Не ни праќам по овие што ги спомна, а и тоа што праќаме е каде каде покултурно да речам Ама не знам, сметам и дека дур сме во врска од почит кон мене нема да чува. Ми кажал исто и он мене. Мислам пред него сум најслободна ама преку уреди си имаме граници Ова за сегашен, за бивши тек неќам ништо да имам. И треба да ми е сеедно да чува селфи од бившата сликана у прслук рецимо? Па демек ја заборавил, останала, абе не ме јеби. Рандом фотки кај што се група луѓе, ајде де. Само од бивши или двајцата заедно не ми е ок.
Никој не контролира никого. Затоа што нема потреба. Во земја каде постои ниска стапка на криминал и самата полиција не може никаде да ја видиш. Така и со таа контрола. Ако немам повод за контрола, зошто би контролирала? Двајцата си го оставивме багажот во минатото, за таму и е. Не копнееме по нешта што се случиле, копнееме по нешта што допрва треба да ни се случат. Не дека чувствувам страв или помала самодоверба, како кога не би ги бришел сликите. За почит се работи. Јас треба да сум му најбитна, како и тој на мене. Можеби има и некоја слика со бивши во друштво. Но, кога би имал со истата цели фолдери и цел нивен живот, мислам за таквото му е. Мене уште помалку. За што? Ќе си ги гледа, ќе се потсетува. Не сфаќам и нема да сфатам. Дел од него било, точно, но јас сум многу поголем дел и дек допрва ќе бидам. Почетокот и крајот почна со нас двајца. Тоа ни е најбитното. Ништо друго.
Они имаат поголеми проблеми од ова што е предмет на дискусија, за тебе зборам. Ако треба да проверуваш, за кој к*р остануваш во таа врска? Абе чиста како солза невина, нема да се докажувам дека не сум погрешна, сама ќе раскинам на тој што се сомнева во мене. Налет од таков маж, реков. Ама океј за вас двајца, не сте вие двајца пример за цел свет. Ти имаш проблем да сфатиш дека не сите размислуваат и се чувствуваат како тебе. Ни со повод ни без повод немам намера да "проверувам", доволен повод е сомнежот, не морам да докажувам. Или јас треба да се преиспитам зошто сум несигурна, или тој навистина ми прави работи зад грб. Во двата случаи не сме за останување заедно.
Па ете ќе му дадеш повод. Ако менуваш телефони и сликите си ги префрлуваш, не дај боже да ги изоставиш од бившиот, па кој што ќе си помисли. Уште замисли немаш меморија и бришеш слики од вас двајца, за да останат тие со бившиот. Каква дешавка
Плаќам клауд од кога постои таа опција, рачно ништо не сум префрлала, ни па знам како рачно би префрлала. Просто се логирам на новиот телефон, и воила. Вау, драматично. Ако му е тоа повод, погрешна жена сум за него, нека си најде друга.
Па самиот факт дека има проблем со рандом слики го прави несигурен во мои очи со зачин на посесивност, значи далеку е од совршен за мене
Не бе, принцип му е. Одите подолго време, имате доверба еден во друг, го засакуваш неизмерно, тој некако доаѓа до сликите и ти вика бриши. Ќе раскинеш? Само тоа го бара од тебе. Нит те контролира, нит е љубоморен, ништо. Му пречат, не сака да ги имаш.
Посесивни и несигурни мажи се посебна тема, ај нека останат надвор од темава . Као, совршен е за тебе ама во самата срж е нешто спротивно од тоа што ти е прифатливо Ај ментални гимнастики сега- совршен е за тебе ама: тепа мачиња во слободно време...дила дрога... лепи плакати за партија... додајпожелба што не поднесуваш... После се чудам оти критериуми за маж/ дечко се: 1. ама он е добар човек 2... 3...
Да, бидејќи критериум единствен кој треба да се има кај маж е да биде сосема океј со сликите од бившиот. Тоа не е ни критериум. Тоа е мизерија од услов.
Во врската ќе сме јас, ти и моите спомени од бившиот. Ако ти одговара арно, ако не, Така изгледа се договараат
Добро, што ти е со докажувањево поенти без поента? Не те контролира, не е љубоморен- му пречат. Као, зошто му пречат? Ау, принцип му било А @CameliaMiller е 13 годишно девојче и ќе рече, а, у, неизмерно те засакав, за тебе- се што ќе речеш Ова е дефиниција за контрола, не знам како поинаку да ти објаснам. Дајте му конструктивен совет на девојчето со конкретниот проблем, може ќе има повеќе поента отколку ова.
Па не сум ни јас љубоморна на бившите, ама што има во заедничкиот лап топ или телефоните со заеднички пари купени да стојат слики со бивши. Па барем да му служат за нешто, да му се од животна важност. Вака е само муабет на инает. Ќе ме сакаш мене, ама и бившите ми. Без нив, никаде не идам. Само повеќе ми е јасно колку значење имаат тие слики за вас. И тоа како не се само меморија. Кога не сакаш да пуштиш нешто, веќе емотивно си врзан. Најди го сама проблемот.
Леле, право у поента! Едно однесување може да не биде ужасно, но истовремено и да не е доволно добро за да се изгради квалитетен однос. А ич да не навлегувам во фактот, колку е важно ова за да се изгради здрава и исполнета заедница, оти имаат и дете. Не е доволно партнерот да биде само коректен или добар татко, ако недостасува поддршка, внимание и почит кои се потребни за здрава врска меѓу партнерите. Примерите за несоодветно однесување, како што е запоставувањето во бременоста или игнорирањето на значајни моменти, мене ми се индикатор за подлабок недостаток на грижа и емпатија. Да не речам, ама ќе речам, сериозен проблем. Реално, ако одредени постапки ме прават незадоволна, неисполнета или несреќна, доволна и валидна причина е нештата да бидат преиспитани. Али без потребата да барам дополнителен доказ! Во секој случај, приоритет треба да биде да најдат начин за враќање на меѓусебната поддршка и почит или цурава да се соочи со вистината дека врската можеби не функционира на начин што ја прави задоволна и исполнета.
Океј луѓе, https://forum.femina.mk/threads/Чување-слики-или-предмети-од-бившите.32226/page-3 еве ја темата постоечка што ја постираше членка поназад, продолжете таму да се цитирате, оваа да се врати за тоа што и беше.
Членката не разбирам шо сакаше да постигни со изнесување на проблемот… Вакви долготрајни проблеми, не се решаваат на форум. Треба да се седне да се разговара со партнерот, ако треба и со брачен советник и целокупно да се разгледа врската, а не да се изолираат проблеми и да се разглабаат на форумски мислења за тоа дали чини или не.
Знам врски кои завршиле поради гушењето од партнерот, проверува со кого и кога зборувал, со кого се сликал, на кого му ставил реакција, со кого се допишувал, што пребарувал...и потоа бара прилика да постави прашање и да започне караница. Мене ми е некултурно да ѝ чепкам во телефонот, па и општо во било кој телефон. И верувам, и го знам тесниот круг на другарки, како и потесниот круг на семејство со кои секојдневно комуницира, нема социјални мрежи, па дури и не се замарам со тоа прашање. Од друга страна не сакам и не давам да ми се чепка телефонот. Немам лозинки, сите социјални мрежи, сите форуми и сите пораки се отворени со едно лизгање на екранот. Причините поради кои не сакам да ми се чепка телефонот лежат во факторот деловност, телефонот го користам и за службени цели, деловни комуникации и контакти, и со оглед на тоа дека работам административно-правна работа, има финеси кои се под заштита на законот за лични податоци, па информациите мора да останат во делокругот на работата, односно да се почитува деловната етика. Вториот фактор е пријателскиот, така не сакам никој да ги чита конзерзациите со моите другари (како што јас не сакам да ги читам со нејзините другарки). Пријателскиот фактор повикува на лојалност и доверба, другата страна не сака, па ни очекува, дека секоја порака ќе ја гледаат надворешни фактори. Надворешен фактор е секој оној на кој не е наменета пораката. Никогаш не посегнала по мојот телефон, ми верува, и нема причина да не ми верува. Социјалните мрежи не ги користам, ги имам проформа, најчесто за организирање на работниот процес затоа што кога работиш право всушност работиш со законски врзани рокови. Ако не си организаиран, немаш организација, немаш деловна етика и немаш (работна) дисциплина, нема да имаш ни професионален кредибилитет. Затоа пред да се влезе во врска се прави проценка на потенцијалниот партнер, како и на неговото семејство и на неговото друштво, затоа што се составен дел од него, дел од неговото секојдневие. Се разговара за интереси, убедувања, сваќања (и за трите клучни работи за кои ми постави прашање на другата тема: потомство, местоположба на животниот центар и финансиската стабилност). Кога зборуваме за зрели единки, дел од нив се менуваат, најголемиот дел не. Погрешната проценка е наша лична грешка. За темата, можеби за некои членови е субјективна причина, но според мене не е објективна причина за развод тоа што имал неколку слики од својата поранешна девојка. Зборуваме за младо оформено семејство, со дете, и во раното детство детето да остане без еден родител, односно повремено и ретко ќе го гледа, поради една кардинална и дебилна глупост која неговите родители не можат да ја решат со прост разговор, е повеќе од трагично. Секако, само ако ова е причината. Треба да се види големата слика (од аспект на тоа каков сопруг е (прочитав и за бременоста, но тоа може да е и хормонален фактор. не значи дека е, но може да биде) и каков татко е), но и да се слушне и неговата страна на приказната. Поротата не може да пресуди без да се произнесе одбраната.
Искрено кога спомна слики видеа членкава ми текна одма на експлицитни, отпосле ми упали мозокот. За такви богами на мојов последно ќе му е што ќе види ако го видам. Мислам сум толерантна ама не сум глупава..
Неизмерно се сакам само себе, не можам него повеќе од себе да го сакам. Да, ќе раскинам, и пошто ти е тешко да сфатиш зошто, нека биде ради сликите. Ама другарка ми не му чини, ама моите наопаку го гледаат, колегата ми се пушта, зошто Трајче го имам на инстаграм... ехе. Нема да останам со човек кој ми става услови и се понаша како животот пред него да не ми постоел. Или пробува како било да ме контролира или проверува, не слики, што сакаш замисли што е "проверка" - исто. Самиот факт што има "принцип" таков, јас имам "принцип" дека не е негово да се замара со минатото мое. Видиш, не сме совршени еден за друг.