Германската компанија ВПД ќе гради 415-мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. И РЕК има толку капацитет, кога сите три блока работат. А не работат никогаш сите три. Третиот блок е граден на крајот на 80тите, со помош на руски инжинери. Од тогаш, ништо не е унапредено. Напротив, оставен е РЕК на забот на времето, пошто ремонтите ги прават формално, а не системски. РЕК е дотраен. Прашање на време е кога ќе рикне. Башка што загадува и пола од битолчани имаат некаква форма на канцерогено заболување. Мајка ми е два пати оперирана од рак, ко за пример. Ова е прв од низата проекти за 'зелена енергија', со која би требало да се задоволи целосно потребата од електрична енергија во Македонија. Иначе, увезуваме струја со децении, не е ново. Затоа бараат алтернативи. А и плус 'зелени'. Кој и да дојде на власт, ќе ја има истата оваа задача. Освен ако не сакаме целосно да увезуваме струја... до последниот киловат.
Знаеш што значи зборот "алтернативен" воопшто? Пак ќе те прашам. Дали климата кај нас дозволува целосно потпирање на вакви извори?
То си има стручњаци кои го одредуваат. Еве, викаат дека 415мв ќе произведува електраната со ветерници. Ако тие лажат и јас ве лажам.
Eбале ве ветерници и соларни панели. Ние не знаеме дали леб ќе имаме да јадеме до следна година ова време.
Струја ќе немате во 21 век и уште ги браните . Па подобро да нема струја барем да не читам како се бламирате, затоа сме до тука стигнати. Без струја ќе ве остават, без вода, без леб и пак не ви иде паметот, трчајте да ги гласата во недела.
Знаеш зошто ќе нема? Затоа што се оди на опција 'алтернативна енергија'. Тоа ,,зелените странки" во Германија на чело со Меркелка одлучија така. Ќе биде тоа еден експериментален систем (составен од соларни панели, ветерници итн.), кои покрај што ќе се служат за црпење енергија од Земјата, воедно ќе служат и за манипулација на климатските услови, кои видовме како се завршуваат изминативе пет години, а пред нас е уште цела деценија на климатска пропаст. И да, HAARP веќе не е теорија на заговор! За крај, вајверојатно ќе се оди кон Zero Point Energy. https://forum.femina.mk/threads/zero-point-energy.32340/
Зошто верувате на празни ветувања, кои не се поткрепени со соодветни аргументи? Во тој дел од Македонија нема толку силни ветрови кои со својот капацитет може да овозможат производство на електрична енергија. Ветерниците и целиот тој проект се само една голема лага, како што беше онаа со 500 евра плата. Патем треба константност на тој ветар, за да овозможи производство на електрична енергија. Немаат направено никакво истражување во поглед на овој проект, туку се трудат на народот да му ги замачкаат очите и да се фатат за последната сламка за да се спасат.
Баш така. Струја не произведуваме доволно, а поскапува. Таа што ја увезуваме ќе биде изгор. Доправа ќе растат цените на фосилните горива и нивната обработка.
Знаеме што се случува на глобално ниво, ама не е логично нели од цел регион само ние да не можеме да се справиме со ситуацијата. Тоа се случува во држава со кадар поставен на функции што врска нема од работата, а наместени само за крадење.
Како нема ветер за да произведеме струја? Напротив, местото е идеално каде ќе се прават ветерниците,шиба ветер цело време, а може и сончеви панели да се стават на југ и тие да произведуваат струја. Има алтернативи. Лично познавам луѓе кои сами си ставиле ветерници и дома си ја користат струјата, не плаќаат сметки,дури имаат вишок и сакаа да им ја продаваат на државата, но немаше такво одобрување, сега мислам дека може да ја откупува. Проблемот е што касно есега да се бара алтернатива за струја за која требаше да биде набавена уште во август, у септември почнува грејната сезона, сега е ноември на праг а со струја не сме днабдени, крадеме. Мислам јасно е дека фотељата е побитна од народот и струјата ама мора да продискутираме.
Не бе Рози, секаде ќе биде исто срање со струјата. И во Босна, и во Србија и во Црна Гора. Буквално цела Европа. Велика Британија до скоро имаше проблем со гасоводната мрежа бидејќи излегоа од ЕУ. Па, не знаеа од каде да увезат, и на крај колку што прочитав одлучија да увезат преку Шведска која иронично гасоводот го презема од Русија. (Нека ме коригира некој ако грешам), Така што цел свет глобално ќе биде под рестрикции, не само Македонија. Овој проблем нема везе само со нашата држава. https://www.reuters.com/business/en...launch-uk-low-carbon-heat-network-2021-09-20/
Не велам дека нема ветер. Но нема доволно силен и константен ветер. Еве колку силен ветер е потребен за нивно нормално функционирање:
Ама никаде нема најавено рестрикции моментално, секоја држава гледа да си се обезбеди како знае и умее, само нашите ќе увезуваат струја, а струјата ќе се зголеми дупло, Автомаски ако се зголеми струјата се ќе се поскапе, ќе треба да работиме само за сметките за струја да ги плаќаме.
Има. Во Србија на пример. Пред неполна недела Вучиќ објави дека наводно имале доволно гас, а ваму ситуација на терен што имам другари во Белград ми се жалат како се незгреани така да...
Да, да, некој ги брани, сигурно ги брани. Од блиски извори на опозицијата по победата на ВМРО повторно се активираат со она со струјата што сакаа да ни го подметнат. Без струја ќе сме останеле, лажна криза. Уште не седнаа во столчињата, почнаа со глупостите. Со се допис до членството продолжуваме каде што застанавме, со реактивирање на истите што требало да го буткаат проектот. Мицковски трие раце. Лажни кризи од секаков калибар многу пати ни приредија.
Предизборно запрена изградбата на бегалски центар. Голема победа за @Cka и за народот, ќе трае запирањето сигурно до фторник https://360stepeni.mk/video-marichi...za-strantsi-ova-e-golema-pobeda-za-graganite/ Енергетската криза е многу вистинита и многу жива во еу, за подалеку не знам. Ама сакале без руски гас, сакале на ветар и магла.