1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да продолжиме како пар или другари?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Amellia, 16 ноември 2011.

  1. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Епа вака се почна, бевме добри другари скоро 5 години но пред 6 месеци дечково ми кажа дека навистина многу ме сака и би сакал да бидеме заедно. Цело време го одбивав но летово една вечер се смувавме. Му реков дека најдобро ке биде ако сме другари бидејќи пред некое време раскинав и не бев спремна за нова врска но сепак до ден денеска е упорен тој и везден ми кажува дека ме сака. Последно време и јас се затрескав во него и би сакала да сум со него. Секогаш кога ке го видам како му се пуштаат други девојки најискрено чуствувам љубомора. Навистина во незгодна ситуација сум бидејки незнам што да правам..дали да се фатам со него или да останеме другари. Секој ден повеке го засакувам. Некој совет? (Ве молам без навредливи коментари.)
     
  2. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Златна,мислам дека се си кажа во "Секој ден повеке го засакувам". Он сака да е со тебе,ти сакаш да си со него,зашто да се мислиш? Другарството би било само залажување,ништо повеќе така да,go for it!
     
    На Lovely93, srcekrsacka и Amellia им се допаѓа ова.
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Па треба да пробате врска, штом тој тебе те сака а и ти во него се заљубуваш се повеќе! Мислам дека треба да си дадете шанса, да продолжите како заљубен пар а не со сила да глумите другарство! А и какво другарство ќе биде тоа кога постојат чувства?!? Ти него не го гледаш како другар штом си љубоморна на девојките што му се пуштат,а тој пак отворено ти признава дека те сака! Значи повеќе нема другарство меѓу вас, барем не онакво искено другство!

    Претпоставувам дека се плашиш од тоа што би се случило ако после врска се разделите и во каков однос ќе останете! Уште сега биди подготвена дека после врска нема да има ни трага од другарството (ама вие и онака не сте веќе другари штом сте заљубени еден во друг) Ако продожлите како пар, верувај дека го губиш како другар засекогаш! Затоа размисли од сега дали повеќе сакаш да останете другари и да чекате чувствата да се оладат, или ќе започнете врска! Со срќа! ;)
     
    На Amellia му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    А да не си ги стискаше емоциите во себе и ширум да ја отвориш вратата на нив ?
    Чим више и ти имаш чуства за него тоа е тоа. Боље сега реагирај док не биде доцна.
    Ајде имаш денес време јави се и направи чекор. Не му ја мисли. Што ако сте биле другари кога више имате уште поголеми чуства еден за друг ;)
     
    На Amellia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Почни врска со него. И ти самата велиш дека секој ден се повеќе го засакуваш и љубомориш кога други девојки му се пуштаат, па зошто ти да не си таа на која ќе и љубоморат другите и зошто да не си ти таа што ќе му вели те сакам секој ден? :^) Мислам нема ништо лошо во тоа да почнете врска. Ако не ви успее, секако нема да бидете пак толку добри другари, но вреди да се проба. :)
     
    На Amellia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Драга Амелија,колку што сфатив не ве спречува ништо за да започнете врска.Штом се сакате и двајцата,треба да му дадеш шанса на тоа пријателство да се претвори во прекрасна љубов.Велиш дека си и љубоморна на други девојчиња,што е знак дека го сакаш.Пробај ,немаш што да изгубиш,се надевам дека си ја преболела претходната врска и сега си спремна за нов почеток.Ти посакувам среќа ,се најубаво ;) :hai:
     
    На Lovely93 и Amellia им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.000
    Допаѓања:
    154.333
    Претпоставка,ти си љубоморна зошто неговите удварачки го крадат твојот удварач кој знаеш дека те сака,го имаш неговото внимание и му значиш,па ко секоја нормална особа на светов,ти годи вниманието,колку и да не сакаш да бидеш со него и не сакаш да го изгубиш тоа. И затоа,се повеќе си мислиш дека се заљубуваш. Прогноза,ќе поодите,што ќе поодите,ќе ти мине меракот и ќе ти досади.

    Ама како и да е,пробај си ја среќата,и онака пријателството не е веќе како што било со самото тоа што картите се извадени на маса.
     
    На sesilija, Amellia, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас би ти кажала да пробаш, а зошто -прочитај ги само моите постови.
    верувај може да ти биде многу поубаво отколку што си мислиш. Чим чувствуваш нешто, не губи време. Тој те сака и постојано се труди да ти го покаже тоа, па заслужува шанса.
     
    На Amellia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Јас ќе ти кажам една стара добра поговорка - ако не пробаш, неможеш да знаеш....А другарството? - Мислам дека веќе е разнишано...Сеа или ќе ја биде или нема...Душа мила ризик јак :D - Ама пробај...Како и да е за да не се случи сценариото на Лилит, преиспитај се прво добро што сакаш и дали сакаш да си со него...Кога би можела да бидеш и да бираш од двајца дали би го одбрала него или другиот? Да речеме ти се јавува бившиот и ти вика сакам да се вратиме заедно? Би се вратила со него или би сакала да бидеш со дечково? Може ќе ти се разјаснат некои работи и ќе видиш дали сакаш да си со него или не...

    гуд лак ;)
     
    На Lovely93 и Amellia им се допаѓа ова.
  10. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Каде што постои ЉУБОВ, за ДРУГАРСТВО нема место. Само мала поддршка. Отвори си го срцето. пуса
     
    На Amellia и Shana им се допаѓа ова.
  11. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Драга , јас ти предлагам да бидеш со него . За другари вие можете да бидете цел живот дури и ако сте во брак . Ако ти го сакаш и тој тебе те сака тогаш нема зошто да се двоумиш , појди "зграпчи" го.
     
    На Lovely93 и Amellia им се допаѓа ова.
  12. Membrana

    Membrana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Се глеаме 4 години, пред тоа бевме у врска една година и некако ми се чини како да не го сакам веќе, не ме пали, немам потреба да го видам.
    А се секирам како е, кај е, шо му се дешава у животот.. Сакам да го чујам одвреме навреме, да му кажам како ми е мене.
    Не знам шо ми се дешава.. Збунки сум цела.
    И шо да праам? :doh:
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    8.875
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сама си даде одговор на прашањето.Го сакаш на некој свој начин,да речеме дека не те разочарал или едноставно засекогаш ќе ти остане пријател.Штом хемијата ја снемала,нема повеќе што да му ја мислиш ,останете пријатели.На секој може да му се случи да има такво двоумење ,ништо страшно нема во тоа,не го сакаш ниту тој тебе и тоа е тоа.Поздрав и само напред :hai:
     
  14. zoi-zoi

    zoi-zoi Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Amelija, шо направи, уште сте другари или нешто повеќе?
     
    На Amellia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Епа најискрено ништо не се деси тамам почнав да имам голема надеж едноставно престана да ми обрнува внимание и една вечер пијан бил па на моја најдобра другарка и се пуштал. Каде да го викнам никаде не иде и тоа. Многу глупаво се осејкам што на прво место имав надеж али сепак така требало да биде :)
     
  16. A4TECH

    A4TECH Нов член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Другарство па врска?

    Па вака, јас имам сум од Скопје и имам другарка, значи таа ми е најдобра другарка, споделуваме мислења и се се, ама јас неа ја сакам , а таа незнае за тоа. Таа се допишува со друѓи машки и бара момче за излегување, а јас неможам да го поднесам тоа, сакам да бидам со неа.. Но, се плашам дека ако и кажам дека ја сакам, дека таа ќе несака да се дружи повеќе сомене.. :?: Нензам што да направам за да бидеме заедно, таа незнае дека ја сакам, а јас ја сакам нејзе.. :o :o
     
  17. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Другарство па врска?

    Јас имам искуство со твојов проблем .. истото се случуваше со мене и мојот сегашен дечко .. но кога тој собра храброст и ми кажа верувај дека све се промени .. пробај да и кажеш , не е се толку црно како што ти изгледа ;)
     
  18. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    195
    И јас и мојот дечко бевме другари ^^.. Кога ми рече првиот пат не прифатив, но неговата упорност се исплати :D :D <333333333
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    8.875
    Пол:
    Женски
    како пар или другари?

    Па мораш нешто да превземеш,иначе друг ќе најде,плус и самата ќе види дека ќе бидеш љубоморен.Не признавај чувства,рано е сепак.Би ти предложила да и кажеш да излезете да глумите како пар,како на шала,и почни да ја освојуваш .Среќно :)
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    На профилот ти видов дека имаш 13 години и тоа е најверојатно една детска обична љубов или симпатија мој совет ти е тоа ќе ти мине ко да не било и да не си го уништуваш другарството за нешто за кое не е сигурнод ека ќе успее. :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.