1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали е потребно да си заљубен?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Twixer, 18 мај 2015.

  1. Twixer

    Twixer Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Дали е потребно да сте заљубени за да фатите дечко/девојка ? ваши мислења
    Јас искрено мислам дека не :)
     
    Последна измена: 18 мај 2015
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Хахаха не;)
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.275
    Љубовта не е потреба, и не зависи од ништо ако е искрена и безусловна. Во оваа категорија секако дека не ја вбројувам само онаа кон партнерот која од денешна гледна точка, реално гледано е overrated.

    Инаку не, љубовта доаѓа после некое време откако партнерите подобро ќе се запознаат.
     
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    8.431
    Не е потребно да се биди заљубен за да бидеш со некого.
    Прво нормално е барам малку да ти се допаѓа дечкото/девојката па љубовта ќе си дојде со тек на време.
    Но сепак не можеш да бидеш со некого доколку воопшто не те привлекува.
     
    На hermosa и skorpija123 им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Одговорот ќе зависи од самата личност каква е и што сака. За некој незамисливо е да биде во врска со некој кого не го сака, за друг тоа не е проблем, битно е да се дружиме :D
     
    На HarleyQuinn и crazylady им се допаѓа ова.
  6. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.359
    Пол:
    Женски
    Според мене, за да си фатиш дечко- не.
    За да си во долга врска со него- да.
     
    На eloves, skorpija123, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    157.116
    Пол:
    Женски
    Потребно да си заљубен за да можиш да тераш нормален живот - не.
    Да си заљубен за во кратка врска - и немора, ако е планирано да е кратко, ако немате сериозни намери подобро и да не се поврзвате многу.
    Да си заљубен за во долга врска - љубовта и довербата се клучот во долгата врска, ако не си заљубен во долга врска се ти е онака лажно на еден начин.
     
    На eloves и Едно Чупе им се допаѓа ова.
  8. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Преферирам да бидам заљубена ако сум во врска, не можам да замислам да бидам со некој кој не го сакам, како од корист, се знае дека тоа е лага и кога тогаш ќе заврши.

    Но денес има многу кои одат со некого само да се речи дека имаат дечко/девојка, што воопшто не ми се допаѓа.
     
    На skorpija123, kjukli, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Дури не се осигурате дека тој/таа заслужува обидетесе да не се заљубите оти не секој/а ги има истите намери како вас....ама како мене никогаш да не ми било срцето побрзо од умот па сега се најдов да солам памет :wasntme:
     
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Потребата да се биде со некој е поттик од заедничките интереси, сфаќања и ставови за животот. Доволно е да постои меѓусебна привлечноста за да се започне врска.
    Можноста подобро да се запознаеме е патоказ кон заљубување.
     
    На crazylady, joy1 и kjukli им се допаѓа ова.
  11. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Не е потребно, дефинитивно :smirk:.
     
  12. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    И самите влегуваме во врски без љубов. За забава. Чисто за хранење на егото. Некои го прават тоа за да не бидат сами. Некои, од чиста досада. И што знам, мене тоа не ми е толку лошо. Повеќето од тие врски подоцна ги сметаме за грешка, но каков ли е тој живот без грешки.
    Досаден. :nod:
    Се е во ред додека сме млади, барем според мене.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Љубовта е потреба. Љубовта е една од малкуте базични мотиви кои го водат човекот низ животот. Незнам како вие го сфаќате тој концепт - ЉУБОВ. НЕ, не е потребно да летате по некој и да ви се врти животот околу една личност. Тоа е незрела љубов - најчесто во млади години секој од нас барем еднаш ја доживува. Но, да САКАШ, да се грижиш за некој, да имаш потреба од одредена личност, од нејзината блискост, присуство .ТОА ДА. (зборувам општо не за да фатиш некој - тоа може да се случи од безброј причини/)
    Јас не познавам човек, кој никогаш во својот живот не почувствувал љубов кон друга личност. Тоа е едно од малкуте работи кои ги имаме буквално програмирано во нашата структура како човечки битија.
    Е сега, да те прашам што мислиш под тоа ‘‘ТРЕБА‘‘ ... Треба од аспект на лична добросостојба или повеќе како морална дилема?
    Затоа што ако зборуваме за лична добросостојба, никогаш не е соодветно да употребиш збор како ТРЕБА, ништо не треба, се е релативно и зависи од склопот на личноста.
    За некои личности, да се биде со некој кој релативно малку се познава и нема силни чувства е просто незамисливо (иако тоа денес ретко се среќава) и обратно има личности кои се по отворени кон нови искуства.
    Само едно е сигурно, долгорочна врска не може да има добро влијание врз личноста, ако таа не е вљубена. (секако на начин на кој умее самата личност да сака.)
    Ако сакаш да зборуваш од морален аспект тогаш зависи од секој нас - кои морални вредности ги почитуваме и како ги сфаќаме.
     
    На Olli28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.093
    Допаѓања:
    17.287
    Јас мислам дека љубовта доаѓа после стапувањето во врска. Најчесто врските почнуваат кога постои взаемна привлечност, она што би се рекло хемија. Потоа заедничи теми за разговор, слични интереси итн.
    Со тек на време тоа прераснува во нешто посилно, во љубов.
    За да започнеш врска не е потребна љубовта, но за да трае е неопходна.
    Не верувам во љубов на прв поглед и сл работи. Сметам дека за се е потребно време, па и за ова.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.363
    Допаѓања:
    77.725
    Пол:
    Женски
    Баш сега ми падна на памет едно прашање и не знаев дали да отворам нова тема но кога ја видов оваа си реков дека најдобро е овде да го поставам прашањето. Знаеме дека е најдобро да бидеме во врска со некој кого го сакаме и кој не привлекува и физички и карактерно, но дали е океј да се биде со некој кон кого немаме емоции но со него ни е убаво, забавно, се разбираме и од кој добиваме многу љубов. Што мислите?
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    51.358
    Пол:
    Женски
    Не.
    Не чини да залажуваш никого.

    А и љубовта никогаш не смее да биде просечна.
     
    На theowndemon и vitamina им се допаѓа ова.
  17. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Ponekogas moze podocna da dojdat emociite no dodeka ne dojdat ne e dobro da se vleguva vo vrska, ostavete na vremeto dajte si prostor za poveke druzenje i zapoznavanje, pa koga ke se pojavat emocii, koga ke pocustvuvas deka ima hemija megu vas togas e vistinskiot moment da vlezete vo vrska, mislam deka ako se rodi ljubov megu dvajca koi pret toa se druzele nekoj period moze da porasne vo golema ljubov,vistinska i trajna, pred se vakvite vrski imaat golema pocit megu sebe,razbiranje i doverba koi se najbitnite raboti vo edna vrska za da opstane, ljubovite so prikazna se najslatki ljubovi :)
     
  18. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Да, затоа што животот без љубов е како огнот без топлината.
    (без разлика за каква љубов се работи, дали кон спротивен пол, ист пол, дете, родител, пријател, другар/ка, држава, нација, уметност. музика, струка, работа...љубовта е насекаде присутна само затоа што ни е неопходна- за да не смрзмене):D
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.887
    Допаѓања:
    218.207
    Пол:
    Женски
    Љубовта е психичко неопходно чуство, и тој што не верува дури, еден ден со дотичната личност што не ја љуби ќе ја почуствува оваа неопходност и тоа како ќе му биде потребна низ животот.

    Многумина размислуваат дека дали по биолошки часовник или пак по материјалност, дури и по добрина и нежност од дотичната особа би можеле да живеат на тој начин со надеж дека еден ден ќе се заљубат, но подоцна и самите сваќаат дека со сила убавина не бидува.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    322.367
    Za mene ljubovta e dvigatel.
    Posle neuspesen dolgogodisen brak bez ljubov uvidov deka toa za mene e izmacuvanje.
    Sega po niedna cena ne bi dozvolila da zamre ljubovta.
    Se trudam i jas,a gledam i toj.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.