собирајќи парченца од нечие срце или пак адреналински зависник од исчекување на исход од главоболни ситуации кои ужива да ги приредува????

    Го сакаш и тоа е во ред, некогаш и најголемите кретени знаат да ти се залепат ко полжав на влажна улица, и тоа е тоа...само ако веќе оне таков каков шо е, а ти си го прифатила тоа сигурно ти е јасно дела залудни се твоите лелекања. :!: Ако си наострена да го променуваш неговиот нарав искрено не знам колку би била успешнаа таа мисија, а ти посакувам среќен крај ;)

    Оваа игра топло-ладно, сакам-не сакам, можам- не можам.....оди до недоглед и додека не се пресече и се остават коренчињата да се шират, се што ќе донесе бар според мене е недефиниран статус на врска кој ќе биде болен.

    Абре јас ли толку остарев па озбилно нит сакам ни па можам да учествувавм во вакви криенки, сад ме видиш сад ме невидиш :|
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    гадно копиле извини ама така е а ти уште се двоумиш да му ги маниш клоците ?
    псс гиниго овај не е човек заа никој пак ни за тебе нема инспирација друго да коментирам искрено...
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    А да го баталиш ти?
    Остај кој што ти вели, ти најдобро можеш да си видиш како ти е во врската.
    И ако е такво потценувачко чудовиште - мрш, колку нозе те држат бегај.
    Точно, искомплексирано копиле. Нека жени тој некоја академик што е. Може ке му се посреќи.

    А за дека ке му вратиш - нема да можеш. Мног умал дел од жените знаат да вратат, иако сите сме одмаздољубиво настроени. Ке бидеш со него да му вратиш, ке ти прави убавини и ке се откажеш од помислата за одмазда, и тоа не категорички, туку нема ни да ти текне дека си сакала да му вратиш. Убаво ке ти е и ке заборавиш на се.
    А ваков ко твојов, едноставно не заслужува да го молиш, бараш и да бидеш со него.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Георгина и јас се чудам како имам сили да го трпам типот ама еве...на срце не можеш да наредиш.
    Се обидев два три пати да ставам крај но безуспешно.Знам каков е,мислев дека ке се смени на подобро кога еднаш зборувавме на таа тема...некој период се однесуваше добро,и како што реков ми даваше и лажни надежи.Ме викаше на кафе но немав време кога да идам.И кога престана и јас бев слободна а тој тоа го знаеше очекував да ме викне,не се случи тоа.И самата кажа,и најголемите кретени знаат да ти се залепат...не е некој убавец тој,ни е Бред Пит нит Ештон Качер,ама го сакам...што да правам.
    Многу сум му лута и сакам да му вратам,барем еднаш за се што ми рекол и сторил.Колку сакам да ги избришам неговите допири и бакнежи,ама таков начин нема.Ми се гади ама еве,ако не сум достапна ке ме бара како и секогаш.Кутев,кутев ама повеке немам сили.Не пресеков конечно зошто сакав да се борам,бидејки уште еден неуспех да добиев не знаев како ке го издржев,порано за никого не се залагав колку за него,сум ги губела порано тие што сум ги сакала зошто еве не се борев толку.

    Нека иде со таа,слободно,не му бранам...не сум му девојка,ако сака и нека ја фати,ама лажни надежи да ми дава,и да ми вели дека не ме сака не сакам.
    -------------------------
    Миме немај гајле,имаш дозвола да го навредуваш.
    ----------------------------
    Мерилин,не сме во врска,само имавме мување,и од тогаш е се на пријателска база.
    Ке го баталам,ама ке ме побара,и што тогаш?
    Не го ни молам му признав дека го сакам,не ни заслужува да ме има,најискрено.

    Ке го баталам привремено,нема да го барам,а ако ме побара ке се однесувам ладнокрвно кон него,а за ситуацијата нема да му зборам.И самиот ке осети.
    Кога сме веке за факултет,и јас сум академик ама само еден а не два и сум бруцош...ах,ке се запишам уште на два па после тој нема да е достоен за мене :D
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ти посакувам Академик проф.д-р да станеш, ама лично за себе. Тој нека си се гушка навечер со дипломите.

    Цени си се, и бидејќи гледаш дека не те заслужува, па и 10 факултети да има, ке си најдеш некој спрема тебе. ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Е како ме насмеа со последнава реченица ххахахаха ако ништо друго ќе ти послужи човекот за нешто добро во животот гледаш, ќе те мотивира да достигнеш многу повеќе одошто инаку би достигнала... хахах тој дел од него јас те поттикнувам да го искористиш до максимум :rofl: исцеди му ја сета интелектуална енергија до последна капка :P
    Шала на страна, мислам дека повеќето од девојките се во право, оние кои што те советуваат дека треба да бидеш ладна и едноставно да заминеш и да го оставиш. Одмаздата, кога веќе си ја сакаш би било тоа. Едноставно да го заборавиш и да го избришеш од животот да си продолжиш. Ќе го гледаш дури тогаш како ти пишува, како звони... и ќе се смееш на сето тоа. Но, не одговарај, продолжи си ти со животот и факултетите, сепак, прилично високи цели си постави не ги запоставувај :P :*
    Искрено мислам дека откако ќе продолжиш со животот и кога ќе налеташ на дечко каков заслужуваш, кој ќе биде внимателен со тебе во секој момент, бидејќи такви има постојат, можеби се реткост, не знам... но дури тогаш ќе сфатиш дека овој дечко ти и не си го сакала вистински, како што сега мислиш, туку едноставно си избрала да го сакаш, бидејќи бил покрај тебе додека ти се случувало она што ти се случувало со твојот поранешен дечко. А, ние девојките си го имаме тој проблем да секогаш се вљубуваме во главните супер херои во филмовите, па макар на крај се покажале тие како најнегативните ликови... има нешто во тие лошотилоци што не привлекува мајке ми :lol:
    Одмаздата нека ти биде тоа. Продолжи со животот. Овој човек ако воопшто е способен да сака, не те сака, дури и да те сака, не заслужува да те сака и не знам дали воопшто постои девојка за таков тип на човек. Во него има само его ништо повеќе, не се тоа чувства кон тебе. Дури и да го нервира тоа што не знае каде си, дури и да е љубоморен... не е дека те сака, едноставно знае само дека нема контрола над тебе ништо повеќе. Исчезни му едноставно. Продолжи штом другарка ти знае како тој полудувал, таа ќе му пренесува веројатно што ти се случува, пак и да не му пренесува драга моја тоа што ќе те нема ќе го избудали :) само силно не потклекнувај... таму некаде има нешто што досега не си пробала, нешто многу понормално, дури и тоа не е збор нешто УБАВО, дечко покрај кого ќе се будиш, кој ќе сака секоја секунда да ја помине со тебе, со кого ќе седиш ќе гледаш не знам фудбал а нај мразиш или тој ќе гледа со тебе Очајни домаќинки и слични глупости, а не ќе си игра топло ладно. Впрочем на таа возраст кој го прави тоа... средношколските денови претпоставувам одамна му завршија. Дури и тогаш не се правеа, барем не ги правеа оние нормалните дечки.
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Треба да го откачиш на рекреативен начин


    [​IMG]
     
    На Rock-a-Fella, baby.90, Pelikuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Абе БЕГАЈ! Еднаш ваков искомплексиран- цел живот таков! Озбилна сум, бегај! Можеби на срце не можеш да му наредиш, ама подобор обиди се сега да го ставиш во ред, да не стане предоцна. Не ти се допаѓа како се однесува со тебе, те навредил т.е. понижил неколку пати ( = демек не си достојна за него)... може да те прашам нешто? Зошто го сакаш? Одговори си го тоа прашање и нема да имаш потреба да нашите совети. Се среќа!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Нарцисоидно, себично копиле. Добивам нагони за :puke: од ваквиве. Најсериозно.

    Два факултета? Може да заврши и 10, џабе му е. Излегол ли надвор, го видел ли светот? Ја почувствувал ли он некогаш љубовта? Мое мислење - Дефинитивно НЕ. Има некои работи кои што не се учат во школо, он ги пропуштил тие. Станал машина, а не вистински човек.

    А, ти девојко, зарем мислиш дека вреди да губиш свое скапоцено време на вакви идиоти? Разбирам дека е срце, разбирам дека е љубов, разбирам дека не можеш да бираш. Но, треба да бидеш истрајна и да се бориш до крај, не за друго, туку за да се спасиш и поштедиш себеси од неговите глупости. Он чим сега се однесува вака, кога сте само пријатели, замисли како ќе се однесува кога еден ден би биле нешто повеќе. :!: Секој ден ќе ти ја вади маста и ќе кажува колку он е попаметен и за колку нивоа е над тебе? Немој молим те.

    Ама сепак, знам дека е лесно теоретски, а тешко во пракса да се изведе ова. Треба само да седнеш и убаво да размислиш во која насока сакаш да ја водиш работава со него. Да ги издвоиш позитивните и негативните работи кои што би можела да ти ги донесе таа работа. Остави го срцето на страна и искористи го паметот.

    Со среќа и се надевам дека која одлука и да ја донесеш, после нема да има каење. Убав ден. :*
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ви благодарам на искрените совети,решив да го оставам.Ке ме однема некој период,мора да ставам крај на тоа мачење...
    жапче,колку си напишала секоја чест :D...ке пробам да го заборавам иако ке ми биде тешко...ке најдам друг,или ке се однесувам незаинтересирано кон него,нема да го барам,нема да му зборувам ништо.Тој нека биде тој што ке ме бара,нека полуди по мене ама јас ке си живеам својот живот иако сега ми е тешко да се однесувам така,ама ке бидам силна и нема да потпагам на неговите зборови.


    --------------------

    Мерилин,ти благодарам за искрените желби.Сега сум повеке мотивирана.

    --------------------------

    Хаххаха Јипман ме пресмеа со сликата,да знаеш и дека ке го откачам...

    -------------------

    Астрид сега да ти одговорам на тоа прашање: Зошто го сакам?
    Имав болно минато со бившиот,тој ми дојде како од кец на десетка кога немав ниедна подршка,ни од пријатели роднини,од никого.Како Господ да го имаше пратено.Почна да се интересира за мојот живот,да ми дели совети,да се грижи за мене кога бев болна и депресивна,да ми се додворува,да ме смее кога бев тажна,и да не ме остава на мира кога и да ми беше тешко дури и да му го барав тоа,да ми кажува за неговиот живот а јас за мојот.Делуваше како заинтересиран а заедничките пријатели кажуваа дека кога ме спомнеле пред него тој се срамел и ја наведнувал главата,кога се видовме тој се залепи за мене,ме прегрнуваше,не ми дозволуваше да зборувам со негов познајник.Кога и да ми прозборуваше ми шепотеше на уво и ме бакнуваше во образ,ме гледаше упорно.Тоа беше кога бев на дипломска кај пријателка.Се смував подоцна кога бев кај него,ме гушкаше,ме бакнуваше,кога заврши сето тоа,пак ме побара...и се така се додека не му признав.
    --------------------

    Изабела ти благодарам и тебе,тој е 26 години а јас помала од него,имал долга двеиполгодишна врска но само отворена...и изиграва искусен тип со што и до некаде е така зошто ме има советувано за многу работи ама не е толку колку што изгледа...се борев,се сторив ама тој,некогаш делуваше н езаинтересирано а некогаш ко да е смртно заљубен во мене.Еднаш пријателка еднаш му се допагам,трет пат ке излезел со друга...

    Ке ве послушам сите :*
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Женски еве да ви кажам што направив...

    Беше вклучен на фејсбук,ама не ми пишаше,јас му пишав и му реков:Знаеш што,наместо да се лутиме и да бегаме еден од друг ке си избришам профилот и нема да знаеш веке за мене...
    Ми рече да не го рпавам тоа.Ама не го послушав и си избришав профилот и го исклучив мобилниот.

    Добро сум сторила?
    :^)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Не! Требало да му пишиш, “место да се лутиме за глупости, да си бидеме тоа што си бевме- пријатели.“ намигни му и толку. Нека осети љубомора, ти вака само повеќе значење му придаваш.