Да сте на мое место...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од OzzyAngel, 10 јули 2010.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Неговите родители не дозволуваат да преноќам кај него, а тој спиеше кај мене цели 6 месеци! Постојано бара да го сфатам дека сеуште не е економски стабилен, а мене никогаш не ме сфаќа, улогите ни се сменети, јас одам на свој трошок во др град за да бидам со него, сама си купувам јадење, само си плаќам пијачки, сама си одам! Јас го возам со кола, јас му плаќав сметки, му пуштам кредит!!! И сега сакав да го носам на едно убаво место и тој ме одби! За што? За да оди со другарот да му помага за нешто! Сакав да одиме на место каде што досега не сме биле, искрено 2 и пол години не сме биле никаде освен во нашите градови! Заборава дека има девојка покрај себе, и уште ми вика “извини што не можам да направам да се осеќаш како девојка!“ Ако сакаш така, најди си друг што ќе направи така! “
    Веќе не можам да издржам, не сум од камен! Не можам вака да продолжам... ;( ;( ;( ;( :@ :@
     
  2. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    а каква врска има економската нестабилност со спиењето кај него? :?:
     
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Тоа нема врска со парите! Тоа е само дел од моите проблеми... Еднаш имав потреба од преноќиште и неговите не дозволија! Иако нивниот син претходно, практично живееше кај мене!
     
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    јас малку досадувам со прашања ама колку години има твојот дечко,нели оде некаде на работа,па да зема малку приходи да ти ја олесни работата,барем пола пола да биде финасирањето,а не само на твој грб,нели си зборувала со него на таа тема :|
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Значи прилично си во долга врска како што успеав да сфатам. Имаш 20 години, сигурно и тој е тука некаде со годините. Добро, а тој работи ли нешто? Затоа што викаш економски не се стабилни. Ако работи мислам ќе нема проблем д ате изведе да те прошета, почасти или пак ете, да спиеш кај него... Ако не работи - батали го! Имаш 20 години и редно е да си гледаш за твојата иднина. Можеби ќе звучам као материјалист, но реалноста е таа. Што иднина ќе те чека тебе со некој што не работи а и семејството не му е економски стабилно? Што ќе им пружиш на своите деца? Или сакаш да растат во сиромаштија?
    Значи, пак ќе речам... Не сакам да помислите дека сум материјалист, но секоја девојка посебно во овие години си гледа за иднината. Имав еден таков јас, од друг град 20 и кусур години дома седнат од мајка му чека, исто не беа економски стабилни и немаа којзнае колкава куќа. Често така ќе си седнев и си размислував, каква ли иднина ме чека мене со овој човек мрзлив и сиромашен? Што ќе им пружам на моите деца, каде ќе живеат тие?
    Не е се во љубовта. Љубовта е минлива работа. Ти сега ќе си го правиш меракот додека си заљубена, да бидеш со оној што го сакаш, но така нема да биде кога ќе стапат посериозните проблеми.
    Размисли си убаво, не ме сфаќај погрешно. Реалната страна ја кажувам, затоа што љубовта ќе избледи кога ќе се појават проблемите и немаштијата. Љубовта не се јаде.
     
    На bubuu, anab, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    да послушај ја дарки,не се работи за материјални интереси,се работи за иднината на твоите деца,сваќаме дека го сакаш,ама барем биди инцијатор да почне да работи,а ако твоите се видни луѓе во грдот нека му најдат некоја работа да го пикнат некаде,да си олеснете...
     
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Najdobar odgovor na forumov...jas so takov ni 1 den ne bi mozela da izdrzam, batali go so vreme:hai:
     
  8. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    да сум на твое место не би го разгалила толку многу..се согласувам со претходните мислења ...
    Немој да бидеш толку добра спрема него па и се да му купуваш..Мислеш ли дека ќе ти каже едно фала?
    И ако тој не ти помогнал те.неговите родители кога ти било најтешко,кога си имала проблеми и си сакала кај него да преспиеш тогаш..не знам ни јас и тоа не е убаво од нивна страна но и негова.И не е убаво кога ти вика да си најдеш друг дечко итн а можеби и треба да го послушаш!Бидејќи ако ти вика така значи ти толку не му си важна...А ако нема тој работа обавезно ..нека си најде а не да биде на туѓ грб бидејќи ти ако уште одсега така го научеш,тогаш ќе треба ти да бидеш мажот во куќата,а тој да си шета со другарите..позз
     
    На Woman.4.love и Lisaa им се допаѓа ова.
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Од прилика работите се слични на тоа што го опишавте, моите мисли се исти! Не работи, но се труди да најде работа, тешко е вработувањето знаете, сега заврши факултет, треба за некој месец да дипломира! Јас се би сфатила, кога би се однесувал кон мене како кон нешто вредно, но не е баш така во последно време! Не се осеќам ценето, само бара да го сфатам, е до кога да го сфаќам?? И мене ми треба внимание!
    Моите родители се економско моќни луѓе, но за тие пари вие не сте свесни колку напорно работиме со моето семејство, секој ден, од утро до вечер! Моите родители се пред време остарени и ми идат солзи кога ги гледам така, но затоа мене во животот ништо не ми фали! Местото во кое што живеам не ни нуди околности да имаме силно врски за вработување, роднини што имаат видни имиња немам, затоа не можам да му помогнам за работа...
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Уште нешто се сетив. ако на неговите им е проблем ти да останеш кај нив поради економската состојба тогаш рзмисли понатаму во животот како ќе биде. Затоа што живот се вика, а долг е и ти ќе треба да го поминеш со некој таков... Не е се како што изгледа додека сме со родителите. Мала замисла кон иднината и ќе добиеш одговор на се што те мачи. Со среќа :*
     
  11. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    стварно е бедно,не си стварај такав обврска...во иднина ќе дојде ред ти ќе завршиш факултет ќе одиш на работа,ќе си дојдиш ќе ќе готвиш,ќе периш,ќе ги гледаш децата,а тој само ќе леже....ќе одите во ресторан,и ти ќе плаќаш,ќе му створиш и на децата навика дека и тие кога ќе си фанат дечковци ќе треба да ги издржуваат(се разбира доколку се женски)..
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Ах, факултетот значи само една надеж повеќе. Ништо не ти гарантира затоа што тој што имал пак ќе има, него има кој да го бутка во животот. Има студенти со лопата да ринеш, а работа нема никаде. Ако се толку економски нестабилни ќе работи било што и да е само да има барем за неговите трошоци. Има луѓе со факултет на пазар продаваат. Не е никаква гаранција факултетската диплома. Само можеш да се понадеваш повеќе дека некогаш можеби ќе ти се насмевне среќата.
     
  13. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    јас мислам да го смениш неговиот однос кон него:
    ок иде викенд ќе испаѓаме...не па душо јас немам пари,и ти одма ок јас имам јас ќе платам......нееееееееее кажи ок ќе си седиме дома.....
    како ќе испаѓаме немам автомобил,ок кажи и тебе не ти го дават викните такси,и ќе си го поделите,и некои такви слични ствари да ги осете и тој трошоците....
    а не само да се луксузира на туѓ грб,па и парите на твоите родители се вредни пари,како што кажа со пот ги изработиле,не ги расфрлај така...некоја ден ќе се каеш....
     
    На leonaa и anu666ka им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Луѓе не сте во право! Дечково до скоро студирал, на праг е да дипломира, има време ќе се вработи. Вие одмав го оценивте како мрзлив и користољубив. Па штом се во тешка материјална состојба знаете ли колку им е тешко кога имаат студент дома. Не сте биле можеби во ситуација да немаат од дома 2 месеци да ви даваат пари за излегување, затоа не можете да сфатите. Таква ви е ситуацијата, од различно место сте, нормално дека мора некој да се жртвува за да успее врската. Кога не може тој, зошто да не ти? Може не до тој степен, ама верувај и тој би го направил тоа за тебе да сте во обратна ситуација. Друго е прашањето дали тој го цени тоа или не. Ако не го цени и не те поштува тогаш батали го. Само пази да не ги помешаш работите. Ако не сакал некогаш да одите некаде, може тоа само му е изговор, затоа што му е непријатно и се срами бидејќи ти плаќаш. Разбери го, ако има љубов меѓу вас мислам дека работите можат да се средат :*
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Лолипоп ти го кажа истото што и јас сакав да го кажам,само да ти кажам ozzy angel дека и јас сум моментално во иста ситуација,мојот дечко кога работеше имаше пари и секогаш тој плаќаше каде и да одевме ,е сега се смени,нема работа иако сака да работи,значи не е секогаш по негова вина,и плус и на неговите ситуацијата им е тешка.Е сега кога излегуваме јас плакам не е тоа нешто страшно и не мора да значи дека така ќе биде засекогаш.Јас мислам дека не треба да го осудуваш човекот кој само што завршил факултет,не губи надеж затоа што штом тој завршил факултет сигурно не е толку неодговорен и дека е свесен дека ке треба да најде работа,сигурно и тој не студирал за да седи дома цел живот
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас не го осудувам за тоа! Го осудувам за неговото однесување! Зошто не ме цени доволно?! Зошто ми вели барај си друг ако не ти чинам? Кога има пари ќе ми купи нешто, ќе ме изнесе надвор, ќе ме части... Но сето тоа е многу ретко и се ми е ок! Ајде има време си велам, ќе се сменат работите! А за кај него дома пак е друга приказна за која не сакам баш да зборувам! Ама ај пак се надевам... до кога? Ете му направив еден гест да го однесам малце подалеку да се прошетаме, ме откачи во последен момент! Па ми е криво! Мислам дека сум заслужила малце повеќе внимание... :( :( :(
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Лоли, знам доста случаеви кои додека студирале истовремено и работеле. Братучедка ми додека уште беше средно работеше секој ден од што се немаше пари. Факултетот е луксуз за неа. Сега да видиш како трча на 3 места да работи. Кога се сака се се може. се може и работа да се најде. Се друго е изговор.
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Девојки, излезе уште поголем проблем! Се двоумев дали да го напишам овде или да се обидам да размислам, и да го напишам пак нема да исто и да ме советувате не го познавате него, не ме познавате ни мене толку, но барем ќе слушнам мислење... Испадна дека додека тој сношти со мене си пишуваше и велеше дека е дома и се обидува да се смири после напорниот ден со карање, ТОЈ БИЛ ИЗЛЕЗЕН СО ДРУГАРИТЕ!!!! мене ме известија денес, многу се вознемирив, зошто ме лажел?? Колку уште ноќи минале така кога јас сум мислела дека е дома, а тој бил излезен?? Не можам да му верувам, ова е премногу за мене! Му реков дека е готово, тој се јави и ме молеше да го сослушам, ќе ми објаснел, не било како што мислам, не ме изневерил никогаш и сл... Но премногу сум лута и не верувам дека ова е прв пат! Не знам дали го сакам покрај мене ваков! :( :( :( :( :( :( :(
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.939
    Допаѓања:
    66.110
    Пол:
    Женски
    Смири се и размисли со ладна глава. Што и да одлучиш да не биде од импулсивност. Размисли што сакаш. Дали да продолжиш со нервозите. И веќе кога се појавува сомнеж, многу е тешко да се врати довербата. Ќе те јаде како црв одвнатре. Затоа размисли си и после да нема каење. Да си бидеш на чисто.
     
  20. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Го послушав твојот совет Раинбоу, се смирив и го сослушав(иако по телефон), како што ми кажаја тој бил само со другари на место каде што одиме секогаш, а тој знам дека не би ме изневерил! Не му простив за тоа, но се смирив малце, почекав... Ми побара последна шанса да ги поправи работите, јас разликата ќе ја забележам, искрена сум и реална, му кажав јасно дека ако не се поправи нема да бидам со него, сега знае дека лесно може да ме изгуби, а ако ме изгуби нема да поднесе! Врската е долга, се боревме упорно за да сме заедно, не сакам наеднаш да заврши се, но не сакам ни да продолжи вака! Затоа за последен пат решив да го ставам на тест... Се надевам со оваа одлука нема да згрешам.