Епа вака,се мував со едно дете во ноември но тоа траеше само 2-3 недели. Од кога му прекинав, постојано ми пишуваше и во јануари пак ме праша за мување и реков да.Од тогаш заедно сме повеќе од месец и не е ништо озбилно,се фативме на 13ти феб. ама постојано ми пишува колку ме сака и воедно тоа го покажува на мн убав начин. Се е толку реално. Пред некој ден се уклучив од неговиот ФБ и беше уклучен еден чат каде што раскажувал на едно дете што како сме правеле кога сме заедно малце на преовеличување. Наредниот ден, повторно се укл. кај него додека и он беше укл, и гледав што пишуваше со еден друг другар и тоа не ми се веруваше дека он пишува. Јас неможев да поверувам, значи детево коа ке стане, пред да си легне мене ми пишува пораки на мобилен и додека е нашколо и се и кога сме заедно изгледа сосема искрено. Незнам во што да верувам. Дали ме сака само не сака да кажува пред другарите ? Дали е со мене само од корист? Што мислите вие и како би постапиле при оваква ситуација? Вчера му беше роденден и денеска треба да му го дадам поклонот, дали е паметно да правам муабет со него очи во очи или да почекам уште некој ден?
Хммм ..... Навистина чудно кога пак те прашал да се фатите веројатно му значиш нешто не би осудила веднаш зависи до дечкото можеби сака само да се фали да испадне фраер пред другарите онака наивно а можеби и има некои други намери тогаш зошто да те спушта пред другарите кој знае што раскажува а тоа секако не е добро само укажува колку е незрел и смотан како дете некое .Ако не ти значи баш може најубаво е да се повлечеш не паѓај на тие слатки зборови не мора ништо да значат Поразговарај со него отворено кажи му дека тоа ти смета па ќе видиш ....
Јас малку не го разбрав делот со Фб,што му зборувал за тебе на другар му? Инаку од машко не очекувај дека како нас девојчињата ќе трчка од другар до другар и да му раскажува колку те сака бла бла.. Едноставно машките не се такви,не ги кажуваат чуствата како ние девојките.И они се заљубуваат ама не раскажуваат што чувствуваат,егото не им дозволува емоциите да ги надвладеат.
Убаво ти кажа LilMissBossy. Немој да чекаш да му кажува дека бескрајно те сака.Ако почне така да му кажува се ке го зезаат од друштвото ќе му се смеат дека е папучар. Немој да се плашиш и да се нервираш сигурно му се допаѓаш на момчето штом те побарал неколку пати =) А и направи муабет со него ако сакаш но прво дај му го поклонот а после некој ден направи муабет.Само знаеш ќе ти каже "ти мене не ми веруваш па ми ѓи читаш разговорите на фб"
хах, и он ги читаше моите пораки на фб и самиот си призна. Јас ништо не му реков затоа зошто не ми смета немам што да кријам, може има доверба чим ми го даде пасвордот дека нема што да крие, пораките му се избришани но си мисли дека неможам да прочитам на чатот што пишува. Инаку LilMissBossy, имаше неубави коментари за мене од другар му а он само се смееше и напиша нешто што многу ме разочара...
Машките сакаат постојано да се докажуваат колку големи мажи се и немој да очекуваш да им кажува на другарите колку многу те сака и колку е заљубен. И да е нема да признае, посебно не на почетокот од врската... можеби по 1 година откако ќе биде очигледно дека е така. Не велам дека не те сака и дека не му значиш, само работите кои ги зборува кога сте сами нема да ги каже пред другарите. Тој секогаш ќе се докажува колку е силен и дека никогаш нема да се заљуби, баш како што кажаа погоре, за да не испадне „папучар“ (го мразам овој збор) пред другите.
Оф леле колку само грешни совети и давате....Те сака дечково, му значиш, па машките ова па машките она бла бла бла Колку години е дечково? 16? 17? Треба да ПОРАСНЕ малиов да свати кои работи се важни во животот и во врската... Очигледно дека дечково обожава да се фали, обожава на другарите да им кажува што сте праеле, Обожава да биде "фраер" пред нив, да те исмејува на еден начин, си го дига егото, па одозгора и хиперболизира....А да си ја добие клоцата така најпоштенски и со чувство? Па после пак нека кажува дека те сака? Што има он да кажува што сте праеле, што ти праел итн итн итн...Тоа се интимни работи...А уште помалце па да трачари на фб за тоа и да раскажува од другар на другар....Ако ме прашаш мене на дечково му треба една добра лекција, еден така добар удар по тоа егото, да квиче како мало бебе, па може у следна врска нема да праи така.... Твоја врска, твој живот....Али ја да сум на твое место лесно нема да помине или да се прегледува прку прсти....
За глумењето на врска, познавам луѓе што одглумиле цел живот не врска од неколку недели или месеци. Само мене нешто друго ми боде очи во приказнава ( ЧИТАЊЕТО НА ПОРАКИ И РАЗГОВОРИ ) аманте зар има нешто поглупаво пониско помизерно од тоа ? Почиње да ме нервира што денес е нормално!! да си го раководиш животот според соцјална мрежа, и турски серии. Ке речам : Однесувањето на дечково е нормално за неговите години , но колку е нормално твоето однесување стои еден голем ?
Дечкото сака да се фали со нешто што не било така за да испадне интересен пред другарите. Значи не е дораснат!! Кажи му во лице се што си направила (дека си го прочитала тоа затоа што си се уклучила на неговиот фб) значи нема да може да каже дека е лага. Кажи му да не изиграва мало детенце затоа што можеш и ти за него приказна да измислиш нели така. Сепак не ви одговара на годините така да правите. Ако не не ти треба таков, ќе си најдеш некој по зрел и дораснат за годинките.
Не станува збор за глумење, станува збор за несозреаност! Не пораснал, не проживеал, се радува на една фатка за газ или цицка, сигурно му е најважно од се’ да се прикаже во најдобро (читај најфраерско)светло пред другарите! А ти што си мислиш,да му премолчиш? Да се надеваш дека ќе го сподели секој детал од вашата интимносот и самиот да стане свесен дека е доволно па да си легне на брашното? Не му се мисли, раговарај, сакам да кажам скарај му се јако... Заслужува да се повиши глас на таков, заслужува и да го откачиш затоа што и те како само проблеми ќе ти предизвика! И не е само тој таков, не си ја озборува само тој својата девојка, мислам дека голем процент од машките на таа возраст си ги раскажуваат деталите на своите другари, се’ со една цел-да се направат фраери! Можеби те сака , ама покусо нека е таква љубов ако покрај чувства знае да даде и по некоја сочна приказна од вашата интима пред другарите! А и мали сте бе,ќе се најде некој што ќе биде достоен да споделуваш убави моменти со него!
За мене не е во ред меѓусебно да си читате без разлика дали станува збор за ФБ,или СМС или било кој друг вид комуникација кој ви се случува со др.луѓе,јас сум за тоа да се повлече тука граница,сега дечко ми да чита што јас пишувам на форумов,не дека сакам да скријам нешто,ама треба сами да си соопштуваме што сакаме да споделиме со партнерот,а не да „њушкаме„-мене ова ми е малку одвратно,не сакам да те навредам или слично зборувам за постапката-не ја оправдувам никако. И тоа што тој зборува за вашата интимност со др.нема оправдување.Затоа и се вика интимност-треба само меѓу вас да остане.Ти знаеш како ќе постапиш ама немој да затвараш очи пред ова,налути се,изреагирај дека те повредил,бидејќи само полошо мозе да биде ако не преземеш ништо.Сега дали ќе одиш на најдрастична мерка-раскинување,или ќе пробаш да му посочиш колку те повредил на др.начин е твој избор,но мора строго да му дадеш до знаење дека си лута,повредена и тоа што го направил тотално не е во ред. А луѓето се во состојба да глумат,некои имаат толку изразена способност што сите Оскари на свет не се доволни за нивниот талент,да се надеваме дека си немаш работа со некој ете баш таков.
Значи вчера се се среди, му кажав се, правевме муабет отворено така да се е океј И + докажа дека не е со мене само од корист, и дека на тие 2 другари се им кажувал. Колку е точно ќе видиме понатакај. Само треба убаво да си ја врати довербата што ја имав во него..
Може ли да ни кажеш што ти кажа тој кога ти се си му кажала дека си прочитала. Не сакам да ти звучам грубо, но тој штом на другарите им кажувал неубави работи за тебе додека сте во врска, што мислиш дека ќе им кажува откако ќе раскинете. Какво мислење ќе имаат неговите другари за тебе, зарем ќе те почитуваат кога тој не почитува и збори за тебе. Според мене сите ние може да одглумиме дека сме заљубени и да се преправаме на почетокот од врската.
Дефинитвно ова ти е голем ризик јас клично не би можела да бидам со ваков . Без почитување нема добра врска увабо ти кажа nedzma
Koлку брзо сте ја решиле ситуацијата, чудо едно Како ти дете на тие години знаеш да прецениш дека тоооолкуууу мнооооогуууу те сака и не е со тебе од корист? А? Или по два дена пак ќе дојдеш тука да кукаш и прашуваш?
Не реков дека се е сјајно, само му реков дека му верувам. Знам дека за 1 вечер неможе да се среди, неможам точно да ви објаснам како беше, сепак другар му кажуваше ствари за мене а тој не се потруди да му го смени мислењето а не дека ме вреѓаше или било што.. грешно објаснив погоре. Рече дека машко на машко никогаш не си ги кажуваат проблемите или не ја искажуваат љубовта кон женската или сл. Рече дека ако било се од корист, немало ни толку да бидеме заедно и дека ме сака. Ќе видиме понатакај, сепак неможе да си ја врати назад довербата.
Чекајте, моментот со корриста? Што тој може да искористи од тебе? Да те искористи за водење љубов? Па и двајцата го сакате тоа? Се смеам кога ќе спомне некој ме искорсти за секс? Значи тој сексал а ти си гледала. Или не спомна дека го финансираш? Ако го финасираш, да, тогаш корист. И што е тоа проверки на телефон. Кога ќе ми земе само во рака некој телефон како да ми ја земал душата а не да ми чепка. Тоа го сметам за простотилок и не иживеаност. Извини. Треба да бидеш психијатар и да го оцениш како личност а не што му кажал на другар му, што пишал порака. Мене ми е битно секогаш како со мене се однесува. Битни се ДЕЛАТА а не ЗБОРОВИТЕ.