Дали згрешив?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Msslovepoison, 28 ноември 2009.

  1. Bise

    Bise Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    По мое лично мислење, ја мислам дека типот воопшто не те ни сака. Да појаснам малку : Во нашава мала државичка сеуште постојат мачо мажи, кои се водат по некои си стари турски сваќања дека цел живот имаат право да бидат со различни жени, меѓутоа, нели треба и да оформат фамилија и тоа со жена која што е мирна, домаќинка, седи дома, ги гледа децата и служи како пример во градот за добра сопруга. И затоа, таквите трагаат по такви девојки, мирни како тебе кои не прават глупости и кои можат да простат неверство. Верувај, колку и да звучи нереално, кај нас сепак постојат мажи со вакви размислувања, дека жената е добра само за во кујна и кревет. Нешто слично како во старооо кинеско или јапонско време(не знам каде точно :) ) кога мажите имале жени, а сепак оделе со таканаречените гејши и куртизанки, а нивните жени го знаеле тоа. Ова е само мое лично мислење и знам дека е обесхрабрувачко, меѓутоа, не смееш да дозволиш некој да те омаловажнува и да те третира како подолна од него. Позз
     
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    823
    Се изначудив значи колку сурови луѓе постојат или да не кажам искомплексирани па уживат кога прават некој да се осека мизерно.И јас сум за тоа да и се каже вистината на девојчево, дека е мало и избрзало, но да се нарекува магаре и дека ќе биде мизерна цел живот е премногу. Значи едниствено нешто кое неможеме да го смениме е смртта, додека сме живи ке правиме грешки и ќе се бориме.Затоа не правете се безгрешни и идеални ви се молам! А ти душо престани да бидеш опседната со минатото. Тоа што е поминато е поминато. Размисли убаво во кој правец сакаш да ти се одвива животот. Ако ова е тоа што го сакаш труди се да ви успее бракот. Дека си мала си мала. Но моја другарка се омажи на 18 исто и ете веке 7 години е во убав брак со едно детенце. Животот не е бајка, бара многу откажувања, особено кога си во брак, но љубовта е основа на секое постоење така да ако го сакаш ќе ви успее. Искрено се надевам дека и тој е искрен и те сака, сите правиме грешки, правел и тој, но заслужува да му дадеш шанса да си го средите животот.