1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Да сте на мое место...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од OzzyAngel, 10 јули 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Тешка ситуација. Ете што се случува од невнимание. Дечково изреагирал така бидејќи се исплашил, можеби и е бесен бидејќи мисли дека ти си му го пренела тоа. Сега прашањето е дали си имала ти незаштитен секс пред него. Ако не, тогаш дефинитивно тој ти го пренел. Како и да е, криви сте и двајцата, сте се поштедиле од ставање кондоми, ама ете ова ве стигнало.
    Мислам дека треба да му кажеш... можеби ќе те навредува и напаѓа, машките знаат да постапат така за да не ја признаат вината, ама не грижи се. Ти одработи го својот дел, понатака е негово дали ќе се лекува или не.
     
  2. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Пред него цели 2 години немав ништо,апсолутно ништо.Повеќето пати кога имавме секс се заштитувавме токму заради тоа,но и заради несакана бременост,но не одрекувам дека сме имале и незаштитен секс (ретко се случуваше,но имавме).И да,точно,тој мисли дека јас сум му пренела,но тоа е од него,ако не бев сигурна воопшто немаше ни да му спомнам такво нешто.Сега проблемот ми е дали и како да му кажам.Последниот пат кога се слушнавме,се извинувам за речников,но од ѓубре подоле ме направи.А не заслужив такво нешто.Мене ми беше потребна негова поддршка,сакав да разговараме,бидејќи со никој друг не можам да разговарам за ова,а морам ;( .И сакав да го убедам да отиде на лекар зошто во спротивно,ќе зарази и други девојки.Но добив само навреди ;(
     
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Па добро не е изговор тоа што 2 години не си имала ништо. Може го имаш вирусот уште од тогаш ама не си имала никакви симптоми. Затоа и не си требала да му го плеснеш тоа во фаца. Знаеш какви се машките, ако ги нападнеш за нешто, брутално се бранат.
    Обиди се уште еднаш, ако не сака да разговара, тогаш откажи се. Мисли на тебе и на тоа како да се излечиш. Неможеш некому со сила да му докажуваш. Поздрав
     
  4. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    11
    Инфекциите се навистина зафркната работа и треба веднаш да се реагира и да се преземе ама баш се. Мислам дека мошне етички си постапила и си му кажала на твојот “партнер“. Меѓутоа не сите имаме исти карактери и сензибилитети, па затоа и различно реагираме. Секој би бил загрижен и некако би се засегнал, па и грубата реакција е природна иили спонтана, како одбранбен механизам. Сепак требало да ја цени твојата искреност. Можеби му треба време да сфати и да си ги среди впечатоците. Во иднина практикувај заштита!!!
     
  5. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Секогаш сум за заштитен секс,значи го практикувам тоа,но ете неколку пати ми се случи да имам и без заштита.И мислам дека не сум јас единствената што и се случило.А тие 2 години немав апсолутно ништо,ни најобична инфекција,ни симптоми на хпв,редовно одев на гинеколог,а и бидејќи немав дечко долго време(нешто посериозно) и не поддржувам секс за една вечер(со познат,непознат и сл.) или врска само заради секс,немав односи со никого (можеби звучи невистинито,но зошто би лажела?).

    Како и да е,ви благодарам за советите,многу ми беше потребно да слушнам и туѓо мислење и ќе се обидам да стапам во контакт со него.Се надевам дека овој пат подобро ќе поминам од претходниот.

    Ви благодарам за советите :* :*
     
  6. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Јас мислам дека е доволно да му пратиш само една порака, да му кажеш дека инфекцијата е потврдена. Нема што да му се јавуваш и да ги слушаш неговите навреди кои дефинитивно не се заслужени. Нека се свести тој каде е и што прави. Пораката ќе биде доволно, па ако сака нека си ја препрочита неколку пати за да ја сфати поубаво, или за да се свести каде се наоѓа, што треба и е правилно да направи. А ова бришење од фб, навреди, се тоа е само резултат на не зрела и неодговорна личност.
    Ти гледај си за себе, да си се средиш ,успешно да ја излечиш инфекцијава, а за него ич да не ти е гајле. Ако отиде со друга, таа нека мисли дали да се впушта во односи без заштита. Сепак нели тоа ни е правило No.1 . Поздрав
     
    На BlackXSs и girl1985 им се допаѓа ова.
  7. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    не гледас дека те користи а тоа сто не си пренокила кај него занци неговите не те сакаат
     
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Сакам да и кажам на Blackxx: оди ти лечи се од инфекцијата што ти е пренесена, а него остави го, доволно му било тоа што си му го кажала а он нејќе ни да слуша, е штом така реагира, ти гледај си го твоето здравје, и тоа побрзо, и не заборавај - Памет за друг пат!!!

    Ти посакувам убаво здравје!
     
    На BlackXSs му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Е ова многу ме итнересира! вие на мое место, ајде конечно да ја раскажам цела моја приказна, и да видам мислење од пошироката јавност... со него сум горе доле 2 години заедно, не е официјална, меѓутоа е врска! Се` почна на шала, од инат на претходниот дечко излегов со сегашниот и слична ни беше ситуацијата тогаш и си дојдовме како утеха еден на друг. се беше супер додека не се појави неговата бивша т.е. додека не видов јас дека она сеуште постои за него, разговори на интернет и пораки! ми кажа и убаво ми објасни дека девојката многу му значела, дека многу ја сакал, дека не е со неа меѓутоа си одржуваат убави односи, си разговараат, и јас сфатив. и стварно беше така и многу го ценев тоа од негова страна, му верував и се заљубував се повеќе и повеќе во него како личност! подоцна дознав дека таа бивша девојка со него си игра како сака, односно и стана на девојката досадно изгледа и го манипулираше како сака, и дојде моментот кога ми го направи муабетот дека искочил со неа и дека размениле неколку бакнежи... не можев да му го простам тогаш тоа, иако се беше фер и искрено од негова страна. се одалечив од него, немавме никаков контакт 2 месеци и оп се појави пак од негде, пак се смиривме, таа ја немаше бидејќи му се упикала дека дознала дека има некоја друга и за да му расипе. ајде глуп бил, му одбив на глупост! пак бев со него и беше поубаво него било кога! дојде денот кога јас отидов на одмор и ме немаше повеќе од еден месец и дознав дека бил со неа. ок. не можев да му се лутам, можеби и ја не требаше да заминам на толку долго. се вратив од одмор и не сакав да бидам со него, ама пројде определен период, и решивме никој да не дознае за нас за да не пробува некој од страна цело време да ни уништува, сеа функционира некако, го сакам многу и многу ми значи, ама понекогаш осеќам дека му значи уште таа бивша девојка, знам дека комуницираат и не ми смета тоа, научив да си ја контролирам љубомората. знам дека ќе кажете дека е глуп и дека ја сака неа, ама ми докажал на повеќе пати колку му значам и колку не може без мене, секогаш кога ќе решам да биде крај доаѓал по мене и ме барал, и е прекрасен спрема мене и внимава да не ме повреди, секогаш испаѓал фер. знам дека она не осеќа ништо за него, ама знам и дека живеам со стравот дека може да ми го земе! нема да умирам и глупости за него, битно ми е да биде среќен, ама ете, не сакам да биде со неа, едноставно не го заслужува она...
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Некаде пишав, ако жената може да одглуми оргазам тогаш мажот може цела врска.
    Ти толку многу се грижиш за неговата среќа??? Ако добро го разбрав твојот пост...
    Јас само ќе ти кажам дека тој дечко си поигрува и со тебе и со таа бивша. Да те толку многу сака и да му е стало до тебе, да не сака да те повреди кој ...бара кај бившата. Ти си само изиграна од негова страна.
    Сега сте договорени да тајно се гледате за да некој не ја расипе вашата среќа??? О девојче освести се..па кој ја расипува среќата неговата бивша и др девојки....
    Како и да е, најпаметно е да се отргнеш од него, јасно е зошто е со тебе, мада ти си знаеш
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    тоа би ми го рекле и другарките, затоа и не им кажувам, не дека не знам, ама неќам да си признаам, сакав да чујам и од други, и знам дека е така, ама си праам глупача сама од себе со сила, и си мижам пред работите зашо така ми е поубаво... фала за советот

    да додадам: дека да, многу ми е битно да е среќен во животот, секогаш му посакувам се најдобро, зошто ипак ми значел многу, зашто да тргнам се на страна како било со мене, сметам дека е прекрасна личност, така да би ми било мило да е среќен со било која, било каде
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Теди, мислам дека се залажуваш себеси дека е се во ред, од страв да не го загубиш. Воопшто не му чини однесувањето, ми се чини дека секогаш кога ќе добие позитивен сигнал од бившата, ќе те остави и ќе потрча по неа. И зошто да не велиш ништо... знаеш дека разговараат, дека се гледаат, а ти си молчиш. Постави му ултиматум, или нека ги прекине сите контакти, штом не знае до каде му е границата, или остави го. Јас разбирам дека не треба да сме љубоморни без причина, ама овде треба да си ги отвориш очите, зашто работата е сериозна.
    Секој заслужува втора шанса, ама не секој треба да ја добие!
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    аххх не е дека молчам, ама пазам да не претерам. сме разговарале и знам дека они не се гледаат, ама во првите три реда го опиша точно каков е случајот!!! јес да неа нема да и текне да дава позитивен сигнал освен ако не дознае дека има друга.

    знам многу добро што треба да направам, само еве собирам сила периодов... баш ви фала дечки за поддршката, ќе ве известувам за промени, убаво ми е да читам мислења, ми дава храброст да постапам правилно
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ок, сакаш да е среќен, а ти не заслужуваш да си среќна??? Неговата среќа ти е побитна од твојата. Соочи се со реалноста и расчисти си што сакаш, ако навистина сакаш да си со него (претпоставувам) тогаш избори се за него, ама во никој случај немој да дозволиш некој да те гази и омаловажува
     
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    ^^^ не сме се разбрале добро, не ме гази и омаловажува и нема сигурно да го дозволам тоа, за тоа да е среќен ми беше кажано во контекст дека му посакувам се најдобро, но не по цена на мојата среќа

    за мене ќе дојдат уште многу прилики, здравје,но на ова треба да се стави крај колку и да сакам да бидам со него, како што кажа лолипоп да добие позитивен сигнал од неа, ќе истрча, ЗНАМ дека е така! поентата е само што он во мислите е со неа, и тоа ме убива, а она не сака да биде со него!
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Е па душо, штом си свесна, тогаш прекини! Ова е измачување за тебе. Разбирам да простиш откако еднаш те изневерил, па се кае... ама да ги нема расчистено своите чувства кон нејзе, да посакува да се смират, и тоа да зависи од нејзиниот збор (бидејќи тој секако сака), тогаш мислам нема што да бараш веќе во таква врска...апсурдно е. Не си должна да му бидеш утеха, додека се обидува да ја заборави. Зошто да се храниш од трошки, кога некој друг можеш да го имаш само за себе. Поздрав и се најдобро :*
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Па и ти не го заслужуваш ова. А инаку никој од страна нема да ви расипе, само вие сами си расипуцвате. Поточно - тој расипува. А акови е тајна врската е уште полошо. Може пак со неа да биде. Мислам дека еднаш треба да пресечеш и тоа на подолг период. А и ова, зар ти не треба да одис на одмор за некој да не те превари? Миласлам дека се фина девојка и почитувај си се себе, ова е многу топло-ладно. Ај еднаш да се случело, ама се повторува. Стави му на знаење дека не може веке така. Позз!
     
  18. Bella93

    Bella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Многу ме интересира како би постапиле да сте на мое место.. Приказната е малку пообилна и оди вака:
    Одев со дечко, една година постар од мене.. Бевме една година и 2-3 месеци во врска..
    По мое, не можам да кажам дека е една од ВИСТИНСКИТЕ врски.. Тој не беше дечко како што му доликуваше. Се глупираше пред другарите, копираше секого кој беше ИНТЕРЕСЕН, и секогаш ми се спротивставуваше на моето мислење, дури и кога бев во право што верувам дека на повеќето би им пречело таквото однесување..Нашето запознавање започна преку други. Тој на почетокот на врската не ми се јавуваше ниту ми праќаше смс, само ако сум на МСН ке ме прашаше дали ке излегувам и каде, ниту ме ни покануваше да излеземе како што доликува, на едно кафе, прошетка или сл.
    Првин, мислев дека сеуште не може да се опушти но, како си поминуваше времето тој така си продолжуваше што, морав да го "предупредам" 2-3 пати... Набргу моето трпение се изгуби и раскинавме. По краток период се помиривме и тој ми вети дека ке се обиде да го смени неговото однесување. Но, пак по некое време продолжи по своето и иако пак му ги повторував таквите работи, немаше никаква полза.
    Така продолжи се додека не ми ПУКНА филмот, пред поаѓање на екскурзија, му пратив смс да се видиме а тој така ме откачи велејќи ми дека таму нема да ОСТАНАМ засекогаш. Тоа толку ме иритира што оттогаш го сменив својот став и однесувањето кон него. Со текот на времето станував се поладна и поладна, дури и дел од чувствата ми се губеа... Бевме заедно на одмор, но како и секогаш имавме караници затоа што ме нервираше што повеќе им обрнуваше внимание на другите, отколку на мене. Тој ме сакаше и како што бев јас ладна кон него така тој се малку смени, ми посветуваше малку повеќе внимание, ме викаше на кафе, прошетка, ми се јавуваше... но овој пат мислам дека беше премногу доцна бидејќи мене не ми се излегуваше на само со него ( имав некоја одбивност, а ни самата не знам зошто...)
    Така, полека полека, не можев да издржам, му раскинав пред 1 месец и сега се трудам да не мислам на него при што сега за сега ми е подобро, но тој користи секој момент и изговор пак да ми се приближи и да ми прави муабет... но јас не можам да заборавам на тие некои работи а и на неговото однесување... Не знам што да правам..... Не сум ни сигурна дека го сакам како порано....
     
  19. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Епа тогаш не знам ни зошто воопшто прашуваш.
    Овде има само негативности во цела таа врска и искрено се чудам како си успеала толку многу време со некој таков... Бил недозреан, глупав(извини), не те почитувал, што уште?
    Му доликува ли да ти рече "Нема да останеш таму засекогаш". Крајно навредливо.
    Велиш дека сега ти е подобро, а и веќе не си сигурна ни во чувствата, што доволно зборува.
    Батали го и биди си среќна, не ти треба некој таков, верувај. Навика ти е, поради долгото време. Со тек на време ќе ја почувствуваш вистинската љубов.
     
    На Bella93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella93

    Bella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Па добро да, целата врска не беше негативна. Има исто така добри мигови што секако дека нема да ги заборавам, но со таквото детско однесување нема смислол целата врска... Ме копка само неговото менување и помислата кога ке го видам со некоја друга...... :sweat: