Многу пати сум помислила да му раскинама ама неможам. ПРЕМНОГУУУ го сакам и неможам да си го замислам животов каков ќе ми биде без него
Не можеш да го оставиш те разбирам зошто го сакаш ама како ќе продолжиш со него после сите овие работи што ти ги кажувал ? Кога некој искрено сака зошто да му пречи и да си невина и да не си едноставно важно ќе му биде да бидеш ти до него и ништо друго едноставно сега е 21 век што е тука чудно и да си имала односи пред него како што во случајов мисли тој .. Ти нема начин веќе да му докажеш дали си била или не , поради тоа или седни поразговарај со него и кажи му дека тоа ти смета што секогаш ти го плеска во лице или раскини со него па колку и да ти е тешко верувај од љубов никој не умрел ! Ќе помине се и ќе се навикнеш да живееш без него зошто и тоа што ти го прави не е во ред !
Те разбирам потполно,знам како е да сакаш ама многу добро знам и како е да бидеш во врска со личност која е премногуу љубоморна,имав и јас една таква врска одамна,тоа е тортура невидена,и верувај ми колку и да е голема таа љубов од твоја страна никогаш нема да биде доволна за да можеш да ги издржиш сите тие негови напади.Најискрен совет ти давам издржи,прекини,никој не заслужува да биде во таква врска,2 години не е мал период за он да сфати дека малце мислењата му се забегани(извини вака ама и самата си свесна дека е така),штом до сега не сфатил џабе е да се измачуваш.Незнам колку има дечко ти ама вакво размислување не доликува на зрело машко.
Tој едноставно не сакал да е со некоја што била искористена (незнам од кога задоволството обострано се смета за користење ама то е ). А и се сомневал дека дури сум со него сум спиела со други. На моменти самата иронично си се смеам на размислувањето негово Незнам што му се случи ама одкако се смиривме после раскинувањето се полошо и полошо се одесува.. многу пати и курва ме има наречено ама после се вади дека било во нервоза. И дома да седам и да не сум излезена се сомнева дека некој ми е дојден и кузнајт што праам со него Психава ми ја поремети ама срце ни ми дава да го оставам
Дечково си има проблеми со егото. Раскини, не си должна да трпиш, љубов не се искажува на ваков начин, во превод- не те сака. Сега ти делува тешко но верувај, ќе ти помине
А еве да речеме дека не ти е прв (иако ти е). И ШТО АКО?! Какво е тоа потценување и вреѓање од негова страна? Олесни си го животот и раскини му на кретенот. Што нема да прочитам. Почитувајте се девојки повеќе.
@ladyySi самата си се мачиш што си уште со него. Верувај кога ти кажувам дека имаш среќа што си го покажал дечкото вистинското лице сега, и не е касно да му раскинеш. Ако тој сега ти го прави тоа, те вреѓа, те понижува, што очекуваш понатака? Немој да си го лажеш паметот дека ќе се смени. Бегај подалеку од таквите, бев и јас скоро во слична врска, и на секоја кавга тој ми го спомнуваше минатото, љубоморен беше дури и на тие со кои сум била претходно, знаевме да се искараме за нешто што сум го направила години пред воопшто да го запознаам него. Дечкото нема да се смени, може само уште полошо да ти биде, затоа дури не дошло до вршачки/свадби/деца, тргни се од него за твое добро.
Да се ценеа луѓето по бројот на партнери, не тебеше него ни да му се опулам ак камо ли врска да имам. Можда и јас сакав невин дечко да имам а не некој со 5 (за кои знам) пред мене што бил, ама никогаш мерка за вредност не ми било тоа! 21 век е ама некои во 19 се заглавени
Значи тој бил со 5 а од тебе бара да си невина? Леле девојко, бегај од него. Не знам како се уште постојат со такви размислувања.
ДА 5 а последниот пат кога се слушнавме ми рече дека ќе одел со друарка на кафе- можда била невина таа и не ќе го лажела како мене
Убаво ти рече кримсон- раскини му на копилето. Докажување дали ти бил прв, втор, петти, десетти? На овие години? Да не сакал он чаршавот со крвта да го чува ко спомен?
од секогаш верував дека луѓето можат да се сменат ако им се покаже љубов, и секогаш се тешам со "Надежта последна умира" ама исходот не е таков каков што очекував. Да и кај нас се случува да се караме за некој од пред 1-2 години ито не бивши дечко туку некој само еднаш што сум излегла. Би се тргнала ама незнам што потоа? толку сум повредена што мислам дека на сите други ќе им враќам за ова тој што ми прави или пак ќе си се затворам дома и ќе чекам чудо да се деси
@ladyySi што потоа... ќе ти е тешко на почетокот, да, но не се мерат тие 2-3 недели тага, со среќата и слободата што ќе ги чувствуваш после тој период. Никој не умрел од болката после раскинување. Нема зошто на некој друг да му враќаш, ако се понаша со тебе коректно. Биди поцрвста, и знај дека вредиш.
Што потоа? Ќе бидеш тажна неколку дена, после ќе почнеш со други очи да гледаш на работите. Ќе сфатиш дека е кретен. Ќе сфатиш дека те малтретирал. Дека ти вршел психичка тортура. Ќе го подзаборавиш. Ќе почнеш да излегуваш без него. Ќе најдеш нов дечко. Ете тоа ќе биде потоа.
Фала ви девојкии многууу ми ги отворивте очиве, што сум јас помалку од него па да го трпам? life goes on подобро сама отколку со некој НЕДОРАСНАТ!