Знам таков и е договорот, по некое време нека каже дали, како кога, и не не ми се исплатеше ич! Само зае*ав работа!
hmmmm pa moj sovet e ako cistvuvas nesto za nego daj mu sansa no ne da se smirite(da bidete vo vrska)bidete na muvanje nekoe vreme za da se uveris deka on stvarno se kae za toa sto ti go kazal i ke vidis dali stvarno se kae ili ne...no bidi malku po ladna so nego so sreka [mod-kirilica:1zwo4rpu][/mod-kirilica:1zwo4rpu]
Дај му шанса,ако пак продолжи така,мое мислење е дека нетреба потоа да се надеваш на него,ако пак сакаш да одиш до трета мајка,но недај боже да дојде до тоа....
хмм.. синоќа излеговме посебно он со другари јас со другарки океј беше се додека не се најдовме иако во мене имаше алкохол не беше ништо лошо...седевме малку во кафиќ потоа сами на страна се смеевме зборувавме и сл се додека онака за глупи и прости раб поцнавме да зборуваме и јас му удрив шамар(онака со раката малку) ништо страшно,се додека бевме заедно му се извинив сто пати го молев да не ми се лути ама габе...не ми зборуваше а исто така денеска цел ден се немаме слушнато....што да правам?? да чекам од него или???
тоЧно, сепак ако вреди да му се извиниш, извиниму се .. стави се на негово место што ако тој ти го направил истото на тебе како би се осеќала не дека те окревувам а него бранам далеку од тоа али размисли убаво .. ако вреди оди извиниму се и каЖиму дека нема да се повтори пак, ако те сака(и не само тоа) ќе ти прости
Ако го сакаш и ако гледаш дека и на него му е стало до тебе дајте си шанса! Понекогаш во нервоза се испукуваат работи кои не ги мислиш или пак ги мислиш ама никогаш не би ги кажал на таков начин или со цел да повредиш некого! А тоа за надвор ќе го сретнеш уште 100 пати како за инает,затоа на време реши ги работите да не се напнуваш кога ќе искочиш дали ќе го сретнеш или не..среќно! ја сум за љубовта секогаш
Ве молам ве молам за помош! ама сакам да ми пише некоја девојка што има искуство со вакви работи,и што знае како треба со женкарите машки!!! значи вака,за 5 дена ке направиме 2ра годишнина од врската,кога се фатив со него,тоа беше мн кратко време одкако излегов од предходна врска што ми беше мн голема љубов ама многу се мачев во таа врска. Тој ме заведуваше совршено, и изгледаше како ангел. Знаев дека денес такви не постојат, и плус ептен е згоден така знам дека мн женски лудуваат по него,но не се познававме предходно,а тој делува многу прибран и смирен,згора на тоа,имасе многу работи што мене ми се допаѓаат, а начинот на кој се бореше за мене,ме падна.Супер беше врската,и до денес е,не се жалам од него,иако јас сум таква малце,добра и наивна,и секогаш правам се се што можам за тој што го сакам,и за него исто така праам,и тој свесен е на што се сум спремна,знае колку го сакам..и не дека ми е лошо,значи,и после 2 години се мегју нас се одвива како на почеток на врската,ми пишува нон стоп уште како порано,се слушаме, излагаме постојано заедно,се се,,, ама во текот на оваа врска,се имаат појавено дури 3 женски,што се изјасниле дека му се девојки и тие..или пак дека имаат нешто со него,или ке ми пишеле во фб, или ми иделе до дома,замислетее,и тој секогаш тоа го негираше,дури и со едната се соочи, а за неа јас сум знаела само дека го сака оддамна и дека сака да има нешто со него,го замараше,и таа му рече тогаш, со неа си? и тој и рече,да секако еве гледаш ,девојка ми е... и ајде ок, тоа беше големо оправдување,иако во глобала,јас не сум некоја што се надевам на сериозна врска за до крај,се сметам себеси сеуште многу млада за сериозна врска за до крај,и нити барам од него да ми го вети тоа,ама сакам стабилна врска секако..и ај понекогаш сум била и како опен миндед па си викам,и да излегол со некоја од овие да ги смувал,тие се гуски,а не ја,зштој секаде е со мене,никогаш не дозволил ни малце да се осетам како отфрлена... ама,не знам како да постапам!!! значи, поентата ми е, и да праи тој нешто зад мојот грб,на пр се мува со некоја онака,,...сакам јас да знам на кој начин да се поставам со него,како да му зборувам,за да го натеерам да не ни мисли на друга??? хм не знам комплексно е малце, ама ке се шекнам..дајте некој совет ,,,
Па не си забележала ти некаква промена кај него.(мислам кон полошо). 2 години си со него и ако тој мислел да те вара ќе те варал до сега и сигурно ќе си дознаела. особено ако живееш во мал град каде сите се знаат. Инаку во голем број на врски има по некоја трета која знае да умеша прсти.Го решивте проблемот со неа? Или пак ви досадува?
Па, тоа е работата, тој не е сменет, се е исто,и добро е дури,среќна сум се,ама ми се крши филмот коа ќе дојде некоја ваква и ќе рече нешто вакво... Работата е што денеска се појави друга, што ми пиша демек му била женска, и коа и реков јас, мене ми е дечко оддамна, таа вика, не ме интересира и да ти е, оди ако сакаш со него, јас го сакам, и коа и реков како може тој секаде со мене е, а тебе дечко да ти е, и таа вика, па не сум ја направила јас уште врската јавна, зошто не сум сигурна дека со него ќе останам, ама дечко ми е.. хех свашта!!! и нема врска ја откацив јас нејзе, му кажав нему,тој вика нема врска не е вистина тоа, и се љути некоаш коа за оваа тема ќе му напнам, ми вика,јас толку се трудам за тебе знаеш и сама, секаде сме заедно, никогаш не сум те напраил да мислиш нешто,а ти пак се сомневаш коа вака ти викаат други девојки.. ми вика, ти го знаеш тоа и свесна си дека и други и тебе ти рекле дека им се свиѓам, знаеш дека и на фб ми пишуваат и пораки ми пишуваат други женски дека сакаат нешто со мене,ама јас сум со тебе цело време ти го знаеш тоа.. а му веруваш на секоја друга.. е сеа, ајде кажи како да реагирам? мене се добро ми беше и денеска исто супер денот со него се ок,и коа го видов ова, мислам дека ме сваќаш, колку и да сакам да се праам дека не ми е гајле, ме јаде внатре почнав тахикардија да имам сеа, не можам да се смирам.. уфф
Ако знаеш дека немаш иднина со него не му простувај зошто секогаш има некој подобар а ако се сакате навистина би требало да си простите зошто тоа што го рекол не е оправдливо ама било во лутина и карање со цел да те навреди
Леле тафикардија,зошто за еден дечко.Ај не ме смеј. Не го знам дечко ти ама вака како што го опишуваш ти мене не ми изгледа дека те вара нити дека има некоја друга.И самата кажа дека дечкоти е убав,па затоа нормално е да има многу љубоморни девојки кои ќе се обидуваат на секоков начин да ве резделат.Најдобро е според мене да ги игнорираш,зошто нив целта им е да не нервираат тебе. Јас имав таков проблем ама му се јавуваа нему да му велат лоши работи за мене и тој си го реши проблемот што прекина секаков контакт со нив. Јас мислам дека не треба да се секираш зошто така можеш да го одалечиш од тебе ако го давиш само со тоа.
Па се вознемирувам... научена сум на него,утре треба да одиме цел ден заедно некаде, планиравме,и така ова ми дојде како шок, се изнервирав...... хмм можеби си во право ти,може вистина јас за гјабе паничам, и ке се потрудам твојов совет да го применам, коа ќе се случи ова, да вдишам длабоко, и да не постапувам никако, и да ги игнорирам, да не го давам во врска со тоа.... фала ти многу...
хаха или па вдиши длабоко и оди си цел ден сама некаде. 100% сум сигурна дека те изневерува (и дека никогаш нема да ти признае или па да дозволи да се увериш сама)
Не е толку тешко да осетиш дали те изневерува или дали воопшто постои некоја друга.На пример,како реагира дечко ти кога сте заедно а му звони мобилниот,дали некогаш му бил ставен на тивко за да не го слушнеш кога му звони,дали кога се јавува оди подалеку од тебе да збори итн...навистина има милион ситници преку кои можеш да се посомневаш во нешто,треба само да бидеш претпазлива.А освен тоа јас мислам дека се насетува кога постои некоја друга,штознам некако нема да е баш истиот тој. Ако нема ништо сомнително освен девојките кои ти пишуваат тогаш не треба да се вознемируваш ама мораш да побараш од него на пример пред тебе да ја праша таа девојка што е работата,кој и е проблемот итн,па да се увериш и ти дека навистина е така како што тој ти вели,мислам да не биде работата на неа да и симнува звезди кога ти не си со него,а тебе те уверува дека не е така... А за девојките не се замарај многу секогаш се наоѓаат такви кои можат да ти ја разнишат врската со тоа што ќе почнеш да се сомневаш во него,па ќе почнете да се расправате и ќе си ја доведете врската до степен кој тие девојки би сакале да ве видат,а не мора да значи дека ја зборат вистината.
А од каде си ти толку сигурна дека тој ја изневерува, да не одеше позади него со светилка па да знаеше дека 100% ја изневерува...пред да тврдиш нешто треба да си сигурен во тоа и со факти и докази да докажеш а не уште повеќе да го нервираш девојчето.Никој незнае што точно се случува во нивната врска. Он топик, јас мислам да ги повикаш сите тие девојки кои ти се јавуваат,не само таа што го сакала и да ги соочиш со него, па тогаш да видиш што ќе ти каже,ќе ја видиш неговата реакција и ќе побараш од нив да ти докажат дека е така, затоа што за зборење секој може да каже што сака,јас така би постапила. А зашто и не си ги провериш другарките да не случајно тие стојат зад ова...можеби ти завидуваат,па сакаат да ти ја расипат врската на било кој начин,сепак денес многу е ретко вистинското пријателство..па незнам подобро провери си можеби немаат тие никаква врска но сепак да си знаеш..Со среќа!
Мене ми е сомнително. Од каде тоа неколку пати некој да пишува, да и и кажува. Не е тоа за џабе, а тој секако ке негира. Женкарите се супер и со тебе и со другите, и затоа сите мислат дека баш таа е вистинската. Што знам, или не се замарај и терј си, а немој да им се јавуваш никако. Јас еднаш одговрив на една и душата ми ја вадеше, стално ми звонеше. Затоа не влегувај во дискусија со девојките. А може и играат со вас, кој знае. Како и да е, не ти е лесно.
Ви благодарам на сите што се потрудивте да ме советувате. Јас денеска се налјутив со него. Едноставно ми прекипа веќе. Не сум била јас вака верна како што сум со него, 2 години цело време сум добра, за 5 дена е годишнината, му реков дека 5 дена нема да имаме контакт,нека биде тоа како некоја пауза, па ако сака тој нека размисли што праи, и нека признае ако има нешто,му реков да дојде да разговараме до тогаш. Ако не, .... судбина.... фала ви многу уште еднаш...