се мислев извесно време дали да прашам за совет,во мене цело време си се прашувам што да правам.... одеме со дечко ми горе доле година,се убаво беше ама до кога сфатив дека јас сум била таа што прави да е убаво, не дека тој не прави но како??? јас сум таа што цело време ја режира врската...каде да одиме,што ќе правиме, кога се слушаме на телефон (можеби некои ќе си речат баш убаво). ептен се зближивме и домашни одам кај него со неговите, тие беа кај мене на гости се запознаа со моите се убаво врската беше перфектна. но јас се разболев и немав моб. таква ситуација дојде,мојот дечко никаде го немаше,живееме на 10 метра не дојде незгодно му било од татко ми (а бе ајде а нема од што) но ете и тоа го премижав се налутив но немаше фајде бидејќи тој не си стави на ум. и започнав јас да си излегувам со другарки да не одам кај него толку често и всушност ние и не се видовме едно 20 тина дена убаво,затоа што тој не се ни потруди да се видиме,затоа што кога и да се видевме затоа што јас одев кај него а не одев тие денови бидејќи нејќеше да ме допраќа до дома и мене ми беше страшно страв да си одам сама а сум немала пари за такси а и ми скисна од пари давање за такси.и така си траев јас може за некои ова е ситница но за мене не е бидејќи не гледам да се труди и да покажува дека ме сака и го седнав да разговараме дека тоа не е убаво се што ми лежеше на душа сите работи кои ми пречат се си кажав со убаво не се карав разговаравме и тој на сето тоа ми рече, знам дека неможеш да издржиш со мене јас сум многу cool тип као демек многу изладен не се замара за ништо и на другарите им реков уште на почеток дека нема да издржиш со мене таков сум си јас и нема да се сменам отвори си ги убаво очите и пази што зимаш да не се каеш и доколку сакаш да ми раскинеш раскини на време за да не си губиш со мене време после две години да ти бидат фрлени во вода и јас како и секогаш плачката си се расплакав и тој не сакам да те гледам како се нервираш за мене и плачеш, и јас му велам е како така зар ти ќе останеш стар ерген така никоја нема да те сака и тој ми вели ќе се најде некоја иста како мене некоја што нема да се замара толку ... и ми вели размисли си убаво што и како...и каков одгвор е ова, го сакам и затоа се прашувам што да правам се зближивме се знае за мене јас за него но тешко ми доаѓа навистина дали некој ќе ме разбере да ми даде вистински совет цело време си мислам што и како, ми вели дека ме сака а какво сакање е ова?????
дали да сме уште заедно или не?? Kатија, па јас се мислам дека дечко ти всушност е тој што, нели бидејќи е COOL, на некој начин ти раскинува-мислам кој луд и кажува на девојката пази што зимаш, отвори очи Ако сака да е со тебе ќе се смени или барем ќе глуми дека се труди. Како тоа да не сака да те испрати ниту еднаш и да не дојде да те види кога си била болна, а особено што живеете блиску?! И така не сте долго време заедно, послушај го и отвори очи
дали да сме уште заедно или не?? баш кога ми го рече тоа отвори очи е јас се чукнав колку е часот, и многу се мислам затоа што го сакам,но таков и не ми треба нели,не се труди за ништо и ми вели на цел муабет дека за женско не се менел каков си бил таков, и сум просто многу изненадена,и како го сакам уште по овие муабети неможам да си се изначудам....
дали да сме уште заедно или не?? Остави го пред да те шутне, типов не е заинтересиран за тебе, колку побрзо го сватиш тоа толку подобро за тебе..
дали да сме уште заедно или не?? Колку и да звучи лошо, јас морам да си кажам мое мислење, за твое добро.. типов не сака да биде со тебе и подобро тргни си се на време, бидејќи машко кога е заљубенo и светот на дланка ќе ти го донесе, а не како "искулираниов" што ни на посета не ти дошол
дали да сме уште заедно или не?? Тој да сака ќе се смени или барем малку ќе се потруди.. Мислам дека по сето оваа што го кажа и самата знаеш што е одговорот. Остави го додека е време, таков cool тип тебе не ти треба.Не верувам дека и на него ќе му е сеедно што ќе го оставиш, но штом ни малку не се труди, нема зошто да остануваш со него.
дали да сме уште заедно или не?? а кога ќе ми текне колку се имам правено за него, само за да го фатам што немам направено, навистина се нервирам,но тоа е што е...сеедно ќе му е,џабе вели дека ме сака,кога тој ми вели раскини ми....
дали да сме уште заедно или не?? Типов не е кул, типов нема никакво искуство зад себе, не знае како да се понаша, тоа што ти си ги превземала сите ствари во врската е доказ плус дека тој не знае како да се однесува со девојка. Имав еден ист скроз ваков, ладен демек, не се замара. А ти куби коси, се нервираш, за што вложуваш толку?? А цело време работата е што тој не знае да покаже (значи стварно незнае начин) да покаже дека се грижи. И попрво би останал сам, него да покаже емоции, тоа не е достоинствено за него нели, како тоа он да трча по девојка. Батали го. Во моментов можам да ти кажам дека тој е тој што цимулка сега дома и му е тешко. Ама ќе си го голтне тоа и нема да признае. Ти продолжи си. Не ти треба таков што не знае да сака.
Не вреди воопшто за таков да се нервираш и воопшто нешто трудиш, не те заслужува тој тебе. Што порано си расчистиш толку подобро за тебе а од ова извлечи поука и искуство
ви благодарам на советите, а за поука и искуство сум имала други долги врски една 3 год друга 2 год и толку многу сум разочарана од љубовта ...сепак ви благодарам многу
Не си го троши времето со него, и гледај да не се нервираш многу. Ти си се потрудила, а реакција од другата страна немало. Тоа што ти си организирала се во врската не е толку трагично (иако далеку од добро), колку тоа што не дошол да те види кога си била болна. Тоа мене ми мириса на незаинтересираност. Остави го нема си биде cool, таков неизживеан тип не ти треба. Тој индиректно ти кажал дека несака да биде со тебе, а ти биди директна.
Почни да излегуваш, најди си резерва моче или ако веќе имаш искористи го, вакви фраери (за тебе може бил јадобар бидејќи си се убедила во тоа) не ти требаат, секоја врска кога ке се раскине ма каква и да е е тешко, али подобро да одиш на забар и да го извадиш распианиот заб ма колку и да ти е страв и да те боли отколку да претрпиш триста глупости, и болки и да закачиш троста болести, а на крај пак ке го извадиш ... ти си паметна девојка и уште утре дотерај се, пивни една две, другарките под рака и во провод по нов дечко ... со реќа
Јасна ми е целава ситуација, од искуство ќе ти кажам дека не е кул тип, него не е заинтересиран за тебе. Ич не му ја мисли, не се замарај. Со тек на време ќе сфатиш дека не ти е потребен таков тип, и ќе се чудиш зошто уствари си се воздржувала напати а да не му раскинеш.
Тешко ти е нормално тоа кога човек сака,чувствува кон некој љубов,но за овај не вреди,кога не бил заинтересиран за тебе и не ти обрнувал внимание,верувај ти заслужуваш подобар, некој кој што ќе знае да те цени,почитува и сака вистински,а не да е cool тип
Душо, тој е еден голем себичњак ! Знам дека си разочарана од љубовта, ама не дозволувај да паѓаш во депресии заради некој си никојси.....Човек што сака, ќе премине цел свет само да те види! Фактот што не ти дошол на посета кога си била болна се кажува, па дури ти посочува отвори ги очите со кого си! Добро е што навреме си се решила од таков створ! Ќе дојде миг, кога некој ќе успее да го види она скапоценото во тебе.... тоа и јас за мене си го кажувам! И вистина е...чувај се за некој спешл, заслужуваш!
Луѓе зашто сите го нападнавте дечко и ? Можда сеа бивши . Кога он најиксрено и најотворено и има кажано како стојат работите. Па барем тоа да се ценеше ? Сеа никој не и е крив шо она идела со глава и зид заради него мислеајќи дека ке го смени ... не не се менуваат мажите. Нека биде среќна шо со отворен мубает и искрен и има кажано како стојат работите. Крај. Зашто да се напаѓа детето. Наместо да ја лаже да ја мота и кажал. Искреноста нели се цени ? Нели сите сакаме кога некој е искрен со нас и ни ја кажува вистината ? Ама не изглеа само кога вистината позитивна е за нас тогаш е добра а вака не а ..
и јас бев во иста ситуација.и мојот сега бивши беше таков.со ништо не се замараше,нишно не му беше гајле.цела среќе ми кажа на време каков е,дека тој никогаш нема да се заљуби и дека не се замара со ништо.на почетокот тоа тешко ми падна но потоа му бев многу благодарна за искреноста.да ма лажеше не знам како би завршило нашето.подобро е вистината од почеток отколку лажна надеж и потоа уште повеќе да се разочараш.
По фер од ова нема,мада типот си е влезен во филм а и ти си во некој филм па целта ти е да те засака. Нема да се случи тоа,нештата се веќе поставени како што се затоа пали патиките и што побрзо бегај од него. За жал потребата од тоа некој да те засака само поради тоа што ти го сакаш е далеку од реалноста,колку и да се трудиш колку и да го сакаш тој не чуствува ништо кон тебе,во случајов вината лежи кај тебе, во првиот момент кога си го уошила арогантното однесување си требала да се одалечиш од него. Но што е тука е, како што ти рекол ке се најде некоја и за него но едноставно не си ти таа без разлика што и да правиш. Ајде не се грижи има фини момци ке си најдеш некој многу подобар од него, подоцна кога ке си приспомниш на типацов ке си се смееш слатко.
Во гадна ситуација сум, очајно ми треба совет Нашата врска траеше 8 месеци и поминаа два месеци откога раскинавме.Значи почетокот беше одличен,летавме од среќа и јас и тој.Една недела откако бевме заедно,на мојот роденден тој ми кажа дека ме сака.Тој ден ми беше напишал на порака дека треба да ми каже нешто важно и јас мислев дека не сака веќе да биде со мене.Таа вечер јас останав дома, а тој излезе и кога ми се јави и почна да зборува јас се расплачав.После, на излегување, сакав да останам кај една другарка малку и кога отидов, тој почна да врие, остани и цела вечер ако сакаш, јас ќе си одам дома.За да не се лути, јас тргнав накај местото каде што ме чекаше,се скаравме и го прашав зошто прави проблем за 10 минути.Еднаш,кога тргнавме на излегување со сестра ми таа ми рече да поминеме откај една нејзина другарка.Таа правеше дипломска,јас му кажав дека нема да биде фер ако не отидам и тој избувна.По патот и кај другарката ме буквално бомбардираше со пораки,не направи пауза,а останав едвај 20 минути.Излегов јас од кај другарката и отидовме кај него дома.Случајно седнавме на фејсбук и тој ми ги провери пораките,а да ми потражи пасворд или да ми рече лажеш се немаше десено пред тоа. Виде дека сум пишувала со едно машко,не го знаев,никогаш не сум го видела,ама пишувавме долго време,зборувавме за музика,филм и слично пошто и тој слуша метал како мене,не сум имала намера да го варам ама тој избувна.Потоа,ги откри и разговорите со другарките.Таму еднаш или двапати сум го нарекла педер,пошто многу се нервирав и плачев кога ќе се десеше и најмала караница,секогаш опростував иако многу ме иритираше.Многу работи им кажувано на другарките и тој се навреди поради тоа,мислеше дека сум го исмевала,а не беше така ни малце.Тогаш правевме околу 5 ипол месеци и оттогаш настана пекол.Почна да ми се јавува на секои 45 минути,кога сестра му му се јави да каже дека имам проблеми дома почна на 1 саат.Во училиште ми се јавуваше на секој одмор и на секој празен час зборувавме по цели 45 минути.После се откажа од факултетот и секој ден беше тука.Ме чекаше пред гимназијата и јас си го чекав превозот заедно со него.Таму не гледаа многу луѓе и ми беше непријатно зашто знам дека ќе им зборуваат на мама и на тато.Еднаш погледнав настрана и кога стигнав во селото му се јавив зашто секоја можна минута ја користевме да зборуваме т.е. од комбето до дома што нема 50 метри.Тогаш ми рече крај,неможам веќе со тебе,таква си онаква си,лицемерна си,сто лица имаш никаква си,неможам да те гледам веќе,расипана си била повеќе од сите што ги знам и тн и тн. Продолжуваше со навредувањето секој ден,а јас плачев и се чудев што му толку смета.Го молев,се случуваше и по еден саат да висев зад куќата кога си дојдам дома и да го молам да ми даде шанса да докажам дека не ми треба никој друг пошто почна да ги мрази и другарките.Дома беше хаос,јас имав проблеми заради тој телефон на секој саат и трае по најмалку пола саат,со сто молења и плачења,па и се лутеше кога ќе му речам морам да одам,имам за учење,ќе ми го земат телефонот,ми се караат.Вечер пред да си легнам, ако дојдеше сестра ми во собата, јас ќе и речев да излезе да зборуваме и кога ќе се вратеше после пола саат тој избувнуваше,крај, неможам веќе да се расправам, доста ми е од ова, а јас одев надвор на -10 да зборувам со него или во вц,да го молам и да плачам,а тој да ме навредува. Кога излегував со сестра ми да шетам по селото,не ме оставаше намира,исто пораки за крај.Потоа,кога правев пасош со мама и со тато,звонеше нонстоп иако знаеше каде сум и дека неможам да зборам.После ме пратија да фотокопирам нешто и тој беше таму,а јас морав да му напишам каде одам зашто ќе имаше караница.Татко ми не виде заедно и тој ден му се слоши, му се покачи притисокот.Вечерта ми укажаа некои работи,дека дозволувам да ме влече за нос,дека не комуницирам со никој друг,ни со другарки не излегувам,само кај него дома ме гледале луѓето.Тогаш ги сфатив тие работи и прекинавме.Овие два месеци ми беше супер,излегував,се дружев,а почна да ми недостига пред некој ден.Сношти ми се јави,низ солзи ми реце се молам на Господ да ти докаже какви се машките,да сфатиш што си имала,дека ме сака уште,дека сфатил дека грешел.Некој од неговите другари ми се јави и ми рече тој остави се за тебе.?Од факултетот се откажа,но имаше положено само два предмети и му велев да учи,не му пречев,тој ми се јавуваше мене,потоа ми рече кога ме видел во кафичот во кој работеше напуштил да работи и од таму.По тоа сношти,се мислам дали да му речам да дојде да зборуваме и да го прашам дали се сменил,дали ќе биде исто,без социјален живот и се тоа.Моите другарки се со мене само така,не ме значи почитуваат и лицемерни се и тој ги мрази.А ако тато дознае готова сум.Ама превише ми недостига и се надевам дека сфатил нешто,зашто ми рече лагите биле ситни,без тебе е полошо.Правеше многу за да ме гледа,ама беше превише ладнокрвен,си велам се правеше паметен,е сега ќе плаќаш.Ама најлошото е што и јас плаќам.Ужасно ми недостига и не знам што да правам.Си мислам дека можеби се сменил.Не знам што да правам,а мислам дека еден ден ќе си го барам него,кога ќе го видам со друга како е среќен или кога некое машко ќе ме тресне мене.Страв ми е да не се сврти тркалото и јас да не се најдам на негово место.Извинете за долгиот пост. Хелп