Да му прекинам или не?!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од anica.ance, 29 јуни 2011.

  1. anica.ance

    anica.ance Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Епа девојки ми треба ваша помош. Има еден дечко, со него се мувам еден месец.. Знам не е многу но сепак се приврзав за него, никад не сум се заљубила ни ништо, никој ништо не ми значел , и лесно сум оставала без ни малку да ми биде жал.. Но тој толку добро се понашаше со мене цело време беше до мене ме гушкаше ми кажуваше колку ме сака.. Едноставно толку време бевме заедно и толку беше добар што едноставно се приврзав за него и неможам да се замислам сега без него.Може не е најдобар и најубав , и секако не ни прв ни последен , но има нешто во него што прави да го засакам.. Но тој во последно време се однесува многу ладно со мене , како воопшто да не му значам , како никогаш ништо да не било.. Што да правам , дали да зборам со него , дали да му прекинам или пак не.. Можеби изгледа малку детски , всушност детски и е , но што да правам сепак посилно е од мене , знам дека ке ме сфатите. <3
     
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Изненади го некако, расположи го.. можеби му станува нешто монотоно и досадно, или пак има некои други проблеми кои не ги споделува со тебе.. Нема потреба да му прекинуваш
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Па да не можеби му здосадило да ти изјавува лјубов, а ти да не одговараш.
    Не мораш веднаш да прекинеш, ако ти значи зошто не размислиш за врска?
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.617
    Според мене најправилно би било да направиш муабет со него така што ќе си го прашаш зошто наеднаш се сменил и се однесува ладно спрема тебе. Прашај го што планира тој понатаму , за да ти напразно не се надеваш и се повеќе заљубуваш во него така што на крај би излегла повредена и разочарана. ;) Се' најдобро.
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anica.ance

    anica.ance Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не сум само јас таа која треба да размислува за врска , сепак у врска двајцата треба да сакаат , не само едниот. Но многу ме зачудува тоа што со мене е топло-ладно , еден ден е со мене , другиот ден ме игнорира едноставно несфатливо ми е како толку брзо може да се смени. Фала ви многу на советите :))
     
  6. Sophie.m

    Sophie.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Епа мила моја, решението и клучот на овој проблем е многу очигледен. Тоа се постигнува со разговор. Правите муабет, преку него ке дознаеш све шо те занима, а уз пат и ке му ги гледаш реакциите. Топло ладно понашање неможе да те принуди да останеш со него по секоја цена. Разговатај и ке дознаеш што воопшто он планира со тебе :) Вака смао потешко ти станува :) Многу среќа ти посакувам :)
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  7. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Разгпварај со него.Кажи му што осеќаш па може и на врска да ппреминете :) тоа што се однесува ладно немора да значи дека не му значиш више! Може он си има проблеми и така се понашал.Разговарај со него не чекај само да се случи се :)
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Едноставно направете еден искрен муабет. Немора да го прашаш директно какви му се плановите во врска со тебе, туку одоколу некако. :lol: Во секој случај неможеш само да седиш и да чекаш. Ако ти значи навистина, не прекинувај и биди трпелива. Можеби има некаков проблем што во последно време му е преокупација, но и тоа можеш да го дознаеш само ако разговараш со него. :)
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    498
    Јас би ти рекла да не збориш - тогаш уште повеќе ќе лета по облаци. И да не му прекинуваш зашто не ти е дечко туку само се мувате.
    Почни и ти да ја играш неговата игра, игнорирај го. Ќе видиш дали нешто ќе се смени. Ако не - барај си нов дечко ;)
     
    На anica.ance му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Божееее истиот проблем и јас го имам,ме игнорира не ми зборува и речиси две недели не сме во контакт а заради неговото однесување јас решив да бегам некој период од него да видам дали ке му помине лутината.
    Си се запрашала да не си згрешила нешто во вашиот однос или уште полошо да има друга?
    Ти советувам да разговараш со него што е проблемот и зошто така се однесува кон тебе.Но... :!: само еднаш го прашај,немој повеке пати бидејки ке му бидеш одбивна.Тоа ти го зборувам од лично искуство.

    Па со срека :*
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    како првин сама кажуваш мување а под мување значи тепање на време и лигавење со особа без обврски. Имаш друштво за излагање си бркаш работа со него а сепак од околу можеш да вртиш уште тројце. Нели демек не сум негова. Затоа не ги сакам мувањата се лапаш драпаш и чао. И нормално е да не покажува интерес па после еден месец си му досадна те испробал и следува друга летна шема. Факт е дека ако седнеш и разговараш а е некој таков лев ќе добиеш по кратка постапка па девојко јас и ти се муваме не сум ти дечко најди си дечко па замарај го. Тој ако сакал врска до сега ќе бидел во врска, така да фурај си додека ти е убаво и треба да знаеш дека понекогаш и мувањето останува мување не прераснува секогаш во врска
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.762
    Допаѓања:
    119.587
    А чекаај вие само се муватее, а јас пак разбрав дека сте во врска. :lol:

    Па можеби едноставно си му здосадила.Детето сакал мување , си го добил и повеќе не си му интерсна. Бркај си работа , остави го, ако сакал врска, сигурно ќе покажувал и желби за тоа. Можеби не сака да ти каже дирекно , па вака се одалечува од тебе.. Почни и ти да се однесуваш ладно и незаинтересирано..ќе видиш негова реакција , ако му значиш и сака врска со тебе, сам ќе те побара.

    Главата горе, уживкај си, има уштее многуу риби во морето.. :rofl:
     
  13. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Остави го,немој да го бараш (штом почнал да те игнорира) и да му станеш нападна.Ако сака нешто со тебе самиот ќе те побара,ако не има и други риби во морето :)
    Сепак било само мување,не си приврзана којзнае колку па да не можеш да го заборавиш.Ќе ти биде чудно ден-два ама ќе помине :smoke:
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.069
    Оти така го разочарувате девојчето, од мување не бивало врска, како не, мене сите врски со мување ми почнуваа..Па не се сите дечки самоуверени или сигурни дека девојката мисли за озбилно па веднаш да предложат врска онака официјална...многумина се плашат да не испаднат смешни или премногу загреани за девојката, можеби и таа не покажува отворени знаци за врска...Се на се јас мислам дека ако ти значи не треба да се откажуваш така лесно, почекај рано е уште, само еден месец сте заедно, зошто да кренеш раце од него а на крај испадне дека тој на пр. играл hard to get, топло-ладно или сл. игри само за да ги испита твоите чуства...