Дали да се борам или да го заборавам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Frosin4e, 2 декември 2009.

  1. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.273
    Објасни им убаво на твоите, со расправии не се стигнува никаде.. Смири се и на најдобар начин кажи им колку го сакаш и дека ти е убаво со него, зошто тие сакаат да ти ја прекинат среќата.. Кажи им дека ова е 21 век, немора да значи дека ти ако се омажиш за него ќе одиш во село.. Можеби ќе се заврти кругот, ако сте образовани нема никаква пречка за пристојна работа па со самото тоа и скромно живеење во град.. Ако не делува ни тоа, кажи им дека каков и да е нивниот став ти ќе останеш со него, но дај им до знаење дека и тие ти значат. Немој никако да ги отфрлаш, полошо ќе си направиш.. Ќе се помират со тек на време.. А вие дотогаш бидете упорни во барање работа и земете ги во контрола вашите животи, ако толку се сакате планирајте ја иднината, не е само опа иха ајде невеста станав..
     
    На Angelce201 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    7.129
    Пол:
    Женски
    Штета што сеуште некои ги делат луѓето на луѓе од село и луѓе од град. Местото на живеење не значи дека некој од строг центар е подобар од некој од село.
    Мене ми западна друго во очи
    Очигледно и ти си бараш подобро ситуиран момак. Знаеш, никогаш не знаеш каква ти е среќата, и твојата, и неговата. Денес имаш, утре немаш.
    Ако се сакате бори се за вашата љубов, објасни им на твоите. Ако момчето ти вреди, знаеш дека би била среќна со него и понатаму, вреди да се бориш.
     
    На Angelce201 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Па што туку заврши тој средно образвоние на фак не се запиша,но мн е вреден има навика за работа ...а и нешто др тој си има во план чека бугарски пасош па за во англија да работи имаат таму нивни луѓе... иииии зборот ми беше што не мора да значи дека ќе живеам во село и дека ќе бидам сиромашна,но мајка ми овие рабботи не ги знае ... таа само тоа во село во село и сиромашна ќе бидеш ..... :(
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.351
    Не значи ако живеете на село дека ќе бидете сиромашни, ако развиете сопствен бизнис и имате ваша земја ги имате сите услови за многу солидни примања па и повеќе од тоа. Од вас зависи највеќе :)
     
    На tessie и Angelce201 им се допаѓа ова.
  5. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да се бориш против фамилијата, бидејќи ако вистина го сакаш, (а и тој тебе) тогаш вреди да се бориш за ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ... Иако другиот те сака, ти него ако не го сакаш, не е фер да го искористуваш... Тој може да си најде друга која ќе го сака него... А ти само ќе го искористуваш... Но, си се запрашала дали можеш да го засакаш вториот?
    Ако можеш да го засакаш биди со него...:)
     
    На anuvcheto му/ѝ се допаѓа ова.
  6. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Сигурно мајка ти има некаков комплекс кој го лечи преку тебе. И таа самата викаш дека е од село па не знам зошто толкави има предрасуди за луѓето од село. Но сигурно со тоа сака друго да те посоветува. Не знам како ќе бидам сфатена. Таа го знае каков е животот во село и затоа те предупредува само како ќе ти биде. Ако и било неа толку убаво ќе останела да живее таму и ќе се омажела со некој од селото. Јас немам ништо против луѓето од село. Но сметај дека ќе ти треба голема промена во животот ако се случи да живееш таму. Денес е дури смешно тоа. Сите доаѓаат од село да се мажат во град а ти обратно. Тоа е нешто што многу ја погодува твојата мајка. Мислам дека до некаде ја сфаќам како и е. Од толку машки во градот ти не успеа да најдеш никој од тука сигурно тоа се зборовите на твојата мајка така??? Но на срцето не може да му се наредува. А тоа дека се зацапа во човек што не е толку беден, не знам во која смисла го кажа. Дали само да ја разубедиш мајка ти дека нема да бидеш сиромашна или повеќе ги гледаш тие работи не знам. Факт е дека денес луѓето на село имаат повеќе од едни просечни граѓани во град кој живеат од плата и се до гуша во кредити. Но тоа не го менува фактот дека тој сељакот секогаш ќе си биде сељак па макар и милионер да е кога тогаш ќе си го покаже тоа сељачкото во себе. Ова не е да вреѓам нешто или да ги потценувам луѓето од село но таа е вистината мислам колку и да е навредлива. Јас така ги гледам тие работи. Можеби звучам навредливо немој да се навреди некој но сакав да посоветувам во врска со проблемот на девојката зошто мајка и така размислува. Секој родител си го сака најдоброто за своето дете. Но како што кажав на срцето неможе да му се наредува. Љубовта е слепа не ја гледа секогаш реалноста. Исто така и не значи дека некој дечко од градот може да е подобар од дечкото од село. Не правам значи разлики град-село. Само луѓето што живеат во село и тие во градот стварно има разлика. Не знам колку некој тоа го приметува и има искуство со тоа.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    17.152
    Пол:
    Женски
    Потпишувам. На факс имав двајца колеги кои живееја близу центаров на Скопје а не можеа едно кафе шо се вели да си дозволат, деца на невработени родители, а имав колеги кои се од село кои немаа што немаа, марка гардероба, скапи телефони, пари колку им душа сака. Не се важни местото на живеење и средствата туку знаењето да ги употребиш на вистински начин. Јас и мм имаме едни пријатели од едно наше село. Кога бевме кај нив дома последен пат, гледам како живеат и си викам „Леле мајко, дали јас со магистратурава моја некад вака ќе живеам?“ Ама човече на г* да паднеш. За сите деца напраиле по една куќа, не да речеш на секого по еден спрат. А почнале од нула. И среќата треба да ти се насмевне, а не дипломата да ја земеш. И тие се со средно. И шо јас ако имам факултет, не ми беше гаранција дека нема да се мачам за бедни 4 илјадарки неколку месеци. Не викам дека не е убаво да се има факултет, ама не треба да се генерализира. Се' си зависи до упорностa, па и до среќатa.

    Ама тука прашањето е дали ти си подготвена да се бориш за тоа или пак самата сакаш да почнеш од поудобна положба? Oва не ми се допаѓа во врска со мешањево на родителите, во голем број случаи децава се бунат меѓу тоа дали тие се борат за тоа што го сакаат или се борат со родителите.

    Тука негодувањето на мајка ти може да развие еден вид на инает во тебе кој може да те натера да направиш грешка за која ќе се каеш. Не се плаши, не е грев доколку сакаш да избереш некој подобро ситуиран, едноставно тоа си ти, не значи дека другиот помалку ќе го сакаш, но мора прво себеси да се преиспиташ, изолирајќи го мислењето од сите.

    Да се осигураш што е тоа ТИ што го сакаш во животот, да си ја разгледаш твојата листа на приоритети, дали доколку во борбата за побогат живот не излезете како победници, дали ќе ти биде поважно да бидеш со него или да имаш поудобен живот, за да не направиш грешка која после брак или разделба (една од овие две работи е грешката, зависи од ситуацијата) е тешка за поправање. Ти давам вистинити примери во спојлер од двете можни ситуации, па ти разгледај си и уште еднаш трезвено размисли.

    1. Другарка. Имаше проблеми со нејзините заради средно-лошата финансиска ситуација на зетот. Според денешнава состојба, таа очигледно ги помешала термините непобедлива љубов и пркос кон родителите на времето. И сега на секоја караница (не ни гледа дали е сама или други ја слушаат) му го спушта тоа како од љубов отишла со него, нека најде некоја која ќе го прифати таков голтар и сл. Можеби и јас неам појма од сите видови на љубов, ама ова според мене НЕ Е ЉУБОВ.

    2. Од друга страна, пак, мојот пример. Мм фамилијарно е помалку јак од мене и имавме не малку проблеми поради тоа. Јас видов дека го сакам него, а и тој мене доволно за да не ме остави гладна или без основни средства за живот (а без тоа може да те остави и богат човек кој се коцка и кој повеќе сака да дава пари по швалерки, затоа доколку те сака, не треба да се плашиш дека ќе завршиш во лоша состојба). Башка не ни беа она „неаме леб да јадеме“, ни беа во долгови, ни враќаа кредити. Просечно накај сиромашно семејство шо е доволно гордо прво на листата на приоритети да му биде да не должи никому пред удобен живот. Но ние не гледавме што родителите ќе створат за нас, туку што ние ќе створиме за нашето новооформено семејство. Љубовта не држеше и во најтешки кризи, бевме сигурни во неа и не се откажувавме. Е сега не сме лордови, но постигнавме можеби 10х повеќе одошто ни' беа прогнозите од “добронамерниве јазици“ како ќе сме пропаднеле, како ќе сме немале за леб, ќе сме се молеле за еден ручек, ама не е ни чудо што такви работи доаѓаа од усти на луѓе кои живееја од наследството на нивните родители. Такви бескичмењаци сигурно не би успеале, затоа така и викаа, од нивна перспектива.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Девојкиии се исполни желбата на мајка ми раскинавме со дечко ми (повторно се карав со неа и пак истото,па морав да ставам крај,поточно тој стави крај не можеше повеќе да издржи да се криеме како мали деца ) ... и многу ми е тешко сега многу многу ....... срцето мислам дека ќе ми експлодира ... многу се сакаме,а не можеме да бидеме заедно...не можам да ви го опишам чувството ... кај некои е проблем невозвратената љубов,а кај мене за жал е забранетата,а пред се тој ми е прва љубов и заедно бевме 4 години...верувајте нема по тешко од ова... немам ниту другарка на кој што можам да и се доверам,ниту пак имам брат или сестра ...тотално сум осамена ......
    :(((((((((((((((((((((((((((((((((((((( Ве молам за некој совет како да продолжам понатаму !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  9. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    947
     
  10. DaddyDirectioner

    DaddyDirectioner Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Bori se za 1..Sepak ti go sakash samo nego. Imate odnosi. Pa shto drugo ti treba. I plus se sakate. Shtom ne ste rodnini nema problemi.
    [mod-kirilica:2wzugf96][/mod-kirilica:2wzugf96]
     
  11. longlife

    longlife Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    барам ваше мислење..незнам дали треба да продолжаб да се борам за да се смириме или сосема да го заборавам после 1 година од раскинувањето сеуште не го заборавив и едно ноќно излагање во кафич се сретнавме и не беше прв пат скоро секој викенд се гледавме случајно тој ден тој ме викна да излезиме надвор значи по 1 година ние пак се смувавме а по тоа се договоривме да излезиме другиот ден пак од тогаш веќе 1 месец немаме излезено се допишувавме сосема ретко и тоа јас кога ќе му пишам..а и заборавив да кажам тој ден ко излеговме тој се однесуваше со мене како да сум најсаканата жена на светот покажа многу љубов и разбирање..а од тогаш ништо..кажете некој совет
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.735
    Заборави го.
    Вечерта циле миле со тебе, ти спуштал ѕвезди, колку само да се измувате. Ете и сама гледаш дека веќе еден месец го нема, дека ти си таа што му пишуваш.
    Не е заинтересиран дечково, му поминал меракот јас мислам.
     
    На srcekrsacka, karenin и Daydream им се допаѓа ова.
  13. elenaecka12

    elenaecka12 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Iskreno sum imala slicen problem,so nekoj koj imam raskinato odamna,zasto ne probas da si najdes nekoj drug nisto nema da ti se sluci ako probas,ako nemas zelba da go zaboravis nisto ne pravis,garant i koga si mozela da se zaljubis,i koga si mozela da go imas ''deckoto izlezen od film''ti pred da pocnes nesto si pomisluvala na nego i nadezta vo tebe stanuvala sve po golema,prodolzi si po patot imas godini pred tebe ne edna eh e 101 :)
    Ako ti e suden kego sretnes nekade ponataka...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. manta123

    manta123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Se zaljubiv vo nego pred 3 godini togash odevme zaedno na kurs angliski i lani pochnavme da iskachame zaedno so drushtvo no jas i on nikogash ne razgvaravme, mislam deka beshe zatoa shto site vikaa deka si odgovarame i se sramevme eden od drug, ovaa godina on se otpisha od kurs i sea beshe se poteshko da go gledam, go gledav koa imav srekja. Sega koa dojde letoto jas so drushtvo otidovme na igralishte i tamu beshe on i od togash sekoj den odev i go gledav. Se karav so site za nego, duri i so mojata najdobra drugarka se karavme zashto sekoj den sme idele na igralishte. A on ne me ni poglednuva. Drugarka mi me ubeduva deka me poglednuval sekogash so nekoj sjaj vo ochite no jas ne go velam toa. Mnogu mi vikaat da go zaboravam zashto mnogu pati me povredil, znae deka go sakam i dva pati me blokna od fb, go prashav preku poraka zoshto ne saka da bideme drugari no ne mi vrati i ednas drugarka mi se pozdravi so nego on i vrati, a jas koa mu kazhav zdravo on ne mi vrati samo me gledashe chudno i togash beshe prv pat koga se obrukav pred site zaradi nego. Neznam shto da pravam? Dali da prodolzham vaka ili da go zaboravam, a ako treba da go zaboravam kako da go zaboravam zashto mnogu pati sum probala i ne mi uspealo :(
    [mod-kirilica:bp1x9qhu][/mod-kirilica:bp1x9qhu]
     
  15. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.257
    ^manta123 - Девојче имаш само 13 години, искористи го времето да прочиташ некоја книга, да се дружиш со другарките, и слично. Рано, ма прерано ти е од сега да се замараш за дечковци, пред тебе е животот, не брзај да пораснеш, овие години никогаш нема да ти се вратат, затоа безгрижно искористи ги. А понатаму не се секирај, ќе ти дојде време и за дечковци, затоа сега уживај си. :)
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    2.761
    Пол:
    Женски
    Mанта,тоа е само прво љубовно разочарување,ќе видиш ќе ти се допаѓаат многу момци има време за љубов ,не сваќај се толку трагично,едноставно момчево не било заинтересирано за тебе и не си се обрукала баш напротив си се борела за своите чувства а тоа е позитивно,оти во животот кој не ризикува,не добива ;) .Eдноставно си мала да се заљубиш толку сериозно и да очекуваш сериозни работи,посвети се на себеси, прави нешто што те исполнува ,излегувај почесто со другарките,се сложувам со wild girl посвети се на училиштето и на најубавите години зошто тоа не се враќа :) .
     
  17. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Повторно јас...повторно истиот проблем ... значи цела фамилија подразбрала дека имам врска со дете од СЕЛО и сите се против таа врска па можно ли е??? ...мајка ми:"Толку ли не можеше да најдеш некој од град па до таму стигна " ???не можам повеќе и незнам и јас веќе како да постапам кој пат да го фатам ... најверојатно ќе треба да ставам крај на 4 годишната врска,а така ли е се става крај не е баш малку време ... па немам ни со кого да ја споделам маката ... не сум таков тип да се отворам и да разговарам со некој ... само си собирам во себе ...затоа решив пак со вас да се консултирам ... ВЕ МОЛАМ помагајте од почетокот на врската е вака само се тешев со тоа дека ајде може ке попуштат на залудно е моите несакат ни да помислат на тоа :( :( :( ........
     
  18. smile-smile

    smile-smile Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    треба да седнеш и сериозно да разговараш со мајкати да и објасниш дека немат врска то што е тој од село ..дека немат врска ни од кај е ни што е ..ко имат карактер ко е добар во душа..и 4 години не е малце време..објасни и дека е сакаш..дека тој спрема тебе е многу добар..пробај да разговараш со неа ко другарка да и објасниш дека и тебе ти е уште потешко ко ќе ти го викат то ..
     
  19. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Јас можеби сум досадна со овој мој проблем но ... вчера за 1 Мај решив да кажам на татко ми дека имам дечко и дека е од село не ми прави муабет бидејќи бил од село ... а и мајка ми не ми ја одобрува врската имам пишувано за мојот проблем и незнам веќе кој пат да го фатам разговарав и со мајка ми и не сака ни да чуе за него ... јас го сакам и тој ме сака си се слагаме е сега нормално како во секоја врска некогаш ќе се подскараме но тоа е ретко...5 години сме во врска,веќе ми е срам и од него толку време да чека и да трпи понижување од моите родители...искрено јас да би била на негово место не би трпела вакво нешто... ЗНАЧИ ВЕ МОЛАМ ПО НЕЗНАМ КОЈ ПАТ ВЕЌЕ ДАЈТЕ НЕКОЈ СОВЕТ ДА ПРОДОЛЖАМ ИЛИ ДА СТАВАМ КРАЈ... 5 години сум под голем стрес епа доста е се изморив веќе :((((((((
     
  20. Belabela

    Belabela Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Супер тема ..Вака сегаа не верувам дека ке ми помогне форумов но колку да си олеснам малку . Веќе 5 месеци контактирам со маж кој имал 10 години брак и 3 деца и има 31 год.,додека јас 19 ( што се носи животот нели?) Се разбираме со поглед се е ок меѓу нас годините не ни се проблем он сака да се земеме исто и јас многу се поврзавме.Единствен проблем се моите родители знам дека никогаш нема да ме погледнат инаку за неговата ситуација ке се најде начин да се воспостави ред го можам тоа . Ако ми речете дека ме искоростува, за овие 5 месеци само бакнежи имавме друго ништо ми рече несакам да имаме нешто што би те направило да се покаеш така да он ме остави јас да одлучам за се не ми врши никакпв притисок многу е смирен човек сватлив свесен ... што мислите
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.