Само да кажам дека баш ми е мило што сте разговарале, и што сте пак заедно. Сега памет за друг пат. Не ги прави истите грешки
HhhHh....Reseno e veke i znam kako i sto se slucuva i koj mi misle dobro a koj loso...Poveke na nikoj nisto ne kazuvam i na nikoj nisto ne veruvam.. pozz
Hmm....toa e toa site gresime samo nekoj porano nekoj podocna sekako toa vlijae kako ke si ja svatis greskata,ako si pogolem nema da prodolzis da ja povtoruvas ako seuste si nesozreana nema da ja razberes posledicata od istata nikoj ne e idealen i od greskite se uce ,bilo so bilo toa pominalo ostavi se vo minatoto i prodolzi ponatamu samo vnimavaj za nareden pat da ne gi povtoruvas istite greski ako si veruvas na tebe deka go sakas i deka te saka ne veruvaj vo drugite,a sekako za da ne mu veruvas sig ima nekoja pricina nemoze samo taka....sig nes te izlazal ili slicno....toa e zivotot ne e interesen bez problemi i sekako ide dalje pozdrav
Се согласувам со Дарки, но сепак ние не можеме да ти кажеме дали тој те сака! Кога ти самата не знаеш ние од каде би знаеле?? Можам само да ти кажам дека си во тие години кога ги слушаш другите и мислиш дека ти мислат добро! Епа верувај дека никој на планетава не ти мисли добро освен родителите, а и тие понекогаш грешат со своите мисли!!! Рано е за да си го слушаш срцето, ни тоа сеуште не знае што зборува, но не е рано за да си го живееш животот без премногу размислување и секирање! Премногу си млада за да мислиш на сериозни врски! Уживај во младоста и користи ја секоја шанса!
он никогаш ми нема кажано "ТЕ САКАМ" но со овие неколку работи што кје ви ги кажам што мислите ме сака ли? (инаку се гледаме подолго време, но сеуште не сме во врска онака официјално, но исто ко да сме) ме запозна со неговите, и јас со моите ме гушка пред сите,ми кажа некој работи што го правел во минатото што фино лепо можел да ги сокрие од мене но несакал ми кажува дека сум му влегла во срцето за брзо време.. ми кажа дека сакал да спие со мене, а не нешто поише да прави, туку само да ме гледа како спијам до него, секогаш коа сме заедно или кога збориме на телефон се смееме не искача само за јас да не му се налутам (иако не се лутам), малку е љубоморен.. хм, што ли друго? никогаш се неаме скарано
Абе со машките богами да ти кажам да не знаеш на што си.Такви се малку забегани како и ние исто. Така да не гледај дали ќе ти го кажува тоа со зборови,тука делата се важни. Карањето нема врска тука.Ако се сакате и ќе се карате.Гледам дека многу работи ти изнакажал и сл. Не знам само ти можеш да го процениш дали кажува вистина или сака да те мота. Инаку за ова дека сакал само да спие со тебе-чисто сумњам! Ма немој да ме јебеш бре кое машко може да издржи така. Јас а му спомнам на дечко ми ми се спие вика да ти правам друштво,ама што ќе правиме? Да де да си праша човекот. Еее забегав знам.Ама гледај да ја кажува вистината за повеќето работи и делата се важни. Не кажал те сакам,па и мојов такаречено никогаш не вика те сакам. Нека покажува дека те сака,инаку полошо е да ти кажува дека те сака,а ни трага ни глас од тоа. И ако сте малку време заедно,почекај,не избрзувај.
девојки и мене ме мачи мислата дали момче кое е во моја близина има некоја реална намера со мене (п.с. нема шанси да зборувам со него) од секогаш беше покрај мене, голем дел од времето го поминувавме заедно, сите среќни,а и тажни моменти ги делевме под еднакво. Знаеше да ме фати за рака, секогаш да ме утеши, да ме одбрани, односно да биде на моја страна секогаш. Понекогаш беше љубоморен, па ме правеше и мене љубоморна за да види како ќе реагирам. Тешка сум на заљубување, бидејќи имам вишок килограми и не верувам многу во такви работи дека може да ми се случат на мене. Момчето е фраер, убав е фин, па затоа ми беше чудно зошто баш тој така се однесува према мене. Уште на почеток знаев дека не треба да се вљубам, но тие три месеци поминати со него беа чудо. Сите ни велеа дека не обрнуваме внимание ни на пријателите ниту на ништо и јас се променив и тој. Почна да учи, беше понасмеан и постојано грижлив према мене. Знаеше да ме фати за рака, да ме прегрне, да ми каже што мисли за мојот денешен изглед, да побара да сум со него, да се шегува со мене, па дури и да ги откачи другарите само за да остане уште малку со мене, знаеше да ми подари цвет, да ми подари некој негов предмет ако кажам само дека е многу убаво веднаш велеше- задржи го, нека биде твое.Така ни мина година и пол. а може и повеќе,па јас почнав да се однесувам како што и тој се однесуваше према мене до тогаш,но тогаш тој почна да се оддалечува се до моментот кога не ми рече дека сака да му ја местам мојата најдобра другарка на нова година. Од тогаш почнав многу да го мразам, навистина не беше убаво тоа од негова страна, бидејќи и тој ми се удвараше постојано како да ме сака, баш на тој начин, а јас во општо и никогаш ништо не побарав од него, не му ставив пиштол на чело за да го казнам, дури и ја прашав другарка ми дали сака и си ги погазив моите симпатии и среќни мигови. Неможам ништо да сватам што се случи, сега постојано го одбегнувам, цела година не зборевме и пред месец ми прозборе, почнува се исто како на почеток, но го мразам , со секој изговорен збор од неговата уста ми се гади, се чувствувам одвратно,незнам зошто... Ништо неможам да сватам зошто така постапи баш со мене, кога ниту го сакав ниту ќе го засакав ако сам не си дадеше повод, а мене да ме добиеш ти треба време и време, чуда и чуда... Но едно знам, дека нема никогаш да му дадам шанса за ништо... советче ...
znaci bev vo sosema ista situacija no mene ne mi rece da mu ja mestam mojata najdobra drugarka tuku mi se dodvoruvase postojano i potoa i rece deka ja saka nea i on vsusnost preku mene sakase da stasa do nea :3 a sega ti da se odnesuvas kako nisto da ne bilo..ni slucajno da ne pokazis nervoza pred nego bidi fina i se naj..ke te zasaka i potoa koga ke ti go kazi toa nasmevni mu se i reci mu jas koga te sakav trcase po neaa sega?! epa dragi moj krugot se vrti..nekoi sakaat a nekoi patat i potoa e obratno no toa e.. Da me izvestis sto ke napravis a ova ti e moj sovet ajde pozdrav
Читам читам,ама не разбирам..Имало нешто помеѓу вас,значи бакнеж,мување,секс? И како љубоморен он ако не сте биле ништо,оти како што разбрав сте имале само спонтани моменти...Пошто да глуми другарство за да стигне до твојата другарка би разбрала(не би оправдала),ама ако сте имале нешто па он така се испонашал,тоа воопшто не е во ред и би те советувала да прекинеш секаков контакт со него. Ај дообјасни некако..
Прво не дозволувај да си имаш комплекси заради изгледот Инаку зашто мислам дека сака да се прави женкар? Нешто така го разбирам ова.. Или па да ја прави другарка ти љубоморна или тебе?
Не, меѓу нас немаше ништо специално, но постојано си се однесуваше како да сме заедно. Неколку пати демек по грешка ме бакна во уста на кратко, знаеше да ме фати за рака кога и да посака, да ме прегрне, да се шегува со мене, да ми дава храброст, да се труди да ме насмее, да ме расположи, да ги отфрли сите и да им се спротистави на секој само за да ме заштити. Јас уште на почеток знаев дека не треба да подлегнам на сето ова, после една година постојано се случуваа овие работи постојано, неможев да издржам и ми се допадна...
Штом сте биле толку блиски да е сакал нешто повеќе од другарство веројатно би ти кажал. Според мене типот е женкар и сигурно не си ти првата разочарана од него. Незнам како си дозволила повеќе пати да те бакне во уста. Зошто не разговараше со него ? Зошто не го праша ? Мое мислење сама си си крива што си дозволила да стигне до овде. Ајде продолжи напред, тоа ти е само една животна лекција, се надевам извади поука. Што се однесува до килцата не бери гајле тоа не е некој проблем, не дозволувај тоа да ти ја руши самодовербата и да мислиш дека никој неможе да се загледа во тебе.
Па како се случувале тие работи,а ти не си му кажала, цела година си изгубила,си била занесена,цело време си мислела дека нешто ќе бидне... А штом не биднало,сега дигни самодоверба,престани да мислиш на него и продолжи си со животот.И не дозволувај некои женскароши да те залажуваат со 2,3 убави реченици,се познаваат таквите,само ќе завршиш повредена.
Дечкото ти рекол мала си за .. плачел за тебе.. ти се сомневаш во тој со солзи во очи те бакнал искрено да ти кажам ако се откажал од тебе тој бил во право, мислам сакам да ти кажам ретки се машките што плачат и не му работи мозоко знајте каде ама ти си била таа што раскинала со него зато биди силна и сносисе со последиците
Ако не си заинтересирана ако несакаш да му дадеш шанса зошто бараш совет, не сум баш сигурна дека не чуствуваш ништо, размисли уште еднаш те молам, можеби да е знак на мала љубомора во моментот кога ти рекол другаркати да му ја местиш (така сватив јас)
Како да ме засака ? Значи вака девојки пред да започнам со мојата приказна да ве известам дека сум нова на форумов Е сега вака... Значи пред 2 години од прилика започнав во гимназија 1 година и почна да ми се допаѓа еден братучед на другарка ми. Но другарка ми кажа дека и јас му се допаѓам него па така започна се. Секој ден и зборуваше за мене се додека еден ден не отидов на спиење кај неа и се видов со него но не се смувавме. Потоа тој се фати со една другарка (не многу блиска) но и покрај тоа ја прашуваше другарка ми за мене, се додека една вечер се смувавме. Од тој ден јас почнав да се здружувам со женска му и станавме добри другарки. Тој не престана да и зборува на другарка ми за мене. По кратко време тие се скараа. И во текот на тие 2 години тој само и зборуваше на другарка ми но не правеше ништо. Но ова лето се случи нешто многу неочекувано. Бевме излезени заедно и едно момче на кое му се допаѓам цело време ме гушкаше пред него а тој и рекол на другарка ми дека не сака повеќе збор да слушне за мене. Се до почетокот на август кога ја викнал и и рекол дека ме сакам многу но заради тоа момчето не можел да ми каже таа вечер дека ме сака и дека сака да сме заедно. Сега сме во ист клас но тој не прави ништо а јас го сакам многу.. Ссекогаш се гледа во мене но ништо.. Каже те ми како да знам дали ме сака или како да ме засака?? Ве молам девојки потребн ми е ваша помош..