1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сè уште ја сака бившата?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од The.Pink.Angel, 18 јуни 2012.

  1. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Девојки скоро секој ден ми ја спомнуваше неговата бивша што правиле како ова она јас му кажав дека тоа ми смета и дека не можам јас така и дека мене не ме интересира што се правиле јас си гледам за себе и тој ми вели дека не ја спомнувал ме прави будала сега не ја спомнува толку одиме 6 месеци на почетокот ич не ја спомнуваше имам сомнеж дека сеуште чувстува нешто кон неа... ;(
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Напочетокотичнејаспомнуваше? Користи точка, запирка, ништо не те разбрав.
    Прво велиш секој ден ја спомнувал
    После велиш сега толку не ја спомнувал
    И на крај кажа дека на почетокот ич не ја спомувал
    А тој ти рекол дека не ја спомнува
    :?:
     
  3. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Ако ја сака уште ке биде со неа нели? Штом е со тебе значи те сака тебе а не неа. Тоа е прво и основно правило, никој не сака да биде во врска со некој кој не го сака или не чуствува ништо. А за спомнувањето на бифшата, тоа е друга работа, многу машки потсвесно сакаат девојките и жените да им бидат совршени, или во најмала мера да потсетуваат на нивните мајки, е сега може неговата бифша била добра, фина, убава со неа се слагале долго време му оставила впечаток, но штом се скарале и не е со неа значи има нешто кај неа што му смета. Тоа што ја спомнува може да значи дека не свесно тој ти кажува некои од позитивните работи што таа ги правела а него му било убаво, да ги знаеш за во иднина и ти така да се однесуваш. Спомнувањето на бифшата не е страшно, страшно е ако мисли на неа цело време и не ја спомнува, а штом тој слободно може да зборува со тебе за неа тоа бидејќи на луѓето неможе да им ги избришиме спомените. биди спокојна :hai:
     
    На HeidiDiWalt и UnknownLadyDi им се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Девојче може ќе ти звучи сурово но тоа што ја спомува бившата не е добар знак според мене.Што има тебе да ти биде гајле како му било со неа и што правеле,ајде и ти почни да зборуваш за бившиот па да видиме како ќе му биде |( Тоа дека бившата е бивша дека ако ја сакал ќе бидел со неа нема врска ,машките се ѓубриња ,ќе ја сакаат бившата па и уште ако она ги откачила ќе си најдат друга девојка во краток можен рок за да ја нервираат бившата и да и дадат до знаење еве јас можам без тебе да преживеам .Убаво нели си му кажала дека тоа ти пречи .Кога ќе ја видиш неговата бивша биди самоуверена и не покажувај слабост и љубомора .Ако не престане да зборува за неа тогаш ти кажав кажи му дека и тебе ти било убаво со бившиот па може ќе се опамети .
     
  5. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Девојче , тоа што тој за спомнува неговата бивша немора да значи дека сеуште ја сака и не ја заборавил.Седни и разговарај со него ,бидете искрени ,и не се мачи со вакви прашања уживај се ќе биде ок позз :*
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Со дечко ми заедно сме скоро една година... Пред мене имал некоја што на почетокот ми кажа дека таа била единствената што ја сакал, и кога некој ќе го праша за неговите бивши, само неа ја спомнува, демек имал само една девојка до сега... (а знам, ги имал многу)... Вика дека повеќе не ја сака и дека таа е минато за него... Но кога се караме за нешто, често знае да каже пример со неа..
    Девојки... ХЕЛП... Како да направам да ја заборави ??
     
  7. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Ако тој си ја ставил во глава ти неможеш да го тераш да ја заборави и треба да се помириш со фактот дека таа ако не секогаш барем одреден период ќе е измеѓу вас НО вие сте во врска година дена што според мене тоа е многу и тој требал да ја заборави.Нити сакам да ме споредува со бившата,нити го споредувам со бившите,за мене тоа е навреда и непочит.Ако уште еднаш ја спомне и те спореди со неа ти кажи му ПА ЗА РАЗЛИКА ОД **** И ТИ ГРЕШИШ (спореди го со бивш) и ако изреагира лошо кажи му дека и тебе ти е така,а ако не изреагира размисли..дали тој воопшто те сака тебе или бившата? :!:
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Не сакам да сум песимист,но не ми се допаѓа ова.Тоа трае скоро една година :x ,а тој не ја заборавил :^) ?
    Тешка ситуација.Испрашај го директно за каква врска станувало збор,ако продолжи за неа да зборува,помири се дека неа ја сака ,и остави го да оди по свој пат,така ќе биде фер и за двајцата :!:
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Ја сакал... Тоа знам... А имал и шанси да биде пак со неа откако раскинале, и не бил... Со неа исто така бил скоро година дена... Сакам да дознам дали може по втор пат да се заљуби...? Дали може (и што да направам) мене да ме сака повеќе од неа... ?? Фала однапред....
     
  10. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Секако дека може да се заљуби по втор пат и не само по втор пат туку по стотти пат.Неможеш ништо да направиш за да те сака повеќе од неа,на сила убавина не бива.Биди своја и биди директна во врска со тоа што ти смета - ако тој те сака,ќе те сака каква што си,зар не? :?: Јас реков,почни и ти да збориш некој твој бивш и да го споредуваш него па ќе видиме како ќе му биде.Ако не се замара размисли дали те сака и какво е тоа сакање кога се споредувате со бившите.
     
    На edjipsan и Srce01 им се допаѓа ова.
  11. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Stefaniya Фала ти.... Ќе пробам така како што ми кажа... Се надевам ќе оди на подобро... :)))))))))) :*********
     
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    и
    Не мора да значи дека уште ја сака. Ако ја сакал тој ќе останел со неа, немало да биде со Srce01. И како нема да ја спомне кога бил со неа цела година. Па зарем една година е мал период, па може толку лесно и брзо да се заборави? А ти Srce01 седни и отворено поразговарај со дечко ти. Кажи му дека ти смета кога те споредува со бившата. И мојот понекогаш знае да спомнува една од повеќето негови бивши, ама го разбирам во целост, сепак таа му била првата голема љубов. И јас знам да спомнам за некој мој бивши, па после слатко да се изнасмееме на глупостите што сме ги правеле. Покажи барем малку разбирање. И да, пробај со советот што ти го дала Stefaniya. Можеби ќе помогне ;)
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Nati.P Фала многу, :) навистина ми помонгнавте да размислам подлабоко... Ќе се обидам да ги применам тоа... Фала на сите... :) :* :* :*
     
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Имав не ист , сличен проблем пред повеќе години. Кога почнав да се мувам со бившиот маж , после неколку недели кога почнав и кај него да преспивам забележав дека сеуште во рамка му стојат слики на кои е со бившата со која брзо пред нас раскина. Иако тој кога ќе ја спомневме ми кажуваше дека воопшто не ја сакал и дека се чуди како поминал неколку години со неа, таа преку се поминувала и така им летнало времето, сликите не ги тргаше зашто она го замолила. :^)
    Додека си пиевме кафе навечер му кажав јасно
    -Ако стојат нејзини слики тука , тогаш од сега може треба место сликите да ги гледаш покрај неа да се будиш , место покрај мене...
    Ми кажа да ги тргнам сите слики што ми сметаат.

    Во твојот случај, важно е во каков контекс ја спомнува, но мислам дека е подобро да му речеш да не те замара, дека и ти не го замараш со бивши, дека воопшто не те интересира, а ако мисли често испрати го кај неа, па ќе видиш како ќе се сврти кон тебе и ќе се освести.
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Па кога ке ти рече така ти наместо да се нервираш, прашај го па добро ако ти било толку убаво со неа, што не сте останале заедно? И кажи му да внимава што збори, немој и ти да го откачиш, па на таа следната да и збори за тебе. Брееј мажишта. И на мене дечко ми така на почетокот кога ке се скаравме нешто, знаеше да спомне некоја бивша, колку да ме изнервира, ама јас набргу научив како да му ја затнам устата. Кога ке ми спомнеше некоја јас викав, Ааа она со ушите ко на Дамбо слончето? Или аа она со носот за сечење бурек... :D Нема врска не дека до толку се грди девојчињата ама така барем го замолчував. Биди самоуверена, кога ке ти спомне, насмеј се, и не дозволувај така да ти се качува на глава.
     
    На edjipsan и Srce01 им се допаѓа ова.
  16. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Уфф девојки... Фала ви многуу... Чекам сега повторно да ја спомни па да му одржам лекција... :D :D :* :*
     
  17. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    Спомнувај и ти твои бивши за тоа како биле убави , како убаво се бакнувале ! Нека го здоболе малку на што личи ова :D :*
     
    На edjipsan и Srce01 им се допаѓа ова.
  18. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    owl-ribbon Хаха... Па и тоа си го бараа... Сепак ФАЛА ви на сите.... Kisses to ALL :* :* :* !!
     
  19. edjipsan

    edjipsan Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Дали сеуште ја сака бившата ?

    ZA STEFANIJA
    VAKA ZLATO MOJE STO TI NAPRAVI ZA TOJ DA NE POMISLI NA NEGOVATA BIVSA DEVOJKA PO MENE OD MASKA GLEDANA TOCKA TI TREBA POJKE DA SE ZAANGAZIRAS OKOLU NEGO POJKE POTRUDI SE OKOLU PREDIGRATA I NAPRAJ MU JA SEKOJA VECER POINAKVA OD DRUGITE EDNOSTAVNO TOJ SEKOJA VECER SE POJKE KE CEZNEE ZA TEBE I TAKA NEMA DA I OSTAVIS PROSTOR NA KONKURENCIJATA.,,POZDRAV AKO TI POMOGNAV :P
     
    На Srce01 му/ѝ се допаѓа ова.