Од една страна го сметам како потенцијал за неверство, ама од друга па и забава. Се додека е во рамки на граница е во ред. Ама и многу зависи од самиот квалитет на всраката . Ако е за забава нема проблем, би флертувала и не би ми пречело партнерот да флертува
Кога е во прашање сериозна врска - да! Call me old-fashioned, ама и да се состои од погледи, кој ѓавол бараш во сериозна врска кога те привлекуваат повеќе луѓе? Биди си во некоја отворена врска или мувај се штом така. Во сериозна врска се знае што се очекува. Барем јас така функционирам.
Ми имаат речено дека наводно флертувам и кога мочам А јас никогаш не сум помислила дека правам нешто свесно - така да моја теорија? Тоа што за некои е флерт за оној другиот може да биде природен начин на комуникација без некакви странични намери. Не ми пречи, како да кажам, на некој фетишистички начин ме пали дури. Имав двајца бивши кои беа од оние сорти - лаат но не касаат. Флертуваа прилично често ама се додека јадеа дома, не ми пречеше Вие можете да флертувате несвесно и со другари или со познаници и што ако дечко ви се сретне со некоја познаничка и и направи муабет? Ќе го стрелате ли? Хм. И повторно прашање е што за вас ќе изгледа како флерт а што нема. Некој може и да и помогне на непозната девојка со торбите во град и да и се насмевне убаво и сепак ќе се најдат девојки кои во тоа би виделе флерт. И искрено многу ме нервираат оние девојки кои видливо ги демнеат своите партнери па изгледаат ко control freaks. И уште пред сите кога ќе испуштат рафали. - На што личеше ова? Зошто ја погледна? Која ти е оваа? А ја кај сум у причава? Шо ја демек дух сум? На мене не можеше истото да ми го кажеш? Од кога не си ме погледнал така? Мислиш ќе ти помине ова? Јас шо сум ти помија некоја или? И слично. Ако имате дечко не значи дека го поседувате. И не можете секој поглед да му го пратите. Не велам дека флертот не ми пречел сосема, ме стресува малку но не го сметам за неверство, во никој случај. Всушност имам теорија, дека сите ние свесно или несвесно во одредени секојдневни ситуации флертуваме. Prove me wrong!
Токму така, го делам ова мислење целосно.. ако веќе врската можам да си ја наречам сериозна, тогаш што сериозно има во тоа да флертуваш со други? Знам како би ми било да ми го прави партнерот тоа, така да јас сум сосема против. На крај краева никој не ме присилува да бидам во врска, а ако сум во сериозна ( а под тоа сметам да му ја подарам цела љубов, душа и тело ) немам потреба да шмекам други.
Ако сум во озбилна врска, што има да флертувам со други? Да сакам да флертувам, нема да влегувам во озбилни врски. А доколку, е неозбилна врска, отворена врска, и двајцата прават што сакат, тогаш зошто да не?
Аман бре девојки, ама сте строги некои од вас Па зарем никогаш не сте се загледале во некој згоден, убав, па да му упатиш некој поглед 1000 зборови што вреди и нешто такво ситно?! Никој не вика број да размениш, да муабетиш, туку нешто ситно. Мене ми се случило многу пати, траело колку што ми е во видик и толку.Ниту ми текнало после на него, ниту ништо и не гледам лошо во тоа.Дури можам да кажам дека и дечко ми на крај ќарувал од тоа, зашто сепак на крај ќе дојдам до заклучок дека ми е најубав и најпаметен Инаку не сум го користела флертот како средство да го направам љубоморен-не прави тоа што неќеш да ти го прават
Невин флерт со замавнување на косицата Ама тоа е се што сочинува флертот. Она тивко, потајно „докажување“ на себеси дека си посакувана. Мување, драпање, бакнежи, криење од дечкото тајни разговори, смс со „ цмок “ на крај е веќе неверство А да, по мое, флертувањето е талент бе, заведуваш некој за да си остане со празни раце
Не го сметам за неверство. Ако се смета за неверство значи нема верен човек на планетава секој флертува, некој повеќе некој помалку. Јас под ФЛЕРТ подразбирам само невербална комуникација друго ништо јас сум во озбилна врска ама понекогаш флертувам и не го правам тоа намерно онака иди од внатре не дека го сакам тој со кој флертувам само да се почувствуваш привлечно некогаш да ти се крени малку самодовербата
Не. Некогаш може да доведе до неверство ,но самиот чин не е. Понатамошното мислење ми се совпаѓа со она на Пирамитката :
Site flertuvame bez razlika dali sme single ili vo vrska ti ne mora da go pravis toa pred deckoti ako mu smeta bidejki mozat problemi da nastanat : [mod-kirilica:8h5ggwgu][/mod-kirilica:8h5ggwgu]
Не флертувам, и тоа од чиста причина дека несакам ни тој да го прави тоа... За мене да се насмееш културно на дечкото што ти подава пијачка, или пак типот во дискотека што се труди да не те бутне- не е флерт. Значи да, знам да се насмеам од КУЛТУРА. А него да го видам како флертува
Не, не го сметам за неверство. Тоа може понатаму да доведе до неверство, но самото флертување не е. Не сум до толку строга, а и не сакам да се нервирам за се и сешто. Ако остане само на погледи, ок е, ништо страшно.
Shto e za tebe neverstvo? Postoi li psiholoshko neverstvo? Ima li emotivno-energetski interakcii od mnogu pointenziven tip odkolku obichen seks? Dali sekoj seksualen izlet so drug/a e neverstvo? Mozhe li flertot da rodi emocii, a seksot da bide bez emocii? I koja od dvete varijanti e neverstvo?
Па не можам да му забранам да гледа! Ако сака да е со мене , нема ништо после флертот да направи, ако не нема да се тепам да го заврзам со мене да биде! Крај краева има многу риби во морето,не е само он!
Ако е само флертување и ако остане на тоа не сметам дека е неверство.Но кога дечкото до мене флертува--тоа најискрејно го подразбирам како знак дека нешто не е во ред.Или пак дека тој крајно нема почит,култура и разбирање.
Зависи кои се границите. Но и најмала ситница може да прерасне во големо. Не може да се каже дека е неверство, но сепак не оправдувам такви работи.
Вас значи убо ви е да се гледа по други дури е со вас дечко ви??? Па извинете ама ако ги сакате дечковците никогаш нема да посегнете по тоа (бар дури сте заедно) и обратно..и ако ги сакате навистина никогаш нема да ви се здосади. Господи помогни им..како се чустувате вие кога ви го прави тоа дури е со вас?Понижено или гордо на тоа дека ееејј тој флертува алал да му е јак фраер?? е не можам од некој ствари стварно.....
Не, не го сметам за неверство. Но, доколку ги премине границите, може да биде и чекор којшто ќе води до тоа. Значи, онака „благ“ флерт што би се рекло, погледи, таинствени насмевки...ова, она. Секако, до некои граници до кај што може да се оди.