Абе ако сака да гледа 3 деца нека се омажи за него. Ептен е едноставно. Ако мисли дека може да биде мајка и да ги расправа и да нема свој живот.
Во ред возраста, тргни ја на страна.. Колкумина им е по дифолт дерет да се плеткаат со разведени со деца? А кој пол е најчесто со деца кај нас? Мајката. Не им паѓајте вредност така. Не се казна децата, задоволство се. Еве за ова зборам:
Па на 19 години пола и повеќе уште самите не можат да се дочуваат не па туѓи деца да чуваат..и ова неговово не е љубов.Ни према бифшата ни према нејзе.Зелка е човекот.Искрено и она.Имаат уште за созревање. *неќам да ги навредам само да го доловам ефектот на зрелост
Не можам да ја тргнам, ми боди очи. Да не беше толку мала друг коментар ќе беше. Ако го сакаш, ако си сигурна, пробај види. Во конкретниов случај не можам да пишам така. Знаеш дека не мислам дека се казна, напротив, ама дека дете ќе чува 3 деца, тешко.
Знаеш што е работата кај нив.Еве нека ме исправи грешно ако зборам. Она ке стане мајка на тие деца. Колку може еден возрасен човек,а таа е дете, да се носи со фактот дека треба да присвои деца кои имаат жива мајка на која и се одземени.Голем терет е тоа. Тој бил оженет под присила,со договор,ама па не морал 3деца да ствара со жена што не ја сака.
Вака, сосема поинаква димензија има Ехее... колку бракови знам кои се никакви, па прираѓаат деца уште И то не оти јас мислам дека се, туку сами ми се доверувале
Ооо, колку има што ќе направат беља на 16,17 па ќе гледаат дете. Нема врска. Тешко лесно ако мораш ќе гледаш. Ама друга е љубовта према твое и туѓо. Така мислам
@Belabela, и јас сметам дека си премлада. И за брак, и за свое дете - а не пак за туѓи три. Не си ли запишана/не планираш ли да се запишеш на факултет? Годиниве ти се за образување, шетање, дружба - а не ова. Ниту среќата ти е таква, ниту ова е љубов (штом си несигурна) - туку само заљубување и привлечност. Заборави го и терај си нормален младешки живот.
Се што е кажано е на место не сум навредена воопшто туку почестена за вашето време одвоено за мене и искрените мислења .
Децата не се проблем туку способноста да бидеш мајка. Знаеш калку случаеви познавам што отпосле сфатиле дека не се изживеани и прават глупости во брак. И битна работа таа вели дека немале односи. А со човек кој планираш да го поминеш животот мн.е битно сексот да ти добар. Што ако не и се допаѓа? И 5 месеци се малку за што и да е. Ама на крај ние тука можеме да пишуваме што и да е таа одлучува.
Друга е љубовта спрема туѓо. Каков себичен коментар. Кога посвојуваат деца на различен начин ги сакаат? Нема видови на љубов, таа е една иста луѓето се тие што ја распределуваат.
Девојко , ти си премлада за ова ,три деца а практично и ти си дете ,друго работата не е само дали ти ќе бидеш способна да ѓи одгледуваш туку и колку и како тие тебе ќе те прифатат. А дека таа ти е среќата...па и јас така мислев еднаш порано но сега сум многу далеку од него и сум пресреќна. Сакам да кажам дека животот е пред тебе ќе се случува да бидеш и потажна и посреќна со некого мислам дека ова не е твојата среќа .
Ако сме реални и на 30г.може да си не изживеан. Мојот пример (повеќе беа) се тука некаде со год.(21,19,18 ) ама не се тие на дневен ред во темава
На 19 години е и самата дете, камо ли туѓи деца да чува. Ја мислам дека ова ти е моментална занесеност и ќе ти помине.