1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали јас сум виновна за се?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од redgirl, 8 април 2011.

  1. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Чувствувам вина,тешко ми е,грозно се осеќам..
    Се мував со еден 9 месеци,јас сакав врска а тој не,учеше во друг град многу ретко се гледавме ми викаше дека се ќе се среди,дека ќе останеме засекогаш заедно.Јас го сакав превише,никој немам сакано како него,му докажував,а тој никогаш незнаеше да докаже,освен да испушти некој збор многу ретко дека ме сакал... ;( Ми беше многу тешко со него се чувствував искористено,се срамев од самата себе постојано се криевме кога се видувавме,никогаш ми се нема јавено да ме праша како сум,освен само кога ќе ме викнеше да се видиме,а на секое негово доаѓање во градот ме викаше па макар и на 5 минути.Бидејќи се чувствував искористено решив да ставам крај,му кажав дека неможав веќе да издржам вака со него,дека има некој друг што ме сака и сака да ми го докаже тоа,а тој се насмеа и ми рече:Во ред биди среќна со него засакај го како мене што ме сакаш,па можно е да се најдеме јас и ти во некое подобро време за нас.
    Јас фатив друг дечко тој ме сака,постојано прави нешто што ќе ме насмее со него сум еден месец,но не го сакам постојано мислам на оној другиот,мислам дека нема да го заборавам незнам што да правам сега се чувствувавм виновна со еден удар повредив тројца,бившиот го понижив го оставив поради друг,новиот го повредувам бидејќи на некој начин го искористувам му викам демек го сакам само како да го задржам,а секоја секунда размислувам на оној,се повредив најмногу и самата себе многу ми е тешко немам никакво решение се чувствувавм,незнам како,никако :sweat: ;( ТЕШКО МИ Е .......
     
  2. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Дали јас сум виновна за се

    Е сега дали за се незнам,ама крива си што си дозволила така некој да се однесува кон тебе,и дали да речеме да те искористи...ај еден месец,два некако да сфатиш дека му требало време,ама 9 месеца е тоа неможам да сфатам....и мораш под итно да го заборавиш,биди си среќна со новиот дечко,немој да се каеш ако го изгубиш за некој што не те заслужува-сигурно и ти си свесна за тоа :!: а ако воопшто не го сакаш новиот дечко-тогаш не го измачувај и него мислејќи дека го сакаш,ќе го повредиш,така да најубаво биди сама еден период и пробај оној кретен да го заборавиш....за твое добро ;)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали јас сум виновна за се

    Eден краток совет, остави ги сите тројца во минатото, немај никој во твоја близина, раскини со сегашниот, среди си ги мислите и чувствата, во овој период не ти треба дечко, па можеш и без нив, мора ли да имаш дечко.
    Ова од искуство , бев во слична ситуација како тебе на некои мои 21-22 год. и донесов одлука да бидам сама. Можеме и без дечковци да бидеме среќни и сакани. Се надевам ќе размислиш за предлогов.
     
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Дали јас сум виновна за се

    Прво како си го понижила бившиот кој не ти нудел ни врска нити па бил погоден од фактот дека заминуваш со друг и со насмевка ти посакал среќа,м?
    Гледај да се насочиш на сегашниов дечко бидејќи она што те тера да се навраќаш на претходниот е твоето повредено его, меѓутоа факт е дека тој никогаш не ти го понудил тоа што го сакаш па сега да си набиваш непотребно грижа на совест поради него апсолутно нема потреба. А чувствата кои ги имаш кон него полека ќе исчезнуваат кога ќе ја видиш разликата секако ако си дозволиш да ја видиш со новиот дечко. Кога и да те фатат кризи за претходниот сети се на тоа како мизерно си се чувствувала поради него и како пак ќе завршело исто, само било прашање на време кога, па тоа ќе ти даде сила да не се оптеретуваш толку со него. Налути се, разгневи се ако треба во своите мисли кон него и избркај го од нив, бидејќи каква е таа негова понуда да бидете секогаш заедно на таков начин? Нефер, е најблагиот збор кој ќе го употребам.
    Ти посакувам среќа и повеќе да поработиш на тековната врска, па и не си крива за ништо друго освен за твојата опседнатост со бившиот кој не го заслужува твоето внимание, време, мисли, а најмалку љубов.
     
  5. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Дали јас сум виновна за се

    Фала срцки сите сте во право ќе размислам за нашите предлози многу ми е тешко но се надевам дека ќе го надминам овој период ;) :*
     
  6. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Дали јас сум виновна за се

    9 месеци не е малку време за да сватиш дали некој сака врска со тебе или само обично мување... Но сепак тоа и не е толку битно штом си ставила крај на тоа и си се спасила од него. А што се однесува до новиот дечко ако мислиш дека не го сакаш подобро кажи му на време бидејќи колку поминува времето толку ке ти биде потешко да му кажеш крај ако не го засакаш, а така само него уште ќе го повредиш. Немој со него да бидеш само затоа што бараш утеха... Позд и се надевам ке ги средиш мислите :)
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Дали јас сум виновна за се

    redgirl секогаш е така, трчаме кон невозможното а го отргуваме возможното, зошто е тоа така треба да се запрашаме самите :?: . Не битно дали е во љубовта, општо во животот се е така. Зошто да мислиш на тој што те повредувал цели 9 Месеци, па зар ти си кукла и може да си игра со тебе како сака, и добро си му направила што си му раскинала. Бившиот дечко заборави го тој е минато, бившиот мувач(повеќе ќе речам искористувач) и него заборави го. Мисли сега како ти е, тие и двајцата се минатото, а во минатото не се живее, се живее во сегашноста. Велиш дека сегашниот дечко е предобар те сака, потруди се и ти да го засакаш можеби е малку 1 месец да се заљубиш но со тек на време ќе биде и тоа. Дали за се си виновна ти? Јас ќе речам не, верувам во судбина и само ќе си речам ТАКА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ! Зошто постојано да мислиш на бившиот кој те повредувал, те омаловажувал , и со еден збор си му била ИГРАЧКА, зар ти си со извинение к**ва, па да работиш на повик? :devil: . Што ти недостасува кај него? Не јавувањата, лажните зборови те сакам или искористувањата? Подобро и што си му раскинала, јас и самата се чудам како си издржала цели 9 месец, па тој не заслужува ни 1 минута внимание и сеќавање кон него.
     
  8. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    Дали јас сум виновна за се

    црвена девојко тој бившиот мувач ако те сакал немало да дозволи да те изгуби и немало да останете само на мување туку ќе сакал и да сте во врска џабе се мачиш да мислиш на него гледај го тој што те сака и мисли на него и така ќе го засакаш..подобро е да бидеш сакана отколку ти повеќе да сакаш.....од самите убави работи што ти ги прави овој сега ќе ти стане мил и ќе го засакаш ќе видиш
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Дали јас сум виновна за се

    Воопшто не си крива за ништо! И воопшто да не ти е криво што си го откачила! Криво само да ти биде што не си го откачила копуков порано.. Точно,овој период ќе ти е тешко и ќе мислиш на него. Но,мораш да го преболиш затоа што нема полза во тоа ти да се нервираш за него! Времето ги лечи сите рани.. Доста си се секирала за него... Мило ми е што си го оставила бившиот,воопшто не си го повредила... туку поштедила. Остани си со новиов и гледај поработи малце на себе,некое време па после со новиот.
    Остави го фраерот во минатото, и гледај да уживаш во иднината!

    И за во иднина... Има теми каде што соодветно можеш да го ставиш твоето мислење бидејќи нема потреба од отварање на нова тема.
     
  10. dudiich

    dudiich Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дали јас сум виновна за се

    Не си ти крива за ништо. не си била среќна и си ставила крај. Не си требала да чекаш толку време за да сфанеш ама ајде.. важно си сфанала :)
    Уживај, ќе мислеш некое време и ќе го забравеш. Мисли на среќата со новиот дечко.