Дали сеуште ме сака?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lowely, 16 јуни 2010.

  1. lowely

    lowely Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    4
    раскинав со дечко ми пред околу 5 месеци,сеуште го сакам не велам не сакам да се смириме.го прашав него ми рече дека несакал но секогаш по сестра ми ми праќа поздрави и прашувал за мене???незнам што има намера со ова.ве молам кажете ми???
     
  2. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    89
    Оф миличка :?: .. Јас мислам да го оставиш некој период, некое време да сфати што сака. Верувај и да те сака може да ти каже дека не сака да се смирите, но верувај како времето не е ништо. Може многу работи и мислења да смени! Немој да си тажна јас верувам дека штом праќа поздрави има нешто.
    Јас би играла вака:
    Ќе му дадам знаење дека сакам да се смириме (ти веќе тоа си го сторила) .. е сега не реагирај премногу на поздравите, кажи и и на сестра ти да биде фина и едноставно да се однесува ако прими пак поздрав. А на прашањето како е сестра ти, нека му каже: Веројатно е добро, прашај ја сам ако те интересира. :) Сепак најдобро е да го оставиш некој период и да почекаш тој да те побара. Се најдобро! :$
     
  3. lowely

    lowely Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    4
    фалаа многуу <3
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Сметам дека според неговите постапки,со тоа дека прашувал за тебе,праќал поздрави,мислам дека сеуште има интерес за тебе,дека можеби и не му е сеедно баш што сте раскинале,можеби сеуште те мисли потсвесно или пак свесно,само ти кажал дека не сакал да се смирите,а сакал,па од некоја можеби причина не сака да се смирите,незнам,тоа е моја претпоставка,инаку зошто би прашувал за тебе,од чиста култура,можеби,ама не верувам.Мислам дека ако не сакал да се смирите,немало воопшто да праша за тебе,а тој прашува,што значи има нешто.Сепак тоа ќе го дознаеш со тек на време,според понатамошните негови постапки,мислам дека само треба да ги набљудуваш неговите постапки,нормално без да покажуваш интерес,за да видиш точно која е неговата намера.
     
  5. aquarius13

    aquarius13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    И мене ми треба помош... :(
    и јас исто така раскинав со дечко ми, почеток на декември... он ми раскина, нешо ми збореше дека сакал да ме сака, ама ете не знаел што му станало, па и почна да плаче по малце... и таму негде на крајот од месецот со друга почна да се мува.... :/ па после се фатија...
    престанавме и да збориме на мсн, ама секад коа ќе се видевме он не престануваше да ме глеа, еве и до ден денес... коа ќе поминам пат ми пресекува -.-, или на исто место ако сме, као праи муабет со другарите и на секои 5 сек ќе дигне глава да види кај сум, ако не сум таму кај шо ме видел последен пат ме бара со поглед док не ме најде... па и на фб коментира таму кај што јас сум коментирала.... а вака ни збориме ни ништо... :(((
    многу ми е тешко, некој љубезен ако има да ми дае мислење многу ќе му бидам благодарна.... :)
     
  6. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    89
    Se obiduvam da zaspijam so femina, zatoa odnapred se izvinuvam za latinicava :)) Sto se odnesuva do posledniot komentar, da ne se povtoruvam mila, ke mi ja sfatis poentata od gorniot komentar.. Bez grizi, nikoj ne moze vecno da glumi.. Ke vidis so tek na vreme sto mu e celta. Vo megjuvreme, probaj da ja ignoriras sekoja nova informacija za nego, bidejki so samoto toa sto zabelezuvas sto se pravi i so koj se gleda samata na sebe si oteznuvas. xxx
     
  7. aquarius13

    aquarius13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    фала ти највеќе на цел свет :)
    ти посакувам успешен обид за сон :P
     
  8. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    18
    И јас имам проблем со дечко ми :( Иако само три месеца сме заедно,јас го сакам како цел живот да сме го поминале заедно,а исто и тој мене-можеби затоа што уште како деца си бевме еден на друг симпатија :$ Се ни беше ок,но последниве две-три недели многу се оддалечивме,долго време не сме се виделе,а и кога ќе му се јавам тој секогаш наоѓа некоја причина за да ми се развика,па дури и без причина го прави тоа.Пред некој ден ми се јави и почна дури и да ме навредува затоа што видел дека на фб коментирав со еден мој другар.Единствено добро е што потоа ми се извини и рече дека претерал со тоа,но дека бил премногу изнервиран затоа што другарот со кој коментирав е од друга вера.Јас го прашав на што сме сега,бидејќи јас навистина не знам дали ние уште сме заедно или не,а тој ми одговори дека исто така не знае што се случува.Му предложив да размисли и да ми каже,затоа што јас навистина го сакам и не сакам да бидам без него.Што да правам??? :(
     
  9. an-e

    an-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    душо и да го сакаш сигурно не го сакаш повеќе од самата себе си....не дозволувај да те навредува или да ти вика...пред се најбитно е почитувањето..Остави го ќе видиш дека тој ќе трча по тебе-доколку му значиш навистина,доколку не тогаш не сте еден за друг....Поздрав и пиши шо си напраила :*
     
  10. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    18
    Синоќа се видовме после не знам колку време.Се однесуваше како во оние денови кога врската ни беше преубава,но кога го прашав дали идеме или се муваме,човеков толку се смени што не можев да го препознаам.На прашањето ми одговори дека ако сум сакала јас да идеме-ќе идеме,а тој повеќе сакал да има слободна врска,без обврски или да се муваме,односно сакал и да идеме и да биде слободен????На тоа му одговорив дека ние од денес повеќе не се познаваме и после тоа не изустив ни збор,не му кажав ни чао кога ме врати дома....Премногу ме разочара,не очекував такво нешто од него,бидејќи дотогашните постапки кажуваа нешто друго,а сега... :( :( Многу ми е жал што поминав многу работи за да бидам со него и имав многу проблеми со мајка ми,бидејќи неа никој не и одговара,а сега тој ми кажува Те сакам,но не сакам да идеме... :o Се прашувам дали некогаш ќе најдам некој нормален човек зошто јас секогаш наоѓам некои идиоти како него :worried: :worried: :worried:
    an-e многу ти благодарам за советот,многу ми значи тоа :) :) :)
     
  11. an-e

    an-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    ne e problem bilo koga....na site ni se slucuva da bideme razocarani ....mene da ti kazam so mi se sluci...denot koga raskinav so decko mi mi bese najlos vo celiot zivot.Ne samo poradi toa so raskinavme tuku i mi se sluci smrten slucaj vo semejstvoto ;(
    I vecerta se vidov so decko mi,bev celata nikakva.Rasplakana i samo barav uteha i edna pregratka nisto poveke.A toj bese pijan-letva i ne znam dali namerno illi ne mi rece:'Ma koj go e*e dedo ti dojdi da pieme' Ne ocekuvav stvarno ama toa e..Svativ deka ne e za mene i ne znam kaj mi e bila pametta koga bevme zaedno.Ne se kaam-iskustvo plus.Primer za toa kakov ne bi trebalo da mi bide sledniot :) Pozdrav
     
  12. Summer 2015

    Summer 2015 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Здраво...
    Имам еден проблем па се надевам ќе ми помогнете.
    Значи вака, со дечкото сме во врска месец и неколку дена. Претходно бев во врска со еден, но не го сакав, раскинав бидејќи го засакав сегашниов. Пред да ми понуди врска, две недели онака си пишувавме, се сакавме, но не бевме во врска. На почетокот се беше во ред. Воопшто не беше љубоморен, не се каравме, се беше како во сон. Но се започна пред две недели. Почнавме да се караме, тој почна да љубомори, во ред тоа, го разбирам. Но порано ме бранеше пред сите, се шалевме со една другарка да ми мести еден, овој и се налути, се исплаши да не го оставам, ми праќаше пораки, те сакам најмногу, ти си ми се, ти си ми ова ти си ми она, и сега е така, ми кажува дека ме сака, ми праќа пораки, но премногу е различно, тој се смени сосема, мислам дека повеќе не ме сака. Во неделата цел ден не ми се јави, не излезе со мене, а со другарите се возеше со мотор, му ѕвонев не се јави, потоа го видов пред да влезе дома стоеше 5 минути со некој/а зборуваше на телефон, го прашав рече другар му бил. Навистина детето е мирно, не е од тие што има по 3/4, како резерви. Незнам дали се срами или што е. Само еднаш излеговме на негова иницијатива, секогаш јас му пишувам, му се јавувам да излеземе, а тој само ќе се исклучи од фб. И сега така, му пишав се исклучи, а пред 1 час ми рече дека никоја не сакал како мене, и никоја не можела да го сака како мене. Иначе на напоменав дека една од моите “другарки“ му се пушта, тој наводно вели дека нема ништо, но кога и да му пише таа, тој и враќа, но зборуваат не теми поврзани со љубовта, всушност јас сум темата, во позитивна смисла. Признавам дека малку и јас претерувам, го притискам како не ме сака, дека ја сака претходната. Навистина незнам што да мислам и не знам зошто се се смени. Доколку можете да ми помогнете ќе бидам најсреќна. Благодарам однапред. :) :)
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    11.357
    Допаѓања:
    54.475
    Пол:
    Женски
    Дечкото си игра топла-ладна тактика со тебе.
    За сакање сеуште е рано да се каже. Повеќе не биди ти иницијатор за се, така да ќе видиш што ќе биде.
     
    На Summer 2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Summer 2015

    Summer 2015 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Ете и на мене не ми беше јасно тоа, зошто е така... Tи благодарам. :)