Живее во Германија и доаѓа тука на 2 месеци отприлика и во последните 8 месеци кога доаѓал секогаш се случувало нешто помеѓу нас.Кога беше тука последен пат пред еден месец решивме да бидеме во врска на далечина и да видиме дали ќе ни успее. За сега нема некои големи проблеми и супер иде. Прашањето ми беше : сега во октомври имам шанса да одам кај него и моите немаат проблем со тоа само не знам дали е тоа сепак правилно да се направи со оглед на тоа што имам 17 години и дали да гледам на тоа како шетање и нови искуства и тест за да видам како би функционирале заедно 24 часа на ден или да го сметам за избрзување и нелогично. Од друга страна, самата врска е пресериозна уште од првиот ден на фаќање со тоа што се обврзуваме и дозволуваме да се препуштиме на овој чекор ама пак имам дилеми околу целото идење..
Види и ја имам 17 години и во ваква ситуацијаа би одела,негледам зошто не.Според мене нема тука избрзување па ти не се венчаш со него само одиш кај него на гости како кај другарка/другар
feminium - оди како девојка, а не како другарка на гости ! Од моја гледна точка-супер размислуваш за 17 годишна девојка. Со такво размислување многу нормална реакција од твоите што не се противат да одиш кај него. ( Во смисла-голем број девојки би се летнале без никакво размислување дали е исправно или не. Еве и девојката што пишала горе одма би одела она ). Така да, размисли убаво и ја верувам дека ке ја донесеш вистинската одлука Млада си, паметна си....мислам дека сега моментот е да си сигурна дека еден ден нема да си викаш- зашто не отидов, требаше, или да си викаш - не требаше да одам. Тоа би бил мојот совет. А он секако доаѓа на два месеца.... Поздравче
Јас не би одела да сум на твое место,ама како што потенцираа другите феминки дека 17- годишна девојка би отишла,а јас размислувам како 21-годишна(дека и да е 22-годишна). Не знам дали моето конзервативно мислење се должи на домашното воспитување... Ама ако твоите домашни ти дозволуваат,во ред тогаш
да да нормално дека оди како девојка поентата ми беше да потенцирам дека оди на гости- ништо ненормално
Mногу добро што твоите родители ти дозволуваат ,ако мислиш дека треба да одиш ако имаш силна потреба оди,јас не би издржала да не отидам да го видам да го гушнам,бакнам .Kога имав врска на далечина моите немаше теоретски шанси да ме пуштат,тогаш и визи требаа за одење ,а моите денес се каат за тоа .Tвоја е одлуката,ако решиш да одиш,убав помин