1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали можеби сум му станала досадна?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Awr, 14 јули 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    girl-miri, не си должна да страдаш и да трпиш се и сешто заради него. Запрашај се дали со него или без него ти е поубаво?
    Искрено мене не ми се допаша како се однесува според тоа што кажуваш. И така се гледате ретко, би можел тие денови да ти ги посвети тебе. Друга работа е тоа што викаш нема време за тебе, па честите караници, па неговите лаги. Многу е!
    Размисли убаво пред да превземаш важни чекори како што е свадбата, сепак ќе треба животот да го поминеш со него. Најдобро ќе биде да поразговарате сериозно за се, отворено да си кажеш што ти пречи.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    SO него сме разговарале повеке пати сум разбирала кога е уморен и требало да работи...јас секогас разбирав и бев со него иако сме далеку...но он никогас никогас сто и да се слуцило никогас со мене се несто последен бесе...роденден последен ми цестита секогас..празник последен и било сто да е...колку пати му простив а он добро ке се сменам за тебе те сака немоза без тебе...еднас провав и му казав дека е подобро да раскинеме али он ми реце ке се убиел :( па му дадов санас за се тоа сто лазес и се...потоа пак лага друга..па пак пак пак и сега висе не мозам повеке...ме понизувал ме навредувал карајне секој ден јас само трпи трпи се разболев..се него го цекав се за него како сто сакасе... и пак вака...не се менува и НЕ!..
    нема повеке да се слусам со него некое време па ако сака и нека се убие(мислам подобро ке е) или тој или јас!...а тој нема санси се тоа го казувал заради неговите има срав од таткому да ме остави..на некој нацин е само заради него со мене...и така нисто не направил за мене па нека продолзи сто сака нека прави ама нема да одг на тел (ако ме бара).....некое време така....со мове не смеам за тоа дека сакам да раскинам(не сакам ама вака не мозам)...така да некое време нема да зборувам а потоа сто ке биде незнам... :( :( ако ми падне најлесната санса да се убија ке направам така..ова не оди веке...а а ко не ке трпам тоа ми остана(некое време тоа)немам излез!!!!!!!!!!!!.................. :( :(
     
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Ти се слушаш ли што зборуваш?
    Ти рекол ќе се убие и ти мислиш дека стварно ќе се убие? Како да не..
    А и ти мислиш дека ќе се убиеш за него.. И пак како да не!
    A зошто мораш да трпиш? Што си дужна ти некого да трпиш? Ако те побара кажи му дека е крај со вас и дека не сакаш да те бара веќе. И не некое време туку засекогаш.
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    а кај ке идам после??... моите дома нема да ме примат и да ме примат се несто ке ми викат и се тоа :( веке го знам тоа цуство........знам дека нема да се убије нека зиви али не вака...како сто казав за мене нема назад кај моите оти веке бев негова....НЕЗНАМ СТО!!!!.............каде и сто ке биде не знам...останува да цекам да цекам и молцам некое време иако од внатре веке умирам ...само на помислата се насе сто бесе и се тоа а он вака ми направи (КУ*ВАР).........ме боли и дуса и се и памет сто испаднав вака ....леле само сто поцнав да мислам се она сто казувасе ке бидеме срејкни и се тоа али овој како бора ;) хааххаха....на сета мака и смеа....
    нека остане вака нема да зборам... а потоа ке видиме иако веке се сонував за сбадбата и поцнав со подготовки нека биде сто ке биде....само знам дека мн ми е лосо и теско ,НЕМА ДА СУМ ИСТА од внатре!!....
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Не ми е јасно.. Зошто да не можеш да се вратиш кај твоите? Па тие ти се родители! Што и да си сторила, ќе те примат назад.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Во озбилна врска сум веќе 5 год ... Моментално не сум во државата , и комуницираме преку facebook i skype . Многу ладно се однесува со мене , не ми пишува често , се јас прва треба да пишам :( најжалното е што јас кога започнам разговор за нешто , него тие теми го нервираат и го онерасположуваат .... :( затоа се држам на дистанца , не зборувам многу .... Но и тој ништо не ми пишува , не знаеме за што да разговараме веќе . Не знам дали сум му здосадила , инаку тој постојано излегува со пријатели , и е среќен гледам .... Сега и тој одлучил да оди во странство не не во истата држава каде што суми јас . Таа далечина ме убива , а и љубоморна сум :( и не знам што се случува , совет ако знае некој нека пише или ако се има сретнато со мојата ситуација :sweat: благодарам однапред
     
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не сум била баш во твојава ситуација, ама според ова што го имаш кажано, значи типот нешто изведува, си прави шарам-барам. Епа потруди се да се воздржиш од тоа ти да му пишуваш прва секогаш, излегувај со другарки, забавувај се, нека види дека и тебе ти е убаво во животот, дека се живее и без него (демек ;) )
    И не се опседнувај со негови слики или работи што ги има постирано на фб или слично зашто, верувај ми не е се така весело како што изгледа :)
     
  8. Gaga93

    Gaga93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    И јас сум во проблем во врска сум 10 месеци, во последно време многу чудно се понаша со мене, скоро 1 месец како не сме се виделе се слушаме само 2 пати во денот.. овој месец се имаме видемо само 2-3 пати и тоа по пола сат, секој ден ми вели вечер ке излеземе ке ти звонам јас кога да излезеш, го чекам да ми се јави и после некои 2-3 сата ми врти и ми вели неможеме денес да се видиме ке се видиме утре и секој ден така еве вејќе 2 недели ми го прави тоа, секогаш е уморен од работа иако на работа по цел ден седи не работи ништо или пак главата го боли, секој ден нешто наоѓа и никако да се видиме,а што е по лошо и да сакам да правам муабет со него неможам кога ке ја отворам темата зошто, што е проблемот секогаш ми вели ако не ти се допаѓа побарај си друг, денес ми се јави ми рече сигурно вечер ке излеземе го чекав да се јави му пишав порака и тој ми врати извини неможам да излезам многу ме боли глава утре ке се видиме сигурно ти ветувам. Секој ден ми ветува и секој ден неможе, ми велеше проблемот бил кај мене сум требала да се сменам имало некои работи што го нервираат, се трудам да ги сменам работите и секогаш кога знам дека ми усмее тој секогаш ми вели ете пак не си се сменила, се правам за да ни успее, се што ке рече се правам затоа што многу го сакам, можно ли е да сум му станала досадна.. Оваа не му е прв пат така да ми прави, и пред некое време истото го стори али после една недела се се врти како порано, незнам веќе што да правам ми вели дека ме сака али во последно време незнам ни во тоа дали да му верувам... Ве молам кажете ми што уште да сторам навистина незнам :(
     
  9. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    624
    Тој што те сака, нема да дозволи да бидеш тажна. Ние жените имаме нешто мазохистичко во нас. Љубовта не треба да ни носи болка, туку радост и задоволство.
     
  10. plazma23

    plazma23 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Работава не изгледа на арно :x .. едноставно не му пишувај пораки не му се јавувај.. прави се како да не те интересира ( тешко е али.. ) така ќе видиш дали му стало до тебе или не. А тоа дека треба да се смениш е жива глупост затоа што партнерот треба да те прифати со сите твои позитивни и негативни страни. Покажи малце заби ! :devil:
     
  11. Gaga93

    Gaga93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Тоа е нешто најтешко што никогаш неможам да го постигнам, да не му пишувам, да не му вртам.. али ке се потрудам колку и да е тешко ке го направам и тоа.. а за тоа да се сменам колко и да сакам неможам тоа сум јас, како го прифатив јас него каков е и тој може да ме прифати мене :doh: .. ти благодарам plazma :*
    Ке мора да му покажам заби хехе :devil: :angel:
     
  12. plazma23

    plazma23 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Мораш да се потрудиш затоа што вака ништо не правиш. Не си должна да му бидеш роб на некого и да му доволуваш се и сешто.. нека ти удоволува он тебе :)
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    9.011
    Пол:
    Женски
    девојко,ако досега не одмарал ,ако се променил,ако порано нон стоп сте биле заедно,а сега спие или е премногу зафате,провери го тоа ил следи го,или види некако провери дали има друга,јас мислам тоа е ,те изневерува!
    Aко разговарас со него,нема да биде искрен сигурно :!:
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Гага убаво ти кажал, ако не ти се допаѓа најди си друг. Па што чекаш тогаш? Ќе си дозволиш така да ти поминува времето, да молиш некого да се видите? Убаво се чувствуаш така, убаво ти е да бидеш ставена најдоле на листата да неможе 5 минути време да најде за тебе некој? Не ти е убаво така? Тогаш биди ти таа што ќе има храброст и ќе ја прекине врската, наместо да го чекаш типов 2-3 месеци да најде време да се види со тебе, а премногу е очигледно дека те одбегнува затоа што несака да биде со тебе, ако сака верувај дека ќе најде време.
     
  15. Gaga93

    Gaga93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Плазма ти благорам го направив тоа и успеа... Ви благодарам на сите.. Вчера се видовме и ги решивме проблемите конечно најде време да дојде да разгоравараме и тоа без никакви караници се убаво си разјаснивме се надеваме дека повеќе нема тоа да се случува од вчера на секои 10 мин ми се јавува да ме слушне да види за разлика од пред некое време.. ви благодарам многоооо :* :* :* :rofl:
     
  16. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    ^ А што било проблемот, зошто така се однесувал со тебе? Па сте разговарале и вака наеднаш се сменил за 180 степени?
     
  17. plazma23

    plazma23 Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Е баш ми е мило се надевам дека се ќе биде во ред, само овој пат построго Гага да знае дека неможе да си игра со тебе како што ќе му текне :D
     
  18. Gaga93

    Gaga93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Па проблемот за вас можеби звучеше прост али за мене не беше така.. иначе има на друга страна бев објаснила... :rofl:
    Тоа и го правам сега :rofl: не сум јас камен или пак некое железо и јас сум човек и јас имам душа.. така да сега нема веќе да дозволам тоа повторно да се случи :*