Па баш мислев мислев и заклучив дека баш би ме повредило ако дознаам дека флертува со некоја. . Длабоко во себе значи дека може и го сметам за неверство hock: Неќам бе, неќам да и поклонува внимание на никоја друга и точка. Кој век сака нека е маж ми е само мој и тоа е тоа. А од друга страна и јас коментирам со него во стилот еј ја виде ли онаа, баш беше јака и слично. Ама тоа друго си е . Нека ја виде и толку, нема што да си разменуваат погледи цела вечер или недај Боже да и се смешка. Спојлер Страшно љубоморна сум ти била јас бре!! Ауу сам себе изненадио ово моето ќе му дојди.
Еднаш пред на дечкото очите, пред негови очи флертуваше еден со мене и видов дека тоа му смета и од тогаш не флертувам јас со никого,а знам кога ќе шетаме пред нас да оди некоја со кратко сукњиче и да му речам шмекни,шмекни, малце оплакни очи и знаеме да се изнасмееме слатко на тоа,но да флертува кога не е со мене,е тогаш би добил
јас по мое мислам дека флертуванјето нема никаква врска со неверство неверство според мене е кога веке ке излезеш со некого и ке се смуваш од убаво поубаво а ако се слушаш со некого тоа не го подразбирам за неверство а флертуванје па ич секој си флертува кога ке видиш но сепак немој пред него нормално е да се лјути сепак невкусно е и незрело кога си со дечкото да флертуваш со некој друг
Незнам дали треба да се третира како неверство,ама факт е дека флертот води кон тоа,така да може да се каже дека е некоја форма на неверство. Мене ми е баш детска работа тоа-дечко ми да флертува со некоја а и јас исто така.Освен тоа,укажува и на несериозност во врската. Додека флертуваш со некого-тој или таа од другата страна на флертот нема да го сфати тоа како мала шала или нешто што за тебе е интересно,туку ќе сфати дека си подготвена да продолжиш со чекор напред доколку продолжи флертувањето. Така да,не за флертувањето,барем во сериозни и врски каде што има големо поврзување помеѓу партнерите.
да погледне некоја ајде ајдe, а да флертува со некоја пред мене пред мои очи сигнали да му праќа да ја зјапа би заминала одма и не би го погледнала. флертот не би го сметала за неверство но би се посомневала дека ме изневерува, ако прави така пред мои очи па кој знае шо прави кога јас не сум тука. а да погледне некоја само заради тоа со е добра пи..а тоа да, секој гледа ама друго не би поднесла. замислете си тој пред твои очи зјапа во девојка си праќаат погледи а ти тука седиш до него, едноставно се чуствуваш како ѓубре, како кога некој другар ти вика еј онаа ми се свиѓа а ти ја познаваш и да треба да го запознаеш со неа и после да прави он со сака со неа, мислам одма би заминала и не би го погледнала.
неверство е дааа јас не би сакала дечкоми пред мене а и без мене да флертова со некоја,тоа за мене би било навреда и иде као поред мене он поклања внимание на друга као она да е боља од мене неееее неверство е
Не е неверство се додека не ја премине границата... Вие може да флертувате со некогу преку погледи или да упатите една насмевка но може и да почнете да излегувате со таа личност па да премине во вистинско неверство. Секако дека ако излезам со другарките ќе искоментирам за некој нешто или можеби ќе упатам некој поглед но тоа застанува ТУКА... - ништо повеќе од тоа. Е сега свесна сум дека веројатно истото го прават и дечките и тоа многу повеќе отколку ние девојките но мислам дека ако личноста знае да се контролира нема да дозволи флертот да и ја уништи врската... Нели, би било премногу глупо од моја страна ако додека сум со дечко флертувам наоколу со други и обратно. Со тоа се создава една лоша слика за личноста...
Не мислам дека флертот е неверство Се повеке сфакам дека на секој човек без оглед дали е во срекна и убава врска некогаш му е потребно и туго внимание... на секого му годат комплименти ,флерт од друга особа тоа е факт. И да сум во врска,и да го сакам дечкото неможам да ги затворам очите и да не гледам убави момци, па ете и ако некој дечко почне да флертува мене ке ми годи. Нормално е некој друг да те привлече но мислам дека со годините и искуството учиме како тоа да остане само на флерт,важна е самоконтролата за да одолееме на искушението и тоа да не премине во нешто повеке
флерт -неверство или не,за себе мозам да казам не ,ама би ми сметало да дознаам за партнерот,бидејки зивотот е непредвидлив и има секакви слуцаеви ,а машко си е машко ,а да незборам да флертува пред мои оци,а таквите работи одма ги приметувам,не би ми било убаво
Да шмекнеш некое симпатично момче и да си го погледаш и да си воздивнеш е сосема природно, па очи се за гледање а и има убави момци, ама флерт??? За мене тоа е ментално неверство без физички контакт, да зјапаш да намигнуваш да се смешкаш и да чекаш негово/нејзино внимание и тоа да ти биде делумно окупација вечерта ми е малку мизерно поготово со дечко/девојка пред тебе ... Флертот предигра за почеток на било каков физички контакт, слично како и предиграта пред секс, колку е подобра, страствена има енергија, хемија и привлечност, толку е подобар ... па сеа неверство е или не? А кој измислил - само флерт де- тој нека не мачка очи да не му замачкам една шлаканица ке биде крваво да фатам такво нешто
Кога си сингл, флертот баш добро доаѓа. А и по некоја насмевка не штети нели? Обожавам да флертувам и тоа не го сметам за неверство. Сепак пред дечко ми тоа не би го правела, затоа што би се почувсвувал глупаво. На пример, да го прави тој тоа, уште и пред мене мене ми би било малку тешко...
И јас не можам да го избегнам флертот , не е неверство додека не почнеш да се слушаш или да си пишаш со некој , да се гледате итн. ама од флертот започнува неверството
Абе сега..зависи има два типа на флерт 1.Флерт кој непрерснува во ништо и 2.Флерт кој може да прерасне во љубов така да незнам што да ти кажам..
Е сега од флерт до флерт има разлика. Кога е флертот само во гледање и вртење после глава на друга страна ок, не боли, никому ништо, и јас гледам и толку е тоа. А ако е флерт да речеме, погледи, погледи, па неколку реченици, или па на фб еве денес најчесто лајкови и допишување брат но но,така не. Флертот често знае да е опасен, така да, јас препорачувам 'манијачење' повеќе, исто и дечко ми гледам ^
Ако дечкото со кој сум флертува наоколу тоа ќе го сметам како мое непочитување. Освен тоа ќе се запрашам за степенот на самодоберба кој го има,зошто само некој несамоуверен преку флерт надвор од врска би си `докажувал` на себе дека се уште вреди и е посакуван. Не би сакала да бидам заедно со таков човек.
Знам дека сите машки неможат а да не гледаат и во ред ми е тоа. НО кога не е со мене. Додека е со мене и ако се труди да флертува, да ми гледа девојки од горе до доле, да се врти по нив, да им праќа погледи, го сметам за непочитување. И искрено би се навредила.
Не го сметам за неверство.Ако не ајде да си ги ископаме очите и да не гледаме други,па нема да се "изневеруваме со флерт" а пошто сме долго врме заедно,нема потреба да се гледаме,знаеме како изгледаме и ќе си се сакаме.Барем кога ќе остариме уште ќе се сметаме за убави. Шала на страна,за мене ова не е неверство.Неверство се знае - искачаш и се муваш/легнуваш со друг тип.
poztojat razlicni nacini na gledanje i svakanje na flertot. za nekoj e neverstvo za nekoj e sosem rutinska rabota. ima coveci sto flertuvaat na sekoj mozen nacin, vo sekoe vreme i so sekoj so go sretnat, tie luge vo nekoji oci se kako budali, a za nekoj sosem normalni. eve ja na primer. sekojdnevna rutina, dodeka ne me doznai ljubomorniot moj decko