Хмммм... машка гледна точка...секојдневен флерт....со повеше машки у иста вечер доведува до некои од тие начекаат мал временски прозор кога е сама и почнат муабет....и секоја вечер така....у еден момент која и да е девојка, на момент ќе заборави се и ќе направи следен чекор.... ако некој тие во ред дечко ( па и да не е ) си излегла со него вечерта...нема апсолутно потреба да флертуваш..па макар и со поглед...моментот што тебе ти го зголемува егото - него му го намалуваш... а ако не си сигурна во себе ..па цело време сакаш да си под внимание ...тоа е друга работа...... една девојка што се гледав исто така ..знаеше да се смее лево десно.... и на крај да разберам дека другарка и која беше вечен сингл зашто неможеше никого да задржи ја убедила , со муабетот ај ма еднаш ќе излеземе ништо не е - само онака забава, со тој некни што се шмекавте и неговиот другар... и каде е после тука поверењето ..кога тој јас дознав ?????
Јас може не ама бившиот мислам дека за смртен грев би го сметал да ме видел хаха , не дека го сметам за неверство ама кога сум во врска е сведен на минимум па дури и го нема зошто нејкам да замислам мојот партнер да се смешка наоколу со други девојки ЧД
Намерно не флертувам, но ми годи дружбата со машки и тие често знаат мојата склоност кон зезање да си ја сфатат поинаку, но досега не сум се нашла во лоша ситуација и се додека е така ми годи внимание нормално, како и на сите девојки, убаво е чувството да се осетиш посакувана, ако не додека сме млади кога? Исто така и кога ми се пуштал некој никогаш не сум скрила од дечко ми, нема зошто да кријам кога не сум виновна, а добивам многу повеќе внимание од негова страна, страв и мала љубомора, не ми пречи бидејќи дечко ми не е од тие проблематично љубоморните, умерено си е дури слатко, ми годи. Но се разбира, не го правам тоа намерно да се разбереме. Неверство е тежок збор за да го спомнеме на оваа тема, така да не би го нарекла како неверство, но не би флертувала со намера (викам со намера бидејќи случајно знае да ми се случи, дека сум опуштена и насмеана постојано) и нормално би се налутила дечко ми да го прави тоа. Но јас знам дека и да го пуштам во клуб полн само жени без мене нема да флертува, што значи довербата е најважна. Ова ме потсети на случка на почетокот на врската, бевме излезени во кафана со друштво и еден тип од соседната маса цело време зјапаше во мене, а мене несвесно ми оди погледот ако приметувам дека некој цело време зјапа, мислам нормално. Дечко ми помисли дека и јас намерно го гледам и флертувам и цела вечер не ми правеше муабет.
Флертот не е неверство, но може да се претвори многу лесно во неверство, нормално кога веќе имаш некој кој ти дава жарче, ти си доволна за да предизвикаш оган Но, во секој случај ако веќе сум/сте излезени со дечкото, а флертувате со некој друг покрај него, е тоа да, го сметам за неверство зошто покрај особата со која што сте, значи не ве прави среќни па барате друг некој во кој ќе го најдете се она што во вашиот дечко не сте го пронашле. Затоа флертувајте но со осет
Флертот не е неверство, ама дечко ти машко како машко љубомори. Сега ако е само флерт ок ама да напоменам дека неверството започнува прво со флерт. Затоа внимавај си
Јас флертувањето не го оправдувам, не е изневерување, но е непочитување кон партнерот, дали пред мене или зад мене се случува тоа не е убаво. Зависи колку долго сте во врска со некој поинаку ќе гледате на флертот. Ако јас пример почнам да флертувам со некој одма ми одат мислите што ако и тој флертува со некоја, па не ми е убаво и избегнувам такви ситуации. Посебно не ги разбирам поедини луѓе кои знаат дека си зафатена и почнуваат да ми се буцкаат, да ми се шмекаат, да ми флертуваат, се надевам дека нема да ми направат проблеми некогаш. алоо 100% зафатена wtf?
Ова е по awkward работа од неверство. Мислам, не знам како би го сфатила тоа...која му е поентата на флертот ако остане на флерт? А сигурно не останува ако веќе почнал, и така...
незнам дали прашањево мое одговара на темава но за другарка е и морам да прашам дали флертот може да значи поглед од некој што ви се свиѓа а он не ве знае лично само ве видел вака по лик ни име да не ви знае ама баш ништо само лик? знам дека е глупо малце прашањево ама ме интересираше за другаркава
Секако дека не е неверство ако не се вмешани физички и психички емоции. Флерт може да биде и насмевка со згоден дечко во диско што е тотално безопасно, ама може да биде и емоционално поврзување од типот на леле ме разбира 100 пати боље од дечко ми дури си пишуваме на фб, а краен случај е кога прераснува во физичко неверство- бакнеж, секс, зависи од возрасната група. Секој сам си знае најдобро до која граница оди и си дозволува.
Најверојатно и нормално да. Флертот е не почитување и изневерување на ичија доверба и искреност, оној кој има сопатник нема што да бара да оди да флертува и да се подбоцнува со други девојки/момци, ако сакате и почитувате одредена личност не ја сваќам логиката да се оди и да се бара лаф муабети и лигавења кај икс особи. Флертот е само почеток на човековата потсвест за проневера.
Флертот со погледи не. Бидејќи често и јас самата се наоѓам во ситуација кога флертувам со некој со погледи а немам никакви намери за таа личност, само си ја правам ситуацијата интересна. Е сега, доколку флертот е со некои поголеми намери тоа е друго, мислам и тогаш не би се сметало за неверство бидејќи не е направено ништо физички но сепак е подруго, зависи до ситуацијата. Инаку како и да е мојот дечко/маж не би сакала во никој случај да флертува, ни со погледни, ниту со допири. На своја кожа кога осетиш е многу подруго, тогаш би ги сфатила оние што велат дека го сметаат како неверство. Вака не.
Не го сметам за неверство, обичен флерт, секако кој подоцна може да премине во неверство. Но зависи до особата дали сака само внимание или нешто повеќе
Не го сметам за неверство,го сметам за ду*ење во здрав мозок..Едно е да погледнам некој згоден дечко а сосем друго е да се насмевнувам и да провоцирам и да зјапам. Не го правам тпа шо не сакам да ми го прават.(зборувам ако сум во врска на пр)
Не го сметам за неверство, ама секако ако си во добра врска не ти е неопходно да флертуваш со некој. Е ако некој ти се пушта тоа е според мене нормално и добро, и супер за подигање на егото. Не знам како би реагирала дечко ми да и се пушта на некоја до сега сум немала таква ситуација, а кога него му се пуштаат пред мене и мене ми ги креваат егото, знам дека нема потреба да направи било што, а добро е чуството кога ти имаш нешто што некој друг го сака, да не се лажеме Во ситуација кога мене некој ми се пушта само културно се смешкам и си викам I still got it хахахаха Не, шала на страна, нормално е некој да флертува со вас иако сте вие во врска, а ако вие возвратите треба да се запрашате што не ви чини во врската. А гледам погоре се спомнуваат и ситуации да погледнеш некој дечко/женска, па не ми смета да погледне дечко ми, демек ако ми смета нема да гледа. Додуша он помалце заприметува какви се лугето околу него имало многу ситуации ја да му кажам за некоја колку е згодна или убаво облечена, не сум суетна и искомплексирана па ако е некоја згодна да речам е не, не е. А јас машки па и не загледувам нешто посебно, еден скоро видов и помислив ама е симпатичен, ама според мене нормална работа е, не значи тоа дека одма ке се смуваме, венчаме и не знам што..
Зависи што се случува, дечко ми до сега не флертувал, ниту пак јас.Не е неверство, но може да доведе до тоа