Дали треба повторно да бидам со него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Singlegirl, 17 февруари 2011.

  1. Singlegirl

    Singlegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    .... Незнам како да започнам, момчето го сакам веќе една година. Но тој излезе со мојата најдобра другарка, по некое време тој беше со мене се гледавме неколку пати но јас навистина го засакав :worried: Постојано бевме во контакт, но поради некој недоразбирања нашите контакти се прекинаа и тоа траеше 2 месеци. Потоа тој повторно ме побара, со намера дека пак сака да биде со мене, а јас повторно подлегнав на неговите флертувања и без двоумење му дадов потврден одговор. Помина подолг период, тој повторно почна да и испрака сигнали на дргарка ми, но кога таа дозна за нас едноставно го откачи.. Сега тој повторно се врати кај мене со изговор дека сака повторно да биде со мене.. А јас не знам повеќе како да постапам спрема него.. Дај ве молам помогнете.. :))
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.444
    Пол:
    Машки
    Искрено, мене ова ми делува како тој да си игра со вас две, и ве „менува“ по желба. И би те советувал да го откачиш, затоа што и другарка ти го откачила, па да види малку како е кога и тој ќе биде изигран на сите „фронтови“. Ми изгледа како тој да си мислел дека откако другарка ти го откачила, си имал сигурна „алтернатива“ во тебе. Покажи малку гордост и докажи му го спротивното.
     
    На easyyyyy и Singlegirl им се допаѓа ова.
  3. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    35
    Типот не заслужува ни да го погледнеш а камо ли да бидеш со него. Батали го - има многу други риби во морето. Нема зошто би била со некој кој ни малку не те цени. Ако имал барем малку почит кон едната немало ни да и се пушта на другата.
     
  4. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    Се согласувам со постовите над мене, тебе овој дечко не ти треба. Тој ни самиот не знае што сака, зошто да му служиш како играчка? Не си го губи своето достоинство и не дозволувај некој да те влече за нос. Повеќе од очигледно е дека тој сака да седи на две столчиња, a ти немој да му ја исполнуваш желбата :)
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    И јас се согласувам со претходните одговори. Немој да бидеш негова играчка, па кога ќе му се посака да те побара, кога не-да се оддалечи од тебе. Сепак, го сакаш, знам дека не е лесно некој да ти рече: остави го и ти да го оставиш, но уште потешко ќе ти биде понатаму доколку продолжи ова вака.

    Едит: натти ме претркала и дала сличен одговор како што пишав јас :D
     
    На Singlegirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    14
    Нема потреба да пеасувас за ова,треба веднас да го откаЧис.Тој бил со твојата другарка и тоа најдобра и потоа ти со него.ОдкаЧиго нели гледас дека си игра со вас еднас со тебе една со нееa от таков бегај.
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.560
    Се согласувам со претходните постави,сврти си нов лист,од вакви типови што подалеку во иднина!И не сакам да те навредам,ама не влегувај во комбинации каде веќе била твоја другарка претходно,не се гледа баш многу ласкаво и на двете после од истиот тип и од околината,сепак колку и да се правиме либерални,ова остава лош впечаток :!: .А уште полош е за онаа која влетала втора.Сигурна сум дека ќе најдеш некој на кој ќе му значиш повеќе и ќе нема вакви компликации ;) .
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Не само дечкото... И другарката да си ја откачиш затоа што такви лицемерки не ти требаат. Секогаш може да најдеш нови другарки а и дечко. Не очајувај :)
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Дечкото ве врти како што сака.Ако ти е убаво некој мајтап да си игра со тебе продолжи да се гледаш со него :worried:
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Целава ситуација мене ми изгледа како да те користи за да и се приближи на другарка ти,а откако ќе раскинат те користи да ја прави љубоморна.А и не ми е јасно што другарство ќе беше 5 пати да менувате еден дечко,не е тоа маичка или фустанче,па дај вечер ја ќе го носам,а утре ти.Да сум на твое место би го откачила како партал,ако не друго, барем ќе си го зачувам достоинството :!:
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Со другарка ти изгледа ептен блиски сте биле, па и момчињата сте си ги делеле (смајлиштосекрсти). Никогаш не би излегла со мувач или бифши дечко на другарка, ама никогаш! Како си дозволуваш да бидеш таква играчка не ми е јасно.
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со претходните одговори, стави крај на оваа ситуација не си ти играчка па на дечково кога ќе му текне да се смири со тебе, кога ќе му текне ќе те откачи и кога ќе му текне ќе флертува со другарка ти.. ;)
     
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    И после,машките се безобразни и покварени.
    Ненене,женските се лесни.
    Мислам колкава да е страста меѓу тебе и него,ако тој е бивш на другарка па и цело време еднаш ти,еднаш таа..требало да го откачиш.
    Да се заљубиш во таков,не верувам дека е можно..за љубов е потребно нешто повеќе од привлечност,а тој тоа не го поседува.
    Но,не е тој виновен,за цела ситуација сте ти и другаркати.
    Откачи побрзо,барем ќе си начисто со себе.
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. yes

    yes Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Откачи го... тоа ти е најпаметно
     
  15. bvulgary

    bvulgary Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Bev vo vrska so eden decko i i dvajcata resivme da raskineme pred okolu 12 dena zasto ednostavno imase mn razliki megu nas i ne se soglasuvavme vo nekoi raboti. Prodolzivme da komunicirame , ama i so negoviot drugar isto taka ,toj pa od koga raskinavme mn pati mi se dodvoruval i saka da izlezeme a i poblizok mi stana.Neznam dali za ova bivsiot znae ama Ovie denovi me prasa dali mu nedostigam zasto jas na nego da ii me vikna na prilajatesko kafe ^^ . A jas stv neznam dali uste custvuvam nesto za nego , ne bilo pred mn vreme i ne sum go zaboravila vo celost ama sepak . Sega nz sto da pravam , sakam mislenje :)
    [mod-kirilica:2vmuoes3][/mod-kirilica:2vmuoes3]
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    па многузависи и од тоа каква ви била врската.Некако додека го читав постот почувствував рамнодушност од твоја страна,плус вие спогодбено сте се разделиле.А кога веќе еднаш сте заклучиле дека не ви ја бива врската,затоа што сте премногу различни,тогаш нема место,ниту пак постои причина да му се вратиш.Од друга страна,излегувањетосо неговиот другар некако и не ми се види како добра идеја,можеби тебе ти е пријатно неговото внимание,сите сакаме да се чувствуваме посакувани,меѓутоа,НЕГОВ НАЈДОБАР ДРУГАР??? :?: :?: :?:
     
  17. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Искрено јас сум видела многу случаи каде после раскинувањето ,момчето заради (огорченост,љубопитност,љубомора,и проверка на девојка му колку може според него да испадне лесна ) праќа другари свои во т.н "тајна разузнавачка мисија" :lol: :rofl: да испитаат колку нивната драга бивша девојка ќе падне на шармот на другите и колку брзо ги заборавила.А овде зошто се работи за неговиот најдобра другар мене ми мириса на нечие туѓо масло ,така што мсиалм дека би требало повеќе самосвесна да станеш дека сепак се работи за негов најблизок другар па да прво и ти разледај "околина" за да не испадне да почнеш да чувствуваш нешто за дечкото а всушност си била само искористувана. Не викам дека и твојот случај е таков но повеќето случаеви во кои биле вмешувани другари на некој бивши не завршувале најдобро.