Ако гледаш дека и тој/таа се бори тогаш во ред. Бори се и ти да опстане врската. Но само ако ти се трудиш, заеби.
Не знаев каде да го пишам постов пошо обрни окрени у повеќе припаѓа....епа вака.Пред месец дена почнав во теретана ,уште 3-тиот ден забележав еден дечко доста симпатичен но првата помисла што ми падна на памет е дека нема шанси ништо да биде со него затоа што знам како завршуваат тие причи со такви дечки и баталив...после недела дена му пријдов и го замолив да се менуваме на справата пошто брзав а морав да ја направам вежбата(пристапот ми беше само со намера да вежбам а не да му привлечам внимание),прифати ,се менувавме,и ме фасцинира тоа што ,кога и да дојдеше мој ред да ја правам вежбата он ја ставаше килажата реквизитот т.е он се ми спремаше за да ја вежбам и тој потег онака ме израдува некако и одма почнав да праам филмови у глава мислејки дека нешто ќе биде.Од тогаш понатака, па до денес решив да се потрудам малце околу тоа и можеби нешто ќе се случи,меѓутоа меѓувреме се случија доста работи.Почнав ,,потрага,, по него име презиме се буквално на сите социјални мрежи каде што постои шанса да го најдам,но неуспешно,сето тоа траеше со недели а како го гледав секој ден се поише и поише (бидејки одиме во исти термин секојд ден) ми се засвиѓа.Ја и понатака го барам не се откажувам,им кажувам на другарките за него,они ме поддржаа и ми рекоа да пријдам да му напраам рандом муабет за некоа справа ово оно ама мене ми е непријатно за да не испадне провидно дека ми се свиѓа,дури и се случувало на пример сам да дојде до некоа справа на која што вежбам јас ,и ја да станам за да не помисли нешто,дека го гледам и слично.Еден ден случајно он у теретана се среќава со една негова познаничка (жена околу 40тина години) и таа почна да го распрашува се буквално,па како си кај си со работа па за женската, кај живее сеа и тие муабети е сеа за моја среќа тој муабет се одвиваше на само пола метар од мене и ја се слушнав (знам можда е некултурно ),но жената беше прилично гласна верувам дека пола теретана ја слушна.Од како дознав и како се вика и се поврзано со него ми се отвори уште една надеж,и повторно и повторно го барам на социјални мрежи,копам со раце и нозе шо се вика постојано....никако да го најдам....се до еден ден,од нигде никаде ме фати инает.Забележав дека во теретана прави муабет со еден дечко (дечкото заврши со мене у генерација го знам по име презиме инстаграм букв. се)и ,,поради ,, него коонечно после толку труд успеав да го најдам,не можам да опишам колку бев пресреќна...планот ми беше,одкако ќе завршам со теретана за месец јуни (пошто јули и август правам пауза , т.е не сум у ск)да го фоловнам...меѓутоа планот се измени .Со другарка ми една вечер баеги се запивме ептен онака мушки,и у тој момент ја неа и го покажувам на инста и она само стиска фолов,не знаев дали да се смеам или да плачам,ако го тргнам може видел дека му стигнално и баталив ,бев мн лабава у моментот ....ама затоа утредента ХАОС....кога станав видов ме прифатил и стиснал да ме следи,му дозволив секако но многу се каев зашто на тој начин испадна се.Понеделникот у теретана нај непријатна ситуација ,знаеме и двајцата шо како било ама и понатака никој ништо,и така се си продолжи по старо никој ништо не кажува не превзема ,чак што више сега не ме ни приметува....проаѓаат околу 10тина дена како се фоловнавме и се тоа,ама и тоа не траеше долго...ме анфоловна од нигде никаде прв,исто и ја после тоа одма го анфоловнав....проблемот ми е дали уопште можда да продолжам да се трудам и понатака дали нешто ќе биде или не ,дали да се откажам или не стварно ме измачува веќе ова....иначе приметив дека последниве неколку дена ме запримети....забораив да кажам погоре дека преку разговорот со жената он кажа дека раскинале пред месец дена со тогашната девојка ...извинете за долгиот пост ми треба ваше мислење,како вам ви се чини ,,бајкава,,?
Шо си играш со Инстаграм, што е страшно да му пријдеш и да му кажеш дека ти се допаѓа? Може ќе те одбие, голема работа, move on. Ако прифати дејт, супер. Битно ќе знаеш на што си, вака си во каша.
скроз си во право тоа е најлогично но ,многу има одбивен став имам впечаток дека е доста нервозен тип така како агресивен ко да е лут за нешто не знам ко надркан е секогаш...и ако му пријдам може да го окркам
Сигурно нема да земе да те натепа таму во теретана Секогаш кога сум претпоставувала за некој дека е ваков или онаков сум грешела. Дур не го запознаеш човек не можеш да кажеш каков е. Пробај си ја среќата ништо не губиш.
фала за мислењето,врти сучи знам дека тоа е најидеално ,ама тоа што ме анфоловна на инстаргам скроз ме утепа ај да не беше тоа можеби ќе му прјидев...
Нели пиша погоре дека имал девојка? По твоето пишување типот не е заинтересиран и ем те отследил од инста. Јас мислам дека џабе се трудиш.
Можеби се смирил со девојката. Можеби не му се допаѓаш. Само ќе нагаѓаме. Ќе си кажам за мене, ако го направам јас првиот чекор (заследувањето во случајот) и ако не преземи нешто па и ме отследи, јас би се откажала. Се' друго би било трчање и молење, според мене. Ако имаш храброст и ако тооолку многу ти се допаѓа, или пиши му или во живо, нема друго.
Претпоставувам дека во меѓувреме се смирил со девојката и затоа те отследил на Инстаграм. Инаку немало ни потреба да го бараш по социјални мрежи, по луѓе да се распрашуваш кога секој ден ти бил пред очи. Си можела да започнуваш муабети во живо на рандом теми и слично, па така да се запознаеш, да се зближиш. Така ќе си можела да процениш дали е заинтересиран за тебе или не... Одма се познава тоа.. Не е виша математика. А тоа дека си го додала на Инста, а во теретана се праиш на "три и пол" ми е многу глупо.
Па реално и мене некој да ме додаде, а не ми пишува ништо 10 дена ќе го отследам. Ако сакаш да не ти е премногу незгодно, прашај го да излезете на кафе последниот ден во теретана, за да не мора после тоа да ти е незгодно ако каже не.