Кратко и јасно НЕ! Не се мери и пресметува љубовта,по тоа колку човек трпи за истата. Всушност,многу личности кои "слепо" се вљубени самите свесно се казнуваат и само-повредуваат,затварајќи очи пред реалноста на пример насилство од партнерот,исмејување на физички изглед,неверство,психички навреди и тортура и ред други фактори... Ќе кажам дури и дека подобро е да бидам сама и несреќна,одколку со некој кој на било каков начин ме повредува,колку само "да се брои" дека имам некој крај себе. И секако тука не мислам на оние ситни проблеми и препреки низ кои минува секој еден пар во развој на својата врска,туку акцент ставам на погоре наведеното.
Сеκогаш за исκρена љубов се потρебни двајца κога двајца се саκаат може сеκоја пρепρеκа да се помине во вρсκата или бρаκот слогата и љубовта се најдобρи паρтнеρи ама јас за жал κасно го сватив тоа слушав дρугаρсκи муабети и се отκажав најголема гρешκа κоја κасно ја сватив ама отиде се испρлја обρазот назад нема стаκлото аκо се сκρши еднаш и да го залепиш се познава
Трпам трпам.Ама насилство и физички и психички да ме малтретира, омаловажува НЕ. И тој трпи нешто, трпам и јас за да опстаниме.Ама, ми пука и мене филмот.Еден ден ќе пукни ако трпиме многу, макар и да не е насолство и слични работи.
Ако ТРПАМ нешто.. значи дека нешто не чини. Нема зошто да трпам нешто што не сакам. Ниту е љубов тоа, ниту брак, ниту врска.. Ништо не трпам веќе. Помина времето кога бев глупава
НЕ! Не вреди просто, според мене. Посебно ако таа љубов би ме разделувала од моите, од другарите и највеќе од моите интереси. Ништо не би трпел заради љубов повеќе. Се си има граници.
Не е љубoв дa трпиш.НЕ.Акo дoјде дo нaсилствo не е oд љубoв.Акo oмaлoвaжувa не е зaрaди љубoв.Акo изневерувa не е oд љубoв.И претерaнoтo прoстувaње не е oд љубoв.Сетo oвa немa врскa сo љубoв aми нељубoв.
Ако почне со фаќање за врат како што пишала девојката која ја отворила темата, ќе биде се полошо. Нема спас. Сите се тешат ќе биде подобро, ама ако почне со пиење нема шанси.
Ако се работи за физичко или психичко насилство , не . Ако се работи за оддалеченост поради работни обврски би трпела , ако знам дека и тој би трпел . За да биде успешна врската/бракот , треба двајцата партнери да вложуваат во истата .
Би претрпела МНОГУ, но не знам дали СЕ. Имав токсична врска претходно и трпев неверства, едно 7 пати знам со сигурност дека ме изневери,а сигурно има и уште. Трпев понижувања,омаловажувања,забрани за шетање и дружење дури и со женски.. Ми ги имаше пасвордите од сите социјални мрежи и беше премногу љубоморен и параноичен. Сонувал како сум го изневерила со некој тип и отиде да провери дали го имам за пријател на фејсбук.. До толку не ми веруваше. Воопшто не ме почитуваше. Сега имам друг дечко. Далеку е подобар но и јас повеќе внимавам. Имам разбирање за тоа дека некогаш нема време да се видиме и не му се лутам, не му одам контра иако се нервирам бидејќи цел ден сум чекала вечерта да се видиме. Многу нешта не споделува со мене и свесна сум за тоа и колку и да ме интересира не прашувам и не притискам затоа што сметам дека со тек на време самиот ќе ми каже (релативно кратко сме заедно,околу 1 ипол месец). До сега не ми се развикал или пак да ме навредил или повредил на било кој начин. За ваков човек би претрпела и повеќе од што трпев со бившиот но сепак ваквите луѓе како дечко ми нема да ми наметнат јас да трпам нешто или се да се сведе на глума или било каков тип на психичко малтретирање и измачување.
Не би трпела се за љубов. Има луѓе што не знаат љубов што е, и колку и да нудиш, даваш, трпиш, толку појќе ќе ти се качи на глава. Не сакам ни да ме трпи некој ако сум идиот и неподнослива, така и ја не сакам да трпам некој колку и да се сакаме.
Дефинитивно не. Ако нешто кај некого не можам да ПРИФАТАМ нема шанси ни да останам со него па колку и да го сакам. Тоа не би било ни љубов ако стално се нервирам ,трпам и нешто ми смета кај партнерот - исто и од негова страна. Некои работи не се менуваат - или ќе ги прифатиш и ќе живееш така или не, трето нема.
Да трпам оти е отсутен од дома недела дена поради работни обврски, ок... ама да трпам да не си иди дома недела дена оти така му свирнало, не. Зависи што подразбирате под 'се'.
А што се подразбира под СЕ? Малтретирање сигурно не би трпела. Па колку и да го сакам. Болна љубомора исто така. Да не се прибира дома со денови, да се пијанчи по кафани. Да ми ги чепка болните точки. На друго не ми текнува.
Би трпел свашта се додека ми е лојална и ме цени.... ако за Љубов не вреди да се бориш, за што вреди ? За пари , моќ, слава ,, ? Љубовта е се.