Твојава ситуација е многу типична за некое неизживеано машко.Самото хаотично однесување кое тој го манифестира донесува до еден заклучок-тој си игра со тебе и со твоите чувства.Немој да му дозволиш да те лаже,што мајка ќе бара сликата на девојката на другар му.Очигледно лаже!Аи тоа што викаш попален ти доаѓа во 2ч.навечер,тоа ти е јасен доказ дека на друга се запалил и не добил секс,па ај ти будалата ќе му даваш кога ќе му текне .И според мене,сто посто дека досега те изневерил,не се гради сериозна врска со такви машки.Ти си му била само сигурна опција.Жал ми е што се нервираш и страдаш,но таа е вистината,поарно мавни го и понижи го како што си заслужил.Не си ти ничија играчка
Awr-јас не забележав некои други знаци да наведуваш освен неговиот умор од работа заради кој почесто се одмарал дома.И навистина да знаеш дека е така.Темпото е многу брзо и навистина се уморуваш.Јас ти велам да пробаш да го сфатиш-а потоа времето ќе си го покаже своето.Пример кажи му-те сфаќам дека си уморен,ајде одмори па се гледаме вечер ти спремам нешто специјално Покажи дека имаш разбирање и дека го сфаќаш.Битно е дека наоѓе време за да се види со тебе. Кај нас исто -бидејќи дечко ми прв најде работа,нонстоп натаму наваму,а јас едвај го чекав да дојде ,пошто си седев дома одморена,а тој сакаше само да легне во кревет.Му се лутев ама сфатив дека не е така.Особено што кога се вработив и јас трчев прво да легнам Тој ме зезаше велеше-Еее гледаш сега како е кога работиш? Затоа ти велам да не избрзуваш
Е баш ви фала за темава. Јас мислев дека само јас имам вакви проблеми.. Јас имам 3 годишна врска. Со дотичниот веќе една година живееме заедно. Не сме свршени, а како што тргнале работиве ниту па ќе бидеме. Па скоро 6-7 месеци се понаша чудно. Секс не сме имале 3 месеци. Не сме имале никакви односи 3 месеци.. бакнеж во уста онака само... ради реда без јазик без ништо. На почетокот на врската ни беше супер.. секс.. уууф, не можеше да се засити од мене. Ама сега нешто не ми е како што треба. Со мене не разговара, кога нешто ќе го прашам одма се нервира, пасворд на фб смена, постојано е надвор, јас си легнувам тој станува, јас станувам тој легнува.. а порано заедно легнувавме, станувавме, заедно се капевме.. ех.. шо ми се деси прееска... излезе од веце од капење беше скроз гол.. и се покри со пешкир!!! ДА НЕ СУМ ГО ГЛЕДАЛА ГОЛА!! ЈАС?!?!?!?!?!?! Заради него ги изгубив сите другарки... немам со кого муабет да направам... а не знам што да правам.. Мислам стварно не знам што му е??? Постојано е на комјутер, во кладилница, надвор со другарите... иако јас сум сигурна дека ме лаже. Ако пробам нешто да му речам... јас сум ненормална, болна, за лечење... а кога се вселивме постојано ми викаше колку ме сака, колку сака да има деца со мене.. каква ќе ни била свадбата, ќуката... бла бла бла бла!!!! Да му раскинам?? Не можам да разговарам со него... не знам веќе.. имам полудено од него... а таа вештерката што му е мајка.. ме гледа како специјален случај да сум.. со мене ко со дебил се понаша. Мислам дека сите проблеми се од кај нејзе. Доаѓа кај нас.. и само маани наоѓа, а овој мочково, ја подржува. Совет од некој попаметен од мене? Без оглед на се, јас стварно планирам да прекинам со него иако сме заедно 3 години, живееме веќе една година... не можам веќе.
Значи колку се нервирам вака кога некој на почеток ти вика дека те сака, убав му е сексот со тебе, ти се умилкува, убави зборови и шо ти не и како капак на сето ти решаваш да живееш со него, значи без никаква обавеза и тој како преку ноќ се сменува. Па шо ме бре на луѓево. Дај таму седни го зборнете си шо е како е а не вака ти само се нервираш, тој си шета, и шлаг на сето неговата мајка. Па шо има таа ти на неа да не и се допаѓаш. Ако те сака син и таа ќе те трпи па каква сакаш и да си. Немој да се нервираш, туку седни го некој ден кажи му како стојат работите кажи му што ти смета и решете го тоа. А не вака си ја измачуваш душата.
Фала за ова. Ама... не можам да ти опишам бе шо чоек е. Да го прашаш шо сака кајсија или круша ќе ти рече НЕ ЗНАМ. Освен не знам и мајка ми вика... тој не знае нешто друго. Нејзе ја гледа ко светица... мамино педерче.. само нејзините потреби да се задоволени. Ќе не викне на ручек.. и мене ми вика... за тебе само салата а ние ќе јадиме месо и леб и салата. Ко ментално ретардирана да сум. А по негова заслуга, пошо не може да ја одбие, секојден морам да ја трпам и да и се смешкам.. еднаш пробав да му кажам дека не можам веќе да го поднесам нејзиното понашање спрема мене... и дека не сакам некој да ме третира ко да сум дебил.. иначе јас сум дипломирана девојка, која работи во банка, ... освен што за малце ќе ме удреше, ја паркира колата и ме остави на сред улица и си замина со зборовите мојата мајка е светица за разлика од тебе... а пред него сум имала само еден дечко со кој сум била интимна и со кого одев 5 години и тој знае се за него... и се за мојот живот. Значи, сонце, со него не можам да прам муабет. Му викам... што ќе јадиме денеска? шо сакаш да напрам? ... ми вика не знам, прави што сакаш, крши глава! Од ништо никаде, значи од мирно седење, сака да почниме да се караме. А пред 6 месеци тој готвеше, тој чистеше, тој миеше .. јас едноставно бев третирана ко кралица, а сега... и ѓубрето морам јас да го фрлам!!!!!! Копиле!!! Значи стварно почнувам да го мразам... ама најмногу!!!
а малку да бидиш ладна со него некое време да видиш дали ќе реагира некако дали ќе биде рамнодушен? стварно не знам што да ти кажам, почни и ти да излегуваш и игнорирај го малку
Многу да размислиш дали сакаш брак со овој човек. Ако сега немаш живот, ни после ќе немаш. Добро е што живеете заедно и си го видела што сорта е. Плус таква мајка, па од кола ќе те исфрла, немате секс??? Не чини работава, разговарај сериозно, кажи му дека не можеш вака, ако не се смени, ќе си одиш. Ако пак е ист, да си одиш. Инаку, ќе се разболеш.
Типичен пример за мамин син . Сите други жени не чинат, само неговата е светица и најдобра. Мислам дека нема што да размислуваш, премногу се очигледни работите.Си пробала да разговараш со него како со разумен човек,да му угодиш, да ги решиш несогласувањата и тој да ти врати со понижување и навредување..Добро што си го видела на време каков е, ќе се отарасиш од него полесно. Не се нервирај ќе најдеш друг.Заслужуваш подобар !
Душо реши го овој проблем додека е време сега ако е така во брак можеби и ќе почне и да те малтретира. Пробај натерај го да зборувате, ако не сака да разговара бриши го од твојот живот не ти треба таков. И на оваа кокошка мајка му не и се смешкај и не и удоволувај биди тоа што си. Не си најдена на улица па да се однесува така со тебе. Имаш поддршка од мене. Ти посакувам среќа . Поздрав и се најдобро...
Абре каков разговор и какво решавање проблеми, девојко ја да сум на твое место со трчање би си заминала од ваков човек! Па според ова што го кажуваш тој ниту те почитува ниту те сака. Поарно со време батали го, оти ако останеш со него животот пекол ќе ти го направи. Мене од ова што го напиша, типов ми се гледа како малку неточен да е.
Спојлер И јас мислам дека тука веке нема место за разговор. Тука тој сам треба да е свесен дека тоа што го прави кон тебе не е во ред , да те омаловажува на таков начин, не заслужуваш.По ова што го кажуваш можам да заклучам дека е тежок мамин син изгледа заборавиле да му ја сечат папочната врвка и ако останиш со него понатаму ке си имаш уште поголеми проблеми, од такви дувај и бегај.Млада си имаш работа како што кажуваш во никој поглед не зависиш од него, ке си најдеш некој што вистински ке те заслужува и почитува.
Значи со типов очигледно нешто не е во ред. Земи таму живеј си го животот батали го и не се замарај за него, како само тој да е. Јас те разбирам дека не можеш да ставиш крај туку така како ништо да не било ама си имаш прекрасна работа смени си го малку животот во позитивна насока. Исполни си ја душата со работи кои тебе те прават среќна. А дечко ти можи комотно да си ја земи МАЈКА МУ ЗА ЖЕНА.
Зашто мора секогаш да биде така? На почетокот добар и фин а после.... ОК во мојов случај барем мајкаму ме сака, али тој е тотално сменет. Стварно незнам сто да мислам. До пред 3 месеци се беше СОВРШЕНО а сега не се замара со ништо, кога сум јас во прашање он е све нешто уморен, све ми иде контра а да го викнат другарите, прв е. Изминативе 2 недели бевме зафатени и двајцата и се каравме постојано и ми викаше сега коа ке завршиме ке бидеме заедно, пак ке биде како порано и прв слободен момент наместо со мене да биде си искочи со другарите??!! Скоро 2 год сме заедно и секогаш бил фин и знаел да ме изненади а сега ни на кафе не му текнува сами да идеме, постојано мора да е некој со друг, глупво било секогаш сами што сме искачале а јас не сум му давала да се социјализира?? алоооо... И како капак на се мн сум му фалела и дрн дрн а и позадина на тел сменил од што многу сакал да ме види... И знам дека изнапишав се и сешто и можеби ке ве мрзи да читате ама стварно ми е потребна помош и мислење што да правам?? Го сакам и сакам да сум со него ама сакам да се врати како на почеток најмногу да ме сака како што ми викаше Дали можеби пауза, да не се гледаме некое време или стварно незнам.. Фала однапред!
И јас моментално сум во слична ситуација.Заедно сме и ние 2 години, а тој последниве 2-3 недели се однесува исто така како твојот. Побарав и јас совет пред неколку денови, ми рекоа да му раскинам затоа што не ме сакал повеќе и дека му било здосадено со мене. Нема да ти го кажам и јас тоа, ако покажува сеуште дека те сака пробај да си ја зачуваш врската. Јас дигнав раци од него, но немој и ти. Зборувај со него, кажи му дека ти недостига дека сакаш да биде пак како што било порано, па ако те сака сигурно и тој ќе го сака истото. Се надевам дека помогнав.
Може навистина му треба време коешто ќе го помине со другарите. Ние женските секогаш сакаме дечковците постојано 24/7 да бидат покрај нас. Еве гледам по мене дека ако не го слушнам 4 саата веднаш посегнувам по мобилниот да му се јавам. Ама се контролирам да не бидам нападна. Дај му свој простор, остави го да си пронајде активност која ќе го исполнува, и не го прекорувај за тоа.
да да ве разбирам, ама премногу е тоа со тие другари.. Дури и врската почна да ни ја споредува со таа на другар му, како зенската на другарот не се лути како она така све кај нив чини повеке од нашата врска.. А несакам да раскинам, сметам дека навистина си одговараме
ех јас со моите 1000 проблеми сто да правам...??...секакви ги имам вака имам децко (верени сме) веке сме 2 ипол години заедно...па дури и имаме дата за свадба незнам дали да плацам или се радувам..мн ми е теско вака од кога сме заедно јас и он си ветивме дека секогас ке бидеме за се и двајцата дека нема само тој или јас да одлоцуваме па ок си казавме..он зивее во италија јас во мак се гледаме на 3 месеци и секој ден на нет...кога е кај мене вика тука сум само за тебе а цел ден го поминува кај другари,,роднини и сл...ме нервира тоа знаци тука е 1недела ми вика само за тебе сум тука а кај мене само вецер доајга кога е во италија цесто се караме.никогас не е кога ми треба,,да си олеснам..да му казам дека ми недостига и за се моите проблеми..се несто ме избегава ми се спие ..ми се јаде..одам на работа...имам несто вазно... ми се смаци!!...а кога он сака јас секогас правам по негово секогас сум за него..ми вика ова ми преци да правис она ми преци ми забрани се и сето па го послусав со верувајнето дека ке бидеме супер и еден за друг...а он секој ден е ваму таму јас му викам ми смета а он мора потребно е и сесто...пред 1 год викасе дека он и јас него сме први за се му поверував,,па барасе од мене докас дека сум само негова и го доби глупаца јас го сакам се унистив за него... кога бесе кај мене во нокот секогас само тоа ке бесе и потоа нисто од разговорите дека ке ги ресиме проблемиве кога сме далеку но нисто...незнам дали крие несто или?? me izlaza mn pati па кога бесе за нова година ми зеде 3 санса и реце ке видис кој е за тебе и кој те сака...малце поверував зосто и сакам да е така..еве сега зборуваме како сто и тоа секој вецер плацам му викам ми доајга да умрама а он е па добро ок е...а знае само да казе те сака зас вака се мене кривицата...мислам дали сум досадна или има несто....сто да правам..зивотот со него ми го приказува како узас... не смеам да казам несто да правам несто.... узас ми е Ч9 а го сакам премногу упм.
Љубовта е кога и на двајцата ви е убаво. Каква е таа љубов кога ти секоја вечер плачеш, кога си повеќе тажна одколку среќна. Запрашај се самата. Само да сакаш некого не е доволно, треба многу работи да се направат. Ете ти жртвуваш се за него, а тој за тебе ништо, и тоа љубов ли е, сакање ли е? Тој ти бара докази за љубов и ти поставува забрани, а за возврат ти не добиваш ништо, само празни ветувања. Јас би ти предложила да му дадеш рок да се смени во однсот со тебе, речи му дека повеќе неможеш да издржиш таков живот и да се реши што ќе му биде приоритет во животот. Ако навистина ќе сака ќе направи нешто за да ја поправи ситуацијата, а ако си продолжи по старо значи дека те научил каква си, и дека правиш се што тој ќе посака. Покажи му заби, раскини му, направи се што е потребно за да ги послуша твоите потреби. Ако несака да се вразуми тогаш напушти го, подобро сега одколку подоцна кога ќе бидете во брак. Иако го сакаш мораш да мислиш прво на себе си, за џабе ти е сакањето кога не си среќна. Размисли што ќе правиш, се работи за твојата иднина, сигурно не сакаш цел живот вака да живееш. Секое добро.
Убаво ти кажала мимс.. Вие сте верени и имате договорено датум за свадба. Дали си ја замислуваше својата иднина со таков човек? Не се работа само за обична врска, се работи и за твојата иднина. Постојано ти забранува, а тој прави што сака.. Ти дома седеш, плачеш, а тој таму кој знае што прави? Треба многу убаво да размислиш и да го одлучиш тоа што е најдобро за тебе, а не за него. Стави го него малку на страна и размисли каков ќе ти биде животот НА ТЕБЕ со таков човек.
убаво ми каза но не ми е лесно да направм цекор напред....сто туку дознав дека се дописувал со секакви девојки му најдов на нет разни фото....ми вети дека се тоа сто правел избриса но јас дознав...мн ми е лосо и теско јас веке бев негова моите се спрамат за свадба а како да го оставам моите не ме сакат назад и плус тоа веке бев негова знаци нема санси за тоа да го оставам?... нема каде да одам ми останува да го снамам мојов зивот или да зибеам овој зивот во пекол...со солзи..со страдајна...и се тоа......незнам сто да правам НЕЗНАМ!::