Дали изневерувањето е изневерување ако не се дознае за него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Lola-R, 25 декември 2012.

  1. Lola-R

    Lola-R Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    До сега седев со една другарка,дечкото ја изневерил....и и рекол не требаше да дознаеш..
    Нема извини,така ми дојде,не требаше...или слично.Него ти не требаше да дознаеш....Мене ми изгледа дека не му е ни жал за тоа.Во врска се 2 ипол години.Ви се десило ова вам...Сте продолжиле понатаму?Како?
    Имаат поминато многу заедно и на Ина само ова и фалеше...
     
  2. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Дали тоа што ти седиш дома покрај топол камин значи дека надвор не врне снег? Поздрави ја другарка ти, слични кретени има насекаде околу неа, а две ипол години споредени со цел живот се ништо..еден ден на нив ќе гледа како на миг.
     
    На buuuce28, M.V131993 и Lola-R им се допаѓа ова.
  3. Blue.Ivy

    Blue.Ivy Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Безразлика дали ќе дознае или не, изневерување си е изневерување. Колку покасно ќе разбере, толку повеќе ќе боли, а такви работи порано или подоцна си излегуваат на виделина. Кретен!
     
    На Anushka555, iloveyou29, macula.93 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kikisliki25

    Kikisliki25 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Kazi i na drugarka ti deka e srekna shto ima barem vistinska prijatelka kako tebe i shto ke i pomogne da go prebrodi ova.. Istoto mi se ima slucheno i mene samo shto jas nemav nikoj do mene ... Vremeto lechi se, od sopstvenite greshki se uchi i pa na kraj kraishta bolje sam i sreken nego so nekoj shto te pravi tazen :)
    [mod-kirilica:1ga6fj4l][/mod-kirilica:1ga6fj4l]
     
    На Lutka® му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Секој што изневерува знае што прави и што ризикува. Немој никогаш да се сомневаш во тоа.
     
    На Anushka555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.887
    Допаѓања:
    11.280
    Пол:
    Женски
    Ех не било изневерување ако не се дознае од вакви машки значи :puke: и убиство е убиство без разлика дали ќе биде осуден сторителот или не ... Не знам каква е ситуацијата на другарка ти а и врската , многу врски преживеале неверство но прво што ми смета е ставот на дечкото како да не се кае , човечки е да се греши но ако навистина ја сака би требало да се кае и да го покаже тоа , не можам да кажам што да прави другарка ти , таа сама треба да донесе одлука и да процени дали после ова ќе им успее врската. За некои врски вреди да се бориш ама за некои не вреди ама ич.
     
    На glorijaMKD и M.V131993 им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Хаха, секако дека е. А искрено не знам што да кажам за тие личности кои го прават ова и си го рачунаат дека не е неверство се` додека не се дознае. Каде им е совеста, како мирно спијат навечер...стварно не сфаќам...

    Иако јас мислам дека тешко поминува нешто неоткриено на крај. Од аспект на маж, не знам, женско сум, ама од аспект на жена ќе речам дека не треба да се потценува женската интуиција. Биди професионалец во криење докази, ако жената почувствува нешто, ќе најде начин и ќе дознае, порано или подоцна. ;)

    Јас не би простила, би продолжила натаму, но без него. А БИ ценела и БИ се разделила со него на цивилизиран начин доколку ми каже дека сака да биде со друга, а не да ми спушта ѕвезди, или пак да ги лечи фрустрациите на мене кога не може да биде со швалерката.
     
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Мислам дека не е,тоа ти е исто ако убиеш човек и не те фатат ти си невин. :D
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    За тој што нема грам совест и човечност, не е.
    За тој што верува дека сем овој земниов суд, постои и еден друг суд, од кој не можеш да скриеш докази или да потплатиш сведоци да сведочат во твоја полза, е.
    За тој што не верува во тој суд, а сепак бил учен и воспитуван во духот на вистинските вредности во животот, пак е.

    Ова особено важи за сериозни врски и брак.
     
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Се разбира дека е изневерување и ако не се дознае за него.Изневерување е и да помислиш да го направиш тоа.Според мене кога си со една личност и ја сакаш и те сака нема место за размислвање да го изневериш.Кога веќе помислуваш на тоа,ти дефинитивно не ја сакаш личноста покрај себе,
     
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    7.882
    Ме замисли темава. Работава е демек The things you don't know about can't hurt you. Ќе простиш изневерување ама тешко дека ќе го заборавиш, а тоа полека ке го јаде спокојот во врската. Секако дека е изневерување и дека не може да се скрие, со исклучоци.
    Признавањето е крај; криењето никогаш не е сигурно освен ако не се случило на друг континент.
    Two can keep a secret if one of them is dead ;)
     
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Секако дека е изневерување. Никој не изневерува со надеж дека ќе биде откриен, секој се труди да го сокрие тоа, но и да не биде откриен еден ден тој сепак ќе остане човек кој ја изневерил својата партнерка.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Според мене доволно е што самиот знаеш дека си изневерил. Копкањето и каењето се доволна казна.
     
    На Madam-A и srcence1607 им се допаѓа ова.
  14. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    А како може да не биде? :?:
    Како што крадецот си останува крадец дури и ако не го фатат, и убиецот-убиец, така мислам дека и изневерувачот си е изневерувач, дури и да не се дозна за тоа.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Тоа "не требаше да дознаеш" е полошо од самиот чин. Тоа значи дека он не се ни кае за стореното, се кае само зашто го фатиле. Работава испаѓа извини што дозна, ама не извини што сум го направил тоа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Изневерувањето си е изневерување, без разлика дали за тоа ќе се дознае или не. Се чудам на оние кои што изневериле и се однесуваат како ништо да не се случило, иако веќе се дознало за тоа. А на оние што биле изневерени, јака им душа :x само тие си знаат како е.
     
  17. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Изневерување е ако го направиш. А, самата помисла на изневерување не доведува до малата стабилност на врската. Еднаш изневерил - тоа и другпат ќе го направи или бар помисли
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.770
    Допаѓања:
    99.873
    Пол:
    Женски
    Јас не ја разбирам смислата на ова прашање.Секако дека изневерувањето е изневерување без разлика дали за него знае само парот кој го направил тоа или цел град.
    Ако некој сака да се сокрие под наметката инкогнито,и да си врцка лево и десно ,а се надева дека ако никој не знае (а само си мисли дека никој не знае),ќе го оправда своето однесување, се лаже.Многу се лаже!
     
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Работава ако те мавнам со лева, а сум деснак, дали се рачуна??
    |(

    Секако дека се рачуна, и финтата во изнерверувањето е фактички да не се дознае. Никој не изневерува па разгласува.
     
    На Lutka®, cresa-jagoda и Serafima им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Секој изневерувањето се обидува да го скрие, јасно. Дали ќе се дознае или не тоа е веќе друга работа, но изневерувањето си е изневерување без разлика дали ќе се дознае.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.