1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се уште ме сака како порано.. или ме изневерува?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од problems94, 17 август 2012.

  1. problems94

    problems94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Здраво девојки. :)
    Имам проблемче кое ме мачи..ептен ме мачи :$
    имам дечко,во врска сме 11 месеци. Тој има 21,јас 18 години. Пред 1 месец му се предов целосно,му ја дадов невиноста. Ми докажа дека ме сака на безброј начини. И кога бев најлоша и најтешка за сакање тој мене ме сакаше и упорно без размислување се бореше за мене,само да бидам покрај него. На почетокот не го сакав ,ама со тек на времето го засакав премногу.Сега го сакам повеќе од се во животот. Тој е мој пријател и дечко истовремено. Праиме муабет за се и свашта,ми помага кога ми е тешко ми дава совети.. едноставно предобар е со мене. Отсекогаш е бил,иако јас бев онаа која што секогаш знаеше да упропасти се и без причина се случуваше порано да се налјутам,да се скараме..Претежно вината за караниците отсекогаш беше моја. Сега го сакам и несакам да продолжиме да се расправаме за глупости. Се обидувам да ја пополнам празнината која што постојано Јас ја стварав меѓу нас. Јас бев таа која ги предизвикуваше разправиите,а тој секогаш беше тој кој ќе слушне едно извини ,нема да се повтори ,ненамерно беше...и пак на крај е со мене. Несакам веќе да правам нешта кои негативно влијаат врз нашата врска,несакам да избувнувам за секакви ситници. Но има еден проблем...некако не ми е стариот ТОЈ. Незнам како ,но променет е. Некако поладен ми изгледа,не ми праќа постојано пораки дека ме сака ( ми го кажува тоа но не како порано.) Му спомнав,рече дека ме сака како порано,дури и повеќе,дека нема ништо од тоа шо си мислам,туку дека можеби само малку е уморен со таа постојана борба да трча по мене и да се обидува да ме пробени да го сакам. Тешко му е да ми верува дека го сакам,дека не го лажам. Нонстоп мисли дека за нешто го лажам..не му зборувам да го убедам дека не го лажам,му викам со тек на време сам ќе видиш дека не те лажам,џабе е да ти викам не те лажам ,подобро сам да увидиш со дела. Ми го знае и пасвордот на фб,мојот телефон му е достапен во секое време (доколку сака да провери пораки или повици или било шо),и да,не ми го бараше тој пасвордот самата му реков ако сака да ѕирне,немам што да кријам. :)

    Но сега имам еден проблем. Денеска цел ден го поминавме заедно.Прво бевме кај него дома,после тоа бевме кај еден негов другар. И така си седиме другарка ми,другар му,јас и дечко ми и требаше дечко ми да се вклучи на фб да му покаже нешто на другар му за на факултет. Се вклучува имаше порака,само онака отвори да види од кој е и одма закри ,јас ништо си ќутам (тој мисли ништо не сум видела бидејќи си зборев со другарка ми ). И откако му покажа што требаше на другар му му викам ајде оди сега во пораки да видам о има и вика кај кај и се одјави онака на шала на смеа и викам ок. И вика нема ништо за гледање ,викам ооок,уживај.
    После му викам ајде испрати ме до подоле ќе си одам јас и онака си идеме по патот и му викам шо имаше толку за криење на фб па не даде да видам,ви вика ништо. му викам а од кој беше пораката на фб?, ми вика незнам,викам како незнаеш,вика па така не ја отворив. Му викам абе срце зашто ме лажеш за такви работи..ми вика шо те лажам? , му викам јас видов од кој беше пораката. И тој опс,незнае кај да погледне ми вика од кој беше ,му викам од Викторија (Викторија(така да ја наречеме) е неговата бивша девојка со која раскина уште пред 3 години и колку шо знаев завршено беше се и немаа некои посебни контакти ) и ми вика кој талент си леле како виде,му викам не е битно ,битно видов ,а ти ме лажеш?! и тој почна паа..паа..незнам шо пишаше у пораката и му викам па требаше да отвориш да видиме. Вика па од кај да знам шо можела да напише.Му викам има ли нешто меќу вас,контактирате? вика не,викам па тогаш шо има врска дека ќе отвориш,ако нема ништо немаш причина да се плашиш. Ми вика не се плашам. Му викам сакам да знам шо пишувало ,ми вика че ти кажам кога ќе прочитам ,му викам не,сакам да ми покажеш не да ми кажеш и ми вика да ти покажам?па ок ,ќе ти покажам ако пораката сама не се избрише и јас ваква :o ок и кај мене сами ќе се бришаат ;)
    и ми вика кај тебе веќе се бришаат ,му викам не,не се бришаат ама ќе почнат. Му реков дека несакам да се караме за такви работи,дека доколку има нешто нека ми каже во очи,а не зад грб да ми сервира неверства... Ме убедува дека нема ништо и пред да си заминам ми вика ќе ти кажам нешто,можеби и не треба ама ќе ти кажам. Му викам те слушам и тој ми вика дека пред 1 месец ( набрзо откако имал односи со мене ,откако му се предадов) му предложило нешто ,а тоа било да ме остави мене и да биде со нејзе. Му рекла дека со него може да има сериозна врска и да му обозможи се,па и веднаш да му даде, бдејќи мене мн долго ме чекал. И му рекла немора веднаш да ми кажеш,може утре да ми одговориш а тој рекол дека неможе да ме остави мене во никој случај,бидејќи ме сакал и ќе ме чекал колку е потребно толку. Јас целата останав здрвена и само го гушнав и му викам си можел да ме оставиш имаше многу причини и ми вика можев,но не го сторив тоа.Тогаш имав причини да те остава и порано имав а не те оставив,сега кога имам најмалку причини да те оставам скоро ич ти мислиш дека би те оставил??? и јас ништо не му одговорив ,само го гушнав си заминав. Незнам што да мислам девојки....дали да му верувам? таа порака што ја доби..и се друго.. ви објаснив се накратко па пишете ми што мислите,ве молам ќе ми значи многу.И да,многу ми е криво што на почетокот се однесував многу лошо...да можам да го вратам времето се би сменила,но неможам. ;(

    Ви благодарам однапред.
     
  2. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Дали сеуште ме сака како порано.. или ме изневерува?

    Па баш и не беше на кратко објаснувањето. :lol:
    Мене нешто тука ми "смрди" и не сум баш сигурна дали ја одбил? :?:
    Ако е толку сигурен дека и ги рекол тие зборови,тогаш зашто не ти даде да ја прочиташ пораката,или се плаши дека во неа пишува ВЕЧЕР ДА СЕ ВИДИМЕ? :^) Немој да мислиш дека сум тежок песимист ама таквите тајни работи мене не ми се некако во ред.Ако е вистина тоа што ти го кажал мислам дека сега нема да му биде проблем да прочиташ што пишала таа а уште помалку ќе му биде проблем да ја блокира! Ради вакви работи се губи довербата,ради вакви глупави криења. |( Верувам дека ти е многу тешко и немој да се кривиш -> Заслужив да не верувам,заслужив да ме остави итн. <- затоа што тоа било порано и веќе си сменета,дури и си му ја дала твојата невиност.Тоа треба да се цени а не да се гледа на грешките од минатото.Напни го за таа порака и потруди се да ја прочиташ по секоја цена или пак пиши и на неговата бивша од кај тебе -> Знам за тебе и дечко ми <- и види дали таа нешто ќе се издаде.
     
  3. problems94

    problems94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Дали сеуште ме сака како порано.. или ме изневерува?


    Stefaniya ти благодарам пред се на советот. "Смрдело" и тоа како...ШТОТУКУ РАСКИНАВМЕ! ;(
    Како можев да бидам толку наивна?? Како можев да му се предадам..јас сакајќи да му докажам дека го сакам и дека сум сменета му се предадов,правев се за него ..а тој?? Тој ме изигра. Барем таков впечаток добив. Синоќа ми подрече малце божем као на пауза да сме биле,а сеа ми вика најдобро би било да прекинеме бидејќи му дошло преку глава од се. Му викам ме доби сеа и ти здосадив,така?Ми вика не е така не ми здосади бла бла.. му викам сигурно ли нема некоја друга,ми вика нема сигурно,му викам не ме лажеш,вика не те лажам...
    Лелел си се мразам самата себеси ,незнам шо да правам,како да постапам.... :@
    Зарем успеа тоа да ми го направи..ТОЈ? на кој што најмногу му верував и со сите низ дома се расправав заради него..како можев да бидам олку глупава :@ :@
    Изгубена сум девојки.. Шо да праам? Како да постапам? :( ;(
    Помогнете ми ве молам...
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Дали сеуште ме сака како порано.. или ме изневерува?

    Уф. Најдобро е крст да му пишеш. Немој ни да помислуваш пак да се смируваш со него, само нерви и време да си трошиш, се гледа дека седи на две столчиња. Боли, боли, ама поминува со тек на време.
    17 години имаш, уживај, не вреди на еден тип да си го трошиш времето. Башка тежок лажован. Ако не дознаеше од пораката до кога ќе те моташе? Барем на време си открила.
     
    На tessie и problems94 им се допаѓа ова.
  5. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Полека малку, смири се, не е крај на светот... Нека помине ден, два, колку да се смири ситуацијата и повикај го на сериозен разговор. Ова ти го велам бидејќи од болдираното заклучив дека ти само впечаток си добила дека тој те изиграл, а не си сигурна. :^) Епа за да не се апеш за газот после, пред целосно да му пресудиш барем осигурај се. Не дека е загарантирано дека тој ќе ти признае ако се видете, ама барем ќе знаеш на што си. Пред се биди прибрана, значи без плачки и нервози, нека те види цврста, совесна и одлучна и побарај од него да ти каже на што сте. Ако не сака да излезете на разговор, веќе ќе биде докажано дека тој е голем кретен. И нема потреба што да му се нервираш. Знам, не ти е сеедно затоа што само пред месец дена си ја загубила невиноста со него и затоа те советувам да разговараш со него, инаку веднаш ќе ти пишев да го откачиш.
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Не дека сакам да ти набивам лош филм, ама мислам дека ке се врати на бившата. Зошто би криел од тебе дека му пишува ако не размислува да и се врати? Ако е чист, ке седне и ке ти каже ете види ми пиша тоа и тоа. Според тоа што си го напишала, доста сте прошле заедно, па уште и имањето односи тоа треба уште повеќе да ја зацврсти врската. И тој изговор му е глупав, цела година се трудел околу тебе, таман се се оправило и сега демек не може веќе да се замара (а и нема за што да се замара кога нели се е ок сега). Тоа што откако си му се предала сте раскинале ке ти помине. И мојата прва врска беше ваква, исто по една година имавме односи и по 2-3 месеци сите други му беа поинтересни од мене, само што јас се влечкав со него уште 2 години дека нели прв ми беше (голема работа) и си загубив доста време таму (сега да ми е паметот..) Јасно ми е дека го сакаш и дека те боли душата сега, како да те изневерил целиот свет, ама се тоа ке помине.
     
    На tessie и problems94 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.097
    На Spell и problems94 им се допаѓа ова.
  8. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Дечково тотално ја откри играта и тоа самиот или ми се чини? :?:
    Откако ти фино лепо дозна дека нешто има помеѓу бившата незнаејќи како да се оправда и плашејќи се дека ќе добие КРАЈ,на најпед*рскиот начин те остави? Баш ми е мило,но немој да мислиш дека ми е мило затоа што патиш - мило ми е затоа што се тргна на време. ;)
    Тоа што ти бил прв не значи дека мора да ти биде и последен,немој да се нервираш,одамна помина времето кога се добиваше и казни ако не си невина на прва брачна ноќ. :lol: шала на страна * никако немој да се му враќаш,никако.До тогаш фино лепо ќе избрише се што имал со бившата (ако не се смират) и пак ќе ти симнува ѕвезди како ништо да не било,не не и не! Мразам такви машки! :envy:
    И никако не ги сфаќам овие "паузи" - пауза од што? Пауза за да се издуваш со која стигнеш и после да ми се вратиш мене? :@
    Ти си силна,добра и интелегентна личност -* ќе најдеш 100 пати подобар а тој дај Боже да го заебе бившата и цел останат женски род. :*
     
    На fallenangel, problems94 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Страшно :o .Навистина подла игра играл дечкото,значи единствена цел му била да има секс со тебе :( .Помири се со тоа,тој никогаш не те сакал.
    Колку побрзо почнеш да мислиш на иднината,подобро за тебе.Не вреди за таков идиот ,да размислуваш сеуште.
    Нека оди кај која сака,и онака не ти треба такво ѓубре :@ .
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Опушти се. Бил и поминал. Си сакала со него да ја изгубиш невиноста, во моментот тоа било правилното и нема апсолутно никаква причина да се каеш за тоа. Млад е сака да е*е повеќе женски, нека се изживее и кога ќе сака да се смири и ќе му текне на тебе ти ќе си имаш 1000 пати подобар дечко од него и око нема да ти трепне за сељачево :) Не мисли на него едноставно, како да не постоел.
     
    На agirl17 и problems94 им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Единствена цел му било да има секс со неа... да, секако |( тоа мора да е, со должно извинување кон тебе девојче, на сите ни се исти дундите, не е златна и не тече мед и млеко од неа... |(

    Абе како размислувате, ја чекал, ја поднесувал 11 месеци - заради еден фамозен секс?
    Да ја искористи и откачи? Ма немој, ако му се сакало можел да има секс со која било друга, па дури и со бившата.

    Не, туку му скурчило. Самата си призна дека си се однесувала идиотски спрема него, човекот трпел и поднесувал, на крајот веќе му скиснало НОРМАЛНО - кому не би, почнал да се лади, и веројатно си помислил дека можеби со сексот работите ќе дојдам во нормала, ете романтично кажано - ќе си се предадете еден на друг, ќе се почувствувате целосно и свои, дека си припаѓате и ќе свртите нов лист.
    Арно ама - не дошло до тоа.
    Доцна било веќе за поправање на ТВОЈАТА ГРЕШКА.

    Не може бе да се однесувате со некого како кон магаре, да му ги тренирате живците, да го повредувате и омаловажувате и после - оп извини, не мислев, ајде сакај ме како порано, ако е можно и малку повеќе, оти знаеш - јас те сакам.

    Предоцна, премалку и не вреди после ни 5 пари тоа докажување.

    Се преморил и сосема го сфаќам и го оправдувам. Можеби малку подло од негова страна што при крајот земал да си разменува пораки со бившата, можел од старт да ти каже - извини, не чувствувам ништо за тебе, вака веќе не оди, да се разделиме, ама со мало делче од неговата суета - сакал да те повреди како ти него изминатите месеци.

    И сега нема што друго за тешење да се употреби, поради твоето грубо однесување екон него, па остана најсилниот аргумент - он мене ме искористи за секс!!!???

    Немој да се лажете.
    Самата си виновна, едноставно пушти го, и во иднина кога ќе дојде следниот дечко - научи од своите грешки.
    Кармата си враќа, со камата.
     
    На problems94, LittleDevil, M.a.r.i.l.y.n и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога врската завршува после губење на невиноста доколку дечкото те остави се зборува дека те оставил заради тоа што го добил тоа што го сака т.е те искористил.Сама си кажуваш дека си го мачела дечко ти, а зошто? затоа што тој дозволувал така, му дошло од се преку глава сигурно и си се сетил на неговата бивша како таа не се однесувала така со него, како таа го разбирала и се остало, му се погодила сигурно до некој момент на слабост кога си го повредила со твоето однесување и посакал да се почуствува сакан.Со такво однесување можеби си станала одбивна едноставно не си тоа што го сака он.Никој не заслужува нервози и омаловажување секој ден, во врската треба да има љубов, почит и разбирање.Со караници и избувнување за секоја глупост гледаш до каде го испрати твојот дечко?
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Да,НО ТАА ГО САКА ,НЕ Е САМО НЕВИНОСТА ВО ПРАШАЊЕ.
    БОГ НЕ СТВОРИЛ ЗА ЕДНА ЛИЧНОСТ,НЕ ТРЕБА ИМА ПРЕЉУБА,НО НА ДЕНЕШНО ВРЕМЕ КОЈ ТОА ГО СФАЌА СЕРИОЗО?
    Изговор:21 век смеееееееее |( :puke:
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    И на кој начин го покажала тоа?
    Самата си признава дека намерно предизвикувала цело време кавги, дечкото морал постојано да се извинува, да се правда, да моли.
    Му газела по нерв, по достоинство и после - ама те сакам, зошто ти вака ми правиш?

    Па јас да сум ќе направам и полошо.

    Хипотетички, одам со некој дечко, се трудам околу него, а он ми се понаша како мајмун.
    Го усреќувам, давам се' од себе да го разберам, а он ми задава само нервози и плачки. На крајот јас испаѓам секогаш виновна и нудам дури и извинување. И таа тортура трае 11 месеци.
    Ич око нема да ми трепне за да го откачам. И ќе гледам да го повредам на каков било начин, за неговото лошо однесување кон мене.
    За памет, за казна. Да си знае во иднина.

    Истото се случило тука.
    По заслуга си е се' во животот.

    Не знам зошто го напаѓате човекот.
    Од камен да е - ќе го здоболи. И ќе му прекипе.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, problems94 и Micheleljubov им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Да,се сложувам целосно со тебе,но треба да и даде втора шанса,доколку ја сака.Ако секако,таа се промени и да си најдат баланс во врската :!:
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. problems94

    problems94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Девојки ,најнапред на сите вас да ви се заблагодарам што одвоивте време за мене и ми дадовте каков-таков совет. Го ценам секое ваше мислење и позитивно и негативно. НО,да посочам јас правев караници на почетокот,тогаш не го сакав и тој тоа го знаеше ,притоа упорно се обидуваше да направи да се заљубам во него,во што успеа. Но добро,да не се навраќам сега има друг проблем..

    Знаете ли што се случувало през целото тоа време?? Преку целото време додека дечково се трудеше да ме придобие,да го засакам ,да му дадам се..господинчево имал и друга женска :devil:
    Овие 11 месеци ,истовремено бил во врска и со мене и со друго девојче ! :@ :@
    Како ова сега да го оправдам,како да го сватам?? Зошто се трудеше околу мене кога имал друга девојка со која бил во врска,а мене ми глумеше жртва цело време жални фаци ми праеше од почеток како многу му е криво шо јас не го сакам..? :(
    Жити се не сваќам !! Седам,мислам ..плачам,се обвинувам самата себе што незнаев да отворам очи. И никако неможам да сватам како дојде до сето тоа,каде згрешив до толку. :^)

    Ми даде глупа причина за да раскинеме,незнаеше веќе како да одговара на моите прашања и прекина..беше веќе повеќе од очогледно дека го разоткрив. Бидејќи јас овие денови се затворив дома,само за да се средам,да не го сретнам- им признал се на моите другарки ( пошо имам другарка која е девојка на неговиот најдобар другар). Паралелно бил во врска со 2 девојки. ;( ;( Со мене и другата. Само што таа другата е од друг град подалеку од нас и сметал дека нема шанси да се дознае. :fubar:

    Шо мислите за ова? Дали треба да преземам нешто или едноставно да се оттргнам,да го заборавам,да го игнорирам,па тоа нека му биде казна.Дали можеби треба и јас да се праам мангуп и сега ведна да се појавам со друг дечко како што тој постапува? .. Или сепак да не се спуштам на негово ниво и да го преболам сама,со главата горе..
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Не паѓај на негово ниво.ИЗлегувај сама со другарки,дај си време на самата себеси.Тргни се од него,тешко е знам,не ти е сеедно,но немој да си ја уништиш гордоста поради некој кој што не заслужува.По некое време ќе дојди некој кој што ќе те сака вистински и искрено,а мажиштето ќе се кае поради тоа што пропуштил да има.Морам да ти кажам дека од една страна ти си малце виновна поради тоа што си го оттргнувала на почетокот од себе,па можеби тоа го навело да има и друга женска паралелно.Не го оправдувам неговото дело туку ти кажувам каква е реалноста.Значи немој веднаш да си со друг дечко,почекај нека помини малку време поради самата себе,а не поради него или некој друг.
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    ^
    Ние сите заедно да се собереме од форумот нема да можеме да ти го дадеме најдобриот совет бидејќи не знаеме точно каква ви била врска, како точно си се понашала со него, како тој со тебе, не знаеме за сигурно пто правел и дали правел нешто со таа бившата. Мада, и мене ми е глупо малце тоа криење пораки, као она, знаеш 1 месец го само „убедува„ да те остави |( .
    Мој совет, прв ти бил - чудо големо. На сите некој ни е прв во животот и што ради тоа да паѓаме во несвет... Не!
    Барем си го сакала си му се предала од љубов, прв ти бил некој што си го сакала, не те присилил тој на тоа, сама си одлучила. Сега, главата горе и продолжи напред, машки има со лопати да ги копаш ;)
     
    На Trendafilka и problems94 им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Молам :o ?Паралелно одел со двете :x .И одозгора на се, ти си му била втора :tmi: .
    Жално за тебе и за девојчето.
    Немој да се измачуваш,заборави го подитно,тој веќе извршил прељубаи тоа е факт со кој ти ќе се помириш.
    Сега си слободна девојка,и памет во глава друг пат со кого си имаш работа :!: .
    Ќе преболиш,млада си,сега си повредена и мислиш светот се срушил,но ќе помине :) .
    Да,важно е што ти бил прв,но тој тоа не го ценел,и затоа од толку либерални сфаќања кој со кој сака си се е*е кога сака,и нормално тоа е прељуба,но кој го сфаќа тоа сериозно на денешно време :fubar: .
    Да не бидам офф топик,крени ја главата горе,она што нема да те уништи ,ќе те направи посилна :rock:
     
    На problems94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. problems94

    problems94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15

    Да срцка,како што прочита. Паралелно одел со двете :worried:
    Ми иде да одам да го убијам од што сум гневна,ама не вреди да си ги валкам рацете. :emo:
    Се тешам со тоа дека животот никому не останува должен и дека сам ќе му врати ,а јас ќе бидам среќна што дознав - па се спасив ( така да се изразам).

    Со тоа што го направи ,многу ме повреди , но истовремено ме прави се посилна и посилна. Камо среќа да дознаев порано ;( ...