Ги знате оние врски што се 4-5-6-7години и кога ке стапат во брак им пука филмот и им се смачува од што ТРПЕЛЕ се и се разведуваат со светлосна брзина ? Епа еве го одговорот дека не се ТРПИ , плаче , кука , моли за никого !
Јас кога сум во врска можам да трпам и трпам многу но ако дојде до тоа да ми пукне филмот, тогаш морам да ставам крај. Тешко ставам крај, но кога ќе одлучам нема назад.
Како и сите, така и јас си имам принципи и граници. Ги почитувам туѓите но и барам да бидат почитувани моите. Не дозволувам партнерот да не ми ги почитува ставовите, мислењата и принципите, ниту пак да ми ги поминува границите. За трпење па муабет не правам. Јас едвај сама себе се трпам а не па да трпам туѓи каприци.
Па баш не Има некои работи што неможат да се трпат како на пример психичко физичко малтретирање, неверсто тоа веќе не е љубов. А некои ситни, безначајни работи како карање, лутење тоа може да помине.
Не знам уште колку да го чекам. Еден месец како сме разделени, вика дека сака да ме види, но не ми се јавував на телефон. Јас трпам и тоа многу, но ете ова ја премина секоја граница. Сакав да му се јавам ми е страв да не не ми се јави, така да не знам... Сакам да разговараме како што треба, но не може со некој недораснат да правиш сериозен муабет !
машките секогаш ќе останат недораснати, ни пак сваќаат болка затоа што тие секогаш повредуваат, на таквите им посакувам некои женски што "жеден преку вода ќе поминат" па можеби тогаш да им дојде умот, затоа не си се мачи ти, ако тој те побара крени му договоретесе зборувајте за тоа што останало нерешено, и крај..
Во мојата прва сериозна врска и тоа на далечина трпев се, од отсуства до лажење и понижувања, се додека на крај не ја прели чашата. Мислев дека ако трпам и не се противам ќе биде се во ред се додека сама не ставив крај. Не вреди искрено. Ако некој ве сака и цени нема да дозволи да страдате. Едноставно е. Во секоја врска има кавги, никаде не е розево, ама постојат граници на нормала, треба да се знае кога е доста. Ако го научите на простување и попуштање тој ќе се навикне на тоа.
Да сум во тинеџерски години би трпела бидејќи поминав доволно време во тие тинеџерски години, молење, трпење, итн.. Со овој памет сега не би трпела, нема шанси. Ако се работи за вистинсиот можеби би би трпела.
Не. Не би трпела ни малку. Бидејќи не е поентата да трпиш, поентата е да бидеш среќна. А ако не те прави среќна едноставно што ќе ти е?
Јас трпев додека бев со него и се уште трпам, има веќе 2-3 недели откако се разделивме, и секоја вечер ми пишува на фб, имаше период од 5 дена кога го немаше, сега повторно пак, можеби тој од досада тоа го прави, а јас се уште имам чувства за него и му враќам, а тоа страшно ме повредува, но ете........ слабачка голема сум и со тоа не можам да го заборавам. Но во секој случај мислам дека не треба да се трпи, бидејќи ако се има љубов нема потреба некој ,некого и за нешто да трпи, туку ќе биде среќен со него.