Како да ме засака ? Ти ова сериозно или се зебаваш.Се фатил со друга сте станале другарки и прашуваш дали те сака! НЕ ТЕ САКА и толку.
Како да ме засака ? Или те сака некој или не. Нема тука правила и филозофии. Зошто тогаш сте останале на мување? Да те сакал, ќе се потрудел повеќе да продолжите да го развивате односот, а не да се фати со друга. Помири се со тоа и ако повторно те бара, не му дозволувај да бидеш втора.
Епа вака. Прво ми се засвиѓа еден и се поише и поише почнав да го засакувам (тоа се случи пред 2 години на турнир додека идев и погледот од него не го тргав) и имав голема желба да го гушнам онака силно неможев да се стрпам многу го засакав.. и една другарка му пиша на него на фб дека го свиѓам ама ми било срам да му пишам.. .-_- и му плесна: да ти ја местам? и овоја одговори: кк не ии многу се разочарав а инаку тој е првиот што го сакам (секако пред тоа имаше други ама детска работа беше тоа само сипматии) сега имам 15 години само што наполнив.. и покрај тоа разочарување уште го сакам и после една другарка што му е братучетка барем така ми кажа, му пиша ау бау за таа претходната „другарка“ шо му зборела го прашуваше а тој и рече дека не се допишувал со неа :О и му пиша неколку пати му нагласи дека го сакам и тој само смајли напиша и му вика оваа не ти чини смајливо и му вика ке праименешо? и овој одговори „незз xD „ о.О лелее и помина долго време и после дојде другиот турнир значи следното лето а пред тоа го глеав низ автобус и кај мене еднаш го сретнав како излага од маркет лелее ке ми пукнеше срцево.. и после на турнир една друга другарка на едно девојче и вика да му кажела а јас и викам не онака лута а оваа да му каже и овој и рекол а да ја знам и кога му кажала те свиѓа а не те сака овој рекол е ако убаво :/ м,ногу чудно, али уште го сакам и тоа премногу ( а тој со една м,оја другарка со ми се праеше таа уффф се смувале и тојх пред некоја недела бил тука кај нас у школото го виделе у темница ) незз што да правам инаку јас немав храброст да му пишам и другарками м го зема телефонот и му пиша од мој фб здраво и тој не вратил немаше ни сеен и после точно една недела ми враќа здраво срце ... и јас му пишав шо праиш и овој ости сеен после неколку дена и не ми врати па од нервоза го избришав си реков не ми треба али уште го сакам :// што мислите вие за ова ? дајте ми некој совет плсс
Како можеш да го сакаш, а го немаш осетено? Ни допрено, но почувствувано. 15 години имаш, хахахахаха извини ама смешно ми е бидејќи твоево е стварно детска работа. Неможеш да сакаш некого ако немаш остварено контакт, ако немаш бакнато или почувствувано. Тоа се само симпатии кон него. Мислам дека незнаеш што е уште љубов. Од друга страна, дечкото не сака да биде со тебе. Е преку другарки ќе се кажувало, детска работа. Можеш сама, можеш! Сама кажи му. Ама мислам не е заинтересиран за тебе.
Прво се изнамачив додека прочитав, другарки, братучедки, па другарки на некое девојче абе каша попара. Браво бе голема!! Порано била детска љубов , а оваа на 15 години (одвај) е вистинска. Море деца седнете учете не туку се замлатарувајте. Девојче ептен те сака, од што многу те сака па се смувал и со другарка ти за да ти се приближи. Не си прави Бајрам (Амди) на мозокот.
Он упорно ги игнорирал стројниците од твоја страна,нема ниту ти пријдено,ниту ти пишано и се смувал со твоја другарка. Изгледа не ја размислуваш како што треба кога прашуваш дали те сака Не те сака,а и ти не го сакаш,само го симпатизираш. Оди читни книга,ти ја препорачувам Малечката Фадета,таман ќе ти легне со годините.
Aко сањаме или се лажеме те сака ама свет је леп кад сањамо. Сеа озбилно (и искрено) дечкото 1000 пати те игнорирал и мислам дека е крајно време да разбереш дека не те сака. Кажи им на твоите другарки и роднини да не му пишуваат за тебе оти така стануваш се повеќе нападна и досадна. И ова не е некоја заљубеност туку детска љубов која ќе помине.
Феминки мои вака, Најпрво здраво со сите. Шо се однесува до мојо проблем......значи подолго време свиѓам еден тип и мислам дека тој ме свиѓа мене. Секој ден срамежливи погледи упатени со нежна насмевка. Само еднаш си имаме зборнато накратко, ама тогаш првпат се видовме и не мислев дека дотука ќе биде. Арно ама пред 1 сат му го видов инстаграмо каде има слики со женска (значи СО ЕДНА ИСТА, не со куп различни!) а мислам и дека најдов слика кај шо се бацват а сепак осеќам ко да ме сака...... Како стои работата меѓу нас? Шо да напрам во иднина? Можи да одговорите ве мооооооолам мн ќе ми значи
Не се зaмaрaј миличкo и не се трескaј тoлку зa мaшкo , тoј aкo те сaкa сo тебе ќе имa слики a не сo другa и плус млaдa си и убaвa не пaѓaј тoлку нискo зa мaшкo уште сегa дa плaчеш
@sj *O* Од време на време, те читам во темата Што би му кажале? и испаѓа, еден ден се најсупер, другиот ден катастрофа, по што можам да заклучам, а еве сега и по пишаното потврди, дека воопшто не сте во никаква врска или однос и дека затресканоста е еднострана во случајот. Ако тој те погледне или ти се насмевне, тоа не значи ништо. Sorry to break it to you, но ете, не му значиш. И немаше потреба од нова тема, а најмалку да се нервираш и да плачеш пред роденденот. Не ви било судено, не се преоптеретувај, заборави го, најди си друга занимација
Значи од погледи и еден муабет ти дојде до заклучок дека те сака? Види дечкото си има девојка, со тебе веројатно бил само културен. Тоа е се.
Не оди со главата во ѕид. Зборот сака е голем збор и со големо значење, да те сакал тој ќе превземел поголем чекор однеголи два три погледа и одвај еден збор. Не се залажувај сама. Можеби му се свиѓаш, можеби ти се восхитува на нешто или е само добар кон тебе но не те сака.
@sj *O* врти тоа шољата со кафе @baba Rada да ти гледа, да вииме шо ке каже О.о Дејче бе, дали стварно и нова тема отвараш и прашуваш за тип со кој само едно здраво имаш? Не се напнувај со вакви глупости, друго е да сте имале нешто а вака може не те ни знае која си уствари, само непотребно стресови си набиваш... немаш право ни да збориш/мислиш лошо за него очигледно си има свој живот а ти си само некоја што ете го засвиѓала успат. Не вакви стресови, по темава и постов мислам дека си мала и затоа ке ти речам да си избришеш тоа солзи и да не се замараш со вакви работи, имна мн побитни раб за кои ке се нервираш у живот.
Мислев повозрасна дека си... Зарем ова го напиша со надеж дека некоја ќе каже: Нека си има слики со неа ама тоа не е ништо, тебе те сака? Или за да ти олесни, да се испразниш некаде? Како и да е, жал ми е што мора да ти биде соопштено да не се надеваш, не те сака. Но не тагувај, допрва треба да го најдеш тој што ќе те сака. Не се замарај многу заради невозвратена љубов.
Види која дата му се сликите. Да не им е поминат рокот. Прашај го него, отворено, не не прашувај нас, не ве знаеме. Ако има мадиња ќе добиеш некаков одговор, а потоа времето ќе покаже се.
Душички... Па можеби и му се допаѓаш штом упатува погледи, без разлика дали има девојка Не се нервирај, како и да е. Ако има нешто, времето ќе покаже.