Живее посебно од бившата жена? Ако е целосно слободен и не ти смета тоа што има 3 деца и дека за доброто на тие деца тој секако ќе продолжи повремено да контактира со неа, тогаш пробај си ја среќата.
Млада си уште, ќе ти помини возбудата и ќе се соочиш со реалноста. Треба само да осетиш некои "удари на реалноста", ќе те освестат. СПОРЕД МЕНЕ ЗАБОРАВИ ГО
Колкави деца има човекот? Мислам дека не треба да се врзеш за човек со деца. Не ми е за годините, но премногу си млада за да се омажиш со таков човек кои има три деца. Размисли.
нормално сака он ти си за него премија. ке си имаш понатака проблеми во животот тој има деца и никогаш нема да си ги запостави или заборави млада си многу и ке имаш уште многу прилики
@Belabela Човекот има 31 година и 10 години брак зад него со 3 деца. Мене лично ми изгледа на неизживеан. Се оженил на 21, ајде тоа е веќе право на избор. Па и децата се малечки како прво. Дали можеш да се замислиш на 19 години да чуваш 3 туѓи деца? Што кога ќе имаш свои?? Дали можеби планираш факултет? И зошто човекот уствари настојува одма да те жени? Дај си време малку, не брзај. Разговарај со твоите за опцијата да ти биде дечко, нека го запознаат убаво Сепак имаш 19 години, малку глупаво звучи ова, ама паметот лета Немој да направиш нешто само затоа што човеков успеал да те заведе
Благодарам дечки за убавите совети имав потреба малку да се издувам млада сум сеуште стравот ме храни и со никого не сум го споделила ова ви благодарам
Така се договориле меѓусебно бившата има 27 28 години па несакал да заглави она со деца се разделиле многу културно не се земале од љубов туку со стројници глупости . Заебава животов
Провери го тој муабет. Често кај вас муслиманите таткото ги зема ако се разведат, да не ги зел затоа он. Младо си,по мене не ти треба да стануваш маќеа на три деца,не си го комплицирај животот.
Да точно он е така по културен.Заради родителите, ја допаднале невестата наместо него и 10 години му отишле така.Јас свесна сум за све али срцево не
Годините не се проблем еве јас и мм сме 12г.разлика. Ама ти си мн млада за обврска од 3 деца. Не велам дека децата не се во ред ама не е исто да станеш мајка на 19г. на едно дете и да "наследиш" 3 деца на 19г. Како и да е ти знаеш што е најдобро за тебе.
Дете, ај седи мадро за да не носиш модро!! Од толку мажи на светот, таа одбрала маж со ТРИ ДЕЦА..абе иди бегај!!
Среќата барај ја со друг човек, со овој неможеш да имаш..освен среќен секс, добро клецкање и само толку.
Оти бе вака зборате сите? Шо значи дека и разведени жени со деца не треба да имаат друг партнер? Дека секој што би бил со нив, би страдал???
Женска 19 години имаш..што се вика од средно си искочила сега. Има 31година и Т Р И деца.Не едно ТРИ.На тие деца ќе им треба грижа и љубов.Дали мислиш дека ќе има и понатаму време и да работи и да те ,,сака” и да си ги расте децата??Не. Му треба дадилка и му треба млада жена ништо повеќе најискрено ти кажувам.Не се глупирај батали го, запиши си факс учи си. Не се земале од љубов ама битно три деца имаат??Кој би направил дете без љубов?Ти мачка очи девојче..Ако веќе бил стројнички бракот можел уште одма да ја остави, а не 3 деца да и направи па дај ја остаи. Има конфликт на личноста. Мој совет: БАТАЛИ ГО