Ма просто не ми се верува што читам особено од возрасни реализирани жени и мајки. Ќе ми текне мене сега на бившите од пред 20 години па уште слики да им чувам. Мислам некад дека ова не е реално туку работава е само да се контра.
А за што станува збор ако не за тоа? Не му веруваш на партнерот, мислиш дека секоја вечер си ги гледа сликите и плаче над нив. Ако ги избрише нема да ги гледа и плаче, тебе ќе ти е полесно на душата, тоа е целата работа, ти помирно да спиеш. Ако немаш доверба во партнерот, ако имаш потреба да му чепкаш низ слики и пораки, зошто си воопшто заедно со него? Во вакви ситуации има подлабок проблем што останал нерешен. Ми стојат еве сликите, некои и сум заборавила дека ги има, еднаш на сто години се навраќам на стари слики општо. Ама ете стојат, и со пријатели стари, не значи дека не можам да излезам од минатото. Ако сум со некој сум оти го сакам, не мислам на трети личности. За презиме не ми зборувај мене, не сум мажена, и кога би се мажела не би го избришала скроз моето, во најмала рака ќе го додадам неговото.
Не ги чувај. Gurl it's not that deep. Не мораш. ----------------- Главниот конфликт тука е зошто и двете страни мислат (мислиме) дека другите треба да прат ко нас. Лол не. Башка луѓе, башка карактери, башка навики. Не знам зошто некој би се контрал за инает или да лажи. Сите сме башка луѓе не знам зошто е толку тешко да се верва. Башка многу работи вадење од контекст, ама ок, се случва то ако ја доживејме темата лично. Ама па да не беше така немаше толку страни да се испишат. Спојлер п.с. Јас се кревам на клауд (сликам многу, дури и грди слики, па на неколку месеци бришам дел и се друго кревам на клауд шо ми остајло впечаток). И со секој телефон се поврзвам на клауд и се имам цело време. Не е ко да сум седнала и да префрлам слики и албуми со секој нов телефон. Сега зошто праев скрепбук за поклон за другарка ми па зачистив до 2015 непотребни работи, башка имам време, да немам не мислам дека ќе се фокусирав и на то шо е за бришење. Ама да не беше овај настан немаше да седнам и од чиста мира да "чистам" до 2015. Пошто 98% од времето не барам многу назад сем ако не барам нешто конкретно и пример знам дека е 2019 па наеднаш скролнувам до таму.
Ако не верувам на некој нема да оформам семејство со него како прво, ако некој сака да гледа може и на фб, инста да си гледа не му требаат слики во телефон за тоа. Пак ќе кажам нема логика да чувам слики со небитни за мене веќе особи, дали бивши дали другарки, не ми значат, не ми требаат, во телефон чувам слики од моето семејство, моите блиски, луѓе што ги сакам, а не со некој што пред 20 години сум разменувала телесни течности. За презимето општо кажав. @theowndemon мораш, како не мораш, ако не чуваш слики од бившите ебачи ненормална си и ограничена.
Ве читам отстрана и не завземам страна Ама едно прашање до сите кои сме/сте ок со то шо имаме/те слики од минатото. - Да сте на местото на членкава и онака рандом да дознаете(без чепкање, не знам како,ваљда со виша сила ) дека вашиот партнер има такви слики од бивши,башка интимни (и не толку интимни) , а врската ви е преубава, хармонична, блиски сте, сте стекнале доверба, партнерот ви е најдобрата одлука во животот..................Како би сте се осетиле во моментот? Што би ви била првата мисла на ум? Првото прашање? Првата реакција?
не ми се скиени туку си стојат некаде во хард диск, не се интимни како на твојот ( никогаш не сум се снимала ака ни сликала) ама ова што ти го пишуваш богами не е баш наивно. Затоа прашав во едно од мислењата, ако се експлицитни тогаш е проблем. И да знаеш дека не се само тие слики и видеа . Си имаш проблем со човеков. Ако си мислела дека дете ќе го смени, си се зенала.. Се можеш да очекуваш од овој.. А и сама си кажа му била за она другото.. па да не си продолжи... Кај мене не може да влезе во телефон зашто ем со отисок ми е и со 300 заштити заради интернет банка и слично , а и секоја промена ми стига на smart watch.. така да ...
@Kasiopaja221 јас кажав и погоре дека не е црно-бело. Не знам зошто се инсистира дека мора да е. Ако има обични слики, као некое селфи на важен ден, групни слики, настани и дестинации - idc. Ова мислам кога велам "слики" јас. Воедно скроз океј ми е да чува поклони. Фрлање ми е многу wasteful. Не ми е доволно значајно за да "копам" во то и да ме вознемири и генерално не го клавам на дикат. Тој е животот пред мене. Не ми смета ни да спомни некоја бивша, или да кажи дека таму ко бил било со неа. Сите идиме со своја тежина. Е сега нормално ако се оди во екстрем е проблем, пример да заспива до мече од неа дур плачи или секој втор муабет да е за бивш партнер. Стварно не е толку пластично кога се збора вака. Ако се интимни ми е проблем зошто не ја сфаќам поентата за интимни слики. Обична слика селфи е меморија на некој настан. Интимна слика или слика од партнер е нешто шо (можи да) се сексуализира. Зато и поназад пишав за разлика на слики со и од партнер. Ваљда во мојот дел требаше да нагласам и интимни и неинтимни. За мене, то е огромна разлика. Така да би прашала зошто. Чоек сум шо се ме интересира па ќе сакам да знам зошто чува и која е целта. Зависно од одговорот - следва и акцијата шо би ја презела. Ко шо реков претходно, сем за тажна мастурбација, не знам зошто би чувал некој интимни слики. Еве ако некој чува, можи ќе добијам еден аспект на то "зошто" кое ме интересира. Кога преќинвам со некој прво шо прам е да бришам интимни слики колку и во моментот да ми е тешко воопшто да ги гледам. Прво како почит кон бившиот и неговото тело, после кон мојата психа и следно, кон идниот партнер. И истото го сакам за себе. Неќам некој бивш да чува интимни слики од мене пред се од почит кон мене и кон моето тело. Интимните слики се ранливи и (многу често) сексуализирани и злоупотребени при раскин дури и кога нема простор за то. Јас ова го нудам, и толку и очекувам. То е моето "нормално". Не е ко да нудам едно, а да очекувам друго.
Прво треба да се нагласи дека секој од нас има различни граници и нивоа на толеранција во врска/брак, но кога работите почнуваат да создаваат болка или несигурност, тогаш дефинитивно има несогласувања кои треба да се решат. Чување слики од бивши, од целото мислење, е најмал проблем. Јас повеќе би обрнала внимание на недостатокот на поддршка за време на бременост, односно во моменти кога има физички или емоционални потреби, а тој не реагира како што треба, што може да биде знак на недостаток на емпатија или незрелост. Пошо дечки, во здрав брак, поддршката и разбирањето се клучни кога партнерот поминува низ тешки моменти. Следење на инстаграм и интеракција со колешки/колеги не е нешто што треба да не загрижува. Но ако ваквата ситуација прави еден од партнерите да се чувствува неудобно или ја смета за невалидна, тогаш, логичен чекор би бил разговор. Е да, проблемот настанува кога партнерот не е заинтересиран за истово и ги инвалидизира чувствата на другиот. Инцидентно изоставени важни моменти, се случуваат. Али не се случува целосен пропуст со вежбање сарказам на партнерот, особено кога знаеш колку ова му значи. А со што само се повредуваат неговите чувства. Нормално дека ваков патерн, без доблест за извинување, може да остави чувство на недоверба, емоционална несигурност и незадоволство. Кога изостанува поддршката од партнерот, кога не се покажува внимание или љубов во клучни моменти, секако дека се поткопува довербата и безбедноста што ја очекуваме или не ја очекуваме од партнерот. Што ме носи до сликите. Во скриен фолдер. Лол! Неколку сценарија се можни, од кои и најнаивното. Навистина да ги заборавил. Не би имала можеби ниту јас никаков проблем со ова, под услов да е изоставено се од горенаведеното. Бидејќи второво е коктел на недоверба и може да покажува едно ново (не) реално сценарио, дека партнерот не е спремен да ги затвори тие минати односи и можеби не е целосно посветен на сегашната врска. Сакам да кажам, емоционалната благосостојба на една личност, не треба да биде ништо помалку од приоритет! Цурата има потполно право да чувствува несигурност и да размислува во правец на решавање на несогласувањата. Затоа и всушност бара совет. Како да се комуницира со партнер кој изгубил секаква комуникациска вредност и разбирање, е поентата што се губи меѓу сликите и скриениот фолдер.
На маж не му треба интимна слика да сексуализира. Не гледам голи жени по улица, а пак има вознемирувања и силувања. И ваква и таква слика нема потреба да се чува, не поради тоа јас што сакам, туку поради себе да си покаже дека си расчистил со стари чувства, личности и сл. И се е во ред, доколку се заборавени дека постојат. Не е во ред ако посегне и ги гледа. Зошто?
Во целост го делам истото мислење.На се ова јас само би додала,да не се двоуми да побара помош и насоки од психолог доколку се почувствува немоќно и не може да излезе од маѓепсаниот круг на негативни емоции. Едно е да си ја спасиш сопствената психа,а друго е да го спасуваш бракот(ако има воља и од другата страна). @Pocahonttas
Sure, ама ако сум со некој значи му вервам. И ми треба поќе за да ми се разниша довербата. Мислењето на @Lianna Anna ми е најдобро склопено зошто тука веќе е разнишана довербата. Предобро објаснато 100/10. Како круна на се до сега зборано (од двете страни). Али ок и сликите се интимни, и за мене, то е проблем јебига. За делот со забораени и незабораени, пак, не ми менва ако се обични слики. Интимни, кон почит прво кон бившиот партнер, па кон себе, па кон идниот (сега можеби и сегашен) партнер - треба да се избришани. Не можиш дека не знајш дека ги имаш при раскин. Иако во конкретниот случајот, фактот дека бил скриен фолдер шо го заборајл, а уствари, апдејт не "открива" фолдер - е sus. Ова е исто така нешто шо веќе го пишав.
Па, не сите го земаат презимето на мажот башка, не знам што се вознемирувате олку? Бришете вие минато, ликови од минато, постапки, име, абре се бришете! Ваше право! Само, не ставајте замислени сценарија и не лепете етикети на тие кои не го прават тоа. Ете, толку е просто!
Не знам точно за какви интимни слики се работи, ама ако е нешто што не би требало да го види друг, тогаш е проблем. Во телефон од мене и дм не чувам ништо што не би требало да види некој друг. Голи, дикпикс, сме се залапале, уатевр не сакам во телефон. И да сме си пратиле некогаш нешто (иако ептен експлицитни не праќаме никогаш) инсистирам да брише, бришам и јас. Него му верувам ама недајбоже дојде ситуација телефонот да му е украден (или мојот) секакви будали има, не знам каде такви слики ќе завршат. За други работи можеш да реагираш, за меил да смениш пасворд од друг уред, за банкарска сметка ќе тркнеш ќе побараш да биде блокирана апликацијата, за слики не можеш ништо. И да речеме ете чува некои такви слики и утре ете станеме бивши, ја би се осеќала ептен грозно ако дознаам дека ги чува.
Само да де надоврзам.. ништо не е безбедно и бришењето не е избришано останува во мета дата.. така да она што не сакате да се експлоатира на било кој друг начин, на телефон, инста, тик ток, фб НИКАКО!! Не само интимни работи, деца, слики од одмори по плажи аман луѓе пазете не знаете каков забеган свет има.
Јас не бришам ништо, веројатно ден денес ми стојат разговори и пораки и свашта од кога постојат паметни телефони Толку не се замарам да бришам, а еве искрено не знам кај да најдам, кузнај кое скролање ќе треба да биде тоа Не знам Арабела, ни бившиов не се замараше со вакви работи, ете за тоа сме си биле погодени, за други работи не Нит ми џапал телефон, нит ми проверувал, нит мене ме контролирал. Абе ако треба некого да контролираш, ЗОШТО остануваш со тој човек? И секако сега кога знаеме дека чува интимни слики, не е ич океј да ги чува, прилично е безобразно. Ама таков си бил и во врската, еве сега сигурно ќе се превоспита.
Ајде сега, ако се вратиме на твојот проблем- пошто се врати после денови дискусија, која многу нема врска со тебе- ти го почна твојот пост, со изјавата ,,немаме некој голем проблем,, или како и да беше. Не се разбирам во ажурирање телефони и скриени фолдери, да се разбереме.Можда ги избришал, можда не, појма немам. Интимни фотографии и видеа не разбирам како феномен исто така, чување такви па ич. Ама многу реално разбирам што значи брак и дете. Ти си влегла во брак набрзина, зошто, како, не мора да објаснуваш. Мажот ти ми се чини ништо од тебе не крие, барем што се однесува до колешката, ако криел немало да ти го раскаже муабетот. Или, зошто би ти го раскажал муабетот? Што било со бивши, дали биле во контакт 3 дена или 3 месеци, пред да бидете заедно, е небитно, се додека тоа останало во минатото. Значи, ако ги прескокнеме бившата, колешката, ама што правел на ергенската забава-како ти текнуваат сите овие работи како тригер, наместо ова другово Коренот на проблемот е што ова во цитатов не е доволно, за да се чувствуваш како што се чувствуваш, ама друга жена (бивша, потенцијална) ти ги валидира чувствата? НЕ. Тоа што некој не е најлош човек, не се однесува одвратно, и што работи, и што е добар татко, не значи дека е добар партнер за тебе/со тебе. И тоа мора да си го признаеш и да си размислиш што и како. Имате дете и тоа е силна причина да се потрудите и да поработите на бракот, значи сериозно, заедничко работење на градење на здрава врска . Ако имате добра воља. Ако ти треба причина да се разведеш, и полесно ти е причината да биде сомнеж и други жени, твое си е. И би било фино и другите членки да се насочат малку кон овој аспект, ама позабавни се смешки за бивши и вулгарности, отколку малку конструктивност. Пс. Мене лично тоа со поклоните ми е смешно , ама преку тоа во бременоста не би поминала, пошто е индикатор на однесување кое не ми се допаѓа и кое сигурно продолжило. Ако трудната жена што носи негово дете, не му е на пиедестал, мене ми е поголем грев од било што. Не ми треба сомнеж и неверство за да додадат тежина на тоа.
Абе ако имаш дилема - остави ја. Дилемата нема да ти пројде со едно чепкање по телефон. Ќе треба одново и одново да и' ја докажуваш "невиноста". Налет со таков маж да живеам.
Ако тој сака да изневери, може да го направи тоа и без да чува слики во телефон. Реин пишала за нова тема. Јас најдов слична тема. https://forum.femina.mk/threads/Дал...дмети-од-бившите-во-некоја-фиока.32226/page-3